January 15, 2015

Тајзи со прв концерт надвор од Македонија

Filed under: забава — Tags: , , — @ 1:02 pm

Македонскиот реге артист Тајзи и Иноватива Груп го најавуваат првиот негов концерт надвор од границите на нашата држава.

Почетокот на концертот е закажан во клубот “Jack`s House“, во Банско, Бугарија на 18 јануари (недел), со почеток во 23 часот

По успешниот, голем концерт во Скопје, во Универзалната сала, Тајзи за прв пат ќе се претстави на локалната, бугарска публика, но и пред македонските туристи на кои им се познати неговите хитови

Тамара со реакција за „злобните“ коментари за разголените фотографии за Пелистерка

Filed under: забава — Tags: , , — @ 12:01 pm

Пејачката Тамара беше една од трите девојки, односно заедно со Маријана Станојковска и Аделина Тахири се најде на новогодишниот календар на Пелистерка. За нејзините прилично провокативни и разголени фотографии се слушнаа различни коментари. Едни ја бранеа и и честитаа за храброста, други ја напаѓаа за изгледот.

Таа, во нејзин стил, постирајќи една од разголените фотографии, на Фејсбук напиша.

„Уште една фотографија на др.Чедо Поповски за календарот на Пелистерка. Бирајте од која „фотошопирана“ града ќе ми грицнете.“

Кореографката Искра Шукарова на средба на уметници и менаџери во Њујорк

Кореографката Искра Шукарова е поканета во Њујорк на средба со уметници и менаџери од Источна Европа и САД. Средбата се одржува од 14-ти до 16 јануари и ја организира фондацијата „The Trust for Mutual Understanding and Movement Research“, а коспонзор е академијата Tisch School of the Arts во Њујорк.

Целта на средбата е да се дискутираат целите за продолжување на соработката помеѓу партнерите од Источна и Централна Европа и САД, вклучувајќи можности за стабилна структура, развојни проекти, како и споделување нови случувања во културниот сектор на национално и на регионално ниво.

Шукарова е поканета како учесник од Македонија поради голем број реализирани проекти и гостувања во САД преку фондацијата „The Trust for Mutual Understanding“, која ја поддржува како уметник уште од 1996 година.

На настанот ќе има учесници и од Романија, Србија, Летонија и Унгарија.

January 14, 2015

Тинејџерките го избраа Даниел Кајмакоски за момче на годината

Читателите на тинејџерското списание ТАА по 12. пат го избра своето Најмомче на годината. Во конкуренција на пејачите Виктор Апостоловски, Јоце Панов, композиторот/пејач Роберт Билбилов и ракометарот Марко Нелоски, титулата овој пат отиде во рацете на Даниел Кајмакоски кој освои околу 70% од гласовите. Ова е уште еден доказ дека Кајмакоски за многу кратко време стана вистински тиин идол.

„Ми се допаѓа како звучи тоа „момче“. Имам 30 години и за чувството на идол кое го добивам не само заради најмалите, туку и од оние повозрасните, можам само да му се заблагодарам на Господ. Ова значи дека имам голема одговорност кон сите нив. Сакам да им бидам вистински пример и се трудам секојдневно да им го покажам тоа. Секогаш пред децата имам насмевка кој ним им е потребна. Станавме големо друштво и супер пријатели. И среќен сум што токму моите фанови преку вашата ТАА ми ја доделија оваа награда“, ни рече Кајмакоски.

Досегашни добитници на наградата ТАА најмомче се Тоше Проески, Адријан Гаџа, Ламбе Алабаковски, Петар Ѓошев, Стефан и Мартин Филиповски, Тони Зен, Ивица Смилковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски.

January 12, 2015

Филмот „Boyhood“ освои најмногу Залтни глобуси

Filed under: забава — Tags: , , — @ 7:17 pm

Филмот „Boyhood“на режисер Ричард Линклејтер ја освои американска филмска награда Златен глобус во три категории – за најдобар драмски филм, режија и споредна женска улога, додека бурлескниот филм на Вес Андерсон е прогласен за најдобар филм во категоријата комедии.

