January 15, 2015

Мора да ги посетите: Најпотценети земји во Европа

Кога правиме листа со местата кои силно сакаме да ги посетиме, обично вклучуваме во него популарни дестинации како Њујорк, Рим, Париз, Лондон и Токио. Сами знаете дека надвор од наведените градови постојат уште многу кои заслужуваат внимание.

Тие често се потценетиод милионите туристи кои секоја година патуваат до блиски и далечни точки на светот.

Кога го планирате своето патување низ Европа, може да бидете многу изненадени кога ќе истражувате. Ќе најдете фантастични земји. Тие не се толку популарни, како Франција и Италија, но исто така понудата е толку импресивна и го одзема здивот со историски знаменитости, неверојатно шарена кујна и пријатни луѓе со кои вреди да поразговарате. Всушност, веројатно ќе треба да направите малку повеќе напор за да го испланирате патешествието за овие земји, но тие ќе ве наградат

Ова според Профит.бг се 8 од најпознатите потценети европски држави:

1. Србија
Ако преферирате мирен одмор во прекрасно планинско одморалиште, Србија треба да биде на вашата листа на патувања. Главниот град на Србија е Белград. Таа привлекува туристи кои бараат незаборавни искуства. Може да поминете денови во проучувањето на историското минато на земјата, обиколувајќи музеи и средновековни манастири и стари цркви. Тука природата е дарежлива – има прекрасни планини, реки и панорамски глетки.

2. Луксембург
Луксембург е мала земја, но е една од водечките во Европа по стандард на живеење. Тука ќе дочекате богата историја и сценски пејсажи. Во Луксембург има над 100 замоци, меѓу кои Bourscheid Castle, Clemency Castle, Clervaux Castle, Larochette Castle и др. Тие се отворени за посетители. Еден од туристичките центри – Vianden, е попопуларен, бидејќи токму тука можете да видите со свои очи оригинални писма и слики на Виктор Иго.

3. Лихтенштајн
Граничи со Австрија и Швајцарија, а земјата чува важни спомени за историјата и културата на локалните народи. Лихтенштајн е добро решение за луѓето кои сакаат зимски спортови.

4. Босна и Херцеговина
Може да дознаете многу интересни факти за Босна и Херцеговина, ако го пренасочите времето посветено за истражување на Париз и Мадрид, токму за оваа држава. Во историјата и се испреплетуваат култура и природна убавина. Замислете недопрена природа, до каде ви гледаат очите. Главниот град Сараево обезбедува доволно забава за туристите. Тука цените не се високи, односно и со помал буџет ќе си обезбедите незаборавно патување.

5. Белорусија
Ова е една од најпознатите потценети земји во Европа. Ако стапнете на белоруско земјиште, ќе дознаете зошто ви го кажуваме ова. Тука е чисто, уредно и секоја прошетка се претвора во вистинско задоволство. Пред вашите очи ќе почнат да се менуваат старите и современи архитектонски решенија, зелени булевари и убави шарени паркови. Културното наследство на Белорусија е богато и ќе ве импресионира со колоритността.

6. Албанија
Оваа земја е донекаде познат на повеќето луѓе поради својата богата култура, фантастични недопрени плажи и панорамските патеки. Покрај тоа тука се издигаат величествени планини, кои нудат одлични услови за зимски спортови и возење на велосипеди. Ако сте тргнале кон Албанија, задолжително посетете го запустениот град Аполонија, пазарот на Отоманијата, плоштад Скандерберг и римскиот амфитеатар во Драч.

7. Словачка
Можете ли да кажете барем една туристичка агенција која ви предложила да патувате до Словачка? Шансите тежат кон 0. Сепак, Словачка вреди да ја посетите. Тука ќе најдете инспиративни приказни и богата култура. Во земјата има средновековни замоци и градови, има 9 национални паркови и илјадници пештери, реки и езера. За туристите атрактивни се условите за спа и скијање.

8. Латвија
Латвија не е толку популарна како Франција и Шпанија, но исто така располага со уникатни заслуги. Можете да изберете од одлични плажи, величествената стари замоци, риболовни населби и др. Латвија е популарна и како дестинација со многу чиста и сочувана природа – ова е идеално место за луѓе кои сакаат да ја гледаат во природата и да се слушаат птичји песни. Една основна карактеристика на Латвијците, која многу ќе ви се допадне, е дека тие ги сакаат цвеќињата. Ќе се уверите во тоа – секаде има убави цвеќиња!

January 14, 2015

Почнаа резервациите за лето 2015: Ова се најубавите плажи во Грција

Filed under: Прошетај се — Tags: , — @ 9:46 am

Сигурно се уште паметот ви е на скијање, но јануари е време кога најчесто во европските држави се прават резервации за летен одмор. Омилена дестинација за многу Македонци е соседна Грција, која нуди пријатна клима и прекрасни плажи.

