January 15, 2015

СЗО: Лошите патиштата во БиХ најсмртоносни на Балканот

Најсмртоносните патишта на Балканот се наоѓаат во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Според организацијата, смртноста на патиштата во БиХ е речиси четири пати поголема отколку во Германија.

Причините за тоа се лошите патишта, недоволно сообраќајна култура, но најмногу според аналитичарите е што државата не вложува доволно средства за безбедноста во сообраќајот.

СЗО наведува дека годишно во БиХ бројот на смртните случаи на патиштата изнесува 15 лица на 100.000 жители. Во Црна Гора таа бројка е 11, а во Хрватска десет на 100.000 лица.

Новиот амбасадор на САД во Албанија предупреди на повратниците џихадисти

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 9:16 am

Новиот американски амбасадор во Република Албанија, Доналд Лу оценува дека вратените џихадисти претставуваат опасност за своите земји. Тој додава дека САД се загрижени за учеството во конфликтот во Сирија на странски лица кои според него се опасни и по враќањето во своите матични држави.

„Ние работиме со Албанија и другите пријателски држави за намалување на таквите опасности“, изјави американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, веднаш по предавањето на акредитивите на претседателот Бујар Нишани.

Според него, главните приоритети на неговата држава во Албанија се да се поддржат реформите за членство во ЕУ, развој на Албанија како членка на НАТО и давањето на поддршка за развој на демократските институции.

„Од Вашингтон ми дадоа три приоритети: поддршка на реформите кон зачленувањето во ЕУ, развој на Албанија во еден силен сојузник на НАТО, како и помош за зајакнување на демократските институции. Вие знаете дека американските амбасадори се менуваат, но политиката на САД не се менува“, изјави Лу во неговата прва изјава по доаѓањето во Албанија.

Тој на чист албански јазик нагласи дека средбата со претседателот Нишани минала во многу срдечна и топла атмосфера, додавајќи дека пред да дојде во Албанија интензивно го учел албанскиот јазик. Доналд Лу е женет за д-р Ариел Ахарт, познат специјалист од јавното здравство и има две деца, Ајла (9) и Киплинг (13), кои како што изјави, се со него и се многу среќни што се во Албанија.

Внукот на Енвер Хоџа уапсен за шверц на кокаин

Во акција, во која биле вклучени и Интерпол и Европол, албанската полиција синоќа во близина на Елбасан пронајде досега најголема откриена лабораторија за преработка на кокаин на Балканот, јави дописникот на МИА.

Според медиумите, во акцијата се уапсени шестмина албански и двајца колумбиски државани, меѓу кои и Ермал Хоџа, внук на албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа и сопруг на познатата албанска пејачка Резарта Шкурта.

Двајца Албанци и двајцата Колумбијци биле уапсени во лабораторијата, додека останатите четворица во неколку градови во Албанија. Полицијата најави и други апсења.

Во акцијата биле запленети над 100 килограми мешан кокаин, неколку килограми чист кокаин, три до четири тони супстанаца за мешање со дрогата, над 500 илјади евра, оружје, десет луксузни автомобили, 120 мобилни телефони, како и посебни апарати за обработка на дрогата.

Групата била следена шест месеци. Дрогата ја носеле од земјите на Латинска Амрика, ја преработувале во лабораторијата кај Елбасан, а потоа нејзина крајна дестинација биле западно европските земји.

 

January 14, 2015

Хашкиот трибунал не го сака Шешељ назад во притвор

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 9:38 am

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го отфрли барањето на обвинителството да го врати во притвор обвинетиот Воислав Шешељ од привремената слобода.

Судскиот совет исто така се прогласил за ненадлежен за барањето на Шешељ да се казни главниот обвинител Серж Брамерц „поради недозволено однесување“.

Судскиот совет исто така забележал дека обвинителството не поднело жалба на одлуката за ослободување на Шешељ на привремена слобода, а дека сега бара преиспитување на таа одлука, што е можно само врз основа на нови факти, кои ги нема.

Со одлука на Судскиот совет Шешељ на 12 ноември беше привремено ослободен од притвор во Трибуналот од хуманитарни причини, поради болест, за да може лекувањето да го продолжи во Белград.

