January 15, 2015

Фирма од Зајас ќе ги одржува државните патишта

Фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ од село Долно Строгомиште-Зајас ќе ги одржува државните патишта во скопската, штипската и велешката подрачна територија, објави А1 Он.

До Бирото за јавни набававки,  јавното претпријатие Македонија пат ги доставила договорите. Сите се со важност од една година а договорот почнува да важи од 26.12.2014. до 26.12.2015.

Во трите одделни постапки фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ се јавува како единствен понудавач, а нема никаква разлика помеѓу највисоката и најниската добиена понуда.

За одржување на државните патишта на територија на подрачје Скопје, јавното претпријатие Македонија пат на фирмата од село Долно Строгомиште ќе и плати 30.515.207 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 495.000 илјади евра.

Македонија пат услугата ја процениле на 32.000.000 милиони денари, а најниската но и највисока единствена понуда на фирмата ПЕРПАРИМИ била 10.900.800 милиони денари или за три пати помала сума од онаа која е потпишана, пишува А1 Он.

Извор: А1 Он

Потпретседателот на ГРОМ Горан Анчески, нов директор на Фондот за осигурување депозити

Владата го именуваше Горан Анчески, потпретседател на партијата ГРОМ за нов директор на Фондот за осигурување на депозити.

Според објавата од Централниот регистар, Анчески доаѓа на местото на досегашната директорка Нина Настева.

Анчески во неговата работна кариера вршел раководни, менаџерски и консултантски функции во повеќе земји и градови, од кои 13 години работел во приватни компании кои се занимавале со производство, трговија, банкарство како референт за увоз и извоз, финансиски аналитичар и контролор, финансиски и инвестиционен консултант, сметководител до директор за финансии на ИМБ „Бимилк“ Битола/ИМЛЕК групација.

Во јавен сектор работел осум години, во неколку влади бил помошник министер за финансии одговорен за соработка со меѓународните финансиски институции (ММФ, Светска банка, Европска Унија, ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој при Совет на Европа, УНДП, УСАИД) и водел тимови за преговори и изработка на макроекономски анализи, подготовка на развојни стратегии и спроведување на економски политики и структурни реформи, управување со надворешниот долг, обезбедување на кредитни линии за мали и средни претпријатија и ЕУ-фондови.

Покрај другото бил и: советник на министерот за трговија, член и претседател на Надзорен одбор на Македонска банка за поддршка и развој, член на Банка за развој при Совет на Европа, економски советник во Европската комисија, консултант на повеќе проекти финансирани од УСАИД, Европска комисија, билатерални и приватни инвеститори.

Актуелно е генерален директор и мнозински сопственик на приватна компанија.

Во Македонија секоја година се носат над 300 закони и прописи

Filed under: македонија — Tags: , , — @ 9:07 am

Од 2009 година наваму, речиси секоја година во Македонија биле усвојувани над 300 закони, подзаконски акти и правилници.

Исклучок е 2011 годин кога биле донесени на сила 133 прописи.

Во изминативе шест години биле донесени вкупно 1.873 прописи меѓу кои доминираат новите закони (64 отсто), подзаконски акти (31 отсто) и пречистени текстови (4 отсто).

Промоција во Холандија: Македонија земја на езера и убаво вино

Македонија четврта година по ред ја претставува туристичката понуда на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржува од 13 до 18-ти овој месец.

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го доближуваат туристичкиот производ од Македонија добро познат на холандските туристи, кои традиционално доаѓаат во посета на Охрид и околината за езерски, културен и вински туризам.

Како што соопшти Агенцијата за промоција на туризмот првиот ден на саемот, кој е отворен за бизнис средби беа остварени контакти со туристички работници и професионалци, како и со новинари и медиуми заинтересирани за информативни патувања во Македонија. Македонскиот штанд беше посетен од амбасадорот на Република Македонија во Кралството Холандија Игор Попов и економскиот промотор, Ведат Рушид.

– Од моментот кога обрнавме сериозно внимание на холандскиот пазар и настапивме со агресивна кампања и имаме квалитетно и редовно присуство на холандскиот пазар забележан е вкупен раст од над 550 проценти на туристи од Холандија, што е доказ дека мерката субвенционирање на туризмот, како и инвестирањето во маркетинг се исплатливи за Македонија. Ние очекуваме овој тренд на пораст на туристи да продолжи не само од Холандија, туку и од други држави од Европа и светот, изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Македонскиот штанд беше посетен од продукт менаџерот на холандскиот тур оператор Корендон, Мелик Јетим кој изрази големо задоволство од поддршката и одличната соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

За земјите од Бенелукс, Владата на Македонија преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за организиран странски туристички промет во земјава дава субвенции во висина од 65 евра по турист. Корендон, како што наведуваат во соопштението, бележи зголемување на аранжманите и за претстојната летна сезона со подигнување на чартери до Охрид почнувајќи од мај до средината на септември. Во 2014 година имавме зголемување на бројот на туристи од земјите на Бенелукс кој изнесуваше околу 30.000 туристи и повеќе од 110.000 ноќевања.

На саемот во Утрехт се пристуни над 1.400 учесници од целиот свет и има повеќе од 100.000 посетители за пет дена.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што најавува овој и наредниот месец, активно и континуирано ќе ја промовира Македонија како достапна и атрактивна туристичка дестинација на саемите за туризам во Финска, Турција и Белгија.

УЈП: Денеска истекува рокот за издавање збирна пресметка за приходите од 2014

Filed under: македонија — Tags: , , — @ 8:44 am

Сите што вршеле исплата на приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, на граѓанинот до денеска мора да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2014 година.

