January 14, 2015

Facebook се вкулучува во потрага по исчезнати лица

Filed under: техно — Tags: , — @ 10:01 am

Корисниците на најголемата социјална мрежа Facebook во САД ќе добијат известување Amber Alert на своите паметни телефони кога ќе се најдат во област во којашто било грабнато дете, пренесе Макфакс.

Предупредувањето ќе се појави во секторот „Новини“ на страницата на Facebook и ќе содржи фотографија од детето и сите релевантни информации кога корисникот ќе биде во непосредна близина на местото каде што исчезнало детето или на претпоставената локација, изјави во вторникот за телевизијата Sky News, директорката на службата за безбедност на Facebook, Емили Вашер.

Програмата за Facebook ја разработиле во Меѓународниот центар за барање на исчезнати и експлоатирани деца (ICMEC) во соработка со локалните служби за јавна сигурност.

Портпаролите на Facebook соопштиле дека социјалната мрежа одамна се користи за распространување информации за исчезнати деца. На пример, минатата година 11-годишно девојче било спасено од киднапер, откако вработен во еден мотел го видел на социјалната мрежа Amber Alert и ја известил полицијата.

Системот за сигнализирање Amber Alert беше лансиран во 1996 година, кога деветгодишната Амбер Хагерман беше киднапирана и убиена во градот Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас.

Од моментот на нејзиното лансирање повеќе од 700 деца биле најдени и вратени во нивните семејства, благодарение на благовременото известување. Системот, исто така, функционира и на радио, телевизија, на патокази, во мрежата на интернет, со смс и со електронски пораки.

Автралиски научници учат роботи да готват

Filed under: техно — Tags: , — @ 10:01 am

Научниците од Универзитетот од Мериленд и NICTA од Австралија започнале со експериментација со таканареченото „длабоко учење“ со вештачки неврални мрежи, за да научат робот да готви преку гледање на видео клипови од You tube како и други медиуми.

Системот имал задача да прегледа 120 илјади видеа, 1 милијарда слики и 100 милиони направи-сам упатства за готвење, и врз оваа база да успее да сфати како да фаќа предмети според нивниот изглед и да ги употребува за готвење.

„Самсунг“ го претстави најтенкиот смартфон Галакси А7

Filed under: техно — Tags: , , — @ 10:00 am

„Самсунг“ го претстави својот најтенок смартфон на сите времиња, моделот Галакси А7 со дебелина од само 6,3 милиметри. Галакси А7 се придружува на моделите Галакси А3 и А5, а го карактеризира врвно метално куќиште и одлични перформанси.

Моделот А7 ќе има процесор Снапдрагон окта кор со 1,5 гигахерци или Ексинокс Окта 5 1,8 гигахерци и квад кор процесор со 1,3 гигахерци во зависност од пазарот.

Двата модели, освен наведените разлики, се целосно идентични и имаат 2 гигабајти РАМ меморија и 16 гигбајти интерна меморија, како и можност за микроСД картичка и 4Г конекција.

Галакси А7 има задна камера од 13 мегапиксели со автофокус и опција за откривање на лица, ХДР и ЛЕД блиц светла, додека на предната страна се наоѓа камера од 5 мегапиксели.

Моделот има 5,5 инчен АМОЛЕД екран со резолуција од 720х1289 пиксели. Уредот работи на Андроид оперативен систем 4.4.4. КитКат, со можност за надоградба на Лолипоп.

Самсунг Галакси А7 се очекува во продажба кон крајот на јануари, коге ќе биде позната и цената.

Твитер воведува нови видео услуги

Filed under: техно — Tags: , , — @ 9:59 am

Во следните неколку недели Твитер ќе ја претстави својата нова услуга која вклучува снимање и поставување видео снимки на оваа социјална мрежа.

Во негова сопственост се наоѓа сервисот Vine кој овозможува снимање до шест секунди, но желбата на раководството на Твитер е дополнително да го зголеми видео сообраќајот на својата мрежа.

Две клучни причини за оваа промена се се популарните видео пораки на социјалната мрежа Фејсбук и фактот дека видео рекламите имаат поголема можност за наплата.

January 9, 2015

„Епл“ патентира еластичен смартфон

Filed under: техно — Tags: , , — @ 9:26 am

„Епл“ доби лиценца за свитливиот телефон „ајфон флекс 2“ (iPhone flex 2), кој освен подобра отпорност, опфаќа и функции што ќе можат да се активираат кога уредот ќе биде „свиткан“, пренесе агенцијата „Мета“. Паметните телефони имаат тенденција да се свиткуваат кога подолго време се држат во џебовите на пантолоните, пред сè, поради својата големина и дебелина. Целта е да се пронајде ново решение со кое ќе се зголеми отпорноста на овие уреди.

Компанијата „Ел-Џи“ се одлучи за свитлив облик, кој, според експертите на компанијата, за 30 отсто ја подобрува отпорноста на паметните телефони.

Свитливоста на телефоните е постигната благодарение на пластичната рамка, тенкото стакло, како и на композитните влакна и на специјалните легури отпорни на постојано свиткување.

January 7, 2015

Возилото на иднината: Мерцедес со погон на водород

Filed under: техно — Tags: , , — @ 10:17 am

По првите фотографии, Мерцедес ги објави и техничките детали на концептот Ф 015 „Луксури ин Мотион“.

Автомобилот има два електромотора кои енергијата ја добиваат од водородни горивни ќелии а возилото има и дополнителни литиум-јонски батерии кои можат да се полнат на струја.

