January 16, 2015

Распоред на натпреварите на македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет во Катар

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 10:39 am

Македонската машка ракометна репрезентација со дуелот против Тунис го започнува својот настап на Светското првенство во Катар.

За Македонија ова е четврто учество на Мундијалите. По дебито во Египет 1999 година и освоеното 18 место, следуваше пауза од 10 години. Во 2009 на СП во Хрватска токму оваа селекција го започна својот континуитет на големите натпреварувања, а на шампионатот го освои 11 место. Четири години подоцна (2013) нашата селекција на шампионатот во Шпанија заврши како 14-то рангирана.

На првенството во Катар, целта на македонските ракометари е пласман во четвртфиналето кое носи шанса преку дополнителни квалификации да се избори настап на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

За да се постигне посакуваното, избраниците на селекторот Ивица Обрван, најнапред ќе треба да бидат меѓу четирите првопласирани репрезентации во групата Б, во конкуренција со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.

Група Б
1.коло (петок – 16.01.) Македонија – Тунис од 15 часот
2.коло (сабота – 17.01.) Македонија – Иран од 17 часот
3.коло (понеделник – 19.01.) Македонија – БиХ од 17 часот
4.коло (среда – 20.01.) Македонија – Хрватска од 17 часот
5.коло (петок – 23.01.) Македонија – Австрија од 17 часот.

January 8, 2015

Божикен Прв до врв на Водно

Filed under: спорт — Tags: , — @ 12:58 pm

Околу двесте насмеани планинари и велосипедисти во вторникот му пркосеа на студеното време за да се искачат на врвот на Водно и заедно да го одбележат Бадник преку организираниот настан Божикен Прв до врв.

За неполни два часа качување по претежно заледени и снежни патеки, групата пристигна на врвот на планината и се собра пред планинарскиот дом да го одбележи Бадник на традиционален начин, со кршење лепче со паричка, топол чај и греана ракија.

Најсреќен во делењето на парчињата од големата бадникарска погача беше Бојан Ѓокевски, на кој му се падна паричката и стана првиот кум на Прв до врв.

Божикниот Прв до врв беше првиот од серијата настани најавени од организаторите на ова популарно и масовно движење, кои ќе се организираат во текот на годината независно од главниот настан, кој оваа година е закажан за 24 мај.

Прв до врв е спортско-рекреативен настан кој се организира еден ден во годината и на кој неколку илјади планинари и велосипедисти се натпреваруваат кој ќе стигне прв до врвот на Водно. Трките имаат масовен карактер и ги обединуваат скопјани во идејата за спортско и рекреативно уживање на планината Водно.

January 7, 2015

Мекларен и Мерцедес ќе ги менуваат боите на болидите

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 7:30 pm

Екипите на Мекларен и Мерцедес во новата сезона од Формула 1 шампионатот на своите болиди ќе имаат нови бои, пренесе МИА. Мерцедес кој досега беше познат како „сребрена стрела„ како основа ќе ја задржи сребрената боја, но овој пат со примеса на сино. Воедно бојата на болидот ќе биде хромирана и ќе наликува на отсјај од огледало, слично на минатогодишниот изглед на болидите на Мекларен.

Како што откриваат англиските медиуми, болидите кои ќе ги управуваат светскиот првак Луси Хамилтон и Нико Розберг ќе бидат целосно фарбани вклучувајќи ги тркалата.

Од друга страна Мекларен со новиот изглед на своите болиди ќе се дистанцира од досегашниот партнер Мерцедес и ќе започне нова ера со Хонда која ќе ги произведува моторите за Мекларен.

Во текот на претходното британско-јапонско партнерство болидите на Мекларен беа препознатливи по црвено-белата боја, па најверојатно таа ќе биде доминантна и на новите болиди.

Постои можност Мекларен своите нови бои да ги претстави дури на стартот на новиот шампионат односно трката во Австралија, а за време на тестирањата во Херес и Барселона болидите да бидат портокалови.

Новиот шампионат во Формила 1 традиционално започнува во трката за Големата награда на Австралија, а годинава таа е закажана за 15 март.

January 1, 2015

(Видео) Кире Лазаров со Меси и Нејмар ви ги честита празниците

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 10:10 am

Капитенот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров заедно со најголемиот ѕвезди од спортскиот колектив Барселона на сите фанови на каталонскиот гигант преку видео порака ја честиташе Новата 2015 година.

Во честитките се приклучија: Меси, Нејмар, Пике, Вктор Томас, Никола Карабатиќ …

Видеото ОВДЕ.

 

December 28, 2014

Избрани спортистите за 2014, Игор Стефановски – Иџе спортист на годината

Автомобилистот Игор Стефановски – Иџе е избран за спортист на Македонија во организација на Агенцијата за млади и спорт. Тој во оваа календарска година успеа да стане европски шампион на ридски патеки.
132443369

– Благодарноста за ова признание не можам да ја искажам со зборови. Ова е за мене поголемо и од европската титула затоа што доаѓа од мојата држава, затоа што доаѓа како избор од спортски работници и од новинари и медиуми кои цело време ме поддржуваат. Се надевам дека успехот на интернационалната сцена ќе го повторам и следната година, изјави Стефановски по добивањето на признанието.

Признанието најдобра спортистка и припадна на фудбалерката Наташа Андонова, додека за најдобар македонски спортист во странство е прогласен ракометарот Кирил Лазаров.
132443375

За најдобар тренер наградата ја доби селекторот на машката одбојкарска селекција Жарко Ристоски, а најдобра федерација во 2014 година е прогласена ракометната. Признанието најдобар машки тим го освои машката ракометна репрезентација, а кај жените најдобра е карате селекцијата. Најдобар спортист со инвалидитет е Оливера Биковска – Накова (стрелаштво).