Видете ја ранг листа на 10-те најубави плажи во Грција:

10. Плакета Бич, Наксос
gr10(2)
Има снежно бел песок и чиста вода. Имајте на ум дека е омилена плажа на нудисти. Околу плажата има многу хотели и таверни. Самата плажа е долга оаза.

9. Вутуми
gr9(3)
Се наоѓа на североисточниот дел на островот Антипаксос, во голем карпест залив. Популарен е меѓу семејства поради плитка вода, но, исто така, тука може да се видат и многу приватни јахти и водени такси. На ридот точно на плажата има една таверна, која служи традиционални грчки гозби.

8. Миртос, Кефалонија
gr8(3)
Миртос има освоено многу награди од туристички изданија – за плажа со чиста вода, за најубава плажа итн. Плажата има полукружна форма и е опкружена со бели карпи. Тоа е едно од најпознатите фотографирани места во Грција.

7. Мата, Крит
gr7(2)
Според грчката митологија, тука Зевс пливајќи во водата, е преобразен како бик и ја носи Европа на грбот. Мата е популарна туристичка дестинација, која нуди по нешто за секого. Иако има многу туристи, го задржа шармот на мало рибарското село. Околу Мата има многу карпи и убави пештери.

6. Периса Бич, Санторини
gr6(2)
Плажата е позната по црниот песок. Голема атракција тука е скалата Меса Вуоно која се издига од морето. Таа е особено импресивна навечер, кога се чини дека свети во темнина. Селцето има бројни хотели за секој џеб, како и таверни, кафулиња и барови.

5. Платос Јалос, Миконос
gr5(2)
Ова е една од најпопуларните плажи во Миконос. Во лето тука доаѓаат илјадници туристи. Постојат бројни хотели директно на плажа, а гостите треба само да излезат од собата и по 2 минути се на песокот.

4. Елафониси, Крит
gr4(3)
Позната е по кристално чистата вода. Плажата изгледа недопренз од уништувањето на цивилизацијата. Песокот има розова нијанса на светлината поради остатоци од корали. Водата е плитка, што го прави погоден за деца.

3. Црвената плажа, Санторини
gr3(4)
Се наоѓа на неколку чекори од од античкиот Акротири. Тука има идеални услови за нуркање. Во лето е полна со туристи, а поради убавината вреди да се посети.

2. Навагио, Закинтос
gr2(3)
Ова е едно од најпознатите фотографирани места во Грција. Опкружен е со високи карпи, а тиркизниот води изгледаат како разгледница.

1. Саракинико, Милош
gr1(3)
Долгите хоризонтални карпи изгледаат навистина импресивно. Нив времето и солената вода ги врежало во бизарни форми. Во нив нема вегетација.

January 8, 2015

Потеклото на имињата на 20 европски градови ќе ве воодушеви

Filed under: Прошетај се — Tags: , , — @ 4:14 pm

Пренесено од Дневни аваз – Сараево

Берлин, Минхен, Јорк, Манчестер, Дрезден, Хамбург, Сплит, Париз, Глазгов… Сите знаеме за овие градови, но малкумина знаат зошто се викаат така како што се викаат. За среќа, за најголемиот број на имиња постои етимолошко објаснување.

Барселона

Еден од најубавите градови на денешницата своето име го должи на картагинскиот генерал Хамилкар, кој го основал, татко на познатиот Ханибал кој речиси девет години го тероризирал Рим и цела Италија. Нивното семејно име е Барка, што доаѓа од пунскиот збор за молња.

Берлин

Наспроти тоа што германската народна традиција вели дека името на пруската а потоа и престолнина на целата нација доаѓа од германскиот збор Бар што значи мечка која е и симбол на Берлин, всушност доаѓа од словенскиот збор за мочуриште (конкретно од староалпски јазик) – Берл.

Букурешт

Името на романскиот главен град, кој често го нарекуваат и Париз на исток, доаѓа од Букура, легендарна личност која во зависност од легендите бил принц, одметник, рибар, овчар или ловец, а можеби и се. Во романскиот јазик, букурија значи среќа и се верува дека е од дачко потекло.

Манчестер

Родниот град на Јунајтед и Сити прво се викал Мамуцио и има келтско потекло; денешното име доаѓа од името Мамецеастре кованица од зборовите мамм, што значи дојка или рид во облик на дојка и од староанглискиот чеастр, т.е. честер, што означува римски град.

Ливерпул

Место каде се наоѓа еден од најголемите храмови на фудбалот, Енфилд роуд и кое е дом на едно од најважните британски пристаништа, има исто така сложено име од два збора: староанглискиот лифер, што значи дебела, згрутчена вода и пул што значи базен. Ова е референца на базен или на плимски поток кој повеќе не постои.

