December 24, 2014

Лато Герустбау – Челични конструкции за градежниците од Македонија и регионот со врвен европски квалитет и сертификати

Лато Герустбау до Гостивар е македонска компанија која деновиве ја одбележува првата годишнина од своето работење во градежната индустрија, преку застапство на „Layher“, реномираниот германски производител на челични конструкции.

Врвниот квалитет на „Layher“ челичните скелиња и бројните сертификати за видот и перформансите безбедноста на челичните конструкции ги надополнува и стручно обучен тим на вработени во Лато Герустбау. Сето е гаранција за добро и квалитетно извршување на задачите во градежништвото и оправданата доверба добиена во годинава реализираните деловни задачи.

Одлично завршена работа на многуте објекти низ Македонија се потврда за оправданоста во изборот на застапникот заедно со реализираните обуки во Германија и добиените ЕУ сертификати. Покрај стручноста, Лато Герустбау ги превзема сите мерки за безбедност и заштита на вработените. Фирмата поседува конструкции и стручен кадар со кој гарантираат квалитетно и безбедно поставување на конструкции на градежни објекти со височина до 68 метри надморска височина, за непречено реализирање на градежните активности. Конструкциите се со скеле со различни димензии, до 100.000 квадратни метри површина, особено групи III и IV, специјални конструкции за мостови, сали и специфични конструкции, како и конструкции за изнајмување со вклучена монтажа и демонтажа.

Лато Герустбау е семејна приказна создадена како резултат на многугодишно искуство во оваа дејност во Германија каде што исто така динамично се работи и тоа на огромни проекти. Градежниот подем во Македонија услови проширување и создавање на Лато Герустбау за потребите македонскиот пазар, а подоцна и на регионалниот пазар.

December 17, 2014

Вива слави 20 години

Filed under: Македонско — Tags: , , , — @ 3:51 pm

Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, го одбележа своето 20. годишно работење на македонскиот пазар со целосно заокружување на производствениот процес на линијата за полнење на сокови во пластична амбалажа.

Со ова, Вивакс го унапреди производството и го прошири асортиманот на своите производи. Во исто време, со редизајнот на пакувањата на дел од портфолиото, компанијата ги изненади потрошувачите со нов и модерен изглед на своите природни овошни сокови.

Компанијата Вивакс во 1994 година започнува со два производа, а денес може да се пофали со повеќе од 50 производи во своето портфолио со што е единствениот производител во Македонија со најголем асортиман на природни сокови. Со зголемување на бројот на вработени од 8 во првите години до 70 вработени, Вивакс е компанија пример за одржливо и континуирано растење во сите сегменти од своето работење.

„Уште од првиот ден на нашето работење успешно ги поставивме вредностите на брендот Вива, а со иновативниот и креативен пристап во изминатите години постојано го усовршуваме квалитетот на Вива соковите. Секоја чаша Вива сок ја содржи нашата традиција и љубов, а со секоја голтка ја доближуваме природата до нашите потрошувачи“, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор на Вивакс, производител на брендот Вива.

Вивакс е првата македонска компанија, воедно и на Балканот, која што ја започна својата соработка со Дизни Интернешнал, за производство на сокови со добро познатите ликови како што се Мики Маус, Принцезите, Карс (Автомобили) и Спајдермен, официјално лиценцирани од глобалната марка „Дизни“ и „Марвел“, за пазарите во Македонија, во Србија, во Црна Гора, во Босна, во Албанија и на Косово, што претставува уште една потврда за квалитетот на нашите производи.

Воедно, Вивакс е активен промотор на детската култура со спонзорирање на голем број детски настани, преку активно вклучување во грижата за најмалите и во нивната едукација за здрави навики и здрав начин на исхрана. Како дел од својата социјално одговорна компонента, компанијата константно поддржува голем број спортски настани и организации, и е првата и единствена компанија во Македонија која го воведе интернационалниот коњички натпревар, ВИВА куп. Дополнително, својот придонес го дава и преку помош на најзагрозените групи граѓани во државата.

November 27, 2014

Македонското оро „Копачка“ под заштита на УНЕСКО

Македонското оро „Копачка“ од делчевското село Драмче, е впишано во репрезентативната листа за заштита на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО. Вака одлучи комитетот кој е составен од 24 земји од светот, во рамките на деветтата сесија која до утре се одржува во Париз.

