January 14, 2015

Црвеното вино не одржува млади

Во пресрет на празничната сезона, конечно беше објавено истражувањето што можеби многумина го очекуваа! Истражувачкиот институт The Scripps од Калифорнија неодамна објави дека црвеното вино сепак нѐ оддржува млади.

Тимот на Институтот соопшти дека активната состојка ресвератрол содржана во виното, го намалува стресот и ја прочистува крвта, објави британскиот Fashion Telegraph.

Истражувачите појаснуваат дека токму оваа состојка е задолжена за спречување на оштетувањата на крвните садови и за спречување на згрутчувањето на крвта, со што се намалува и ризикот од срцеви заболувања.

Од истражувачкиот центар појаснуваат и дека грозјето содржи антиоксиданси што делуваат против слободните радикали и оневозможуваат да дојде до оштетување на ќелиите. Слободните радикали се инаку нестабилни молекули што ги напаѓаат другите молекули со цел да им ги одземат електроните за да станат стабилни.

На овој начин, се оштетуваат бројни структури на ќелиите, а најголемата штета настанува од оштетувањето на крвта. Кога ќе дојде до оштетување на крвта, настануваат мутации што може да бидат и канцерогени.

Семето на грозјето е инаку познато по високото присуство на антиоксиданси, што ги штитат срцето и крвните садови. За да се оствари позитивен ефект на виното врз организмот, се советува конзумирање на една до две чаши дневно, бидејќи повеќе од тоа може да има штетен ефект на другите органи.

January 8, 2015

Одлично за здравје: Шест причини зошто треба да пиете црвено вино

Filed under: Вино — Tags: , , , — @ 8:52 am

Спи­со­кот на корист што ја имаме од црве­ното вино е нави­стина долг. Делува на на многу наши органи и цело­ку­пната состојба на нашиот орга­ни­зам. Еве неко­лку при­чини зошто да пиеме по една чаша црвено вино секој ден:

Подо­бра мемо­рија
Виното помага во зачу­ву­вање на мемо­ри­јата. Спо­ред истра­жу­ва­њата, жените во 8. деце­нија од живо­тот кои пиеле црвено вино, имаат многу подо­бра мемо­рија отко­лку оние што не пиеле. Покрај тоа, виното спре­чува зат­ну­вање на крв­ните садови, што може да има вли­ја­ние врз ког­ни­тив­ните функции.

Помала тежина
Пие­њето на вино помага во одр­жу­вање на помала теле­сна тежина. Оние кои пијат уме­рено имаат поте­нок струк и пома­лку абдо­ми­на­лни масти.

Пого­лем иму­ни­тет
Оние луѓе кои пијат по една чаша вино на ден имаат за 11% помала можност од инфек­ција со „Helicobacter pylori“, што може да биде пре­ди­зви­ку­вач на гастри­тис, улцер или канцер.

Заштита од цисти и рак на јај­ници
Црве­ното вино го нама­лува ризи­кот од појава на овие состојби за 50%. Експер­тите веру­ваат дека ова може да се должи на анти­ок­си­дан­сите или фито­е­стро­ге­ните кои имаат силно анти-канцерогено дејстви.

Заштита на коските
Алко­хо­лот го зго­ле­мува нивото на естро­ген. Токму тој го заба­вува ризи­кот од оште­ту­вање на коските многу повеќе отко­лку што го заба­вува созда­ва­њето на нов коскен материјал.

Пре­вен­ција од шеќер
Жените пред мено­па­уза кои пијат 1–2 чаши вино на ден имаат за 40% помал ризик да разви­јат дија­бе­тес тип 2. Овие резу­лтати се доби­ени од сту­дија на Харвард, која тра­ела 10 години.

December 29, 2014

И на Французите им е скапо шампањското

Filed under: Вино — Tags: , , , — @ 2:54 pm

Продажбата на француски шампањ во изминатите две години континуирано паѓа, а во 2014 година повторно бележи раст. Продажбата порасна благодарение на опоравувањето на европските пазари и одличните резултати надвор од Европската унија, соопшти феанцуското Здружение на производители на шампањ.

