October 13, 2014

(Галерија) Штипјанката Вера Хаган блесна во „Golden Point“

Filed under: Почетна — Tags: , — @ 2:37 pm

Фешн Груп ја претстави новата колекција долна облека на италијанскиот бренд Golden Point преку винтиџ фото-приказна со штипјанката Вера Хаган.

Фотографиите нè запознаваат со жена која открива свет на нежност и невиност, за потоа да се открие нејзината заводлива нишка, која нè води во една сосема поинаква мрачна и мистична димензија со примеси на бунтовност.

На овој начин се прикажани носечките трендови во колекцијата есен/зима 2014 на „Golden Point“. Палетата се врти околу нежни и неутрални нијанси, но присутни се и есенските тонови како бордо и темнозелено, како и класичната црна боја. Пепито дезенот како актуелен тренд се пренесува и кај долната облека.

 

September 30, 2014

Тетекс ја намалува основната главнина со повлекување на сопствени акции

По предлог на Одборот на директори , Собранието на акционери на Тетекс АД Тетово донесе одлука за намалување на основната главнина со повлекување на сопствени акции, информираат од компанијата.

Намалувањето се врши заради изедначување на правато на глас со бројот на акции кои што ја сочинуваат основната главнина на друштвото и вкупниот број на издадени акции.

Основната главнина со оваа одлука во износ од 1.324.734.585 денари се намалува за 42.755.645 денари. И сега изнесува 20,8 милиони евра.

Одлуката ќе се реализира со повлекување на 13.813 сопствени обични акции со цена од 50,4 евра за една акција.

Основната главнина е поделена во 414.171

September 4, 2014

Тони Михајловски ќе биде дел од филмот „Ќе бидеме прваци во светот”

Продукцијата која стои позади успешниот проект наречен „Монтевидео“, повторно ќе овековечи вистински спортски настани на големото платно, овојпат посветени на југословенската кошарка.

Филмот и серијата, „Ќе бидеме прваци во светот”, посветени на основачите на познатата југословенска школа на кошаркара и првиот златен медал освоен на шампионатот во Љубљана во 1970 година, започна со снимање во Белград.

Во режија на Дарко Бајиќ, проектот ќе се работи во копродукција со партнери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Во главните улоги ќе настапи дел од екипата на „Монтевидео“, а свои улоги ќе имаат многу балкански актери, меѓу кои и нашиот Тони Михајловски.

Некои сцени од филмот ќе се снимаат и во Македонија.

June 19, 2014

Женскиот младински хор на МКЦ награден во Полска

Женскиот младински хор на МКЦ, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски од 12 до 15 јуни 2014 година учествуваше на 5-от Меѓународен хорски натпревар “CRACOVIA CANTANS” кој се одржа во Краков, Полска. Хорот ја имаше честа да одржи два целовечерни концерти во најпознатите концертни катедрали во Краков, познатата “Bazylika Mariacka“ и катедралата “Najświętszej Maryi Panny z Lourdes” пред многубројна публика, и со извонредни реакции и критики.

Во натпреварувачкиот дел од фестивалот настапија внимателно избрани хорови од многу Европски земји: Италија, Шведска, Данска, Норвешка, Латвија, Естонија, Германија, Русија, Украина, Србија, Словенија, Израел, Чешка, Полска. Женскиот младински хор се натпреваруваше во две категории (категорија B2 – женски хорови и категорија F – фолклорна и популарна музика) и во двете ги освои високите втори места. Успехот е дотолку поголем ако се знае дека на овој натпревар се доделуваат само по една прва, втора и трета награда во категорија, без разлика колку хорови има во истата.

Овие награди се уште едно големо признание за вложениот труд на маестро Татарчевски и членовите на хорот, како и за Македонската хорска култура и традиција во целина, а континуираните меѓународни успеси не остануваат незабележани бидејќи веќе се добиени покани за учество на нови престижни хорски фестивали.

May 2, 2014

Патување низ мексиканските вкусови

Мексичката храна е позната по изобилството на вкусови, зачини и повекебојни декорации. Mексиканската храна нуди комбинација на различни вкусови, за кои не сте ни сонувале дека одат заедно. Луто и мед со месо, овошје и солено, разни комбинации зачини и миранда. А доколку, сепак, патот ве навел накај Мексико и ако сте од оние кои сакаат да пробаат баш се и сешто, таму можете да добиете зацрвенети пржени скакулци или јајца од мравки што ги нарекуваат мексикански кавијар и се сметаат за деликатес.