Во главниот град на Франција присуствува македонска делегација составена од Лидија Топузовска од Управата за заштита на културното наследство и генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО и етномузиколозите Ивона Опетческа-Татарчевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

„Копачка“ е изворно, машко соборско оро со трудов карактер. Има четири основни ритмики и играчки целини – „Шетаница“, „Ситно“, „Префрлачка“ и „Копачка“, кои на знак на ороводецот се менуваат и се повторуваат. По карактер е брзо и темпераментно. „Копачка“ е оро што го доловува обработувањето на земјата, копањето и риењето.

Карактеристично за ова оро е играњето на цело стопало, специфично за овој регион од Македонија.

Нашата земја уште во 2011 година аплицираше со ова оро во УНЕСКО, заедно со пеењето „Гласоечко“ од Долни Полог и обичајот „Четр’се“ од Штип, кое лани влезе на оваа престижна листа.

November 26, 2014

Се одбележуват 80 години од раѓањето на Петре М.Андреевски

Друштвото на писателите на Македонија со свечен собир денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од раѓањето на македонскиот писател Петре М. Андреевски.

За творештвото на Андреевски ќе зборува поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ, а стихови од култната стихозбирка „Дениција“ ќе кажуваат артистот Борче Начев и Александра Велинова.

Петре М. Андреевски (1934 – 2006) е претставник на третата генерација современи македонски писатели. Како поет, раскажувач, романсиер и драмски писател создаде значаен опус, бележејќи еден од магистралните текови во развојните процеси на македонската литература. Неговите стихозбирки „Дениција“, „Пофалби и поплаки“ и „Вечна куќа“, збирките раскази „Седмиот ден“ и „Неверни години“, и романите „Пиреј“, „Скакулци“ и „Последните селани“ се одликуваат со високи естетски стојности.

Петре М. Андреевски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, а во еден мандат и претседател на ДПМ.

November 20, 2014

Ревија на македонски народни носии од богатата ризница на „Танец“

Filed under: Македонско — Tags: , , — @ 11:55 am

Синоќа во Музејот на македонската борба се одржа ревија на македонски народни носии од богатата ризница на Ансамблот на народни игри и песни „Танец“, активност која беше предвидена во рамките на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на оваа институција.

„Во својата културна мисија низ децениите, овој колектив, кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на она најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ, за што сведочат и бројните награди и признанија,“ истакна министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска на која и беше врачена благодарница за промоција и афирмација на „Танец“.

Јубилејното чествување на „Танец“ ќе заврши на 16 декември со голем концерт во Македонската опера и балет.

October 24, 2014

Драган Даутовски гостуваше во Кина

Македонскиот музичар Драган Даутовски имаше исклучително успешно гостување во Кина.

Даутовски беше поканет како претставник од Македонија да партиципира во интернационалниот проект “Multicultural Concert on Pece and Harmony-September 2014,Nanjing”. Ова е деветта година по ред како Драган Даутовски учествува во проектите коишто “Melody for Dialogue among Civilizations“-Unesco, ги организира насекаде по светот. Нa програмата беа застапени дела од кинески автори, Болеро-М.Равел, оркестрирани и прилагодени за трите ансамбли. Melody World Orchestra изведе две композиции, од кои едната е авторско дело на Даутовски, во кое партиципираа и пет музичари од “Nanjing Chinese Orchestra”.

Во градот He Fei оддалечен 600 километри од Nanjing, во организација на Beibei Wang од Н.Р.Кина, млада и многу позната перкусионистка, артист на Унеско, заедно со проф.Даутовски и Мишел Херера, Куба, пред 3000 студенти одражаа музичка работилница која заврши со концерт на тројцата уметници. На вечерата која беше организирана по тој повод, министерот за образование и култура на провинцијата He Fei ги изнесе плановите за голем културен настан што ќе се одржи во првата половина од 2015-та година. Во таа пригода проф.Даутовски лично од министерот беше поканет да биде нивен гостин.

Даутовски во Кина претстојуваше на покана на  “Melody for Dialogue among Civilizations“-Unesco, Nanjing Chinese Orchestra и Nanjing Philharmonic Orchestra, а под покровителство на Министерството за култура.

October 17, 2014

Фолк фест Валандаво слави 30 години

Фестивалот на новосоздадени македонски песни Фолк-Фест Валандово е историска појава на музичката сцена во земјата, пишува порталот музика24.

Валандовскиот фестивал, како прв и најреномиран и подари на Македонија и подари 1.023 нови македонски песни, творештво од непроценливо богатство, песни со кои се афирмираат авторите на музика, текст и аранжман, но и ннтерпретаторите.

Се создадоа нови творци кои ја реафирмираа новосоздадената песна и покажаа дека се доследни наследници на песнопојната и музичката традиција создавана низ вековите од народниот гениј на овиие простори.

