October 19, 2014

(Галерија) Филмските канцеларии на YouTube

Filed under: Office — Tags: , , , — @ 8:26 am

Канцелариите за видео магнатот YouTube во Лондон, се направени во филмски стил и атмосфера како да се наоѓате зад сцената на некој филмски сет.

Во овие простории дизајнирани од Луси Годард, може да се видат “YouTube Патеката на славата” со содржина избрана од компанијата, како и серија од различни сцени, кино соба со кадифени завеси и големи кино седишта.

Исто така, тука може да се најде и просторијата наречена “The Creator Space”, каде компанијата ќе ги собира филмаџиите кои ќе направат одреден број на хитови на YouTube.

Низ канцелариите можат да се видат реплики од неколку познати филмски сценографии, како што е дневната соба на ТВ карактерот Дел Бој.

 

September 16, 2014

(Галерија) Канцеларијата на Ред Бул во Лондон

Filed under: Office — Tags: , , — @ 8:05 am

Простори од XIX век во Лондон се реновирани и претворени во едни од најубавите канцеларии во светот.

Црпејќи инспирација од екстремните спортови поддржувани од Ред Бул, дизајнерите ги исполниле трите ката со лебдечки скали, комфорни кафетерии и барови, маса за состаноци дизајнирана според пинг-понг маса, голема лизгалица…

September 13, 2014

(Галерија) Канцеларијата на Мајкрософт во Виена: Хармонија на физичкото, виртуелното и социјалното работно опкружување

Filed under: Office — Tags: , , — @ 9:49 am

Канцелариите на Мајкрософт во Виена се исклучително пространи и модерени.

Вработените можат да уживаат во хармонијата на физичкото, виртуелното и социјалното работно опкружување.

Хармонија на физичкото, виртуелното и социјалното работно опкружување

Канцелариите на Мајкрософт во Виена се исклучително пространи и модерени.

Вработените можат да уживаат во хармонијата на физичкото, виртуелното и социјалното работно опкружување.

(Галерија) Кој не би работел овде: Канцелариите на Гугл во Тел Авив

Filed under: Office — Tags: , , — @ 9:30 am

Воопшто не е чудно што Гугл важат за едни од најдобрите работодавци во светот. Кој не би работел во канцелариите на Гугл во Тел Авив.

Секој спрат од оусумте спрата кои ги поседува компанијата во зградата Electra Tower е направен во различен стил и направено речи се за да работникот го даде својот максимум.

Освен плата, место каде што некој е работи е следно по важност за секој работник.

Мотивар работник носи пари. Гугл е доказ за тоа.

 

 

(Галерија) Канцеларија во која се зборуваат 46 јазици

Filed under: Office — Tags: , , — @ 9:08 am

Во канцелариите на Гугл во Даблин се вработени лица од 38 и се зборуваат 46 јазици, што ја прави една од најукатните во регионот.

Но тоа не е единствениот адут. Канцеларите се речиси перфектно уредени за да работникот работи и ужива.

Вработените имаат и теретана, билијард маси и уште многу други релаксирачки игри и катчиња…

На располгање имаат и бесплатна храна подготвена специјално за нив и многу пиво во Ирскиот паб кој се наоѓа во самата зграда.

 

August 1, 2014

(Галерија) Канцеларија со поглед: Каде работи екипата на Time.mk?

Новите канцелари на Time.mk од пред неколку месеци се во нови простории.

Екипата на овој агрегатор на вести, работи на шести кат во зграда во строгиот центар на Скопје, близу Соборниот храм.

Позицијата и висината на станот им отвара еден сосема друг хоризонт. Имаат канцеларија со поглед. Ретко кој вработен кај нас има таква можност. Ретки се работодавците што мислат и на тоа.

„Вработените имаат одлични услови за работа. Сметам дека условите за работа се повеќе од битни“, вели Игор Трајковски, сопственикот на Time.mk.

Бидејќи работи и како професор, кога е на распуст секојдневно оди во канцеларија.

“Кога не сум на факултет обично доаѓам во 10 наутро и останувам до пет-шест часот. Не се брзаме да си одиме дома. Убаво ни е овде. Имаме се што ни треба, а кафанчињата во Дебар маало ни се блиску…„, вели Трајковски.

Трајковски решил да не прави посебна канцеларија за него, ниту пак да го користи досадниот „океан систем“ (работниците поделени со прегради). Сите се на едно место.

„Ваквиот начин е одличен за квалитетна комуникација“, вели Игор.

Од предметите во канцеларијата на „прва„ ќе ги приметите убавите екстрамодерни компјутери на Apple – iMac, и гитарата. На неа свират Мартин и Јован.