Во Мерцедес велат дека Ф 015 е нивниот одговор на растечкото интересирање за концептот автомобили со авто-пилот.

Возилото е долго 5.220 милиметри, широко е 2.018 милиметри и високо 1.524 милиметри, додека растојанието меѓу предните и задните тркала изнесува дури 3.610 милиметри, што е за 25 сантиметри поголемо меѓуосовинско растојание отколку на неодамна претставената суперлуксузна лимузина Мерцедес Мајбах С класа.

Со отстранувањето на централните кровни носачи и благодарение на широките врати кои се отвараат во обратна насока, пристапот до кабината е максимално олеснет.

Во тоа придонесуваат и четирите ротирачки седишта кои веднаш по отварањето на вратите, автоматски ротираат за 30 степени, за патниците со помал напор да седнат на своите места.

Автомобилот има шест големи екрани чувствителни на допир а главниот дисплеј се простира долж командната табла. Освен овие, по еден голем екран се наоѓа и во внатрешноста на вратите, додека шестиот е сместен хоризонтално на подвижната централна конзола.

Мерцедес предвиде дека некои функции може да се управуваат и со помош на движењето на рацете и очите.

Германскиот производител смета дека еден ваков автомобил секако мора да има и погонски систем на иднината, па употреби комбинација на водородни горивни ќелии, електромотор и батерии кои можат да складираат дополнителна количина енергија.

Двата електрични мотори се наоѓаат во задниот дел на автомобилот и се произведуваат по 136 кс, така што концептот располага со максимални 272 кс и 399 Нм.

Мерцедес Ф 015 од 0 до 100 км на час забрзува за 6,7 с, додека максималната брзина електронски е ограничена на 200 км на час.

Во резервоарот под притисок стојат 5,4 водород што е доволно автомобилот да помине до 900 километри, додека со помош на електрична енергија од батериите радиусот се зголемува за уште 200 километри.

Концептот на Мерцедес е опремен со најсовремени безбедносни технологии кои му помагаат во режимот на автономно возење.

Германскиот производител предвидува автомобилот како што е Ф 015 би можеле да станат реалност на улиците на големите светски градови околу 2030 година.

 

(Фото) НАСА објави нови слики од вселената

Filed under: техно — Tags: , , — @ 10:12 am

Американската агенција за вселенски истражувања НАСА објави нови фотографии од вселената снимени со телескопот Хабл.

На снимките може да се видат илјадници ѕвезди и галаксии, супернова, други небесни тела, како и една од најспетакуларните глетки во универзумот, т.н. столбови на создавањето, кои што се, всушност, огромни столбови од студен гас.

 

Тие првпат биле откриени во 1995 година, а сега е направена најјасната фотографија од нив. Има и фотографија од сонцето со неколку црни дамки, кои изгледаат минијатурно на него, но се големи колку планетата Земја.

 

Не одговорајте на „лажни„ пораки на Фејсбук, може да Ви го хакнат профилот

Filed under: техно — Tags: , , , — @ 9:57 am

На социјалната мрежа Фејсбук повторно кружат пораки кои за цел имаат да ви го хакираат профилот и да преземат контрола над него. Имено, станува збор за лажни пораки кои наводно ви ги испраќаат пријатели, а зад нив се кријат хакери.

Во пораката „пријателот“ наводно ве замолува да посетите одреден линк и да лајкувате нешто како би му помогнале да победи во натпревар или добие некоја награда.

Со клик на линкот од пораката автоматски ќе бидете префрлени на сајт кој по дизајн потсетува на Фејсбук, со стандардни полиња на кои треба да внесете мејл и пасворд. Станува збор за лажен сајт. Доколку внесете податоци, во истиот момент хакерите ќе ја дознаат вашата лозинка, и ќе преземат контрола над вашиот профил.

Потоа, тешко ќе успеете да го вратите профилот, освен ако сте поставиле дополнителна безбедносна мерка во вид на телефонски број или уште една мејл адреса.

Македонија ќе добие Национален центар за одговор на компјутерски инциденти

Национален центар за одговор на компјутерски инциденти да се формира најдоцна до 1 март 2015 година, предвидуваат измените на Законот за електронски комуникации. Годишната програма за работа на националниот центар за одговор на компјутерски инциденти за 2015 година, Владата на Република Македонија треба да ја усвои најдоцна до 1 јули 2015 година.

Со аонските измени во состав на Агенцијата за електронски комуникации како посебна организациона единица да се формира национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) како официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи
кој идентификува и обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

„Директорот на Агенцијата во соработка со министерот надлежен за работите од областа на електронските комуникации донесува Годишна програма за работа на националниот центар за одговор на компјутерски инциденти и Годишен извештај за работата на националниот центар за одговор на компјутерски инциденти и истите ги доставува на усвојување до Владата на Република Македонија“, се вели во законот.

January 6, 2015

Северна Кореја ја зголеми сајбер-војската на 6.000 лица

Сајбер војската на Северна Кореја ги зголеми силите на 6.000 лица, тврди министерот за одбрана на Јужна Кореја, што споредСеул, е двојно зголемување во однос на 2013 година. Главна задача на овие трупи е да предизвикаат физичка и психолошка парализа на Југот.

Новата бројка беше соопштена окако САД, главен сојузник на Јужна Кореја, воведе нови санкции за Северна Кореја поради сајбер нападот на „Сони“. Пјонгпјанг негираше каква била поврзаност со овој напад.

Постари вести »

Powered by WordPress