January 15, 2015

Градоначалникот Захариев, за една година се сретнал со 12 илјади штипјани

Filed under: локално — Tags: , — @ 12:15 pm

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во периодот јануари-декември 2014 остварил средби со 12 илјади или во просек по илјада лица месечно, пишува „1.мк„.

„При тоа е важно да се напомене дека сите странки се примени, сослушани се нивните проблеми, пофалби или предлози, онаму каде што општината или градоначалникот имале ингеренции е помогнато, а онаму каде што немаат, испратени се барања и ургенции за решавање на проблемите на граѓаните преку државните институции,“ велат од Општината за овој медиум.

Според статистичките податоци, во 2009 година интересот за локалната самоуправа бил 15% а до 2010 истиот е зголемен на 23 %. Според бројот на контакти со медиумите, граѓаните и информациите во оптек, интересот за локалната самоуправа во изминатите 4 години, како и за работата на локалната самоуправа е зголемен за дополнителни 10-15 % односно изнесува околу 38%.

„Ваквото зголемување се должи и на се поголемата отвореност на општината за граѓаните, транспаренотста при објавување на информации за сервисите и услугите на општината, користењето на социјалните мрежи и профили на локалната самоуправа, извештаите за седниците на комисиите и Советот на Општината, објавувањето на листите на јавните набавки и проектните активности на градоначалникот и оштината. Секако, голем удел имаат и урбанистичките проекти за легализација на дивоградбите и продажба на градежното земјиште, што предизвика интерес кај граѓаните, преку кои постапки поблиску се запознаа и со работата на општината, додава „1.мк“.

Над две илјади скијачи на Пониква

Filed under: локално — Tags: , , — @ 9:36 am

Како ретко кога, Пониква вчера беше преполна со посетители од Кочани, Скопје, Куманово, како и од поширокиот регион, јави ТВ Кочани.

Снегот, сончевото и топло време со температура над 17 степени целзиусови, создадоа извонредни услови за рекреативно скијање, санкање, и за прошетки. Посетителите тоа го насетија уште во утринските часови, па колоните возила кои се искачуваа кон Осоговските Планини беа долги.

Уште подолга беше колоната на паркирани возила, која се протегаше дури до боровите насади, на околу два километри оддалеченост од одморалиштето. Порано или подоцна на Пониква ќе мора да се бара квалитетно решение на проблемот со ограничениот паркинг простор. Колоната од околу два километри им создаваше непријатности на возачите и на оние кои мораа да го пропешачат тоа растојание за да стигнат до ски – лифтовите и угостителските објекти.

Извор: ТВ Кочани

„Отворено со катастарот“ во подрачното одделение во Охрид

Filed under: локално — Tags: , , — @ 9:35 am

Во Подрачното одделение за катастар на недвижности во Охрид денеска и утре ќе се реализира акцијата „Отворено со катастарот“, наменета за контакт со сите заинтересирани граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот, со можност за нивно решавање веднаш на лице место.

Согласно акцијата раководството на Агенцијата заедно со стручни тимови во точно утврдени термини ги посетуваат сите 30 подрачни одделенија на Агенцијата и остваруваат контакт со заинтересирани странки во врска со одредени прашања од односната проблематика. Средбите со граѓаните се и можност да се слушнат прадлози, сугестии и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија на катастарот.

Ваквите акции се и осмислени како начин да им се предочат на граѓаните и бизнис-заедницата новините во работењето на Агенцијата, како уписот на подземна и надземна инфраструктура во електронскиот катастар и останатите реформи, спроведени во изминатиот период.

„Отворено со катастарот“ се реализира во сите градови каде функционираат подрачни одделенија на агенцијата.

Допрва ќе се бара проектанска фирма за конгресниот центар Александар Македонски

За веќе бившата Универзална сала во Скопје, која и официјално стана конгресен центар Александар Македонски допрва ќе се бара проектанска фирма која треба да работи на новиот изглед на објектот.

За новиот објект кој ќе биде на местото на Универзална сала е избрано само идејното решение.

Постапката за избор на проектантска фирма која ќе го изработи проектот е во тек.

Во меѓувреме беше преименуван објектот, а веќе се познати и имињата на салите кои треба да бидат изградени во конгресниот центар.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Универзалната сала ќе се вика конгресен центар Александар Македонски

Секоја сала во Конгресниот центар „Александар Македонски“ со различно име

Лекарите бегаат на Запад: Се затвораат три амбуланти во кочанско

Filed under: локално — Tags: , , — @ 9:15 am

Дел од жителите во селските населби во Кочанско ќе останат без своите досегашни матични лекари, затоа што три приватни ординации во регионот се затворени или во тек е постапка за нивно затворање, објави Канал 8.

