December 22, 2014

“Кадмо“ блесна со нов лик, охриѓани ќе уживаат во топлата атмосфера

Filed under: Check in — Tags: , , , — @ 9:17 am

Реновиран, проширен и во нов, топол амбиент, од пред некој ден со охриѓани повторно е лаунџ барот „Кадмо“.

Сладокусците во „Кадмо“ ќе можат да уживаат во разновидна храна и пијалаци.

Лаунџ барот нуди разни видови стек, пици, пасти, морски и други специјалитети, како и десерти, а понудата на пијалаци покрај стандардните, е збогатена и со домашни вина, објави Ohrid News.

Лаунџ барот „Кадмо“ ќе има разновидна музичка понуда, од староградски мелос до забавна музика, а за новогодишните празници се подготвува специјална програма за сите вкусови.

На 23. декември угостителскиот бренд „Кадмо“ со голема забава ќе го одбележи 8-от роденден.

December 9, 2014

“Чикаго“, ново место во градот

Наспроти цветниот пазар во Скопје, веднаш зад зградата на стара Нова Македонија од пред еден месец работи клуб ресторан “Чикаго“.

Новото место во градот за кратко време успеа да намами многу луѓе кои сакаат да уживаат во добра храна и добра забава.

Ако размислувате каде да се оттргнете од работните обврски, а притоа и добро да се забавувате, новото место „Чикаго“ е вистинското место. Во претпладневните часови „Чикаго“, со богата понуда на храна и пијалоци е местото каде што можете да ги поминете вашите деловни состаноци или пак паузи, додека во попладневните, односно вечерните часови, тука забавата е загарантирана.

Вторниците и средите се резервирани за акустична жива музика. Во пријатна и топла атмосфера, ова е одличен начин за релаксација по напорниот работен ден. Оние што ги сакаат латино ритмите, нека го посетат „Чикаго“ во четврток и нека уживаат танцувајќи.

Крајот на работната недела е резервиран за after work забава, додека викендот е секогаш посветен на изненадувањата и одличното расположение.

-Со пријатна атмосфера, одлично мени и неверојатно вкусна храна како и уникатна ноќна програма „Чикаго“ e место во кое ќе уживате во секој дел од денот… Добрата храна е задоволство кое го прави животот побогат.Човек не може добро да размислува, да љуби и да спие доколку добро не појадувал, ручал или вечерал, велат од менаџерскиот тим на клуб ресторан “Чикаго“.

November 4, 2014

Кога на реалноста сакам да си ставам розеви очила, одам во „О ла ла“

Секогаш кога на мојата реалност сакам да си ставам розеви очила, одам во „О ла ла“ (ГТЦ приземје спроти детскиот бутик ВИП). Совршено место за разубавување на едноличното, монотоно, сиво и загадено секојдневие. Таму се чувствувам како странец во сопствениот град, поточно како во Париз. Не ми е проблем да појдам сама. Всушност сакам да одам сама. Бидејќи во таков весел амбиент, сакам да дискутирам со себе и доколку имам некоја негативна мисла, веднаш да си замине под влијание на „О ла ла“.

Има ли подобро смирување на женска психа од место кое исполнето со префинети колачи, слатки мириси и весели бои. Па таму можеш да си најдеш и да си прочиташ Вог, Венити Фер, или некое друго странско списание па чувството дека си во pastry shop  во странство е комплетно. Летово имаа убава бела тераса исшарана со убави бои, цвеќиња кои даваа таква топлина, како и целата филозофија и смисла на нивното постоење.

А, зошто таму? Па затоа што таму патуваш, сонуваш, се надеваш дека ќе ги посетиш сите места кои ги „јадеш“. Француски тартови и макаронсите, совршена италијанска панакота и белгиските вафли до малите, дебелки Американски палачинки, егзотичниот браун со вишна, њујоршкиот чизкејк, сите видови мафини, сензуалната портокал торта од Австралија, англискиот сникерс, домашните сочни принцес крофни.

Не знам зошто, ама и секогаш кога ќе си купам нова книга, ја вρзувам со неκое вκусно κолаче во „О ла ла“. Веρојатно тоа е тоа задоволство κога баш се ти е олала!

o lala 12

Топло го препорачувам за чекирање, но и за гушкање!

June 20, 2014

Најскапата вечера во светот чини 1.560 евра и е на Ибица

Filed under: Check in — Tags: , , , — @ 7:14 am

Шпанецот Пако Ронсеро е сопственикот на ресторанот „Sublimotion“ кој на гостите им овозможува оригинално и неповторливо уживање во храната, а доживувањето да биде целосно за време на вечерата се менува и изгледот на ресторанот.