Тука е и пигвинот, кој е маскота на Убунти, серверот кој го користи Time.mk.

Ќе ги приметите и многубројните цвеќиња, кои се подароци од нивни пријатели за новата канцеларија.

За релаксација ја играат јапонската игра Го.

„Ова е последна игра во која луѓето се уште можат да ги победат компјутерите. Потешка е од Шах, има многу повеќе комбинации…,„, раскажува Игор.

Канцеларијата ја има уредено архитектот Драгица Николовска, нормално со сугестии на Игор.

Агрегаторот Time.mk кој стартуваше во јули 2008 година, денес важи за една од најпосетуваните веб страни во земјава.

За неговата популарност зборува и следната статистика: во септември 2008 година, веб страната имала 1.500 кликови дневно, а денес има над 5.5 милиони посети месечно или 200.000 во работните денови и 140.000 во неработните.

Освен на македонски јазик, агрегаторот Time.mk собира вести и од регионот, па има и верзија на словенечки, албански, хрватски, српски и бугарски јазик.

Time.mk, има свои локални домени во Србија, Словенија и Албанија.

July 23, 2014

Како изгледаат канцелариите на Скајп?

Filed under: Office — Tags: , , — @ 7:48 am

Сигурно многумина од Вас секојдневно го користат Скајп за комуникација секојдневно.

Дали некогаш сте се запрашале кој стои зад оваа бесплатна алатка и како изгледаат канцелариите на Скајп?

Ако е така, еве Ви одлична можност да го дознаете и тоа.

July 8, 2014

Канцеларијата на Васе Митев, првиот човек на струмички Грозд

Еден од највпечатливите предмети во канцеларијата на Васе Митев, доминатниот сопственик на Грозд АД, Струмица, кој веднаш ќе го забележите е малата склуптура на лубеница од која излегува рака која држи струмичка мастика.

Приказната за оваа склуптура оди вака:

„Во Струмица секоја година се одржува познатата Струмичка колонија, која трае околу еден месец. Доаѓаат уметници од целиот свет. Манифестацијата е стара над 50 години. Еден од учесниците пред неколку години беше и американецот Џон Бакли, мислам дека беше од Њујорк. Грозд со години е спонзор на оваа манифестација, па освен освежителниот пијалок „Струмка“, на учесниците им беше достапна и нашата мастика. Бакли 18 дена пиел мастика нон-стоп, а се трезнел со лубеница, па пак се „фајќал“ за мастика. На 19. ден сфатил дека нема ништо изработено, па од личното искуство добил инспирација и така настанала склуптурата„, раскажува Митев.

Во канцеларијата, за чиј изглед се погрижил архитектот на компанијата, Митев е 12 години.

„Нормално во уредувањето помагав и јас“, вели Митев.

Впечатливо е што ѕидовите на неговата канцеларија ги красат убави македонски слики, кои биле преставувани на Струмичката колонија или како што вели Митев: „сликите се овде на чување„.

Неговата канцеларија е преполна со разни признанија и награди за успехот на веќе добро познатите „Струмка“ и „Струмичка мастика“, но и на новиот производ на компанијата од пред неколку години-виното.

Тука се и многубројните подароци од пријатели и соработници.

Митев вели дека поминува многу време во канцеларијата.

„Работам кажи речи секој ден не помалку од 12 часа“, вели Митев.

June 11, 2014

Комбинација на дрво, тули и шишиња, канцелариите на Кока Кола во Лондон

Канцеларите на Кока Кола во Лондон се вистински дизајнерско ремек дело. За дизајнирање на овие канцеларии беше ангажирано студиото MoreySmith.

Во комбинација од дрво, тули и шишиња во различни бои, елементите во канцелариите се во препознатливиот стил на еден од најпознатите брендови во светот.

June 5, 2014

Канцелариите на Твитер ја потикнуваат креативноста

Се повеќе големи компании, вклучувајќи го и Твитер, им овозможуваат на своите вработени динамичен простор за работа кој е визуелно привлечен и ја поттикнува продуктивноста и креативноста.

Главните канцеларии на Твитер, лоцирани во Сан Франциско, Калифорнија, се наоѓаат во историски згради од 1937 година со Арт Деко стил.

Канцелариите се исполнети со светлина и отворен простор за работа, ѕидови и мебел во различни бои, но со акцент на сината како заштитен знак на Твитер.

Овој простор е пред се осмислен за вработените да се чувствуваат пријатно.

Освен канцелариите и собите за состаноци, тука има и студио за јога и фитнес, соба со игри, голем кафе бар и полуотворена градина на кровот.

Постари вести »

Powered by WordPress