January 4, 2015

Поучна приказна: Непотребен товар

Filed under: Убава приказна — Tags: , — @ 11:59 am

Еден ученик, му рекол на неговиот духовен учител : „Толку си мудар, секогаш добро расположен, никогаш не се лутиш. Помогни ми да станам таков.“

Учителот се согласил и го замолил ученикот да донесе еден компир во проѕирно ќесе.

„Кога на некој ќе му се налутиш и ќе ја сокриеш својата навреда, земи еден компир и од едната страна напиши го своето име, а од другата името на човекот што те навредил, а потоа компирот стави го во ќесе,“ му рекол учителот.

„И тоа е се?“-праша ученикот.

„Не,“ му одговорил учителот, „потребно е секогаш со себе да ја носиш таа ќеса и секогаш кога ќе почувствуваш навреда, стави еден компир во неа.“

Ученикот се согласил. Поминало некое време, ќесата се наполнила со компири и станала поприлично тешка. Било тешко постојано да се носи со себе. Покрај тоа, компирите кои први биле ставени во ќесата, започнале да се расипуваат така што започнале да шират непријатен мирис.

Ученикот дошол кај учителот и му рекол: „Невозможно е ова да се носи со себе. Прво ќесата е многу тешка, а второ, компирот се расипа. Предложи ми нешто друго.“

А, учителот му одговорил:

„Тоа се случува и со твојата душа. Кога на некого ќе му се налутиш или се навредиш, во душата ти се создава камен кој не го забележуваш. Потоа каменот станува се поголем. Постапките се претвораат во навика, навиката во карактер кој потоа раѓа пороци кои задаваат удари. Тој товар лесно би го заборавиле да не е многу тежок и постојано да не го носиме со себе. Ти дадов можност, целиот тој процес да го набљудуваш од страна. Секогаш кога ќе се одлучиш да се навредиш или да навредиш друг, само размисли дали тој камен воопшто ти треба.“

Преземено од страницата на о.Гаврило.

December 31, 2014

Купи, али од дома!

Kupioddoma.com е сајт кој што е основан од двајца млади луѓе, кои наместо да работат за друг или да чекаат од дома, имале идеја, ја сработиле и ја реализирале. Мартин Кароски и Горјан Стојановски првичниот план за ваков тип на сајт го имале уште од Америка, каде што за време на студирањето, неколку пати престојувале преку програмата work and travel.Откако завршиле со студиите, испратиле 150 меила за работа, но биле повикани само во неколку фирми. И таму, сфатиле дека тоа не е тоа што го бараат за нивен професионален развој.

„На почеток, имавме идеја да препродаваме производи од други фирми, но увидовме дека тука има мала исплатливост, па одлучивме да увезуваме. Он лајн тргувањето е нова гранка кај нас, нема доволно законски и банкраски прописи и се нема доволно познавање. Па оттука наидовме на бариери, така што првичната идеја претпре трансформација.Сега увезуваме електроника, модни додатоци, мали кујнски апарати и други производи за дома.Главниот мотив кој не води при изборот и нарачката на производите кои ќе се продаваат на нашиот сајт е добар квалитет плус фер цена,“ вели Стојановски.

За оваа половина година, работата на сајтот рапидно расте. Според нив, тоа е така бидејќи луѓето имаат доверба во нив. Имаат компанија на која односите со потрошувачите се нешто на што полагаат најмногу внимание, каде што клиентите можат да се јават и нудат 24 часовна гаранција. Ако производот не му се допаѓа на купувачот, има можност да го врати.

„Луѓето имаат можност и да платат на врата, односно кога производот ќе им се достави. Тоа им влева сигурност дека на ниту еден начин нема да бидат измамени.Од моментот на нарачка, пратката ја доставуваме за еден до два дена. Испораката ја правиме низ цела Македонија, во секој град и село,“ додава Кароски.

