January 14, 2015

Балетската претстава „Самсон и Далила“ ќе се одигра во петок

Filed under: Баш ни е ќеф — Tags: , , — @ 10:57 am

Балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс ќе биде изведена во МОБ, во петок во 20 часот.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ, додека во насловните улоги ќе настапат: Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Мирјана Поп Алексова-Атанасовска, Месо: Ќе ја толкува Бобан Ковачевски, Зло: Олга Панго.

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

January 12, 2015

Раде Силјан доби награда во Молдавија

Раде Силјан е добитник на Наградата за поезија за 2014 година на списанието „Литература и уметност“, орган на Сојузот на писателите на Република Молдавија.

SILJAN MEGUNARODNA NAGRADA

 

На познатиот македонски поет и литературен критичар признанието му е доделено за поетската книга „Сенка на векот“, која минатата година во Кишињев беше објавена на романски јазик во престижната едиција „Пегаз“ на гласилото на молдавските писатели.

Во образложението за наградата посебно се нагласува конзистентноста на поетската книга, свежината и оригиналноста на поетскиот јазик, како и универзалните лирски пораки  проткаени со длабоки филозофски промисли.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Без знаeње, посветеност во работата и љубов нема успех

January 9, 2015

Револуција: Откриен антибиотик кој ги убива и супербактериите

Научниците откриле нов вид антибиотик кој може да убие широк спектар опасни и отпорни бактерии, прв во последните 30 години, пишува Лајв сајенс.

Во лабораториските експерименти, бактериите не развиле отпорност кон новиот лек, наречен тиксобактин (texiobactin), и многу е возможно.

„Тиксобацин е лек кој ветува. Многу е ефектен пторив отпорните патогени во неколку случаи на инфекции кај животни“, напишале научниците во својот извештај.

Проблемот со бактериите кои се отпорни на антибиотици се сериозна животна закана, и наоѓањето нови антибиотици е многу тешка работа.

Постоечките методи за изолација на супстанци од бактериската култура обично издвојуваат само антибиотици кои се веќе во употреба, се истакнува во студијата.

Меѓутоа, во овој случај истражувачите развиле нови методи за наоѓање антибиотици. Тие проучувале 10.000 синџири на бактерии кои живеат во почвата, и ги одгледувале во природна средина.

Потоа ги изолирале супстанците што ги направиле бактериите и ги тестирале врз бактериите што ги предизвикуваат болестите.

Новооткриениот антибиотик, тиксобактинот, бил една од супстанците. Во експериментите врз глувци, научниците докажале дека овој антибиотик ги лечи животните инфицирани со бактерии како Микобактериум туборкулосис, која ја предизвикува туберкулозата, Стафилококус ауреус, која ја инфицира кожата и останатите ткива на луѓето. Некои видови од воие бактерии се веќе отпорни на голем број антибиотици, што го отежнува лекувањето на луѓето.

„Иако е сѐ уште во првичните фази на истражувањата, откритието на новите видови антибиотици е добра вест. Развојот на новите антибиотици стагнираше во последните децении, додека отпорноста на постоечките антибиотици стана сериозна закана за човечкото здравје“, кажал британскиот научник д-р Ричард Сибрук кој не бил дел од истражувачкиот тим.

Премиера на документарниот филм за Мајка Тереза

Во понеделник 12 јануари во 17.45 на МТВ 1 премиерно ќе се емитува првиот од четирите дела на документарниот филм посветен на Мајка Тереза со наслов “Тереза и Јас” во режија на Теона С. Митевска. Документарниот филм е направен во копродукција со Македонската национална телевизија, и е составен од четири дела кои ќе бидат прикажани ден по ден од понеделник до четврток во истиот термин.

„Сестри и Брат Митевски“ беше една од навистина ретките продуцентски куќи кои за потребите на ова снимање добија посебна дозвола од сестра Према, наследничката управител на редот на Мајка Тереза и ни беа отворени вратите на нивниот ред, живеалиштата, приемните центри и домовите. Од редот воспоставен од Мајка Тереза, Сестри на Милoсрдието, екслузивно за овој документарен филм, добиени се интервјуа со најстарите членови на редот, сестри кои биле првите кои застанале зад идејата на Мајка Тереза и и се посветиле на борбата против бедата и мизеријата. Ексклузивни се и снимките од голем број на домови и прифатилишта каде досега никогаш не било дозволено да се снима како првиот основан дом Калигат, Домот на Смртта како што го нарекла Мајка Тереза.

Документарниот филм зборува за животот на Мајката Тереза, со извонредни и пред се крајно искрени интервјуа кои ја откриваат ова неверојатна жена која доаѓа од Македонија и го објаснуваат нејзиното дело и оставштина. Филмот зборува за нејзината посветеност, за нејзините дилеми, за нејзината упорнот, за нејзината енергичност, за нејзината неверојатна храброст. Материјалот содржи и критички гласови и објективен пристап кон грандиозното животно дело на оваа жена со неверојатна енергија и посветеност и ни овозможува да ги согледаме значењето и влијанието кое таа сеуште го има.

Документарниот филм е сниман во Индија, во Калкута и во Дарџелинг, во Ватикан и во Македонија. Директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сен Мартен, (Индија и Македонија) Антоан Белан (Ватикан) и Дејан Димевски (Македонија). Оргинална музика е на Владимир Каевски, а користени се и траки од Мизар.