Златен глобус за најдобар актер во драми е доделен на Еди Редмејн за улогата во филмот „Чудесна приказна за времето“, додека Џулијан Мур за најдобра актерка во остварувањето „Still Alice“.

Најдобар актер во комедија е Мајкл Китон во филмот „Човекот птица“ (Birdman), остварување кое беше фаворит на овогодишниот Златен глобус.

Ејми Адамс доби Златен глобус за најдобра актерка во комедијата „Големи очи“ (Big Eyes).

Рускиот филм „Левијатан“ е прогласен за најдобар странски филм.

Во телевизиските категории, за најдобра драмска серија е „Showtime“, најдобар актер Кевин Спејси во серијата „Куќа од карти“, а за најдобра актерка Рут Вилсон во „Showtime“.

Почина актерката Анита Екберг

Filed under: забава — Tags: , , — @ 9:21 am

Поранешната Мис на Шведска и „секс божица“ на шеесетите години на 20-от век, Анита Екберг, почина во Рим на 83-годишна возраст.

Екберг се прослави настапувајќи во култниот филм од 1960 година, „Слаткиот живот“ на прославениот италијански режисер Федерико Фелини.

За „божица на сексот“ беше прогласена по сцената од филмот, кога заедно со својот партнер Марчело Мастројани, шета низ водата во римската фонтана Де Треви во фустан без прерамки и со раскошно деколте, истакнувајќи ги нејзините бујни гради.

Веста за смрта ја соопшти нејзиниот адвокат, откривајќи дека Екберг починала во една болница во Рим, каде била префрлена по влошувањето на нејзината здравствена состојба.

Таа последните години ги помина во инвалидска количка, откако во еден инцидент го скрши колкот.

Екберг е родена во Малме во 1931 година како шесто од вкупно осумте деца во нејзиното работничко семејство. На 20-годишна возраст победува на изборот за Мис во Шведска, а следната година заминува во САД за да учествува во натпреварот за најубавата жена во светот.

Не успеава да победи, но е ангажирана од холивидската филмска компанија „Универзал“ која со младата Швеѓанка потпишува договор. Веднаш ја испраќаат во Рим за да учествува во снимањето на филмската верзија на романот „Војна и мир“ на Лав Толстој.

Таму го запознава Фелини, кој од неа ќе направи филмска ѕвезда, а сцената во фонтаната во Рим ќе остане незаборавна во европската и светската кинематографија.

Фелини ја ангажираше и за својот филм „Бокачо 70“, а таа сними и уште десетина други филмови во Европа и во Холивид, но остана најмногу запаметена по својата улога во „Долче Вита“.

January 11, 2015

(Фото) Дуксер со ликот на Даниел Кајмакоски за 900 денари

На фан страната на Даниел Кајмакоски е објавен оглас за продажба на дуксер со ликот на пејачот.

Цената на еден дуксер е 900 денари.

Повеќе детали ОВДЕ.

January 8, 2015

Слаткаристика ќе одржи два концерти во Бугарија

Слаткаристика новата година ја започнува со солистички концерти во Бугарија. Рап-артистот со „Иноватива Груп“ го најавија првиот кој ќе се случи овој викенд на 10 јануари (сабота) во Банско, во дискотеката “Jack`s House“, а вториот, голем концерт на Слаткаристика во соседната држава е најавен на 20 Февруари (петок), во концертната сала на клубот „MixTape 5“ во Софија.

На двата концерти како специјален гостин е најавен еминентниот, и еден од најпознатите бугарски рап-артисти, член на групата „Upsurd“- Ицо Хазарта.