Он-лајн купувањето во Македонија се повеќе расте.Иако, паралелно со растот се случуваат и измами.Во моментов има од 10-15 фејсбук страни за он-лајн купување кои не нудат никаква гаранција или поддршка.Производите во kupioddoma.com ги имаат „на лагер“ така што во секое време можат да одговорат на побарувачката.Побарувањата според нив, се менуваат . Но изгледа имаат добар сенс, па нарачуваат она што навистина се бара.Но најважно од се е што се раководат од квалитетот и фер цената.

За прв пат од нивното постоење кое е релативно кратко сфатија дека задоволството во работењето не го прави само профитот, туку го прави и онаа емотивна нишка да помогнеш некому. Затоа се решија да донесат насмевка кај оние кои најмногу имаат потреба, и се вклучија во кампања заедно со други компании да помогнат на децата штитеници на домот за деца без родители 11 октомври, каде за секое дете успеаа да обезбедат часовник.

“Во оваа кампања ги вклучивме и нашите потрошувачи, кои за секој купен часовник, еден часовник одеше за дечињата од 11 октомври и успеавме да а ги направиме овие празници навистина посебни за нив.” изјави Стојановски.

Она што во иднина сакаат да се шират се продажба на гардероба, средна и висока класа на таблети и телефони, суплементи во исхраната.

Сметаат дека се на добар пат бидејќи се пофалени за услугите. Најбрзо што можат одговараат на барањата на купувачите и на секое нивно прашање или дилема.

Горјан и Мартин за да ја реализираат оваа идеја, земале кредит за самовработување. Сакале својот сон, наместо во Америка, да си го живеат овде.

Млади, интелигентни, со чувство за бизнис и визија. Ги имаат сите предуслови за да успеат во нивната приказна.
Се договоривме кога ќе бидат успешни како „алибаба“ или „алиекспрес“ да се преименуваат во „аликупи од дома“ или „купи али од дома“.

December 27, 2014

М-џинс: Со здравје да си ги носиш, поубави да ти наслика

Колекцијата фармерки насловена „М-џинс“, во која што секое парче е уникатно и рачно насликано од уметникот Мирослав Масин, беше промовирана во „Цреша“.

Претставени и закачени како уметнички дела, тие се полн погодок за љубителите на уметноста и оние кои освен во себе, сакаат да ја носат и на себе.

И оние кои ги носеа, истакнаа дека пред се се удобни, а тие на нив изгледаа прекрасно. Им кажавме со здравје да си ги носат, а тие вратија со „да ви наслика, поубави“.

На џинсот преовладува колоритот на она што Масин го наслика на неговата послeдна колекција „Ашанте“.Мотивот е пери, носи, врами.

Фармерките ќе се продаваат во „Концепт 37“, бутикот „Мелита“ и во „Макџинс“ во ТЦ Зебра, по цена од 5.999 денари.

November 13, 2014

Успешната приказна на Sport Vision на Балканот

Основан во далечната 1995 во Бијелина, Босна и Херцеговина, Sport Vision е пример за успешна приказна која со својата визија, систем на вредности и понуда, успеа да го освои Балканот. По изминатите 19 години, брендот Sport Vision денес е етаблиран лидер на пазарот на спортска опрема и обувки, со повеќе од 1400 вработени во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Албанија и Бугарија. Понудата на брендови е веќе добро позната, составена од брендовите за кои компанијата поседува ексклузивна лиценца, како Champion, Umbro, Lonsdale, Sergio Tacchini, Ellesse, Slezinger, Dunlop, Carrera и Karrimor. Дополнително, Sport Vision e и партнер на водечките светски брендови Nike, аdidas, Reebok, Converse, Lacoste, Colmar.

Сите овие брендови, во повеќе од 190 малопродажни објекти. Навистина импресивно.

„Со влегувањето на Sport Vision во Република Македонија, пазарот на спортска опрема доби квалитетно дополнување со низа брендови кои дотогаш, не беа присутни во државата. На овој начин, Sport Vision успеа во намерата да се позиционира на пазарот на нему својствен начин – со квалитетна понуда, достапни цени, и високо ниво на услуга. Со отворањето на првиот продажен салон во Skopje City Mall, започна успешната приказна за брендот во Македонија, која денес е претставена со 9 продажни салони низ Републиката и 120 вработени. Нашата стратегија за развој е насочена кон проширување на продажната мрежа, дополнително зголемување на понудата и секако, едукација на нашиот персонал и одржување на високото ниво на задоволство кај купувачите, по посетата на нашите продажни салони,” изјави Игор Трпковски, Извршен директор на Sport Vision Makedonija.

