January 6, 2015

(Галерија) Фаталните убавици од времето на Југославија

Оние кои што живееле “во времето на Југославија” добро знаат дека во овој период на јавната сцена имало неколку убавици за кои многумина денес коментираат дека биле секс симболи на тоа време, убавици кои што го имале светот под нозете.

Во продолжение, вие помладите, дознајте нешто повеќе за овие убавици, а оние кои што имале можност да живеат “во нивното време”, само потсетете се на нивната убавина и погледнете како тие изгледаат денес.

Оливера Катарина


Фатална жена, актерка, пејачка која што жените ја мразеа, а мажите буквално ја обожаваа!

Шефот на српските комунисти, Дражо Марковиќ бил слаб на две нешта, јагнешко месо и убави жените. Така, додека Оливера пеела, тој со подзината уста ја следел!

Родена е во 1940 година во патријархално семејство, а растела со својот стар татко, па затоа одвај чекала да наполни 18 години и да може да си замине од дома. Заминала во Париз, но по одредено време се вратила во Белград и се запишала на глумачка академија.

Буквално, преку ноќ, таа се омажила за новинарот Вук Вуч, а кога тоа го слушнал, актерот Милош Жутиќ, кој со години бил вљубен во неа, се отрул и одвај преживеал. Бракот на Оливера и Вук траел две години.

На возраст од дваесет и две години започнала врска со Ратко Дражевиќ, известувач на Тито и филмски продуцент. Седум години со него живеела на висока нога во светските метрополи.

Со улогата во филмот ”Sakupljači perja” во 1967 година, Дражевиќ од неа направил ѕвезда по која полудела, како Југославија, така и цела Европа.

Со својата појава и глас оваа девојка го привлекла и самиот Салвадор Дали кој буквално се поклонил пред нејзината убавина. Цели 72 дена, секој ден по ред, Оливера ја полнела најпознатата концертна сала во Париз, “Olimpia”.

Затоа што Ратко не сакал деца, Оливера го напуштила. Се омажила за тогашниот градоначалник на Белград, Миладин Шакиќ и со него го добила синот кој денес живее во Шпанија.

Потоа, жената по која мажите умирале, целосно се повлекла од јавноста и за неа речиси ништо повеќе не се зборувало. Најубавата жена во поранешна Југославија како да пропаднала во земја.

Во јавноста таа повторно се појавила дури во 2008 година, со улогата во филмот “Čarlston za Ognjenku”. Оттогаш таа постојано полни концертни сали, иако денес е само сенка од убавицата која што некогаш била.

Беба Лончар

Филмот ”Ljubav i moda”, снимен во Белград во 1960 година, претставувал пресврт во југословенскиот социјализам. Тогаш, за првпат во еден домашен филм биле претставени убави и млади луѓе кои безгрижно се сакаат, се развезуваат и се забавуваат. А ѕвезда на тој филм беше Беба Лоначар.

По премиерата на филмот, Југославија ја добила својата Бриџит Бардо. Сите биле заљубени во слатката Беба, а таа била заљубена во белградскиот плејбој Дејан Божовиќ. Во тоа време убавината била нешто што или го имаш, или го немаш, естетската хирургија не постоела, а актерките заработувале толку малку, што одвај имале пари за сапун.

Со оглед на тоа што убавината на Беба секогаш го надминувала нејзиниот актерски талент, таа добивала улоги во вторкласни филмови, а кога требала да ја добие “приликата на животот”, таа се искарала со режисерот и до соработка никогаш не дошло.

Долго време била во брак со бизнисменот Јосип Радељак, со кого го има синот Лео. Се развела во 1994 година, а тој подоцна се оженил со уште една прекрасна актерка – Ена Беговиќ. Беба Лончар денес живее во Белград и е повлечена од јавниот живот.

Бернарда Маровт

Во голем број на анкети, Бернарда била прогласена за најубавата мисица која што Југославија некогаш ја имала.

Таа едноставно била предодредена за успех – годишниот календар за 1982 година на магазинот”Start”, кој во социјализмот претставувал замена за Плејбој, поради сликите на Бернарда бил продаден во неверојатни 350.000 примероци.

Бернарда била одбрана за Мис Југославија на изборот во Загреб во 1982 година. Иако не поминала во првиот круг за Мис Хрватска, затоа што жири комисијата имала некои други фаворити, таа се појавила на натпреварувањето наместо Мис Косово, која се откажала.