Слаткаристика пред неполни 2 месеци го промовираше видео записот за новата песна „Бумеранг“ кое беше реализирано од бугарската продукција „Facing The Sun“, во копродукција со Иноватива Груп. Истиот резултираше со големазаинтересираност и број на прегледи на YouTube, a Слаткаристика влезе во групата на „One Shot“ видео-едицијата како единствен странец до сега.

Нашиот рап-артист со сигурност е баран и слушан од бугарската публика, а како резултат се двата реализирани концерти и давата кои треба да се случат.Тој, за неполна година ќе заокружи два концерти во Софија, еден во Созопол и еден во Банско.

January 6, 2015

Се омажи Камерон Дијаз

Filed under: забава — Tags: , , — @ 7:54 pm

Холивудската актерка Камерон Дијаз се омажи, после седуммесечното забавување со пејачот од групата „Good Charlotte”, Бенџи Маден, објави магазинот „People”.

Портпаролот на познатиот пар потврдил за „People” дека 42-годишната Камерон Дијаз и 35-годишниот Бенџи Маден се венчале во понеделникот навечер на интимна церемонија во нивната куќа во Лос Анџелес.

„Среќни сме што почнуваме ново заедничко патување, окружени со најблиските пријатели и семејството„, соопштил парот.

Тие двајца се забавуваа од мај оваа година, а ја објавија нивната свршувачка во декември, пред католичкиот Божиќ.

На венчавката, измеѓу другите, присуствувале и актерката Дру Баримор и братот на Бенџи, Џоелкој е исто така член на групата „Good Charlotte” и неговата сопруга Никол Ричи.

Волкот од Волстрит најпиратизиран филм лани

Tорентите изминатата година беа неверојатно активни, а на врвот на најпиратизираните филмови се најдоа приказните за Џордан Белфорт, авантурите на принцезите Елса и Ана и други научно-фантастични филмови и авантури на стрип јунаците.

Волкот од Волстрит, приказна за Џордан Белфорт кој со измами на берзите дојде до милиони за потоа да заврши во затвор, е најпиратизираниот филм оваа во 2014 година, наведе Холивуд Репортер.

Филмот на Мартин Скорсезе на врвот на својата листа го стави компанијата Експико која го следи илегалниот промет. На торенти е симнат 30,035 милиони пати, а хитот во кој глуми Леонардо ди Каприо во кината заработи 392 милиони долари.

Со многу мала разлика, на второ место се најде анимираниот филм Снежно кралство (Фроузен), кој илегално е преземен 29,919 милиони пати. Наспроти тоа, најпопуларниот цртан филм во последните години по легален пат заработи 1,27 милијарди долари.

Интересно е дека на листата на 20 најсимнувани филмови го нема Чувар на галаксијата, втор филм по заработка на светските кино-благајни во оваа година. Причината за тоа лежи во фактот дека релативно неодамна се појави на торентите.

Еве како изгледа листата на 20 најпиратизирани филмови во 2014 година:

1. Волкот од Волстрит 30.035 милиони

2. Снежното кралство 29.919 милиони

3. Робокап 29.879 милиони

4. Гравитација 29.357 милиони

5. Хобит: Пустошењата на Шмауг 27.627 милиони

6. Тор: Светот на темнината 25.749 милиони

7. Капетан Америка: Зимски војник 25.628 милиони

8. Легендата за Херкулес 25.137 милиони

9. X-Мен: Денови на иднито минато 24.380 милиони

10. 12 години ропство 23.653 милиони

11. Игри на глад: Лов на оган 23.543 милиони

12. Американска измама 23.143 милиони

13. 300: Подемот на царството 23.096 милиони

14. Tраснформерс: Време на изумирање 21.65 милиони

15. Годзила 20.956 милиони

16. Ное 20.334 милиони

17. Поинаква 20.312 милиони

18. На работ на иднината 20.299 милиони

19. Капетан Филипс 19.817 милиони

20. Единствен преживеан 19.130 милиони

Постари вести »

Powered by WordPress