03B6C6C9ABCC634297B6938F27B7FF53 96667AA218C9264593C9F27B35479D54 519694CD4627FD4B811544070448A073 FC6D774F76CD604AB8F489F9ADE35F19

За сите оние кои сакаат да откријат различни мексикански вкусови и да уживаат во нив, веќе не е потребно да патуваат во Мексико.
Во Скопје, на улицата “Македонија”, се наога Мексиканскиот ресторан “Амигос” – нема да го промашите бидејки пред вратата Ве сочекува “Gringo” (Мексиканец).
Со автентичното внатрешното уредување, трендот на пиење коктели и воведувањето на секакви мексикански специјалитети, ние направивме атмосфера во која нашите клиенти можат да се релаксираат и да го заборават надворешниот свет,

Сето ова го прават мексиканскиот ресторан Амигос еден нов, поинаков, вкусен свет … свет на мириси и зачини .
“Во нашето мени можете да најдете предјадења, сосови, салата послужена во крцкава тортиља, можност сами да си искреирате комбос, специјалитети со тортилја, варијанти на преливи со мексикански чипс – начос, вегетеријански оброци, лосос, хуево ранчерос и неверојатен избор на десерти и коктели“ велат од менаџерскиот тим на ресторанот. Од таму додаваат дека Мексико е далеку од Македонија, но овој ресторан го прави своето најдобро, да го донесе малку поблиску.

Што да купуваме во мај?

Мај е еден од месеците во годината кога можете да направите прилично добар и поволен шопинг. Направете преглед во вашиот плакар и во вашиот дом, погледнете што ви треба и фрлете се во шопинг, а ние ќе ви дадеме неколку насоки, како да размислувате и што е најповолно да купите во мај.

1(112)

Облека од пролетните колекции

Традиционално најдобриот период за купување на облека и додатоци е два месеца по објавувањето на најновите колекција. Со оглед на тоа што пролетните колекции излегоа во март , мај , најверојатно ќе се одликува со добри попусти за пролетните облека .

Паметни телефони

На пазарот масовно се очекува да почне да се нуди новиот Samsung Galaxy S 5 од мобилните оператори , што значи дека може да се очекува посериозен попустна веќе стариот S 4 . Љубителите на iPhone ќе мора да почекаат до јуни, кога на посебна конференција за развивачи на апликации на Apple се очекува да биде представен новиот iPhone 6 што ќе значи почеток на падот на цената на последната верзија на моделот.

2(117)

Телевизор со голем екран

По силната продажба нателевизори со широк екран во април , мај се очекува да продолжи да обезбедува поволни понуди за овој вид уреди. Просечните цени на 60- инчните телевизори продолжуваат да се намалуваат.

Лаптопи и десктоп компјутери

И покрај надежите дека продажбата на компјутери ( десктоп и лаптоп ) ќе се опорави оваа година , податоците покажуваат континуираното намалување во првиот квартал , кога се забележа пад од 1,7 % . Се очекува цените на лаптопите да продолжат да се намалуваат како резултат на се позасилената конкуренција меѓу производителите . Цените на 15 -инчен лаптоп со јадро Haswell Core i3 достигнаа историски минимум во март при ниво од 350 долари. Ова , во комбинација со релативно слабиот долар , најверојатно ќе направи мај погоден за купување на сличен уред .

1221(2)

Апарати за домаќинство

Со традиционалното пролетно реновирање луѓето често прибегнуваат и до обновување на апараите за домажинство . Затоа не е случајно што новите модели фрижидери исто излегуваат во текот на летото . Мај е добар месец да се разгледа купување на фрижидер или правосмукалка и последна шанса да купите стар модел на пониска цена.

Имот

Ако планирате купување или изнајмување на имотот , не чекајте до најактивните месеци за пазарот на недвижнини . Иако и пролетта не е најдобрата сезона за купување или изнајмување на имотот, мај е меѓу месеците погодни за оваа намера

April 30, 2014

Одлуката на НБРМ за хипотекарниот имот ја стопи добивката на Комерцијална банка

Комерцијална банка во првите три месеци од годинава оствари негативен финансиски резултат од 1,6 милиони евра. Во банката соопштија дека остварената добивка пред исправка на вредноста, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето е за 6,7 отсто пониска во однос на минатата година. Оттаму додаваат дена намалувањето се должи на остварената нето нереализирана загуба од вреднување на хартии од вредност, помалиот износ на реализирани позитивни курсни разлики и и намалените нето приходи од провизии.