Во Република Македонија, брендот Sport Vision е присутен веќе две години, период во кој успеа да се позиционира како бренд со широк спектар на производи за различни генерации. Повеќе од 3500-м2 продажен простор на девет локации низ Републиката, се „дом” на повеќе од 167.000 артикли. Водени од мотото, „Ние сме екипа”, вработените во продажните салони се насочени кон зголемување на тимот од Македонија, создаден од задоволни клиенти кои се најдобар репрезент на брендот во државата.

Од првиот продажен салон во Skopje City Mall, се до последно отворениот во Штип, Sport Vision е воден од својата визија – да биде најдобар спортски малопродажен ланец преку промоција на најнови колекции и производи по достапни цени, уникатно шопинг искуство во пријатни и модерни продавници и да пружи услуга која ќе ги задоволи највисоките критериуми.

October 16, 2014

Дуна слави 20 години

„Дуна“ одбележува 20 години од основањето, јубилеј придружен од долгорочната ориентираност на компанијата кон врвни IT производи, решенија и услуги.

Основана во 1994 година, уште од самите почетоци визијата на компанијата е да понуди врвни информатички технологии во земјата, но и на интернационалните пазари.

Во изминатите две децении, „Дуна“ има зад себе многу достигнувања и се вбројува меѓу најуспешните компании во земјата. Застапник е за повеќе светски брендови: Apple, RICOH, OKI, Psion, Motorola, Clasus, Brahler ICS, Tentnology и Garmin, производител е на фискални уреди и препознатлива е меѓу бизнис заедницата по своите софтверски решенија ULTIMA® кои им овозможуваат целосна трансформација, раст и развој на компаниите.

„Дуна“ работи на повеќе од 10 странски пазари и опслужува повеќе од 10.000 компании и физички лица. Главниот фокус на компанијата е да обезбеди целосни решенија, интеграција и одржување во компаниите, апликативен софтвер и управување со документи, преку постојани иновации, единствена понуда на пазарот и извонредна услуга од високо-стручниот кадар.

Од 2001 година „Дуна“ постојано вложува во подобрување на квалитетот и вклучува нови стандарди во своето работење меѓу кои денес ги вбројуваме ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, ISO 27001:2005 и ISO 20000-1:2011.

Како предводник на полето на корпоративната општествена одговорност во Македонија, „Дуна“ има добиено осум награди, од кои и едно јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики во период од 2007 – 2011 година.

Оваа година, „Дуна“ повторно ја доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2013 година во категорија Вложување во заедницата, која ја доделува Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Дополнително, по оваа награда, следуваше уште едно интернационално достигнување, кога Дуна стана национален шампион на European Business Awards 2014/15 со Наградата за животна средина и корпоративна одржливост.

October 15, 2014

Ако имате убава фотографија од културен настан, пријавете се на конкурсот на Еуролник

Еуролинк осигурување го објави својот прв голем фото – натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од 15 октомври 2014 и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, Еуролинк ги поканува сите аматери и професионалци да испраќаат фотографии со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување е до 15 ноември 2014 год. на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување: www.facebook.com/eurolinkmk.

Пристигнатите авторски фотографии ќе бидат разгледани од страна жири – комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото уредници. Тие ќе одлучат за најдобрите три фотографии, на чии автори ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook профилот на Еуролинк осигурување, и заедно со одлука на стручното жири, ќе бидат селектирани 30 најдобри фотографии кои понатаму пред јавноста ќе бидат претставени на изложба која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена на 20 ноември во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Најдобрите 12 фотографии, што ќе содржат своја уникатна интерпретација на „Емотивната страна на културата“ преку фотографскиот објектив, ќе бидат дел од календарот за 2015 година, чија промоција ќе биде во втората половина од декември 2014 год.