Стокхолм

Величествениот шведски главен град името го должи на комбинацијата на зборовите стак што значи залив, или можеби сток што значи колаче, да се крене сидро, столб, стап.. и од зборот холм што значи остров.

Осло

Норвешкиот главен град името веројатно го должи на старонорскиот збор ос што значи устије, ова е најреална можна етимологија со оглед на локацијата на која се наоѓа ова место.

Копенхаген

Најголемиот град во Скандинавија буквално значи трговско пристаниште, од данскиот збор кобер – трговец или купувач и хавн кој значи пристаниште.

Истанбул

Бисерот на Босфорот името го должи на турксата корупција со грчка фраза eis tan polin што значи во град, како што порано зборувале Ромеите. Ако ве интересира зошто така зборувале, одговорот е едноставен, Константинопол бил во таа мера над сите други градови на светот, што Грците едноставно го нарекувале Град, поради тоа оделе во Град.

Хамбург

Најголемото германско пристаниште и едно од најголемите на светот името го должи на комбинацијата на старовисокогермански збор хамма што значи бут, задниот дел на коленото, а во преносно значење совесност, агол, што е референца на неговата локација која се наоѓала на реката; втората и помалку веројатна хипотеза е дека доаѓа од средногерманскиот збор хамма што значи затворен простор на пасишта. Вториот дел од името, бург значи тврдина или утврдување и директна паралела во нашиот јазик има во суфиксот – вар.

Дрезден

Најубавиот град во источна Германија е словенско населено место од средниот век, а неговото име доаѓа од дреждану, што значи луѓе од шумата. Либек, Кралицата нан Ханза, некогаш моќен трговски град, а денес еден од најубавите на светот, има толку убав лик што дури и потеклото на неговото име говори за тоа. И тој, како и Дрезден, има словенско потекло и прво се викал Љубица, низ кој тече реката Трава.

Париз

Градот на светлината во антиката се викал Лутеција Парисорум, а во подоцнежната империјка и Парисии. Прво бил основан од галското племе Паризи, кои од него направиле своја престолнина. Нивното име и денес значи живее во името на еден од најпознатите градови на светот.

Марсеј

Француското пристаниште на југот од кој на своето патешествие тргнал грофот Монте Кристо, порано се викал Масилија и своето име најверојатно го должи на лигурискиот збор за пролет – мас.

Бристол

Името на англискиот град кој во последните 20 години стана синоним за квалитетна музика, доаѓа од староанглиското име Bricgstow кое потоа се трансформира во Bridgestow а значи буквално собиралиште на мост.

Сплит

Потеклото на името на вториот најголем хрватски град е од растението брмистра кое околу него расте во изобилие, за кое грчко име е aspalatos/spalatos. Во средниот век се нарекува и Спалатум, што е изведно од спалато и референца на Диоклецијановата палата која претставува срж на овој град.

Минхен

Баварската престолнина во својот корен го има зборот mönch што значи монах. Основан е од страна на бенедиктинските калуѓери.

Фиренца

На латински Флоренциа, име со корен од семејството Медичи, буквално значи цветање, од зборот флоренс, кој е глаголска придавка на зборот флорере. Во меѓувреме се прифатил во италијанското име Фиоренца, т.е. денес Фиренца.

Милано

Светската престолнина на модата во антиката се викала Медиоланум, од галскиот збор медиос, што значи помеѓу и лану што значи рамница, поради својата локација во долината на реката По. Ова подоцна со серија извртувања се претворило во Милано. Значи меѓурамнина.

Лондон

Латинското име на престолнината на империјата над која никогаш немало сонце, Лондониум, обично етимолошки се објаснува како место кое припаѓа на човек по име Лондинос, но ова е отфрлено, а не е дадено ниту едно друго објаснување.

МИА

December 3, 2014

Како евтино да стигнете и поминете во Малта

Filed under: Прошетај се — Tags: , , , — @ 9:48 am

Со оглед на фактот што за Mалта не ви е потребна виза, валута е еврото, а официјален јазик е англиски, нема причина зошто сами да не го организирате вашето патување.

Најевтина конекција е Скопје- Милано- Скопје со Wizzair и Милано -Малта- Милано со Ryanair.

Во ниска сезона може да се најдат овие 4 авионски лета за 80 евра (се вклучено, само со рачен багаж). И во двата правци имате чекање од 7-9 часа во Милано што е одлична можност истовремено да ја посетите италијанската престолнина на модата.

Малта има солиден и евтин јавен превоз, билет за 7 дена со кој може слободно да се движите по целиот остров, вклучително и транспортот од и до аеродром чини само 6,5 евра!