Извозот на пенливото вино од Франција во годинава што изминува, според првите проценки бележи раст од 1% на околу 308 милиони шишиња, после падот од 1,2% во 2013 година, пренесува францускиот весник Капитал.

Приходите од продажба, како што наведува весникот можат да достигнат 4,5 милјарди евра, со годишен раст од 3%, благодарение на британскиот, американскиот и австралискиот пазар, со што ќе се приближи на историски рекорд од 2007 година кога изнесуваа 4,56 милјарди евра.

Меѓутоа на францускиот пазар продажбата на шампањ оваа годона бележи пад за 2% до 3%, што е четврта година по ред како што е намален прометот, по неповолната економска ситуација, истакнуваат од Здружението.

Покрај Велика Британија која е најголем француски извозен пазар кога станува збор за шампањ, продажбата бележи раст на германскиот пазар додека во Јужна Европа е прекинат падот, се додава во соопштението. Само во Италија во минатата година продажбата на овој пијалок забележа пад од 14%.

Истиот извор потсетува дека за последните 10 години потрошувачката на вино во светот пораснала за 4%, додека потрошувачката на пенливо вино пораснала за 30% на 15,4 милиони хектолитри или околу 2,05 милијарди шишиња.

December 14, 2014

(Фото) „Тиквеш“ го претстави врвното од Македонија

Менаџерот за вински туризам од винаријата „Тиквеш“, Александар Ристовски, денеска во бар Форца на присутните им презентираше дел од портфолиото на Тиквеш, како и правила на комбинација на различните вкусови со храна.

„Горди сме што Тиквеш како најпрепознатлива македонска винарница со винска историја која временски се простира низ три векови, е дел од новиот вински концепт во Бар Форца. Наша заедничка цел е подигнување на винската култура во државата, како и зголемување на знаењето кај заинтересираните за историјата на виното и долгата традиција на Винаријата Тиквеш.“, велат од Бар Форца

Досегашните едукативни вински работилници, кои се оддржуваат во склоп на новиот вински концепт на Бар Форца, помагаат да се зголеми свеста за винска култура во државата која ќе ја позиционира Македонија на светската мапа на познати вински региони кои нудат вино со висок квалитет и долга историја и ќе ја претстави како винска нација која има што да ѝ понуди на светската јавност.

December 9, 2014

Зошто секој ден треба да пиете по една чаша вино

Filed under: Вино — Tags: , , , , — @ 9:32 am

Не ни се потребни дополнителни причини за да испиеме една или неколку чаши вино, но сепак вреди да знаете како овој пијалак влијае на вашето здравје. Многу досегашни истражувања покажале дека виното има добри страни и пожелно е да се консумира, ако сакаме да си обезбедиме здрав и долг живот.

1. Помага во зачувување на помнењето
Виното го чува вашето помнење, а тоа го докажува едно истражување во кое се покажало дека 70 годишни жени кои редовно консумираат вино имаат далеку подобра меморија, од нивните врснички кои воопшто не пијат. Алкохолот во виното е виновник за добриот холестерол и е одличен за здравјето на срцето.

2. Помага во зачувување на саканата телесна тежина
Луѓето кои секојдневно пијат по една чаша вино имаат помал индекс на телесна маса, за разлика од оние кои пијат повремено. Исто така, љубителите на вино имаат помалку масно поткожно ткиво на подрачјето кај стомакот.

3. Одличен пијалак за женското здравје
Истражувањата покажале дека жените кои секојдневно пијат една чаша вино го намалуваат ризикот од ракот на матката. Тајната лежи во високите антиканцерогени својства, кои значајно преовладуваат во овој пијалак.

4. Чувар на коските
Виното помага во зачувување на коските и го забавува нивното пропаѓање. Освен тоа, со помош на овој алкохол ќе бидете заштитени од многу болести на коските.