Ресоранот се наоѓа на Ибица и во него вечерата чини 1.560 евра по лице. Квалитетот на храната и начинот на подготовката, за која се задолжени 27 готвачи ја објаснува вртоглавата цена на вечерата. Во ресторанот истовремено можат да вечераат само 12 луѓе.

-Sublimotion преку уживањето во храната ќе ги пробуди сите сетила во вас и ќе ве однесе во друг свет, вели новинар на Дејли Мејл, кој бил меѓу првите посетители на овој ресторан.
Вечерата се состои од 20 видови на храна, а како што раскажува новинарот, за време на вечерата во еден момент, затемнетите стакла во ресторанот станале провидни и гостите можеле да ги видат сите 27 готвачи како ја подготвуваат храната, изведувајќи најразлични перформанси.

За време на вечерата просторијата целосно се затемнува, а калнерите се облечени во согласност со темата на ресторанот. Токму тоа и била идејата на Ронсеро, целиот изглед на ресторанот да биде во склад со тоа што го јадете, од изгледот на масата, до ѕидовите, па се до келнерите.

June 17, 2014

Нова менза каде што се хранат вработените во Apple

Filed under: Check in — Tags: , , , , — @ 7:45 am

Новиот ресторан во кој се хранат вработените во Apple, Caffè Macs, ги отвори своите врати минатата недела, откако компанијата работеше на неговата изградба повеќе од две години.

Новата таканаречена менза се наоѓа на помалку од километар од седиштето на Apple во Cupertino, пишува Business Insider.


Во двокатна зграда се сместени кафуле, сали за состаноци, места за рекреација и двор.

Има исто така подземен паркинг со многу места, но вработените на компанијата би можеле лесно да се движат дотаму пеш или со превозот за ручек кој го има компанијата.

Проектот за објектот кој е со површина скоро 2.000 квадратни метри беше одобрен од градот во текот на април 2012 година.
Иако гости на компанијата имаат право да ја посетуваат мензата за јадење во седиштето на Apple, до новото Caffè Macs пристап имаат само вработените на технолошкиот гигант.

Според Mercury News, поголем дел од канцелариите околу Caffè Macs се зафатени од Apple.

June 13, 2014

Светски ресторани каде што секој оброк е авантура

Мајмуните се келнери, ВЦ шолји наместо столици, храна послужена на 50 метри висина, оброк подготвен на топлина на активен вулкан и телефон на секоја маса за полесна комуникација. Добредојдовте во едни од најчудните ресторани во светот!
Нивниот адут не лежи исклучиво во вкусната храна и љубезната услуга, туку и во впечатокот дека сте искусиле нешто до тогаш невидено.

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-01

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-02

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-03

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-04

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-05

 

Kayabukiya Tavern, Јапонија

Некогашниот традиционален ресторан во 2008 година доживеа интернационална популарност благодарение на брилијантната работа на келнерите. Ништо не би било чудно ако келнерите не беа две мајмунчиња.
Сè започнало тогаш кога овие две мајмунчиња, инаку миленици на сопствениците на ресторанот, не започнале самоволно да го повторуваат она што луѓето го правеле. Сега тие ја имаат задачата да ги наполнат чашите на гостите.
Со текот на времето бројот на мајмунчињата келнери се зголемил на 5, но сопствениците тврдат дека внимаваат на нивното заморување, односно одмор на секој половина час.

House of Poo Poo, Кина

Кога веќе сме на далечниот исток, поточно во Пекинг, тука ве чека еден од најбизарните тематски ресторани во светот. Целиот ресторан е уреден така што имате чувство дека ручате во тоалет.
Оброците се служат во мини реплики на вц шолји, а на поголеми керамички ќе имате можност да седнете. Најгрозното нешто е што храната се служи така што ве потсетува на измет.
Сопствениците тврдат дека поентата на гостите кои доаѓаат тука е добро да се забавуваат, а воедно и да се опуштат во текот на оброкот.
Дека овој концепт постигнал успех, сведочи и фактот дека покрај во Пекинг, ресторани од овој тип се отворени уште во 3 различни града

Le Restophone, Франција

Оригиналниот концепт на овој француски ресторан го прави единствен и препознатлив во светот. Тука освен што можете да уживате во одличната храна и специфичната атмосфера, имате можност по пат на домашен телефон да контактирате некој од гостите, ако сте заинтересирани.
На секоја маса се наоѓа по еден телефон кој може да ви користи ако сакате да нарачате некоја пијачка на некој од соседната маса, да го поканите на танц или било што друго и да ви падне на памет.

Dinner in the Sky, Белгија

За да биде потполно уживањето во овој специфичен ресторан, постои еден единствен предуслов – да не се плашите од висина. Не зборуваме за високи градби со одличен бар-ресторан на кровот, ниту за ручек во авион.
Се работи за летечки ресторан кој се одделува од земјата над 50 метри висина. Заради сигурност, гостите се врзани со појаси.
Идејата за вечера во воздух за прв пат е реализирана во Белгија, а за само неколку месеци стана интернационална сензација.