„Денови на фотографијата“ е дел од платформата за општествена одговорност “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности” чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура и уметност.

September 15, 2014

(Фото) Seavus одбележа 15 години постоење

Последниве две декади сведочиме технолошки развој со вртоглава брзина, кој носи иновации, производи и услуги што го подобруваат животот на модерниот човек. Експертите од оваа област ни најавуваат дека и следните години ќе живееме во динамичен дигитален свет. Во таа светска технолошка динамика, денес, со целосно право, можеме да тврдиме дека припаѓа и македонската ИТ индустрија. Најдобар доказ за тоа е најпознатиот домашен ИТ бренд Seavus кој во саботата на 13ти Септември го прослави својот 15ти роденден.

DSC_1840

Настанот беше одбележан со ретроспективен документарец кој ги сублимираше сите значајни моменти од развојот на компанијата, но и на културата која Seavus ја гради низ годините.

„Ова не е роденден само на компанијата, туку е јубилеј на сите колеги кои се дел од неа. Да изградите бренд кој создава, продава и расте е еден успех, но вистинска чест и гордост е да изградите нова култура, кауза и движење, кое светски компании го препознаваат и стотици вработени се врзуваат за него„ – објаснуваат од менаџментот на Seavus.

На настанот, беше приреден музички спектакал за кој се погрижија музичките изведувачи, но и вработените на Seavus кои овој јубилеј го доживуваат на персонално ниво.

По повод овој јубилеј, компанијата додели и 5 стипендии на најдобрите кандидати студенти, кои ќе го продолжат своето образование на академиите во рамки на Seavus Едукативниот и Развоен Центар.

Со присуство во 6 земји во светот, 11 канцеларии, 600 вработени, 3500 клиенти и милиони корисници, Seavus претставува бренд од светски ранг и симбол на модерниот развој.

September 14, 2014

Необична приказна: Морнар го нацртал Скопје во 14 век

Необична приказна – еден морнар го нацртал Скопје во 14 век! Кој е морнарот и како успеал да доплови до Скопје? По реката Вардар? Сигурно не! Како тогаш? Тој Скопје го нацртал и го вброил во медитеранските градови, претходно сликајќи повеќе места од Медитеранот, но и пошироко, пишува Вест.

Името на морнарот било Ангелино Дулцерт. Кој бил Ангелино Дулцерт? Покрај тоа што бил морнар, тој постепено се здобил со реномето на еден од најдобрите картографи на неговото време, изработувајќи ги популарните портолани.

Во некои извори стои дека бил Каталонец, но тие, најверојатно, само го ангажирале, а тој по потекло бил Италијанец од Џенова. Најдобри изработувачи на портоланите станале Шпанците и Италијанците. Во еден период, Ангелино Дулцерт живеел во Мајорка каде што станал основач на славната Картографска школа на Мајорка.

Целата сторија ОВДЕ.

Извор/фото: Вест

 

September 13, 2014

(Фото) Македонка во САД заработува одлично од сапуни во форма на сладолед и крофни

Силвија Манговски, девојката со македонско потекло која сега живее во Флорида САД, рачно изработува сапун во примамливи форми и бои, кои одлично котираат на американскиот пазар, пишува Плус инфо. 

Сладоледи, „Орео колачиња“, американски крофнички и чизкејк, „макаронс“ се само дел од слатките задоволства што Силвија ги дизајнира. Но, не се за јадење, туку станува збор за сапун.

Начинот на кој што таа денес ги изработува сапуните се должи на долгогодишно изучување, работилници и читање како се изработува класичен домашен сапун но овој пат во сосема друга техника.

Целата сторија ОВДЕ.

Извор/фото: Плус инфо

Култната серија “Lost” оддбележува една деценија од првото прикажување

Изгубени (Lost), една од најдобрите драмски серии во историјата на телевизиската индустрија, многу брзо после емитувањето на пилот епизодата на 22 септември 2004 година создаде огромна база на фанови. Самиот пилот е емитуван во две епизоди и беше еден од најскапите во историјата на ТВ куќата ABC, со буџет помеѓу 10 и 14 милиони долари, во споредба со вообичаените буџети од 4 милиони.