Хашкото обвинителство на 1 декември побара Судскиот совет да го врати во притвор обвинетиот, бидејќи „со своето однесување во Србија го поткопал духот на одлуката за привремено ослободување“.

Европол предупреди на терористички напади во соседна Грција

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 9:28 am

Посебно писмо на Европол за постоечка реална терористичка закана за Грција, во последните 48 часа ја крена на нога полицијата и тајните служби на јужниот сосед, јавија грачките медиуми.

Се бараат потенцијалните џихадисти, но досега службите немаат успех.

Во писмото на Европол се наведува дека нападот против земјата го подготвуваат четири или пет терористи. Не е јасно сепак каде ќе удрат.

Освен Грција слични предупредувања добиле и властите во Белгија, Холандија и Велика Британија.

Ципрас: Да не послушаa спорот за името ќе беше решен пред 20 години

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 9:17 am

Бевме во право за македонското прашање кога предлагавме да се прифати пакетот „Пинеиро“ за сложено име со географска одредница, изјави лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.

Во интервју за телевизијата „Стар“, Ципрас рече дека ако грчките политичари ја послушале Сириза уште пред 20 години, спорот за името досега ќе бил решен и тоа под условите на Грција, односно сложено име со географска одредница.

Според него, Самарас е причината поради која Грција наместо да биде во поволна позиција, две децении е во незгодна ситуација околу прашањето за името. Во контекст на ова, лидерот на Сириза повтори дека многу држави ја признаа нашата земја под уставното име, што не им одговара на грчките барања.

January 13, 2015

Извозот на српското “фиќо” во САД паднал за 10 пати

Filed under: балкан — Tags: , , , — @ 8:29 am

Извозот во САД на возилата на Фиат произведени во фабриката во Крагуевац за една година паднал за десет пати, па менаџментот на оваа српска фабрика ќе мора да размислува за лансирање на нов модел.

Ситуацијата е алармантна затоа што во САД се извезува најголемиот дел од српското “фиќо”.

Во 2013 година Србија имала суфицит од 199,5 милиони долари во надворешно-трговската размена со САД, пред се благодарение на извозот на Фиат, а потоа во 2014. побарувачката за овој модел паднала и суфициот изнесувал само 15 милиони долари.

Побарувачката на Фиат 500 Л во САД паднала, а тој модел таму е и ценовно неконкурентен.

Да се потсетиме: Ракета на НАТО уби 16 српски новинари. Зошто тогаш никој не плачеше?

Filed under: балкан — Tags: , , , — @ 8:00 am

Во ракетен напад во раните утрински часови на 23 април 1999 година, откако беше погодена зградата на Радио и Телевизија на Србија (РТС) загинаа 16 новинари.

Образложението за нападот на НАТО тогаш беше дека телевизијата е нервниот центар на српската пропаганда на Слободан Милиошевиќ.

По убиството на новинарите никој во Европа не потресе, како што деновиве „сите„ се потресени од убиството на новинарите на Шарли Ебдо.

НАТО го отфрли повикот на Амнести интернешенал и многубројни новинарски организации да спроведе истрага за „воени злосторства“’ во врска со овој напад, оценувајќи дека овој случај е веќе испитан.

Во бомбардирањето на зградата на РТС загинаа: Јелена Мунитлак, Милован Јанковиќ, Драган Тасиќ, Дејан Марковиќ, Милан Јоксимовиќ, Слободан Јонтиќ, Славиша Стевановиќ, Небојша Стојановиќ, Александар Делетиќ, Иван Стукало, Томислав Митровиќ, Ксенија Банковиќ, Синиша Медиќ, Бранислав Јовановиќ, Дарко Стоименовски и Драгорад Драгојевиќ.

Слава им.

January 12, 2015

Наместо на дизел возат на зејтин

Filed under: балкан — Tags: , , , — @ 11:37 pm

Возачи од Прокупје, Србија почнале намесо еуро дизел во своите автомбили да ставаат обичен зејтин, пишува порталот Јужне вести.