El Diablo, Шпанија

Поимот за природно подготвена храна доби сосема ново значење во овој ресторан на еден шпански остров. Близината на активниот вулкан овозможува храната да се подготвува на загреаната површина.
Овој ресторан постои од 1970 година и освен тоа што во својата понуда има уникатно подготвена храна, на гостите им нуди уживање во фантастичниот поглед и специфичната атмосфера во близина на вулканот.

May 2, 2014

Патување низ мексиканските вкусови

Мексичката храна е позната по изобилството на вкусови, зачини и повекебојни декорации. Mексиканската храна нуди комбинација на различни вкусови, за кои не сте ни сонувале дека одат заедно. Луто и мед со месо, овошје и солено, разни комбинации зачини и миранда. А доколку, сепак, патот ве навел накај Мексико и ако сте од оние кои сакаат да пробаат баш се и сешто, таму можете да добиете зацрвенети пржени скакулци или јајца од мравки што ги нарекуваат мексикански кавијар и се сметаат за деликатес.

03B6C6C9ABCC634297B6938F27B7FF53 96667AA218C9264593C9F27B35479D54 519694CD4627FD4B811544070448A073 FC6D774F76CD604AB8F489F9ADE35F19

За сите оние кои сакаат да откријат различни мексикански вкусови и да уживаат во нив, веќе не е потребно да патуваат во Мексико.
Во Скопје, на улицата “Македонија”, се наога Мексиканскиот ресторан “Амигос” – нема да го промашите бидејки пред вратата Ве сочекува “Gringo” (Мексиканец).
Со автентичното внатрешното уредување, трендот на пиење коктели и воведувањето на секакви мексикански специјалитети, ние направивме атмосфера во која нашите клиенти можат да се релаксираат и да го заборават надворешниот свет,

Сето ова го прават мексиканскиот ресторан Амигос еден нов, поинаков, вкусен свет … свет на мириси и зачини .
“Во нашето мени можете да најдете предјадења, сосови, салата послужена во крцкава тортиља, можност сами да си искреирате комбос, специјалитети со тортилја, варијанти на преливи со мексикански чипс – начос, вегетеријански оброци, лосос, хуево ранчерос и неверојатен избор на десерти и коктели“ велат од менаџерскиот тим на ресторанот. Од таму додаваат дека Мексико е далеку од Македонија, но овој ресторан го прави своето најдобро, да го донесе малку поблиску.

April 25, 2014

Вкусот на традиционалната и автентична кинеска кујна во центарот на градот

Јадењето кинеската храна секогаш се поврзува со јадење на здрава и добро избалансирана храна, па така уживањето и задоволството се до највисок степен. Ваквата храна во Скопје неможете да ја најдете на многу места. Еден од кинеските ресторани во градот каде што можете да го пробате вкусот на автентичната и традиционална кинеска храна е кинескиот ресторан “Ѕвезден Океан“.

Ресторанот се наоѓа во центарот на градот, на само една минута пешачење од Соборниот храм, позади Домот на градежници ќе го најдете местото што ги крие тајните на здравата исхрана.

Она што тука можете да го најдете е извонредна храна, кинеска музика, автентичен ентериер, пријатна атмосфера.

Во ресторанот на две нивоа можете да уживате во прекрасно приготвената традиционална кинеска храна ,од пилешко, свинско, јагнешко и говедско во слатко кисели или пак лути сосови и никулци од бамбус, супи и салати, ориз со црни и бели кинески печурки, ракчиња или зелечук, морска храна, нудлси и шагети, кинеско лепче и разни десерти како пржен сладолед.

Готвачите се кинези, врвни професионалци и докажани мајстори во својот занает кои одлично ја познаваат кинеската кујна. Ентериерот на ресторанот е спој на традиционалниот кинески и модерен амбиент, уреден по светските стандарди на угостителството. Ресторанот се наоѓа позади Дом на градежници

“Нашите гости се луѓе кои знаат да уживаат во својот оброк и сакаат да јадат свежа и вкусна храна. Знаеме дека звучи неверојатно, но нашите кувари се врвни професионалци и докажани мајстори на својот занает кои одлично ја познаваат кинеската кујна, токму поради фактот дека и самите се кинези. Како што гледате, кај нас нема ништо случајно. Ова место го направивме со многу внимание и многу љубов за да уживаме исто колку и вие… во најздравата и највкусната храна на светот“ велат од менаџерскиот тим на ресторанпот “Ѕвезден океан“

Ресторанот „Ѕвезден Океан“ постои од 2004 и ја отсликува традиционалната севернокинеска кујна со специјалитети во различни сосеви (соја, кари, традиционален лут кинески сос, слатко-кисел сос, луто-слатко-кисел сос) подготвени во специјален кинески сад – брзо умешно и вкусно од обучени кинески мајстори.