Што е најважно, преку псната го зајакна и го афирмира националниот идентитет на Македонецот во земјата и духовно ги обедини сите Македонци во светот.

Тој започна далечната 1985 година и денес слави исклучителен јубилеј – 30 години опстој во континуитет со што прерасна во најзначаен музички бренд во земјата. Тој трае ли трае, со ентузијазмот, огромната љубов, елан истрајност и способност на менаџирање, исполнета со голема храброст на сите кои беа на негово чело сиве овие години.

Валандовчани си го сакаат фестивалот и затоа издржаа до овој значаен јубулеј. Но треба да се знае дека фестивалот е најмалку валандовски, тој е семакедонски.

Валандово денес е фестивал – институција од национално значење кој во континуитет од триесет години, на брилјантен и исклучителен начин ја оствари својата историска улога и мисија. Останува сегашните генерации започнатото дело да продолжат да го негуваат и чуваат, збогатуваат и обнародуват.

Како потврда на сето мое искажано, заради неговото значење имам обврска да го ипрезентирам најзначајните цитати – сижеа за Валандововскиот фолклорен фестивал од најпознатите музички, интерпретаторски и други авторитети од Република Македонија.

“Валандовскиот фолклорен фестивал – и метафорично и суштински е Велигден за македонската песна, која воскресната започна нов живот” – Георги Барбаровски, поет, новинар, публицист.

“Песни со јасни идентитетски нишки” – Нано Ружин, амбасадор на Р.Македонија во НАТО, Брисел, 21.5.2004 година

“Врз темелите на традицијата” – Миле Брзанов, музички уредник на редакцијата на Народна музика на РТС и еден од организаторите на фестивалот

“Фолклор во ново руво” – проф.д-р Тома Прошев

“Квалитетното творештво се обнародува” – д-р Томе Саздов, професор на македонска народна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје

“Историски чин на нашата култура” – Костадин Костадиновски, идеен творец, еден од основоположниците и уметнички директор на фестивалот

“Меѓник на современата македонска култура” – Марко Коловски, музиколог, музички уреднк

“Манифестација на национално единство” – Томислав Османли, новинар, драматург, публицист

“Продукција со осведочен квалитет” – Кирил Тодевски, музички уреник во македонско радио и уметнички директор

“Уметничка надгардба на песната” – Орце Гелевски, музички уредник во МРТ и уметнички директор

“Духовна храна за Македонците” – Хилми Билбил, композитор

“Силен бедем пред туѓите влијанија” – Григор Копров, композитор

“Пејачите станаа ѕвезди” – Петар Нечовски, интерпретатор

“Македонски Санремо” – Перо Христов, интерпретатор

“Место за домување на душата” – Ѓорѓи Калајџиев, поет и уредник во Канал Вис-Струмица

“Мост со татковината” – Фиданка Танаскова, новинар, публицист и сл.

Еве такви се размислувањата за Фолк-Фест-Валандово. Пред портите на големиот јубилеј, но целосно реновираната и опремена фестивалска сцена во Валандово, во извонредни услови достојни за големиот јубилеј, Валандово и Македонија го очекува почетокот на 30 издание на фестивалот 2014 година на 16,17 и 18 октомври годинава.

И на крајот. Да го чуваме, збогатуваме и му дадеме уште поголема подршка за нови квалитетни музички изданија на нашата најзначајна манифестација. До некој друг јубилеј. НЕКА Е ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈОТ ВАЛАНДОВЧАНИ…! НЕКА Е ЧЕСТИТ,БЕРИЌЕТЕН И ВЕКОВИТ ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО, МАКЕДОНИЈО…!

Подготви: Мирче Карамучев, поранешен долгогодишен организатор, директор и раководител на прес службата на Фолк Фест Валандово

 

October 14, 2014

Lotus design store со моден перформанс најави период на промоција на македонски брендови

Модниот бренд Le Brandна дизајнерката Лили Кадинска, во соработка со Lotus Design Store и неколку македонски модни блогерки,во саботата (11 Октомври) во Lotus Design Store (Скопје Сити Мол, втор кат) ја претстави новата колекција есен-зима 2014/15. Со овој настан, Lotus Design Store го најави периодот на претставување на македонските модни брендовиво текот на Октомври и Ноември.

DSC_0486„Идејата на Lotus Design Store е да ги собереме македонските дизајнери на едно место и да ги покажеме на публиката. Нашата работа не е само теорија и атракција, туку е продукт кој може да се употебува, да се носи, врз кој може да се седи, производ кој може да не направи среќни и задоволни што го поседуваме. Токму таква за мене е оваа колекција на Лили, урбана и смела, екцентрична и модерна, облека која не е за секого, туку за девојка која е сигурна во својот автентичен и оригинален стил”, вели Анита Гај, дизајнер на Lotus Lounge Chair и оснoвач на концептуалната продавница Lotus Design Store.