Предлагам сместување или со Слиема или во Сан Џулиан (вон сезона двокреветна соба во солиден хотел со 2 sвезди чини околу 30 евра).

Дури и вон сезона во Малта врие од туристи заради прифатливите цени- макијато покрај море чини 1,5 евро, пиво -1,5 евро во кафуле и 2-2,5 евра во барови, целосен оброк во убав ресторан околу 10-12 евра, пецива од 0,7 евра.

КАДЕ ДА ОДИТЕ

Сан Џулиан е центар на ноќниот живот на Малта, додека во Слиема има прекрасни ресторани и феноменално шеталиште.

Најубавите зданија (цркви, градини, величествени зданија и тврдини) секако се наоѓаат во главниот град Валета- на помалку од 50 мин со автобус од Слиема и Сан Џулиан.

Во Валета дефинитивно посете ги Горните и Долните Барака Градини, катедралата Св. Јован, црквата Св. Павле, градините Хастингс, малите плоштади со кафитерии. Препорачувам и посета на првата престолнина на Малта- Мдина, како и екскурзија до островот Гозо.

Интересен податок е дека жителите помеѓу себе зборуваат на малтешки,  единствениот семитски јазик кој се говори во една европска држава.

Мене ме потсетуваше на на арапски со примеси на англиски и италијански јазик. Сите знаат англиски, бидејки тој е официјален јазик на државата, како и италијанскиот.

Луѓето се исклучително пријатни, и голем дел слушнале за Македонија. Во 1998 година Малта на изборот на песна на Евровизија завршила втора, им фалеле уште 2 поени за победа. Македонија гласала последна, биле сигурни дека ќе им дадеме барем два гласа, веќе се славело, и стигнал студен туш- не сме им дале ниту еден поен :).

Сепак доколку одите на одмор и не ве интерира ништо освен плажа, изберете друга дестинација. Плажите на Малта се воглавно мали и карпести.

МАЛКУ ИСТОРИЈА И ГЕОГРАФИЈА :)

Малтешките острови се како ниедно на друго место.Тука ќе најдете неверојатни праисториски храмови, карпи натрупани со фосили, блескави скриени заливи, можност за возбудливо нуркање и маркантна историја.

Рајското катче на границата на Европа со Африка има неверојатни пејсажи – патешествие во минатото и современото.

Малта е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море – јужно од Италија и источно од Тунис. Трите најголеми и населени острови се: Малта, Гозо и Комино.

Првото населување на островите е во 5.200 година пред нашата ера, а во текот на овие седум милениуми Малта била под различни влијанија: Грци, Римјани, Маври, Арапи, Крстоносци кои и оставиле најголем белег на островот, Англичани, а од 1964 година е независна држава, и членка на ЕУ од 2004 година.

Малта има речиси 420.000 жители, а зафаќа површина од 316 км2 (80 пати помала од Македонија).

Климата во Малта e субтропско медитеранска со благи зими (просечна минимална температура е 10 c, просечна максимална е 17 c) и топли кон жешки лета (просечна минимална температура е 32 c, просечна максимална е 23 c).

.

November 29, 2014

(Галерија) „Бел камен“ ќе го „обели образот“ за развој на туризмот на Плачковица

Хотелот „Бел камен“ на планината Плачковица, ќе го „обели образот“ за развој на туризмот во овој дел на Македонија. Но, од некаде мора да се почне. И еве веќе година и половина не само што привлекува туристи од државата, туку има и гости од странство па досега имало 1.500 ноќевања, а биле угостени 16.000 туристи.

Изграден на местото на поранешното детско одморалиште „Плачковица“, ме врати 20 и кусур години наназад кога како дете, преку основно училиште сум била во тој дом. Го паметам како објект во кој за првпат сама без родителите сум отишла на зимување, но за среќа не бев сведок на неговото руинирање, како што е судбината на повеќето детски одморалиште.Го видов тогаш, и сега!

Одморалиштето „Плачковица“ беше нефункционално десет години, од 1999 до 2009, се додека Министерство за труд и социјална политика не го понуди на тендерска продажба, каде што како единствен наддавач се јави компанијата-инвеститор, Алфа Инжинеринг, од Радовиш.

 КАКО ГРДОТО ПАЈЧЕ СТАНА ЛЕБЕД?

Сопственикот на Алфа Инжинеринг, Ацо Ристов за среќа го препозна потенцијалот на местото. Плати 150 илјади евра на аукција, вложи околу 2 милиони евра и грдото пајче го претвори во лебед. „Бел камен“ е семеен хотел, кој пред се нуди гостопримство на гостите и топлина. На Ристов, не му е важно кога ќе ја врати инвестицијата она што е најбитно е гостите да се чувствуваат убаво, да доаѓаат и нивниот глас да биде најдобра реклама.