Иако на изборот за Мис на свет во Лондон била дискредитирана поради разголените фотографии објавени во рамките на календарот, дури 30 фотографи од најразличнид елови на светот ја прогласиле за Мис фотогеничност и ја доделиле титулата за најфотогенична девојка во светот. Била прогласена за топ модел на Италија и Европа, а при врвот од својата кариера, таа заработувала и по 3.000 долари дневно.

Ана Сасо

Една од најубавите мисици на поранешна Југославија, но многумина ја паметат по рекламата за сокот ”Pipi”, кога таа излегува до море облечена во тесна блуза која ги открива нејзините бујни гради.

Ана е родена во 1963 година, а станала позната додека како хостеса на Сплитскиот фестивал на забавни мелодии, се пријавила за изборот на најубава Југословенка. Ниту една друга немала шанси покрај неа, па во 1982 година Ана ја добила круната и заминала во Лондон.

На светскиот избор поминала одлично и од вкупно 68 девојки, таа влегла во полуфиналето заедно со уште други седум светски убавици. Потоа ја снимила славната реклама.
Светската слава и била на дофат на рацете, меѓутоа таа ги одбивала сите понуди и се омажила за сопственик на неколку сплитски пекари. Нивната врска била турбулентна, а љубоморниот сопруг ја тепал дури и во јавноста.

По разводот, Ана Сасо била во врска со тогашната ѕвезда на Хајдук, Игор Штимца, но извори блиски до парот тврделе дека ниту со него не пронашла среќа затоа што и тој бил агресивен.

Од 2001 до 2004 година била во брак со Игор Францеш, рибар и правник, со кого се развела поради неговото постојано неверство. Целиот свој живот таа повторува една иста реченица, а тоа е дека”На убавите жени им приоѓаат погрешни мажи”. Таа всушност е и жив доказ за ова тврдење.

Марија Бакса

Во Белград Марија Бекса живеела речиси во исто време како и Беба Лончар. Тогашните медиуми постојано ги споредувале, сакајќи да создадат ривалитет помеѓу нив, меѓутоа тие две биле чиста спротивност.

Додека Лончар била нежна, речиси кршлива, Марија Бекса важела за она што денес би се рекло “човек ипол”. Со раскошната убавина, која не ја криела туку напротив, со ставот и изборот на гардероба дополнително ја нагласувала, таа практично себе си се препорачувала за улогите на т.н. слободни жени, кои што во југословенските филмови ја откриле магијата на прикажувањето на женското тело.

На филмското платно дебатирала на дваесет и едногодишна возраст, во филмот ”Bokseri idu u raj”, со симпатична улога, додека во 1971 година блеснала со сиот свој сексапил во контроверзното остварување на Јоце Јовановиќ, филмот ”Mlad i zdrav kao ruža”.

Станува збор за филм во кој што таа ја толкувала главната улога – проститутка која што се вљубува во возач на такси.

Во седумдесеттите години заминала во Италија, каде што снимала второкласни филмови. Поради својот изглед таа добивала брачни понуди од сите страни, од бројни познати богаташи, меѓутоа таа сите ги одбивала.

Во осумдесеттите години се вратила во Југославија, појавувајќи се во телевизиската серија”Kiklop“, а потоа и во филмот ”Davitelj protiv davitelja”. Потоа се повлекла од јавниот живот и денес живее во Рим.

December 5, 2014

Во Македонија се уште се разговара на телефон од кабина

Filed under: Ретро — Tags: , — @ 9:16 am

Повозрасните генерации сигурно се уште се сеќаваат на времињата без мобилни телефони, кога низ Скопје и другите градови од земјава имаше телефонски говорници, како и кога за вртење во странство мораше да се посети поштата каде имаше специјални кабини, а импулсот беше нешто поевтин отколку вообичаениот.

C4268D8DE33B0440ACFF60DEE5D5B6DB

Тоа не беше толку одамна, само до пред дваесетина години.

Иако денеска има различни алатки за бесплатни разговори преку Интернет, како што е на пример „Вајбер“, во земјава се уште има граѓани кои плаќаат за да разговараат од кабина.

Тоа го потврдуваат и статистичките бројки од кои може да се забележи дека полека исчезнува генерацијата што воопшто не користи Интернет и можеби не знае дека технологијата нуди разлчни можности за намалување на трошоците.