„Но, врз негативниот финснсиски резултат доминатно е неговото влијание на загубата за оштетување на имотот преземена по први јануари 2010 година, која согласно регулативата е евидентирана на први јануари 2014 година“, соопшти банката.

Загубите на банката поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигнале околу 3,8 милиони евра и во однос на минатата година бележат повеќекратно зголемување.

„Поголемиот дел од евидентираното оштетување се однесува на имотот преземен по 01.01.2010 година, кое согласнпо регулативата на НБРМ банката е должна да го пријави најдоцна до 01.01.2014 година. Остатокот претставува загуба за оштетување по основ на продажба на одземениот имот и по основ на препроценки“, велат во банката.

Оттаму информираат дека соогласно заклучок на одборот за управување со ризици вкупното оштетување на имотот преземен по 01.01. 2010 година е евидентирано во два еднакви износи на 31.12.2013 година и на 01.01.2014 година со цел да се намали финансискиот товар на вкупното оштетување кое доспева на 01.01.2014 година.

Инаку, во април минатата година Народната банка донесе долука со која им наложи на банките брзо да се „ослободат “ од имотот стекнат преку активирани хипотеки. Тоа значи дека сите запленети станови, куќи, деловни простории, магацини, машини, опрема и цели фабрики одземени поради активирана хипотека, банките ќе мора да ги продаваат по пониска цена од пазарната за да не ја изгубат целосно нивната вредност. Се проценува дека колку подолго чекаат и се обидуваат да го продадат по цена утврдена при издавањето на хипотеките, толку повеќе ќе паѓа вредноста на имотот, а ним ќе им се намалува профитот. Одлуката предвидува ако по пет години од одземањето не се продаде, за имотот нема да се книжи ниту денар. Вкупниот одземен имот на банките лани вредеше околу 415 милиони евра или 11,7 отсто од издадените кредити.

При носењето на одлуката гувернерот Димитар Богов изјави дека е крајно време да се види колку од банките во државата покажуваат реално остварен профит заснован врз доброто работење, а колку од нив својот профит го темелат врз тоа што во својата добивка го пресметуваат и одземениот имот, кој најчесто е преценет и кој потоа со години не можат да го продадат.

Путин “тежи” помеѓу 40 и 70 милијарди долари

Новите санкции што САД ги подготвуваат против Русија би можеле да опфатат уште еден дел од луѓето од финансискиот круг околу рускиот претседател Владимир Путин. САД со тоа има за цел да испрати порака дека знаат каде најмоќниот човек на Русија ги крие неговите пари и дека со тек на време би можел директно или индиректно лично да ги почувствува последиците од санкциите.

Имено, кога САД воведоа санкции за дваесетмина најбогати Руси и им го замрзна имотот што го имаат во Америка, меѓу нив се најде и Генадиј Тимченко, еден од косопствениците на Гунвор, една од најголемите независни компании за трговија со нафта и енергенси.

Свој инвестициски удел во Гунвор има и Владимир Путин, пишува Њујорк тајмс, а токму новите санкции би можеле да бидат меѓу другото насочени кон откривање на тајното богатство на Владимир Путин за кое веќе со години се зборува.

Глобалниот лов на неговите банкарски сметки трае веќе 15 години, а во тоа се вклучени политичари, тајни служби и новинари, но досега никој не успеал да утврди што се поседува Путин и колку пари има.

Според некои процени, Путин “тежи” помеѓу 40 и 70 милијарди долари, а доколку оваа процена е точна, тогаш Путин би бил најбогатиот шеф на некоја држава во историјата.

Токму затоа е интересен списокот со потенцијални имиња кои би можеле да бидат подложени на новите санкции.

Се шпекулира дека на списокот ќе се најдат неговите блиски пријатели и соработници Игор Сечин кој е прв човек на најголемата нафтена компанија Росњефт, потоа Алексеј Милер, шефот на Газпром и тајкунот Борис Ротенберг.

Тие за Путин се многу важни луѓе, оти преку нив, како што тврди рускиот политички аналитичар Станислав Белковски, тој го има заработено своето богатство.