„Со сопругата имавме различни идеи, но се одлучивме да направиме хотел кој ќе им биде пријатен на гостите и во секое време во текот на годината ќе можат да дојдат. На лето има прекрасна тераса каде што радовишани, но и жителите на околните градови доаѓаат на свеж и чист воздух. На зима, имаме три месеци снег, што кога ќе падне во декември се крева во март. Местото е на јужна страна, така што кога има сонце температурите се многу пријатни,“ изјави Ристов, сопственик на хотелот.

Голема надеж за развој на туризмот во овој дел на Плачковица е што во близина на хотелот, МЕПСО ќе гради и ски центар, кој според сите планови треба да биде готов до следната година. Важно е да се истакне дека овој дел на Плачковица кај Радовиш, со пат ќе се поврзе со делот на истоимената планина што е кај Штип, кој пак ќе се приклучува на автопатот што сега се гради.

Оваа инфраструктурна поврзаност е од големо значење за исполнување на плановите за развој на туризмот во овој дел на Македонија.Сега на зима, патот го одржуваат екипи на Македонија пат, но „Бел камен“ си има и своја механизација за чистење, што би рекол Ристов, „за секој случај“. Е, ова „за секој случај“ е многу голема сигурност за гостите на кои секако им е најважно безбедно да стигнат до горе, и да се симнат. Да не останат завеани на пат.

„До пред некоја година во Радовиш немаше ништо. На шега радовишани велат, дека ако им дојдеа гости од странство, немаа каде да ги носат. Но сега веќе е поинаку. Исто така заедно со општината сакаме да направиме повеќе за туристичка промоција на градот. Туристите кои доаѓаат да може да ги посетуваат локалитетите и црквите кои ги има во околината. И се тоа да биде организирано со водич,“ додаде домаќинот.

За во иднина во комплексот на Бел камен се планираат да се изградат и десет вили со што ќе се зголеми капацитетот за прием на гостите. Под хотелот планирана е и изградба на затворен базен кој ќе може да се користи и лете и зиме. Туристичката понуда ќе се зголеми со тоа што на туристите ќе им се нудат повеќе активности од она што сега го има. А, тоа се спортски терени за кошарка,тенис, фубал, мини голф, детско игралиште, маркирани планинарски патеки за пешачење и возење велосипед. Во иднина се планираат тури со џипови, коњи, летање со балон, развој на ловечкиот туризам.

За гостопримството, да не правиме муабет, тоа се моите луѓе од Истокот на кои таа топлина им е генерална одлика.

ФАКТИ ЗА БЕЛ КАМЕН

Хотелскиот комплекс Бел Камен е сместен на 40.000 м2 земја и шума од кои на хотелскиот дел му припаѓаат 1.650м2 и 2.000 м2 на двете надворешни тераси. Сместувачки дел е сместен на три ката, со лоби со бар, ресторан со камин, отворена тераса и СПА центар.

Хотелот нуди 12 двокреветни соби, потоа три апартмани, како и еден ВИП апартман. Многу внимание е посветено на ентериерното уредување, со внимателно и вкусно одбрани природни материјали. Сите соби се опремени со мини бар, со комплетно опремена бања, со кабелска телевизија, со бесплатана безжична интернет конекција. Секоја од собите, кои патем се со југо-западна поставеност, има ексклузивен поглед кон планинската идила. Она што вреди да се напомене е дека за децата до шест годишна возраст престојот во хотелот е бесплатен.

Главниот ресторан има капацитет за 160 гости и нуди широк избор на гастрономски уживања. Сите тие се инспирирани од богатството на македонската национална кујна, како и од локалното гастрономско наследство. Секако, особено внимание се посветува на користењето на производи од органско потекло, кои што се привилегија на планината Плачковица: од свежо набрани печурки, до колорит од природни чаеви. Специјалитет што вреди да се проба: тава„ БелКамен“ и десерт од кад’нки со прелив од слатко од аронија.

Она на што се посебно горди во „Бел Камен“ се сопствените насади на еколошка аронија, производ кој се користи во специјалитетите на куќата. Меѓу останатото, „Бел Камен“ на традиционален начин произведува и пакува делициозно слатко од аронија, помешано со еколошка капинка, исто така набрана на падините на Плачковица.

Хотелот располага и со голема надворешна летна тераса, со капацитет од околу тристотини гости, опкружена со густа букова шума, идеална за организирање на настани од секаков вид под отвореното планинско небо.

Сите гости бесплатно можат да го користат СПА-Центарот, сместен на приземјето на хотелот во кој има џакузи, парна бања, финска сауна, фитнес клуб, масажи и козметички третмани.