Промоцијата на Le Brandбеше изведена на еден невообичаен начин, со изведба на моден перформанс од страна на македонските модни блогерки, кои ги комбинираа дизајните од новата колекција на Le Brand со сопствени парчиња облека.Перформансот го изведоа блогерките: Илина Драгославска (Dihmension Мagazinе), Александра Спасеска (Vezilka), Азизе Демиши (Rose), Сандра, Калина и Ива (Skopje Casual) и Мери (Makedonski moden blog).

“Идејата е да се покаже како различни личности ги доживуваат парчињата облека кои се создадени под еден концепт. Начинот на комбинирање пак ја има моќта целосно да го измени концептот на креациите. Ова беше прва ваква соработка и може да биде поттик за понатамошни заеднички проекти. Потребни се вакви интерактивни настани кои го доближуваат производот поблиску до публиката”, вели дизајнерката Лили Кадинска.

Токму тоа ќе го прави Lotus Design Store вотекот на овие два месеци. Во продавницата ќе бидат изложени колекциите од учеснииците на Fashion Weekend Skopje, а после фестивалот на модата, во Lotus Design Store ќе почнат редовно да изложуваат повеќе дизајнери меѓу кои и македонскиот дизајнер од Банкок, Јован Петровски, со двата бренда SquireиBlackout.

Веќе следната сабота (18 ти Октомври) Lotus Design Storeќе ја промовира колекцијата на урбани светилки “City Lights” од дизајнеркатаЕли Аин.

September 23, 2014

Изложба на фотографии од Крајчевски во Германија

Во Универзитетската библиотека во Бохум, Германија во тек е изложба на дваесетина фотографии од Дејан Крајчевски. Фотографиите се од повеќе места низ Македонија настанати при бирање на локации за снимање долгометражни и краткометражни филмови.

„Кога сме во потрага по соодветна локација за снимање на сцена од филм, не можам а да не се воздржам од восхитувањето на убавината што не опкружува, па дури и воспоставувам емоционална врска со интересни предмети и сценографските хоризонти на нашата земја. Честопати и сам на ретко посетени места едноставно бев совладан од она што се простираше предмене. Преку овие фотографии се обидов да го фатам она што ми се чинеше момент на единственост,“ вели Крајчевски.

Во каталогот за изложбата пишува:

„Со оваа изложба на фотографии сакаме да доближиме нешто од природните убавини и културното наследство од Република Македонија, мала континентална земја во јужниот дел од Европа. Македонија е позната по своите извонредни планински села, природните тектонски езера, реки….по целата нејзина недопрена природа. Таа мала земја е вистинско богатство на културно наследство, богата со антички храмови, базилики, амфитеатри, бањи, мозаици, манстири, цркви, бесценети икони од средновековниот период со големо уметничко значење.“

Дејан Крајчевски во моментов е на студии на Факултетот за драмски уметности Скопје, -продукција, но досега има работено на преку 40 филмски проекти, реклами, музички спотови и концерти.

Изложбата ќе биде отворена до 10 октомври, а не е поддржана ниту од Филсмкиот фонд на Македонија ниту од Министерството за култура на Македонија.

September 9, 2014

Филм за чудата во Македонија на фестивал во Италија

Македонскиот краток филм “13 Wonders of Macedonia” – (13 Чуда на Македонија) во продукција на Трето Уво од Скопје, влезе во конкуренција во официјалната програма на меѓународниот фестивал на археолошки филмови во Роверето Италија.

Jубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7-11 Октомври во Роверето, a ќе бидат прикажани вкупно 44 филма од 15 земји во светот како: Италија, Франција, Америка, Шпанија, Малезија итн. Во целиот пропаганден материјал, во печатените и електронските медиуми нашиот филм и нашата земја се најавувани под уставното име Македонија.

“Ова ќе биде светска премиера на филмот и претставува огромен успех за нас, инаку филмот е сегмент од глобалниот и пообемен промотивен проект “Wonderful Macedonia”. Филмот е посветен на македонската милениумската цивилизација, духовно и културно разгранетиот хоризонт на македонското постоење и ја позиционира Македонија како базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа. Задоволството е дотолку поголемо што “13 Wonders of Macedonia” е единствен филм од балканските земји што успеа да влезе во официјалната конкуренција на овој престижен фестивал.” изјави продуцентот на нашиот филм Иво Јанкоски .

Постари вести »

Powered by WordPress