Иако причините за тоа навидум се различни, сепак се сведуваат на високи трошоци за работа и заминување на медицинскиот кадар во странство.

Од Здружението на приватни лекари на Македонија потврдуваат дека источниот дел од државата посебно е погоден од таквата практика, па жителите во некои населени места ќе мора на друго место да бараат примарна здравствена заштита.

„Едната амбуланта во Облешево ќе ја затвори колегата, таа е во фаза на затворање, така што пациентите од тоа село ќе останат без матичен лекар затоа што докторката што е вработена не сака да биде носител на дејноста во амбулантата, а сопственикот кој беше до сега е колега кој има специјализација по гинекологија и од приватна пракса е преминат во државна, во болницата во Кочани. Другата е во Зрновци затоа што колешката е замината во Шведска. И уште една во кочанскиот регион, но не се сеќавам на местото, така што сметам дека мора нешто да се преземе во однос на трендот на затворање на амбуланти“, рече д-р Лилјана Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Иако во овие села се уште има доволно жители, лекарите се соочиле со неекономско работење и високи трошоци што не можат сами да ги покријат.

January 14, 2015

Да ја поттикнеме солидарноста! Почнува новиот конкурс на меѓународен училишен натпревар

aces – Академијата на средноевропски училишта отвора нов циклус на натпреварување за прекугранични школски проекти и размена на ученици.

„Да ја поттикнеме солидарноста: Да се грижиме за другите и да го споделиме она што го имаме!“ – ова е темата на овогодишниот конкурс за прекугранични школски објекти. По осми пат по ред, aces – Академијата на средноевропски училишта ги повикува наставниците и учениците да осмислат и спроведат нови проекти, во соработка со меѓународни партнери. Предлозите на проектите можат да се исптатат во периодот од 15 јануари до 15 април 2015 година. Училиштата кои ќе претстават најдобри проекти ќе освојат вредни парични награди.

Ucesnicite na ACES Akademijata

aces претставува проект кој го почна ЕРСТЕ Фондацијата на полето на едукација, а за координација на иницијативата се задолжени австриската организација Интеркултурен Центар и словачкото здруѓение Вчели Дом. Оваа школска мрежа е активна од 2006 година во цела средна и југоисточна Европа, а основна цел е на работењето е унапредување на размената и културен дијалог меѓу младите. Во мрежата се вклучени 15 држави од регионот на Централна и Југоисточна Европа, со поддршка на министерствата за образование. До сега повеќе од 25.000 ученици и 3.600 наставници учествувале во програмата aces.

Македонија е дел од оваа прекугранична мрежа од 2009 година и до сега во програмата aces учествувале 23 училишта од нашата земја. Претходните победници доаѓаат од градовите Скопје, Неготино, Битола, Струга, а тоа се Гимназијата НОВА од Скопје, ОУ Јосип Броз Тито од Струга, ОУ Страшо Пинџур од Неготино, ОУ Димитар Миладинов од Скопје АСУЦ Боро Петрушевски.

Тема на овогодишниот конкурс: солидарност

Сите луѓе се еднакви, но немаат сите еднакви можности. За жал, некои луѓе во животот се помалку жповластени од една или друга причина. Некои можеби имаат посебни потреби, живеат под границата на сиромаштија или се маргинализирани поради тоа кои се, од каде доаѓаат илиу поради нешто што им се случило во животот. aces тежнее кон создавање општества во кои луѓето се грижат едни за други, во кои луѓето не само што ги бараат своите права, туку се и свесни за авојата одговорност за доброто на сите. “aces ја промовира идејата за партнерство на еднакви основи и заедничка одговорност. Благодарение на меѓународниот карактер на оваа идеја, ги охрабруваме учениците и наставниците да размислуваат надвор од границите на своето непосредно опкружување. Стекнувањето пријатели од други земји и согледувањето на сопствената земја од поинаква перспектива го зајакнуваат критичкото размислување, емпатијата и солидарноста, а во исто време донесуваат и многу забава“, обкјаснува Робин Госејохан (Robin Gosejohann), менаџер на проектот на ЕРСТЕ Фондацијата.