Или со еден збор, приказната за „Бел камен“ е одличен пример и поттик за другите инвеститори за да ги купат шесте одморалишта кои сега се на продажба, па од повеќе грди пајчиња да се изродат лебеди како овој.

П.С.

Џабе сум дете од Истокот кога на пример не сум знаела дека на планината Плачковица се наоѓаат три прекрасни кањони: Камник, Козјак и Зрновка, во кои се наоѓаат нечепнати природни убавини како реки, водопади, преслапи, високи карпи. И тоа дознав дека за многумина, кањонот Камник со својата убавина како да го претставува Големиот кањон на Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, инфо-табли, патокази, сајли, ферети и место за одмор).

Од многуте убавини кои ги нуди планината се и пештерите, кои што се во поголем број. Од нив, пет се испитани и се достапни за посетители. Најголема од нив е Големата пештера, со испитана должина од 600 метри и претставува вистински бисер со своите пештерски украси и предизвик за спелеолозите.Пештерите: Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали, но богати со пештерски украси и се лесно достапни за посетителите и до нив водат маркирани патеки.

Морам да признаам дека Плачковица иако ми била „над глава“ неправедно сум ја запоставувала и сум сметала дека Истокот е посиромашен со природни убавини за разлика од Западот.

По „Бел камен“ комплетно ми се сменија перцепцијата и сликата!

 

 

November 16, 2014

(Фото) Топ 10 најдобри спа дестинации во Европа

Ова се десетте најдобри спа дестинации на Стариот континент, рангирани според листата на на корисниците на TripAdvisor.

Истанбул, Турција
Turkey, Istanbul, Blue Mosque

Џамиите, чаршијата и турските бањи во Истанбул може да ве задржиат среќно зафатени со денови. Неверојатната архитектура, добродушно пазарење над тепих, инспиративната Џамија Султан Ахмет (Сината џамија), што се гледа од многу гледни точки на градот – древниот Истанбул е неповторлива дестинација. Прошетајте по мостот Галата, запрете во Миниатурк парк, за да ги видите малите артефакти. И немојте да ја пропуштите Капали чаршијаа – таму има илјадници продавници.

Будимпешта, Унгарија
Hungary, Budapest, View from Buda to Pest, Chain bridge and Danube river in the evening

Над 15 милиони литри вода дневно се излеваат од 118 извори и сондажи во Будимпешта. Градот на минералните извори нуди восхитен спектар на бањи – од пенливи Gellert Baths, во огромната необарокова Szechenyi Spa, до Rudas Spa – турски базен од 16 век со оригинална османска архитектура. “Кралицата на Дунав″ е задоена со историја, култура и природна убавина. Видете ги римските урнатини на музејот Aquincum, плоштад Heroes, како и 300-метарскиот купола на базиликата Свети Стефан.

Бат, Сомерсет, Велика Британија
Bath in the summer

Познат по своите ресторативни чуда, Бат (бања во превод од англиски) некогаш е дом на Џејн Остин. Се разбира, можете да се обидете да се замислите овој елегантен град, додека читате “Гордост и предрасуди” во кадата дома, но тоа сосема нема да е доволно. Една прошетка низ Бат е како посета на музеј на отворено – со околу 5.000 згради со извонредна архитектура. А потоа можете да се нурнете во природните топли води на Thermae Bath Spa – едно од омилените места на Келтите и Римјаните.

Тоскана, Италија
The Duomo di Siena (Siena Cathedral), UNESCO World Heritage Site, Siena, Tuscany, Italy, Europe

Етрурски откриваат шумолењето води на Тоскана, а Римјаните ја одредиле судбината на градот како спа дестинација со изградба на Bagni San Filippo. Оние кои страдаат од артритис и ревматизам, задолжително треба да се потопат во водата маслинови градини и лозја.

Исланд
Residential homes at dusk, Stykkisholmur, Snaefellsnes, Iceland

Богата со геотермална активност, отколку било која друга земја. Исланд е вистинска топла изворска точка. Околу 800 топли извори, од кои некои со драматични гејзери го зачинуваат пејзажот. Најпозната е запрепастувачка тиркизно сина лагуна во Гриндавик, точно до главниот град Рејкјавик.

Андалузија, Шпанија
Aerial view of the old town with Stiftskirche collegiate church, Baden-Baden, Black Forest, Baden Wurttemberg, Germany, Europe

Поради мавританското минато Андалузија е позната со суптилни амам бањи. Во Кордоба е реставрирана Medina Califal Hammam – исклучителна бања во арапски стил од 10 век, која нуди фантастичен начин да потонете во идилични ритми на живот во регионот.