Во конкуренција на млади спортисти наградени се каратистите: Берат Јакупи (мажи) и Поликсенија Јовановска (жени).

Признанија за придонеси во спортот добија: Томи Стефановски (пливање), Индира Кастратовиќ (ракомет) и Лино Червар (ракомет), додека како стопанственици кои придонесуваат во спортот наградени беа Минчо Јорданов (Металург) и Сергеј Самсоненко (Вардар).

Во рамките на универзитетскиот спорт наградата ја доби Карате репрезентацијата на Македонија, кај средношколците признанието го доби СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола, а кај основните училишта наградата е за ОУ „Св. Климент Охридски“ од Македонски Брод

December 25, 2014

Според Американците, Ѓоковиќ е најдобриот спортист во светот за 2014

Тенискиот рекет број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист на светот од спортската академија на САД.

По Иван Лендл, Пит Сампрас, Роже Федерер и Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ е само петтиот тенисер кој ја освоил престижната награда.

Во конкуренција за ова признание беа уште и кинескиот атлетичар Денис Кимето и ѕвездата на Барселона, Лео Меси.

За најдобра спортистка е прогласена тениската убавица Марија Шарапова која ги победи атлетичарката Грензебе Дијаби и пливачката Кеди Ледецки.

December 21, 2014

Прва победа за македонската хокеарска репрезентација

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 5:04 pm

Македонската хокеарска репрезентацијa денеска ја забележа првата, историска победа, реванширајќи им се на младите бугарски хокеари за вчерашниот пораз.

Македонија до победата дојде по изведувањето пенали со 4:3 откако резултатот по 60.минути беше нерешен 3:3.

Бугарија која на двете контролни средби со Македонија настапи со играчи до 20 години, ја доби првата третина со 2:1, Македонија во втората третина направи резултатски пресврт и поведе со 3:2, а во последната гостите успеаја да стигнат до пенал серијата, исто како вчера.

Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук два и Давор Атанасов, а Внук беше реализатор и на решавачкиот пенал за победа на „црвено-жолтите“.

Сепак , за разлика од вчерашниот меч, денеска среќата беше на македонска страна.

Двата натпревара се играа на лизгаште на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

December 20, 2014

Прв натпревар на македонската хокеј-репрезентација: Загубивме на пенали од Бугарија

Македонската хокеарска репрезентација загуби на својот прв официјален натпревар од младата бугарска репрезентација составена од играчи до 20 години на пенали со 6:5, откако мечот во основните 60 минути заврши нерешено 5:5.

Македонија постојано беше во водство, а Бугарите со гол во последните минути од третиот период се изборија за пенал серија.

Натпреварот се одигра на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје .

Шанса за реванш нашите хокеари ќе имаат утре, кога со почеток во 10:30 часот двете репрезентации ќе го одиграат вториот контролен натпревар .

Најтрофејниот олимпиец Мајкл Фелпс осуден за возење во пијана состојба

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 3:09 pm

Американскиот пливач Мајкл Фелпс (29) е осуден од судот во Балтимор на една година затвор-условно,за возење во пијана состојба. Најтрофејниот олимпиец во историјата на Игрите, со освоени 18 златни медали на Олимпијадите на кои се натпреварувал е казнет и со 18 месечно одложено надгледување од комисијата за условно осудени лица.

Во овој период тој ќе мора целосно да се откаже од пиењето алкохол, затоа што доколку биде фатен под дејство и на најмал процент алкохол во крвта ќе мора да ја издржи затврската казна.

Фелпс беше фатен од америкаската сообраќајна полиција како вози со брзина од 135 километри на час, во реон во Балтимор каде се дозволени најмногу 70 километри.

Кога полицијата му извршила алко-тест утврдила дека тој во себе има двојно повеќе алкохол од дозволеното, па веднаш бил уапсен.

Инцидентот се случил во септември оваа година и тој не му е прв. Фелпс неколкупати пред тоа исто така бил „уловен“ како вози под дејство на алкохол, па затоа овој пат е казнет многу построго.

На судењето пливачот кој е еден од најголемите спортски херои во САД, призна дека е зависник од алкохолот, па дека затоа престојувал извесно време на лекување во специјалниот центар во Ариозна за одвикување од алкохолот.

December 17, 2014

Кои се најдобрите македонски спортисти за 2014

Борче Маневски поранешниот напаѓач на ФК Работнички и актуелен член на тајландскиот Чаинат, е добитник на титулата „Најдобар фудбалер на Македонија за 2014 година’’.

Маневски доби најмногу гласови од навивачите, на анкетата спроведена на официјалната интернет страница на ФФМ, како и мислењата на стручните комисии во рамки на Федерацијата.

Тој беше еден од најзаслужните за освоената двојна круна на ФК Работнички минатата сезона кога на кормилото на екипата беше Игор Ангеловски кој ќе го добие признанието за најдобар тренер.

Признанието за најдобар млад фудбалер во 2014 година ќе му припадне на Јасир Асани од ФК Вардар, како и години наназад така и овој пат за најдобра фудбалерка ќе биде прогласена Наташа Андонова.

За долгогодишно вложување во спортот и придонес за развој на фудбалот посебно признание од ФФМ треба да добие и главниот финансиер на ФК Металург, Минчо Јорданов.

Прогласувањето на најдобрите за 2014 година, ќе биде на свеченоста која Фудбалската федерација на Македонија ќе ја организира на 23 декември.

Постари вести »

Powered by WordPress