Некои од нив со кои новинарите од порталот разговарале велат дека сончогледовото масло не го оштетува моторот повеќе од горивото предвидено за автомобили, а возачите се одлучуваат за него, бидејќи е далеку поевтино, па најчесто на зејтин своите коли ги возат таксистите или оние кои одат на подолг пат.

На бензинските станици во Прокупје велат дека прометот им опаднал и дека знаат дека своите автомобили можат да ги возат на зејтин.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Се бара инвеститиор за Купари, најелитното воено одморалиште во поранешна Југославија

Некогашното елитно воено одморалиште кое го нарекуваа и “забранет град” -Купари може наскоро да добие нов сопственик. Парите од продажбата на овој некогаш најлуксузен воен хотелски комплекс, во кој е вложено најмалку милијарди долари од заедничкиот воен буџет на СФРЈ ќе одат исклучиво само за Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.

Според Договорот за сукцесија од 2004 година, подвижниот воен имот кој е користен за цивилни цели ќе биде предмет на посебни аранжмани помеѓу државите сукцесори, додека недвижниот имот (воени одморалишта) се пренесуваат на државата сукцесор на чијашто територија се наоѓа. Во овој случај Хрватска.

Купари беа вистински комунистички рај, составен од хотели, спортски терени, шеталишта. Тоа беше ексклузивно одморалиште на воениот џет-сет во кое во ударните термини летуваа семејствата на оние со поголеми чинови и служба во главниот град. Посебна пикантерија во ова одморалиште беше Титовата вила, секако во посебна зона позади хотелот “Пелегрин”.

Тука на околу пет хектари и денеска се наоѓаат три објекти: хотел Галеб, вила Боровка 1 и 2, односно Титова и Јованкина вила. Сместени се во најубавиот дел на комплексот, со поглед на отворено море и Цавтат. Боровка 1 се простира на површина од 1.150 квадратни метри, единствена која е средена и која има претседателски апартман и уште три соби. Во нејзе неколку пати за време на претседателскиот мандат летувал Стипе Месиќ, а Јадранка Косор има преспиено само еднаш. Иво Санадер има навратено, но нема преспиено. Боровка 2 се простира на површина од 850 метри квадратни и има апартман и четири соби.

Купари не се во функција од 1990 година, а тешко е да се опише моменталната состојба. Изнесено е се што вредело, а останат е само бетон. Хрватските власти веќе неколку месеци бараат инветитор кој ќе вложи најмалку 200 милиони евра и ќе го врати сјајот на комплексот во Дубровничката жупанија со една од топ 10 најубави плажи на Јадранот. Конечната одлука на Хрватската Влада кој ќе добие концесија за наредните 99 години се очекува наскоро.

Предвидувањата дека уредениот комплекс во Купари ќе ги отвори своите врати за туристи во 2016 година се покажа како невозможна мисија. Минатата година Купари го обиколи и премиерот Зоран Милановиќ и најави дека државата ќе даде концесија на 99 години на инвеститор кој е подготвен да вложи стотина милиони евра и да отвори 300 нови работни места.

Според неофицијалните информации како потенцијален инветситор се спомнува и најбогатиот човек на Балканот, Ивица Тодориќ, кој се повеќе е заинтересиран за вложување во туризмот.

Интерес за Купари има и американски Хајат, турски Риксос, инвеститори од Русија, Катар и Азербејџан, но и Валамар, компанија која бележи најголем раст на инвестиции во хрватскиот туризам.

Оној кој ќе биде избран ќе се најде пред тешка задача- да го врати сјајот во хотелите Купари, Пелегрин, Гранд, Младост, Горичина, Галеб и претседателската вила. Комплексот некогаш имал 1.600 кревети, а се очекува дека по инвестициите да има четири или пет звезди.

Гранд е изграден уште во 1920 година и беше еден од првите елитни хотели на Јадранот. Од него останаа само рушевини. Пелегрин долго време служеше како пејнтбол терен.

Купари денеска се во рацете на Државната агенција за управување со државен имот, а се што е за врзано за поранешна Југославија, избришано е. Сите потенцијални инвеститори најавуваат топ конфор во моментално разрушените објекти, спортски содржини, базени и елитен туризам.

 

Постари вести »

Powered by WordPress