Баден Баден, Германија
Spain, Andalusia, Province of Huelva, Sanlucar de Guadiana, village seen from Alcoutim

Сместена во подножјето на Шварцвалд, оваа шик дестинација е хит . Прво промовирани од страна на Римјаните пред два милениуми, богатите со радон термални бањи на Баден Баден се уште привлекуваат илјадници туристи кон оваа спа дестинација во јужна Германија.

Карлови Вари, Чешка, Република Чешка
Czech Republic, Bohemia, Karlovy Vary, Russian Church

Реномирани поради нивните медицински бенефиции спа центрите бликнаа во оваа живописна долина во крајот на 16 век. Лековитите извори се стекнаа слава како убиец на стомачни проблеми. Денешното лекување движи од акватерапија до пиење на минерална вода.

Памуккале, Турција
Sunset at Travertine Terrace Pools
Чистото бели карпи се белегот над оваа неодамна ревитализирана спа дестинација богата со калциум и минерални извори. Базен се наоѓа среде убава градина.Памуккале е најпријатно, откако народот од летото ќе си замина, но температурите се уште не се паднати.

Баварија, Германија
View of Henkersteg bridge and Pegnitz river, Nuremberg, Bavaria, Germany
Составен дел од германската култура, термалните бањи се сериозен бизнис во Баварија. Здравствените спа дестинации изобилуваат по планинските падини на регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(Галерија) Најубавите спа и велнес центри во Македонија

November 10, 2014

(Галерија) Есента во Градски парк блесна во полн сјај

Иако времето за викендот не се погоди баш најдобро, вчера во Градски парк во Скопје беше преубаво за шетање. Есента се покажа во вистинско светло, па во магични бои ги обои дрвјата кои повеќе потсетуваа дека се наоѓаат во некој парк во Јапонија, отколку во Скопје. Вистинско уживање и убавина која уште еднаш потсети дека за некои работи не се потребни пари за да се доживеат, а истовреме чувствата што се јавуваат немаат цена. Уживајте во фотографиите на еМагазин.

esen 1

esen 2

esen 3

esen 4

esen 5

esen 6

esen 8

esen 12

November 7, 2014

Кој е за скиајање: Листа на најевтини и најскапи ски центри во Европа

Доколку оваа зима сакате да скијате во Европа, Банско во Бугарија ќе ви биде најповолната опција. Избегнувајте го австрискиот Сент Антон, ако буџетот не ви е особено голем.

Втора година по ред Банско се најде на врвот на 42 најповолни европски ски центри.

При изборот во предвид се земени просечните цени на хотелите, ски картата, ски обуките, изнајмувањето на опремата, оброците, како и пијалокот во текот на седумдневен престој за четиричлено семејство. Во Банско на југозападот на Бугарија, комплетен пакет чини 2.000 евра, додека за истото во Сент Антон ќе платите 6.407 евра, пишува Трип Адвајзор.

Второто најевтино ски одморалиште за периодот од 15 декември до 15 април за идната година е шпанскиот Сиера Невада, каде што цената на пакетот излегува 2.460 евра. На трето место е Сочи во Русија со 2.811 евра.

Меѓу најскапите дестинации за скијање, дури четири се во Швајцарија.

Погледнете ги листите на најскапи и најевтини ски центри во Европа.

Најевтини ски одмаралишта во Европа    

1. Банско, Бугарија

2. Сиера Невада, Шпанија

3. Сочи, Русија

4. Берхтесгаден, Германија

5. Arkalis Ordino,

6. Arinsal, Андора

7. Formigal, Шпанија

8. Сер-Шевалие, Франција

9. Soldeu, Андора

10. Па де ла Каса, Андора

Најскапи ски одмаралишта во Европа 

1.Сент Антон, Австрија

2.Сент Мориц, Швајцарија

3. Val d’Isere, Франција

4.Луцерн, Швајцарија

5.  Андора Вал Thorens, Франција

6. Flim Laks Falera, Швајцарија

7.Ischgl, Австрија

8.  Кортина Слоновата Ampezzo, Италија

9. Verbije, Швајцарија

10.   Tignes, Франција

November 2, 2014

(Галерија) најубавите вили во Акапулко

Акапулко е една од најпознатите туристички дестинации во Мексико.

Полукружниот залив отсекогаш бил привлечен за богатите и затоа на неговото крајбрежје уште од средината на минатиот век почнале да никнуваат големи и луксузни вили и хотели.

Освен по својата местоположба и убавина, Акапулко е познат и по атрактивниот ноќен живот, се кој се издвојува од другите туристички места во Мексико.

October 28, 2014

Во која земја во светот животот е најубав?