5. Штити од опасност од дијабетес
Луѓето кои пијат една или две чаши вино дневно имаат 40% помали шанси за развој на дијабетес, за разлика од оние кои воопшто не пијат.

December 4, 2014

Виното е нов диетален пијалок?

Filed under: Вино — Tags: , , , — @ 9:30 am

Научниците тврдат дека конзумирањето на вино може да го спречи зголемувањето на вашата тежина.

Време е да го тргнете на страна џусот и да си наточите еден Pinot Noir. Според едно ново истражување се тврди дека виното може да ви помогне во одржување на вашата тежина. Се разбира, не станува збор за конзумирање на едно шише вино дневно, туку всушност за скромно конзумирање од една чаша на ден. Доказите се импресивни.

Истражувачите внимателно проследиле околу 20.000 жени со нормална тежина, во тек од 13 години. Во меѓувреме, жените што пиеле чаша до две црвено вино на ден биле со 30% помалку шанси да се здебелат, отколку оние што не пиеле.

Тоа и не е зачудувачки, затоа што виното е богато со антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Конзумирањето алкохол го поттикнува телото да согорува калории, но да не заборавиме дека и самиот алкохол ги содржи истите. На пример, виното содржи 125 калории во 0,14 литар вино.

Затоа и прекумерното пиење може да ја зголеми вашата тежина. Исто така, жените имаат помало количество на ензим што го метаболизира алкохолот отколку мажите. Жената со една чаша вино може повеќе да согори од машкиот организам, со тоа што нему не му треба толку сила за да согори, додека женскиот организам треба дополнително да го произведе тој ензим. Значи, чаша вино со здрава диета и вежбање е навистина пат кон поздрав живот.

November 30, 2014

Во шведската продажна мрежа „Систем болагет“ се продава ново македонско вино

Првпат во државната шведска продажна мрежа „Систем болагет“ се појавува македонско вино со сопствен заштитен знак од ова поднебје – „Втора генерација“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Кампањата за лансирање на новото вино кое го носи името на оркестарот „Втора генерација“ од Гетеборг почна вчера со концертот што овој популарен бенд го одржа во познатиот гетеборшки џез-клуб „Нефертити“.

„Втора генерација“, која лани го одбележа својот 25-годишен јубилеј, е формирана од музичари од македонско потекло, припадници на втората доселничка генерација. Во последнте години се здоби со поширока популарност со специфичната обработка на познати балкански ритмови и рефрени, а оркестрато во два наврата учествуваше и во натпреварот за избор на шведски претставник за „Евросонгот“.

Се изразува уверување дека новото македонско вино, кое се лансира со силен заштитен знак – „Втора генерација“, наскоро ќе се најде на рафтовите на „Систем болагет“, како прво вино со географско потекло од Македонија по повеќегодишното целосно отсуство на македонски вина во редовниот асортиман на шведскиот државен монопол за продажба на алокохолни пијалоци, еден од најсофитицираните во Европа.

„Втора генерација“ е вино од визбата „Попова кула“ од Демир Капија во состав од сортите вранец, каберне савињон и пино ноар. Увозник е фирмата „Земја на сонцето/The Land of Sun” на сопственикот Тони Чаковски, кој во последно време интензивно работи на презентација на македонски вина на шведскиот пазар. Неодамна оваа увозна фирма беше спонзор на вина кои беа сервирани на една голем хуманитарен настан во Стокхолм, каде што присутвуваше и шведската кралица Силвија.

Новото македонско вино „Втора генерација“ може да се нарачува во „Систем болагет“ од 1 декември.

извор: МИА

November 25, 2014

Македонците сакаат да пијат црвено вино T’га за југ

Македонците преферираат црвено вино, за едно шише во просек одвојуваат 300 денари и најчесто купуваат за сопствено уживање, пиење во домашни услови со најблиските, а потоа и за подарок.

Според истражувањето на Институтот за агроекономика при Факултетот за земјоделски науки и храна спроведено на 241 испитаник кои го посетиле ланскиот Вински фестивал, и да имаат повисок приход, граѓаните би го купувале истото вино. Во одредени случаи наместо 300 денари, можеби би потрошиле нешто повеќе, 600, па дури и 1.000 денари.