Според Белковски, Путин тајно контролира 75 отсто од Гунвор, 4,5 отсто од Газпром и 37 отсто од Сургутнефтегаз.

Пред три години рускиот бизнисмен Сергеј Колесников објави во јавно писмо дека тој лично му помогнал на Путин да ја изгради неговата палата на Црното море вредна околу милијарда долари.

Тогаш Кремљ овие обвинувања ги прогласи за апсурдни, но по само една година лидерот на опозицијата Борис Немцов објави извештај во кој тврдеше дека Путин има на располагање 20 резиденции, 15 хеликоптери, 4 јахти и 43 авиони.

 

Кое е најевтиното одморалиште во Европа?

Сончев Брег, познат како нискобуџетна дестинација за странските туристи, се рангираше на прво место како најевтин меѓу 20 летувалишта во Европа, според истражувањето Holiday Costs Barometer на британската компанија Post Office.

Истражувањето е направено врз основа на цените на 10 стоки – пијалоци, храна и козметика. Не се вклучени трошоците за транспорт, пишува софискиот весник  „Труд“.

Според истражувањето, збирот на цените на производите во Сончев брег е околу 52 евра.

На второ и трето место се турското одморалиште Мармарис (66 евра) и шпанскиот Коста дел Сол (67 евра).

Истите производи се најскапи во Италија – околу 123 евра во областите Тоскана и Соренто.

Во Сончев Брег, во споредба со другите летувалишта најевтино се продаваат шише пиво и крема за сончање. Најниска е и цената на ручек и вечера за двајца во ресторан.

Според британското истражување, пиво во кафуле или бар во Сончев Брег чини 0,8 евра. Вечера за двајца со мезе, главно јадење, десерт и шише вино чини 27 евра, а ручек со две јадења без пијалоци – 8,7 евра. Релативно евтино се продаваат минералната вода, газираните пијалоци и виното.

Според истражувањето, цените во Сончев Брег оваа година ќе бидат за 8,6% пониски во споредба со 2013 година.

 

April 29, 2014

Новите правила за ознаката “made in“ ја поделија ЕУ

На последната седница пред распуштање на последниот состав на Европскиот парламент се водеа неколку интересни расправи. Најинтересна меѓу нив беше околи ознаката “made in” со која се посегнува по слободниот пазар и протекционизамот, заштита на потрошувачите, делокализација на производството, глобално производство и реиндустријализација на Европа. Земјите од јужна Европа беа за, а Германија и Британија беа против.

Европскиот парламент сепак изгласа означувањето “made in” да биде обавезно за непрехранбените производи (освен медицински) на внатрешниот пазар на ЕУ, бидејќи тоа носи поголема сигурност за производите, а се засилува заштитата на потрошувачите.

|hardcopy|2013/09/05 21:28:02 Tomek TOMEK-KOMPUTER

Европскиот парламени и Европската комисија сега се на заедничка позиција околу „made in” ознаката. Досега “made in” се ставаше доброволно, а од сега производителите сами ќе одлучат дали повеќе им се исплати означувањето на земјата членка или „made in Europe”.

За стоката која не се произведува во една држава, туку на различни локации, па дури и надвор од Европа “made in” ќе се однесува на “последната економски значајна обработка“. Производот нема да може да биде произведен во Кина и само спакуван во амбалажа во одредена земја и со тоа да ја добие нејзината ознака “made in”.
Последната фаза на обработка мора да биде “значајна“, Со тоа ќе се постигне голема сигурност да се востанови дали машината за паерење навистина е произведена во Германија и дали облеката е од франција или Италија.

За “made in” и процедурата според која се стекнува овој назив многу силно лобираше Италија, која сака повторно да го промовира својот извоз на облека, апарати за домаќинство и керамика. Тука се придружи и Франција, додека Германија и Британија кои го делокализираа своето производство, силно се бореа против вакво строго одредување на
“made in“.

Некои земји се многу незадоволни од резултатите од гласањето но европскиот прламенр и очекуваат дека оваа одлука ќе биде блокирана.
Британските застапници кои се противници на ознаката “made in”, велат дека се работи за претпоставката дека еден производ е подобар ако е направен во одредена земја, а тоа е против филозофијата на единствен пазар. Велат дури и дека со тоа се загрозува и Ролс Ројсот бидејќи кожата за ентерерот е направена од алпски овци, моторот се прооизведува во Германија, а дрвото од јужна Африка

Постари вести »

Powered by WordPress