January 16, 2015

Меркел: Путин нема да биде поканет на средбата на Г-7 во Баварија

Filed under: свет — Tags: , — @ 10:34 am

Нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на лидерите од Г-7, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе биде домаќин на средбата во јуни во Баварија.

„Г-7 и поранешната група Г-8 отсекогаш се сметале за заедница, основана на вредности. Анексијата на Крим, која беше нарушување на принципите на меѓународното право, како и настаните во Источна Украина, ги поткопуваат сериозно тие вредности. Затоа, нема шанси засега Путин да биде поканет на средбата на врвот на Г-7 во Баварија во јуни“, истакна канцеларката.

Таа ја повтори позицијата дека Европа не може да разгледува укинување на санкциите против Русија, додека не бидат отстранети причините за нивно наложување.

Се остваруваат најавите за нови напади: Во Белгија ликвидирани двајца терористи

Filed under: свет — Tags: , , — @ 10:26 am

Двајца терористи кои подготвувале напади во Белгија се ликвидирани вчера во полициска акција во југоисточниот град Вервие, во близина на границата со Германија и Холандија.

Белгиските власти претходно објавија дека е донесена одлука за зголемување на готовноста за акција против терористички закани на трето, предпоследно ниво.

January 15, 2015

Над 200.000 лица побарале азил во Германија, 30% од нив се балканци

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 9:39 am

Во текот на минатата година биле поднесени повеќе од 200.000 барања за азил во Германија, што претставува раст од 60 отсто во однос на 2013 година.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ова е третиот најголем број на поднесени молби во историјата на Германија.

Околу 41.000 лица, што е 20 проценти од сите подносители за азил, биле сириски бегалци и во поголемиот број случаи тие добивале право на престој. Околу 30 отсто од барањата се поднесени од граѓани од балканските земји, но нивните апликации обично биле одбивани, бидејќи „не ги исполнуваат потребните барања“.

Министерството наведува дека агенцијата, која ги разгледува барањата, и општините добиле финансиска помош, со цел да се справат со големиот наплив на азиланти.

January 14, 2015

Новиот број на „Шарли ебдо“ распродаден како алва

Filed under: свет — Tags: , , — @ 1:50 pm

Првиот број на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“ по минатонеделниот напад на редакцијата, е распродаден веднаш откако се појавил во трафиките во Франција.

– Тоа е неверојатно. Имаше 60-70 луѓе кои чекаа ред за да отворам. Никогаш не сум видела нешто слично. Сите мои 450 примероци ги продадов за 15 минути – вели продавачка од трафика во Париз.

Најновото издание на „Шарли ебдо“ на насловната страница го има пророкот Мухамед, кој плаче и држи порака „Јас сум Шарли“, а истовремено е испишано „Сè е простено“.

Весникот е отпечатен во три милиони примероци, а заработувачката ќе биде наменета за семејствата на загинатите.

Вообичаено, весникот досега излегуваше во 60.000 примероци. Новиот број, кој го изработија преживеаните членови на редакцијата, е достапен во 25 земји и на 16 јазици.

Мета

Ким Џонг Ун во првата посета во странство патува во Москва

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 1:32 pm

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун ја прифатил поканата од Москва да пристигне за прославата на 70 години од  Денот на победата, објави јужнокорејската агенција Ренхап.

“Северна Кореја има намера да ги зајакнува дипломатските врски со Русија, и тоа во време кога политички нејзините односи со Кина стануваат студени”, коментира агенцијата за оваа одлука на Пјонгјанг.

Според пресс сектетарот на Русија, Дмитриј Песков, поканата била направена на 19 декември 2014 година. Ким Џонг Ун е поканет како претставник на “земјите од антихитлеровската коалиција” .

На 9 мај тоа ќе биде првата воопшто посета на севернокорејскиот водач.

Скандал во Германија: Вработен во разузнавање украл листа со тајни идентите на 3.500 агенти

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 1:23 pm

Германските власти се сомневаат дека вработен во разузнавачката агенција украл листа на која се имиња и тајни идентитети на 3.500 агенти, објави „Билд“, цитирајќи безбедносни извори.

 Засега не се знае дали доверливата листа која е од 2011 година е однесена во странски разузнавачки агенции.