На социјалните мрежи, коментарите се одлични, посебно од љубителите на ваков вид на храна:

“Луто пилешко во слатко кисел сос (Hot chicken in sour and sweet sauce) Favorite“

“Шпагети со пилешко и печурки, нема подобро“

“Свинското месо е закон. Луто, слатко, кисело…“

April 18, 2014

Најскапиот хамбургер е во Њујорк, најскапата пица во Малта

Никогаш не се знае што носи иднината, затоа , за секој случај ви донесуваме предлози за јадења кои за миг ќе ја стопат вашата банкарска сметка.

Најскапиот хамбургер на светот може да го изедете во Њујорк во ресторанот Serendipity 3, кој чини 295 долари! Зошто? Le Burger Extravagant-е направен од јапонско wagyu говедско месо потопено во путер од бели тартуфи. Содржи и сирење Montgomery cheddar и пржено јајце од потполошка. Се сервира со путер од бели тартуфи и кавијар. Ако ова што е наведено не ја оправдува доволно цената, за по јадење добивате и златна чепкалка со дијаманти

linknews latestpix

Најскапа пица се нуди во Малта во Margo’s Pizzeria. Чини 2.400 долари. Мора да се нарача една седмица однапред, а содржи, помеѓу останатото 100 грама бели тартуфи. Интересно е тоа што пицеријата од ваквата продадена пица парите ги донира во хуманитарни цели.

Најскапа чорба се нуди во лондонскиот ресторан Kai Mayfair. Се вика „Буда скока преку ѕид“ и чини 190 долари, за една порција. Mора да се нарача пет дена порано, а нејзините состојки се: месо од морско куче, школки, печурки, морска краставица, пилешко, шунка, свинско и ginseng.

Во Лондонскиот ресторан Bombay Brasserie може да јадете најскапо кари – The Samundari Khazana што значи морско богатство. Чини 3.200 долари.
Најскапиот Hot Dog чини 145.49 долари, а го има во Capitol Dawgu во Сакраменто, а компирчињата од 1000 долари може да се јадат во Њујорк во ресторанот Norma’s.

02-Singapore-Kari-Laska-Taste-Good-Elmhurst

Ресторанот Restoran Serendipity 3 во Њујорк на своето мени го има и најскапиот десерт. Смрзнат чоколаден Haute во овој ресторан чини 25.000 долари!Овој сладолед содржи мешавина од 28 видови какао вклучувајќи ги 14-те најскапи на светот. Украсен е со златен прав кој се јаде и сервиран е во златен пехар. Ако тоа не е доволно-со сладоледот добивате и златна нараквица(18 карати) со еднокаратен дијамант! Секако, оваа чоколадна перверзија се јаде со златна лажица.

Доколку се најдете во ситуација од некоја причина треба да потрошите купче пари, тогаш ви треба овој текст, неколку авионски карти и празен желудник.

 

March 21, 2014

Шмекот на вистинското италијанско еспресо во центарот на градот

ll caffè di Roma е италијанска кафетерија во Скопје која е дел од Лаваза брендот. Ова кафуле е место каде што можете да уживате во специјалитети направени од кафе и други италијански деликатеси.

Овој бренд на кафулиња кој е распространет во шест земји во светот ll caffè di Roma го дава вистинскиот традиционален вкус на италијанско кафе, како и италијанската култура и лајфстајл.

Кафулето е лозирано во центарот на Скопје, на улица Македонија, има релаксирана атмосфера, место на кое можете да уживате и сами во утринското кафе, гледајќи ги луѓето кои поминуваат по улицата.

Во пладневните часови е вистински предизвик да најдете слободна маса за кафе со пријателите. Прекрасната тераса, посебно во летните денови е вистинско уживање во комбинација со италјанските звуци на музика кои се слушаат и аромата ма италијанското еспресо.

Ентериерот на кафетеријата е украсен со постери од светот на кафе, кои кажуваат дека кафето е од суштинско значење за луѓето и дека е извор на радост.  Местото го рефлектира типочниот италијански начин на живот каде што луѓето сакаат да се сретнат и да седнат на кафе да разговараат

Професионалната услуга и пријатниот персонал се причина плус да го посетите ова место. Во своето мени ll caffè di Roma вклучува кафе, чај, топло чоколадо , освежувачки пијалоци, сладолед и колачи специјалитети вклучувајќи колачи и сендвичи. Мој предлог е сирење торта или италијански panino со пршута и моцарела .

 

Постари вести »

Powered by WordPress