Според бројките на ДЗС, ако во 2008 година во земјава имало околу 1.089.000 разговори од кабина, оваа бројка во минатата година паднала на 157.000 разговори.

November 20, 2014

(Видео/фото) Ивет од култното “Ало, ало“ денес

Filed under: Ретро — Tags: , , — @ 5:39 pm

Вики Мишел (63), која на сите ни е позната како секси келнерката која и го украде мажот на мадам Едит, учествува во австралиското реално шоу “I’m A Celebrity…Get Me Out Of Here!”, налик на “Survivor” за познати.

Од завршувањето на снимањето на серијата “Ало, Ало” помина повеќе од 20 години, а Ивет Карт Бланш веќе не е млада. Сепак, некогашната секси келнерка покажа дека и тоа како добро “се држи”, во седмата деценија.

Како изгледаше на времето потсетете се ОВДЕ.

 

November 16, 2014

(Галерија) Најдобрите фраери од бивша Југославија

Ве потсетуваме на 10 мажи за кои младите Југословенки сонувалe и со чии постери растеле, по кого трчале и воздивнувале…

ДРАГАН НИКОЛИЌ – српски актер

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

ФРАЊО ЛАСИЌ – хрватски актер и пејач

g2

ДАРКО РУНДЕК – хрватски музичар

g3

ЗДРАВКО ЧОЛИЌ – пејач

g4

НЕБОЈША БАКОЧЕВИЌ – српски актер

g5

ГОРАН БРЕГОВИЌ – музичар

g6

ИГОР ПЕРВИЌ – српски актер

g8

ИВО ПОГОРЕЛИЌ – хрватски пијанист

g9

НЕВЕН БОШКОВИЌ – српски манекен

g90

ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ – српски актер

g09

 

November 2, 2014

(Фото) Тајчи денес: Некогаш Мерлинка, денес пее духовни песни

Првиот настап го имаше во 1987 година на Загреб Фест, со песната „Ноќ од кристали“. Во 90-тите години на минатиот век нјејзините хитови беа меѓу најпопуларните песни во поранешна Југославија. Татјана Матејаш Камерон (44) денес живее во Лос Анџелес и се занимава со духовна музика.

Стана секс-симбол и инстант ѕвезда со песната „Хајде да лудујемо“ а потоа и со песната „Мој мали је опасан“. Симпатичната русокоса пленеше на сцената.

Хитот „Хајде да лудујемо“ и донесе во 1990 година победа на Југовизија. Ја нарекуваа домашна Мерилин Монро и Барбика. На песната за Евровизија во Загреб го освои седмото место.

По албумот „Бубе у глави“ и почетокот на војната во поранешна Југославија, Тајчи се пресели во САД. Таму го запозна пијанистот и композитор Метју Камерон, за кого во 2000 година се омажи, мајка е на три сина.

Деновиве се огласи на Фејсбук каде напиша:

„Бев згодна, талентирана и вредна деветнаесетгодишна девојка со големи соништа и со секогаш отворено срце.“

October 31, 2014

(Галерија) Како изгледаа Југословенките на плажа?

Filed under: Ретро — Tags: , — @ 9:02 am

Како изгледаа посетителите на Јадранот во средината на 80-тите со својот објектив забележал фотографот Феџа Кларич. Оваа галерија фотографии е прекрасен потсетник на модата во тоа време, кога мажите носеа „спидо“ гакички, а девојките бикини подигнати високо на куковите, пишува порталот „Бука“.

October 26, 2014

(Галерија) Како изгледал Дизниленд кога се отворил во 1955 година?

Filed under: Ретро — Tags: , , , — @ 10:50 am

Дизниленд ги отвори портите за своите посетители летото 1955 година.

Илјадници луѓе дојдоа да го видат најсреќното место на планеата земја.

Тогаш беа пуштени во продажба 11 илјади влезници, а на отворањето доше повеќе од 28 илјади луѓе.

October 25, 2014

“Нови фосили“ со проштални концерти одат во историјата

Една од најпопуларните поп групи на подачјето на поранешна Југославија, „Нови фосили“ одлучи да се прости од својата публика во регионот, а тоа ќе почне да го прави од денеска, со концертот во големата сала на Сава центарот, во Белград.

„Љубов која нема крај“ е насловот на приказната со која, сепак, ќе дојде до крајот на долгогодишната љубов меѓу „Нови фосили“ и нивната најверна публика, наведуваат организаторите на концертот.