Позната баш поради огромната маса на лојални фанови (кои и ден денеска расправаат за мистериите и организираат собири) оствари моментален успех, а освем интригантната приказна, за тоа придонесоа и самите автори на серијата,  холивудските хит-мајстори J.J. Abrams и Damon Lindelof.

Приказната за седумдесете преживеани од вкупно 324 патници на паднатиот авион со лет 815, е сместена на три локации на таинствен остров во Јужниот Пацифик. Иако почетната идеја била да се сними серија која би ги комбинирала елементите на филмот  Cast Away и реалити шоуто Опстанок, главниот адут на серијата се необичните случувања кои пацифичкиот остров ги претвара во голема мистерија.

Околу рајскиот остров се движи Чудовиште, преживеаните ги мачат Другите, а скривалиштето кое го затекнаа изобилува со фантастични и необјасниви појави…

Во прв план се хирургот Jack Shephard, преварантот Sawyer, ѕидарот и уметник Michael Dawson со синот Walt, бегалката од законот Kate Austen, добитниот на лото Hurley, мистериозниот John Locke, ирачкиот војник Sayid, трудницата од Австралија Vlaire. Посебно интересна нам ни е и судбината на Danielle Rousseau која ја глуми Mira Furlan, често нарекувана Мерил Стрип на нашата бивша држава. Danielle Rosseau е член на истражувачкиот тим и единствена која преживеала и бродолом (трудна !) пред 16 години па повремено се појавува во сите 6 сезони на серијата.

Напнатите 6 сезони ги доведуваше фановите до потполно лудило, што поради големата количина на неодговорени прашања, што поради самите мистерии и теми со кои серијата се занимава (Тајни друштва ! Патувања низ времето ! Поларни мечки!).

И покрај поделените мислења во врска со целата серија, но и самото финале (Дали беа мртви? Што се случи после експлозијата на нуклеарната бомба? И кој по ѓаволите го уби Sawyer?!) сите фанови (вклучувајќи ги и Пикбоксовци) се сложуваат околу една работа – Lost би можеле да го гледаат до недоглед.

Синопсис на сезоните

1 сезона

Преживеаните патници после падот на авионот се наоѓаат на пуст тропски остров за кој се надеваат дека ќе им биде привремен дом. Но нивната нова околина е полна со чудни работи ,случувања и таинствени знаци, а ќе запознаат и жена која на островот завршила после бродолом пред 16 години…

2 сезона

Преживеаните почесто ќе се судруваат со Другите, додека Jack и John ќе се натпреваруваат за надмоќ во групата. Групата ќе открие и истражувачки центар изграден на островот десетици години претходно, а во него и човек задолжен за спречување на катастрофи..

3 сезона

Преживеаните ќе дознаат повеќе од Другите и нивната долга историја на островот. И додека Desmond се придружува кон патниците, еден од нив ќе пребегне со Другите…

4 сезона

На островот доаѓаат луѓе од теретен брод, меѓутоа, тие не се тука во спасувачка мисија. Повремените излети во идно време ќе ја прикажат групата “Океански шест“, преживеани кои успеаа да побегнат од островот и да се вратат на своите животи.

5 сезона

Една приказна ги следи преживеаните кои останаа на островот додека се “скока“ низ времето напред и назад, за да на крајот се остане во 1974 година заедно со иницијативата Dharam. Другата приказна ги следи “Океанските шест“, кои три години после бегството од островор се одлучиле да се вратат на него..

6 сезона

Преживеаните повторно се обединети во сегашно време: присилени се после смртта на заштитникот на островот самите да се спротивстават на Dimnoto чудовиште.

Сите епизоди од Lost се достапни на Pickbox.tv – регионалната интернет телевизија која во Македонија може да се гледа за 305 ден. месечно !

Постари вести »

Powered by WordPress