 Имињата и тајните идентитети се пронајдени на хард-диск, што му припаѓал на поранешен вработен во германската разузнавачка агенција БНД, кој беше уапсен во јули заради шпионажа.

 Тој е обвинет дека во изминатите неколку години оддавал тајни на САД. „Билд“ наведува дека тој човек им предал на американски служби преку 200 скенирани документи.

 БНД засега не излезе со коментар за написите на весникот.

Кинезите забранија да се носат бурки во најголемиот муслимански град

Кинеските власти им забранија на жените во провинцијата Синѓијанг, Урумќи, каде што половина од населението се муслимани, да носат бурка во јавност.

Овој предлог во декември го предложија локалните законодавци, а сега е усвоен и на регионално ниво, меѓутоа се уште не е на сила.

Според информациите кои што ги обавија кинеските медиуми, овој закон ќе биде воведен по изнесување на измените во врска со забелешките изнесени на состанокот од минатиот викенд.

Меѓу 3.000 и 5.000 Европјани се на џихад

Filed under: свет — Tags: , , — @ 12:51 pm

Меѓу 3.000 и 5.000 Европјани се на џихад во држави како Сирија и може да бидат закана по враќањето во европските држави, изјави Роб Вејнрајт директор на Европол.

– Зборувам за околу 3.000 до 5.000 граѓани на Европската унија, изјави тој одговарајќи на прашање од Комисија за внатрешни работи на британскиот парламент за бројот на луѓе кои од Европа заминале да се борат на Блискиот исток на страна на екстремистите.

Тие луѓе според него, се опасност за безбедноста во нивните држави доколку се вратат во нив.

– Јасно е дека се работи на голем број воглавно, млади мажи кои имаат можност да се вратат и можност или намера и капацитет да извршат напади како оној во Париз од минатата недела, додаде тој.

Европол веќе има имиња на 2.500 осомничени.

Вејнрајт вели дека социјалните мрежи се средство за регрутација како и средство за пропаганда оценувајќи дека интернет се користи на многу поагресивен начин отколку порано.

Можни нови напади низ Европа

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 12:42 pm

Постои опасност од нови напади во Европа и од радикализација во затворите, предупреди координаторот на Европската унија за борба против тероризмот Жил де Керхов.

Тој истакна дека затворите се инкубациска средина за радикализација и затоа не треба да се испраќаат сите лица во затвор кои се вратиле од Сирија. Тие можат да ги радикализираат и уште повеќе да ги поттикнат другите.

Керхов наведува дека во затвор се радикализирал Амеди Кулибали, кој учествуваше во минатонеделните напади во Париз, потоа Мохамед Мера, извршителот на убиствата во Тулуз во 2012 година и Медхи Немуш осуден за убиство на четворица Евреи во Еврејскиот музеј во Брисел.

– Заканата од нови напади останува сериозна. Исламска држава сака да дејстува и тоа ќе го направи. Ал Каеда е многу ослабена, но сака да остане во игра. Посои и Фронт ал Нусра, сирискиот огранот на Ал Каеда, кој регрутира Европејци со валидни пасоши, кои лесно можат да влезат кај нас или да киднапираат авион. Нема магично решение… Можеме превентивно да дејствуваме. Но, не можеме сите да ги спречиме, посочи Керхов.

Тој потенцира дека терористите имаат оружје кои доаѓа од Балканот и од Либија.

– Кога имате лесен пристап до калашњикови и радикализирани лудаци исклучително тешко е да се спречи напад, но можеме да се обидеме да попречиме што е можно поголем број напади без да се претвориме во тоталитарно општество, посочи Керхов.

January 13, 2015

„Исламска држава“ објави видео на кое момче егзекутира двајца „руски агенти“

Џихадистичката група „Исламска држава“ објави видео запис на кој е прикажано мало момче како егзекутира со пиштол двајца мажи, обвинети дека работат за руските разузнавачки служби, пренесе БТА.

Седумминутното видео покажува двајца мажи клекнати на колена, кои се застрелани од дете од десетина години, по распитот во кој тие се обвинети за обид да се инфилтрираат во ИД во Сирија.

Постари вести »

Powered by WordPress