Групата во следната една година ќе се прости од своите пријатели ширум регионот со серија концерти, а почетокот на турнејата е токму во Белград, каде имале некои од најуспешните и најголемите концерти.

October 23, 2014

(Фото) Бошко Буха остаре

По филмот „Бошко Буха” од 1978 година немаше човек во Југославија што не го знаеше легендарниот партизански бомбаш.

Детето што го глумеше Бошко Буха е Иван Кујунџиќ, кој после тоа не сними ниту еден филм!

За разлика од своите колеги во филмот, како Драган Бјелогрлиќ и Ненад Ненадовиќ, Кујунџиќ не продолжи да се бави со глума и денес работи како спикер на хрватското радио. Во медиумите се појавува понекогаш, кога некој ќе се сети дека тој бил славниот Бошко Буха.

Вака изгледа сега партизанскиот херој.

October 8, 2014

Приказната за подемот и падот на Југотон

Фабриката за плочи „Југотон“, чија западна популарна култура беше едно од најспецифичните обележја на социјалистичка Југославија, наскоро накратко ќе заживее преку музејската изложба „Источно од рајот“.

Околу полувековната свирка на „Југотон“ не се вртеа само до пет милиони грамофонски плочи годишно, туку со нив и целата галаксија на популарната култура и се’ друго што го сочинуваше или го придвижуваше под нејзината површина соодветното производство: списанија, радио и телевизиски емисии, музички фестивали, концерти, хемиска индустрија, производство на грамофони…

Стануваше збор за едно од најуспешните социјалистички претпријатија, кое ги искористи предвоените традиции на првата фабрика на плочи во овој дел од светот и неподмитливите пазарни трендови на Запад. Всушност, тоа беше успешен експеримент на вгнездување на потрошувачкото општество во скромниот социјалистички поредок, кој со текот на времето потполно ќе го смени својот предзнак. Првата голема јавна валоризација на улогата на оваа фабрика за плочи во развојот на популарната култура во Хрватска се очекува преку изложбата „Југотон – источно од рајот“, која ќе биде отворена кон крајот на октомври во Техничкиот музеј во Загреб.

„На изложбата и’ претходат културни истражувања и разговори со истакнати учесници во историјата на ’Југотон’, а е проследена со сеопфатна публикација чии податоци се наведени во текстот. Ќе бидат претставени разни аспекти на животот на ’Југотон’, вклучувајќи ја визуелната и поп-култура, технологијата на производство и архитектурата на дискографската куќа“, објаснува Сања Бахрах-Криштофиќ, која заедно со Марио Криштофиќ е автор на изложбата преку нивната уметничка организација „Култура на уметноста“.

„Техничкиот музеј, кој е партнер на ’Култура на уметноста’, е заинтересиран за изложбата бидејќи го контекстуализира техничкото наследство“, вели директорката Маркита Франулиќ. Техничкиот музеј ќе ја изложи комплетната технолошка линија на производство на плочи.

Во публикацијата, која го поминува последното редактирање пред печатење, се истакнува дека созревањето на популарната музика не било случајно ниту стихијно, туку дека „Југотон“ бил резултат на партиската политика, која по судирот со Информбирото бараше нова социјалистички пат и идентитет.

Партиски поп

„Партиските лидери сфатија дека забавната музика, бидејќи е меѓународна, младешка и модерна, е успешен медиум на изградба на културен и политички идентитет, особено во држава која е поделена со различни култури“, вели историчарот Деан Вулетиќ.

„До 1948 година КПЈ во ’Југотон’ и’ даваше предност на народната и сериозната музика, но во педесеттите години партијата бараше поголеми инвестиции во производството на популарната музика и ја вклопи популарната музика во нејзината културна политика. Таа културна политика ја отвори Југославија за западните културни влијанија, потврдувајќи ја разликата наспроти комунистичките земји од Источна Европа и барајќи западна поткрепа поради источноевропската блокада по судирите со ИБ-то“, објаснува Вулетиќ.

Следната година, членот на партиската елита Едвард Кардељ бараше да се произведе повеќе домашна музика со оглед на влијанието на странските шлагери, па во 1956 година „Југотон“ го отфрли производство на различни стоки и целосно се посвети на производство на грамофонски плочи.