Едно натпреварување – многу победници

Во периодот од 15 јануари до 15 април 2015 година, училиштата кои што се заинтересирани да учествуваат во оваа иницијатива треба да пронајдат партнери од земјите од регионот на Централна и Југоисточна Европа и да го предадат предлогот на заедничкиот проект. Конкурсот е отворен за училиштата во земјите учеснички во проектот, а целната група се учениците на возраст од 12 до 17 години. Апликацијата за пронаоѓање партнерски училишта е достапна он-лајн, на веб страната на aces (www.aces.or.at/partnerfinder). Меѓународно жири ќе ги одбере и ќе ги награди најдобрите идеи. На победниците ќе им биде овозможена и поддршка за реализација на прекуграничните проекти. Завршните средби на меѓународните делегации кои ќе ги претстават победничките проекти ќе претставуваат прилика и за размена на идеи и унапредување на образовниот процес.

Накратко за овогодишниот конкурс на aces

Тема на конкурсот: Да ја поттикнеме солидарноста:Да се грижиме за другите и да го споделиме она што го имаме!

Краен Рок за прием на пријавите: 15 април 2015 г.

Земји учеснички: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Молдавија, Романија, Чепка, Словачка, Србија и Косово.

Повеќе информации: http://www.aces.or.at

Бесплатни проекти за семејни куќи искористија 100 инвеститори во Општина Илинден

Filed under: локално — Tags: , , — @ 11:20 am

Oд 180 инвеститори во станбени објекти во Општина Илинден во 2014 година,  100 ги искористиле поволностите што во рамките на својата иновативност им ги нуди Општина Илинден и одбрале еден од четирите понудени бесплатни проекти за изградба на семејни куќи.

Покрај тоа што со моделите на семејни станбени куќи кои можат да се применат како типски објекти, граѓаните заштедуваат и до 1.000 евра, колку што чини изработката на вакви проекти, Општината ќе добие многу поубав лик.

Со бесплатните проекти се олеснува работата на администрацијата и се забрзува постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат, односно се скратува рокот за издавање на одобренијата за градба. Така, по плаќањето на комуналиите кои изнесуваат само 2 евра по метар квадратен, граѓаните за само 3 дена добиваат одобрение за градба.

Се е подготвено за старт на второто полугодие во Штип

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев оддржа состанок со директорите на основните и средните училишта. На средбата присуствуваше и овластениот просветен инспектор. Целта на средбата на градоначалникот со директорите беше да се утврди како течат подготовките околу стартот на второто полугодие во учебната 2014/2015 година.

Според искажаното, се е подготвено за успешен старт на второто полугодие во штипското образование и не се детектирани посериозни пролеми кои можат да го доведат во опасност стартот на учебната година.Заклуокот е дека сите активности во оваа насока се завршени и од 20 јануари наставата ќе започне без никаков проблем.

Обезбедена е нафта за греење, измирени се финансиските обврски на локалната самоуправа во поглед на превоз за учениците а раководствата на поедини училишта спроведоа и низа зафати за подобрување на инфраструктурата во училиштата. На 20 јануари, 6532 ученика, од кои 4045 во основното и 2487 во средното образование се враќаат во образовните клупи во Штип.

Струмичкиот каарневал ќе се одржи на 21 февруари

Filed under: локално — Tags: , , — @ 9:37 am

Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2015-та ќе се одржи на 21-ви февруари (сабота).Според информациите од општина Струмица, годинашното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18-ти до 25-ти февруари, а започнува со Детскиот маскенбал на 18-ти февруари, пренесе Струмица нет.

На 19-ти февруари ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, изложба на фотографии од карневалот 2014 и традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“.

Свеченото отворање ќе се одржи на 20-ти февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот, а на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер.

Карневалските празнувања продолжуваат со детскиот карневал на Прочка, на 22-ри февруари, на 23-ти е чист понеделник, кога традиционално се вари бел грав, а истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.

Традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 24-ти февруари и карневалските празнувања завршуваат на 25-ти февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

Извор: Струмица нет

Кумановската публика „откачи“ на филмот „До Балчак“

Македонскиот игран филм „Дo Балчак” во режија на Столе Попов повторно се најде на репертоар на Театар Куманово.

Како што информираат од Управата, поради голем интерес на кумановската публика, филмот ќе има своја повторна проекција на 20 и 21 јануари 2015 година со почеток во 20.00 часот

Цена на билет е 100 денари. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 14.01.2015 година на билетарницата во Театарот (сите резервации треба да се подигнат најдоцна до 16.01.2015 г. во спротивно билетите ќе бидат пуштени во продажба).

Постари вести »

Powered by WordPress