Кои се 10-те најдобри земји за живот? На ова прашање одговара рангирањето на 24/7 Wall St. коe се базира на индексот на човековиот развој (Human Development Index) на Обединетите нации. Извештајот на ОН го разгледува човечкиот прогрес според три главни фактори – долг и здрав живот, образование и подобар животен стандард.
На прво место според овие показатели е Норвешка. Еден од факторите кои влијаат на човечкиот прогрес, е финансиската состојба на земјите. Во развиените земји БДП по глава на жител е на високоиво. Норвешка е на 6-тото место по тој показател со 63. 909 долари на БДП по глава на жител.
На другиот крај на листата се африкански држави, каде што голем дел од населението живее со помалку од 1,25 долари на ден. Образованието исто има големо значење. Кај сите, со исклучок на една од најразвиените земји во светот, граѓаните поминуваат повеќе од 12 години во учење, а во најмалку развиените им се собира помалку од 4 години.
Еве го рангирањето: На дното, или 10-те најлоши земји за живеење, се соодветно: Нигер, Демократска Република Конго, Централна Африканска Република, Чад, Сиера Леоне, Еритреја, Буркина Фасо, Бурунди, Гвинеја и Мозамбик.
А во прилог се топ 10 на земји каде што има најдобар живот:
10. Данска
БДП по глава на жител: 42 880 долари
Очекуваното траење на животот: 79,4 години
Просечно поминати години во образование: 16,9 години (на 10-тото место во светот
Данска има една од најдобрите системи на здравствена заштита и образование. Даноците се високи, но земјата вложува многу во образованието и здравството. Данска е една од земјите со најсилна еднаквост меѓу половите каде 40% од пратениците се жени.
9. Сингапур
БДП по глава на жител: 72 371 долари
Очекуваното траење на животот: 82,3 години
Просечно поминати години во образование: 15.4 години
Сингапур е на прво место во Азија. Земјата е меѓу водечките во времетраење на животот. Земјата е мала, населението е едвај 5,5 милиони луѓе, концентрирани во големите градови.
8. Канада
БДП по глава на жител: 41 887 долари
Очекуваното траење на животот: 81,5 години
Просечно поминати години во образование: 15,9 години
Канада има висока оценка по фактор образование. Учениците во Канада се со највисоки оценки по математика, физика и читање.
7. Нов Зеланд
БДП по глава на жител: 32 569 долари
Очекуваното траење на животот: 81,1 години
Просечно поминати години во образование: 19,4 години
Во 2012 година земјата има инвестирано 7,2% во образование.
6. Германија
БДП по глава на жител: 43 049 долари
Очекуваното траење на животот: 80,7 години
Просечно поминати години во образование: 16.3 години
Германија е една од ретките држави кои даваат пензии на 100% од населението. Проблемот на земјата, сепак, е дека таа старее. Тоа ќе наложи зголемување на возраста за пензионирање од 65 години сега на 67 години до 2029 година. Во земјата е задолжително работникот и работодавачот заедно да вложуваат околу 40% од работната плата во пензиско и здравствено осигурување.
5. САД
БДП по глава на жител: 52 308 долари (на 11-то место во светот)
Очекуваното траење на животот: 78,9 години
Просечно поминати години во образование: 16,5 години
САД имаат најголема економија во светот со БДП од 16 трилиони долари за 2012 година. Сепак, земјата има лоши оценки за еднаквост на приходите и на половите.
4. Холандија
БДП по глава на жител: 42 397 долари
Очекуваното траење на животот: 81 години
Просечно поминати години во образование: 17.9 година (на 5-тото место во светот)
Минатата година 37,8% од пратениците се жени, што е прилично над податоците за САД, на пример, каде што жените во Конгресот се 18,2%.
3. Швајцарија
БДП по глава на жител: 53 762 долари
Очекуваното траење на животот: 82,6 години
Просечно поминати години во образование: 15,7 години
Швајцарија е позната по својата политичка и економска стабилност. Земјата е на 3-тото место според животен век. Не е лесно сепак да се преселат таму. Земјата не е дел од ЕУ и неодамна воведе квоти за контрола на имиграцијата.
2. Австралија
БДП по глава на жител: 41 524 долари
Очекуваното траење на животот: 82,5 години (4-то место во светот)
Просечно поминати години во образование: 19,9 години
Земјата има едно од најниските нивоа на невработеност во светот – 5,2 %.
1. Норвешка
БДП по глава на жител: 63 909 долари
Очекуваното траење на животот: 81,5 години
Просечно поминати години во образование: 17.6 години (на 6-тото место во светот)
Норвешка има население од 5 милиони лица и БДП по глава на населението од 63 909 долари, со што е на 6-тото место во светот. Приходите од нафта се важни за економијата на земјата и сочинуваат најважен дел од извозот. 100% од граѓаните на возраст за пензионирање добиваат пензија.

Постари вести »

Powered by WordPress