Меѓу социјализмот и популарната музика се разви трајно пријателство, па дури и со нејзините најпровокативни форми, рок и панк. Во прилог на тоа тврдење, долгогодишниот уредник во „Југотон“, Синиша Шкарица, ја издаде „Белата книга“ на Стипе Шувар, која ги опфаќа сите тогашни непријатели во културата и уметноста, и утврдува дека во неа нема ниту еден поп или рок-музичар. Меѓутоа, Шкарица истакнува дека дискографските куќи како „претпријатија од посебна општествена важност“, имале свои механизми во контрола на евентуално неповолните.

Западно работење

За тоа како добро му одеше на „Југотон“ сведочи податокот дека од 1956 до 1961 година неговиот профит се зголеми 16 пати, па сам можеше да финансира изградба на нова фабрика во Дубрава, во која се пресели во 1963 година и која имаше капацитет од 10 милиони плочи во година.

„Паралелно, не треба да се заборави ни она што ’Југотон’ му го даваше на својот работен народ: на 35 илјади квадратни метри во загрепска Дубрава. Покрај модерни фабрични погони и тонско студио во соседниот ’Јадран филм’, имаше простории со трпезарија, гардероба со тушеви, уредени патеки и терен за мал фудбал, докторска и стоматолошка амбуланта, превоз со фабрички автобус, итн.

Во почетокот, најпродаваните плочи на ’Југотон’ станаа песни на првиот Опатиски фестивал во 1958 година, а песната што победи, на Иво Робиќ и Зденка Вучковиќ – која од ’Моја мала дјевојчица’ беше наречена ’Тата купи ми ауто’ – зборува за желбата за потрошувачко општество“, истакнува Вулетиќ.

Во седумдесеттите и осумдесеттите години, со плочите на Мишо Ковач, „Нови фосили“, Здравко Чолиќ и други, и новите хитмејкери Рајко Дујмиќ, Зринко Тутиќ и Тончи Хулјиќ, „Југотон“ бележеше дискографски успеси кои се изразуваа во стотици – три, четири, па дури и повеќе од пет – илјади примероци.

Во најголемите домашни попрок-изведувачи се вбројуваа, покрај составите од новиот бран „Азра“, „Филм“, „Хаустор“, „Идоли“, „Шарло акробата“ и „Електрични оргазам“, групи и изведувачи како „Парни валјак“, „Аеродром“, „Леб и сол“, „Плави оркестар“, Зана, Оливер Мандиќ, Ѓорѓе Балашевиќ и други.

Апсолутен рекордер во тиражите беше Даниел Поповиќ со албумот „Био сам наиван“ во 1983 година, кој до крајот на осумдесеттите години беше продаден во 717.166 примероци!

Деловниот успех подразбираше остварување на законот за пазарно производство, посебно развој на дизајн и маркетинг. „Југотон“ собираше врвни стрип-цртачи, сликари, дизајнери и фотографи.

Вељко Деспот, долгогодишен уредник на странски изданија, кој, како што вели, на многумина им отворил прозорец кон чудесниот свет на популарната музика, се сеќава дека „Југотон“ во еден момент имал договори со повеќе од 70 странски издавачи, и дека во својата работа се водел од уметничките и комерцијални вредности кои преовладувале меѓу нив.

Развојот го донесе – развојот го уби

Првиот уредник, Перо Готовац, се сеќава на првите работни години, и вели дека воопшто не биле гламурозни. Многу соработници не се задржувале долго време во „Југотон“, бидејќи очекувале порелаксирана работа. Готовац по 17 години работа отиде во театар. Меѓутоа, за Деспот, чии изданија од околу 1,5 милиони странски плочи сочинуваа добра третина од годишното производство, тоа беше „најубавата работа во светот“.

Иако се сметаше дека популарната музика е црвот во јаболкото на социјализмот, со формалното воведување на капитализмот се совпадна губењето на пазарната улога на „Југотон“, а набргу потоа го загуби и доброто име. Во 1990 година го смени името во „Кроација рекордс“, а потоа се приватизираше. Но, она што го уби „Југотон“ не е ниту социјализмот ниту капитализмот, туку, според Шкарица, техничкиот напредок.

„Цедеата како вирус ја уништија класичната дискографија. Една година откако го издаде првото цеде – на евровизискиот победник ’Рива’, ’Југотон’ умре“, вели Шкарица и додава: по целосна демократизација на дискографијата и употребата на медиумите во кои „новите деца“ можат да прават се’ што сакаат, не ни останува ништо друго освен да го признаеме поразот пред напредокот.

(Пренесено од Јутарњи лист)

 

Постари вести »

Powered by WordPress