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека издавањето збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

До 31 јануари, пак, треба да се поднесат и годишните извештаи за персонален данод на доход од лицата кои лани исплатиле приходи на физички лица/граѓани по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивки од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

Обврска за годишни извештаи имаат и оние што извршиле исплати на граѓани по основ на откуп на земјоделски производи (образец ПДД-ГИ/ОЗП), оние што вршеле откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци (образец ПДД-ГИ/ОЦО), како и организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало.

Во ПДД-ГИ/ОЗП се пријавуваат податоци за физичките лица од кои се откупени земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход, а во ПДД-ГИ/ОЦО се пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година.

Организаторите на зелен пазар треба да пријават кој ги користел продажните места на зелениот пазар минатата година.

Годишен извештај немаат обврска да поднесат ис платувачите кои вршат исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (во казино, обложувалница и автомат клуб).

Годишните извештаи з адолжително се поднесуваат по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk преку соодветна форма за внес на податоци во е-Даноци или со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци .

January 14, 2015

Студентите ќе полагаат државен испит: Собранието ги увои измените на Законот за високо образование

Македонското Собрание ги усвои законските измени на Закото за високо образование, во кои влегува и државниот испит.

За измените гласа 67, а 9 пратеници беа „против“.

Државниот испит ќе стартува како пилот-проект во учебната 2016/2017 година, ќе се полага два пати во текот на студирањето и доколку студентот не положи во втора година, ќе може да се запише во трета година.

Испитот ќе го полагаат и оние студенти кои студираат во моментот и ќе се запишат на магистерски студии.

Прифатен е амандман со кој се предлага резултатите од првиот пробен државен испит да немаат правни последици, пред да се одржи вистинскиот државен испит.

 

 

Уште едно НЕ од студентите за државниот испит

Студентите денеска уште еднаш им кажаа НЕ на предлог измените на Законот за високо образование, во кој влегува и државниот испит, протестирајќи пред македонското Собрание.

На улицата пред Собранието ги распостелија паролите: “Кого претставувате?”, “Кому водите инает?”, “Реформски лудории”, ” И покрај сe, ние ве сакаме”, “Слушнете ја иднината на нашата држава„…

Се очекува денеска во Собранието Законот да биде изгласан.

Фото: Драган Митрески/Академик

Регистрација на македонски интернет страници и на кирилица

Македонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање кирилични веб страници со националниот домеин „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката – љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ.

Како што соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска, домеинот „мкд“ е регистриран во меѓународниот интернет простор. Со тоа Македонија стана петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија.

Првата интернет страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена.

– Направивме огромен чекор во зацврстувањето, зачувувањето и афирмацијата на нашиот јазик и писмо што беше голем стремеж и идеал на нашите претци. Успеавме да извојуваме уште една битка, уште еден успех на меѓународен план, но за тоа беа потребни многу напорна работа, трпение и лобирање од сите субјекти вклучени во процесот, истана Ивановски на прес-конференција.

Според Канческа Милевска, регистрацијата на кириличното „мкд“ е особено битно за младата популација која секојдевно масовно се отуѓува од стандардниот македонски јазик и кириличното писмо.

– Воведувањето на домеинот „мкд“ спонтано ќе го наметне враќањето на македонскиот збор во секојденвната употреба, но и во севкупното општествено живеење, напомена министерката.

Процесот за стекнување нов национален кириличен домеин почна со јавно достапна анкета на која секој граќанин, институција или заинтересиран субјект можеше да го даде својот предлог. Заслужен за целата активност е МАРнет.

Моментно се работи на прилагодување на системот кој се користи за менаџирање на латиничните домеини – паралелно да биде искористен и за кириличните. Во тек е и резервација на кирилични домеини од страна на македонските државни институции и органи.

Во однос на зачувувањето на македонскиот јазик, Владата спроведува и низа други проекти. – Последните неколку години обезбедуваме поддршка за Поимникот на термини од информатичката технологија, го финансираме и печатењето на Толковниот речник на македонскиот јазик, како и подновеното издание на Правописот кое ќе се реализира оваа година. Ова се само покрупните проекти кои третираат прашања не само од македонскиот јазик, туку и од неговата историја, дијалектологија и ономастика, подвлече министерката за култура Канеческа Милчевска.

МИА

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нов директор

На местото на досегашниот директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) , Дејан Мојсоски, доаѓа Горан Јандреоски.

Управниот одбор на АЦВ, на седница го назначил Јандреоски за прв човек во воздупловството, по завршувањето на конкурсот кој беше распишан минатиот месец.

Јандреоски во АЦВ доаѓа од позицијата менаџер за одржување во „ТАВ Македонија“, каде што работел од март 2010 година. Бил со работни обврски на аеродромите во Скопје и во Охрид, каде што работел на одржување на аеродромската инфраструктура, терминалните згради, административните згради, хангарите, специјалната опрема, електрични кола и системите за ладење и животната средина.

Од 2007 до 2010 година работел во јавното аеродромско претпријатие, а од 1995 до 2007 година бил ангажиран како ИТ-инженер во „Макпетрол“. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што во 2012 година магистрирал во областа на метрологијата и управување со квалитетот, мерни техники и инструменти за мерење на коефициентот на триење на писти.

Водици неработен за граѓаните од православната вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2015 година (понеделник), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление (Водици).

Постари вести »

Powered by WordPress