– Фестивалот го постуваат најмногу млади до 30-годишна возраст, со високо образование. Како што велат, купуват вино еднаш до неколку пати неделно и генерално го пијат дома. Околу 70 проценти набавуваат вино во супермаркет, а преку 80 отсто пијат домашно вино, главно црвено. Притоа предничи вранецот, односно „Т’га за југ“, рече Марина Нацка од Институтот за агроекономика на денешната средба со новинарите по повод Винскиот фестивал 2014 што почнува задутре во Метрополис арената на Скопски саем.

Анкетата покажала и дека рекламите не влијаат многу зашто пиењето вино кај нас е традиција. Цената и квалитетот се во корелација.

– За поголема потрошувачка, испитаниците сметаат дека е неопходно организирање интензивна промоција, посочи Нацка.

На Фестивалот што се организира четврта година по ред и ќе трае од 27 до 29 ноември, најавено е учество на „Дивље јагоде“, Симон киселички – трио, „Нокаут“, Аренси бенд. Атракција ќе бидат „Хавана микс“ од Куба кои ќе ја забавуваат публиката сите три дена.

– Фестивалот почнува во четврток, во 19 часот, со свирка на „Деј оф“. По нив се Кубанците „Хавана микс“ кои ќе изведуваат светски хитови, но и традиционална, етно музика. Вечерта завршува со „Дивње јагоде“. Во петок е Симон Киселички со своето трио, повторно „Хавана микс“ и Нино Величковски со Алтан оркестарот, додека во сабота, на завршната вечер, настапуваат Аренси бенд, „Хавана микс“ и „Нокаут“, информира проект менаџерот на Винскиот фестивал Иво Ивановски.

Фестивалот, напомена Иваовски, претставува промоција на нашата богата винска култура и проширување на семејството на вински ентузијасти.

Посетителите ќе можат да уживаат во вкусот на околу 200 различни вина од домашните винарии, но и да пробаат странски, пред се италијански вина.

Влезниците за Фестивалот чинат 100 денари, а чашите за вино ќе се продаваат за 50 денари.

Како што рече Ивановски, минатата година на Винскиот фестивал дошле околу 10.000 лица, а годинава се очекуваат повеќе.

Фото: МКД

November 14, 2014

Македонски вина се патуваат во Шангај

Filed under: Вино — Tags: , , — @ 9:44 am

Македонското вино по промоцијата во Хонг Конг, деновиве се промовира на саем во Шангај, Кина на кој се присутни над 1.000 изложувачи од 20 земји од светот и привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.

Заедно со останатите вински земји во светот, десет македонски винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула организирани преку Здружението „Вина од Македонија“ учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци ProWine China каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Шангај – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и штанд од 90 м2 за македонски компании производители на вино.

Саемот се одржува од 12 до 14 ноември 2014.

November 7, 2014

Македонските вина на саем во Хонг Конг

Filed under: Вино — Tags: , , — @ 9:08 am

Вината од македонските винарии деновиве се промовираат на Интернационалниот саем за вино и жестоки пријалоци што се одржува во Хонг Конг. Девет винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула организирани преку Здружението „Вина од Македонија“ ги презентираат своите призводи пред увозници, дистибутери, претставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Саемската манифестација е најголема во овој дел на Кина и на неа своите вина ги презентираат над 1000 изложувачи од 38 земји во светот, а саемот го посетуваат повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.

Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки е обезбедена финансиска поддршка за простор и штанд од 100м2.

Хонг Конг и Кина се едни од најбрзорастечките пазари во потрошувачката на вино во последните неколку години и постои голем потенцијал за пласман на македонското вино.

Промотивните активности на винариите во Кина продолжуваат и следната недела со учество на Саемот за вино во Шангај што ќе се одржи од 12 до 14 ноември.

Постари вести »

Powered by WordPress