January 5, 2015

(ФОТО) Модни празници со „Божиќна приказна“ на ателјето „Ал Апарел“

bozikna prikazna 2„Божиќна приказна“ е името на најновата колекција претставена низ лукбук на модното ателје „Ал Апарел“ досега препознатливо по венчални фустани. Наташа Карчева која веќе девет години ја потпишува етикетата на „Ал Апарел“ и најчесто креира венчални фустани и вечерни тоалети, овојпат лансираше сосема поинаква колекција претежно составена од коктел фустани, палта и комбинезони.

„Божиќна приказна“ е составена од 22 креации во црна,бела, бебешко розова,зелена, црвена и сива боја со рачно изработени детали од тимот на„ Ал Апарел“.Модните парчиња ги носи манекенката Ивана Гелева од модната агенција „Подиум“, за шминката и фризурата се погрижи Зорица Николова а фотографиите и видеото ги изработи Марина
Трајковска.

bozikna prikazna 3Ателјето „Ал Апарел“ пошироката јавност го запозна со колекција на венчаници и вечерни тоалети на „The Bridal fashion night“ кој за прв пат се одржа во февруари минатата година.

Колекцијата „Божиќна приказна“ е веќе достапна во ателјето на ул. Вељко Влаховиќ бр.20 (спроти гимназијата „ Јосип Броз Тито“) во Скопје.

January 3, 2015

„Што сонуваше Дедо Мраз“, роман за деца и за сите што сакаат да сонуваат

По повод претстојните новогодишни празници, издавачот Либи (дел од Арс Ламина публикации) издаде роман за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска.

Модерна бајка за децата на едно многу помодерно време, освежително пишувана во стил што рутински се надоврзува на сите моментни светски трендови, „Што сонуваше Дедо Мраз“ го соочува најсаканиот новогодишен лик со предизвиците на новата ера и се обидува да даде одговор на досега речиси неистражените прашања: што се случува со неговиот свет во време кога наместо класична, децата користат електронска пошта, кога од свет на чудата и фантазијата, нашиот станал свет на бизнис-зделки и материјална заработка, кога меѓу самиот Дедо Мраз и неговиот син постои опиплив генерациски јаз.

Со подновени алишта, осовременет и во кругот на едно сосема ново семејство, Дедо Мраз од приказната на Билјана Црвенковска е впуштен во една постмодерна авантура во која игривите алузии и метанарации ниту за миг не ја загрозуваат трогателната порака на авторката на книгата: нејзиното грижливо и топло „Да, сè уште постои“ писмо до сите оние кои наивно веруваат дека комерцијализацијата на меѓусебните човечки односи ги засега и најинтимните и најнежни детски сништа.

Билјана Црвенковска е магистер по филозофски науки, преведувач и уредник. Автор е на книгата „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе трудови, меѓу кои и „Филозофија на неискажливото: обид за разјаснување на Семиотиката на Тишината кај Бекет“ и „Апсурдот и антиутопизмот во драмите на Коле Чашуле“. Ова е нејзин прв роман за деца.

Ова е прв домашен роман во издание на детскиот импринт Либи, дел од Арс Ламина публикации, и го означува стартот на детските изданија од оваа издавачка куќа. Како дел од ова портфолио веќе се во продажба првите едукативно-забавни боенки, а во најава се уште многу други детски наслови и изданија.

Промотор на книгата беше доц. д-р Владимир Мартиновски.

Романот е достапен на Литература.мк, како и во сите поголеми книжарници и маркети.

December 30, 2014

Промоција на романот „Што сонуваше Дедо Мраз“

Романот за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска денеска ќе биде промовиран во Бугат Бистро во Скопје Сити Мол.

Модерната бајка за децата на едно многу помодерно време, го соочува најсаканиот новогодишен лик со предизвиците на новата ера и се обидува да даде одговор што се случува со неговиот свет во време кога наместо класична, децата користат електронска пошта, кога од свет на чудата и фантазијата, нашиот станал свет на бизнис-зделки и материјална заработка, кога меѓу самиот Дедо Мраз и неговиот син постои опиплив генерациски јаз…

Со подновени алишта, осовременет и во кругот на едно сосема ново семејство, Дедо Мраз е впуштен во една постмодерна авантура во која игривите алузии и метанарации ниту за миг не ја загрозуваат трогателната порака на авторката на книгата „Да, сè уште постои“ писмо до сите оние кои наивно веруваат дека комерцијализацијата на меѓусебните човечки односи ги засега и најинтимните и најнежни детски сништа.

Билјана Црвенковска е магистер по филозофски науки, преведувач и уредник. Автор е на книгата „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе трудови, меѓу кои и „Филозофија на неискажливото: обид за разјаснување на Семиотиката на Тишината кај Бекет“ и „Апсурдот и антиутопизмот во драмите на Коле Чашуле“. Ова е нејзин прв роман за деца.

Промотор на романот, во издание на Либи, дел од Арс Ламина публикации, ќе биде ќе доц. д-р Владимир Мартиновски.

December 29, 2014

Македонски уметници во Аргентина и Чиле

Македонски уметници учествуваат на 4. Меѓународното биенале на современата уметност кое од 12 декември годинава се одржува во Мар дел Плата во Аргентина.

Изложбата од 31 јануари до 29 март 2015 ќе биде проширена со дополнителни проекти и пренесена во Валпараизо, познат туристички центар на пацифичкиот брег на Чиле.

Република Македонија е претставена со уставното име, со видеоделата  „Мировен ѕид” на Нада Прља, „Опседнат простор” на Јане Чаловски, „Вечно тело” на ОПА (Слободанка Стевчевска и Денис Сарагиновски) и „Излез” на Жанета Вангели.

Куратор на изложбата насловена „Град од соништата” е историчарот на уметност Зоран Петровски, кој е поканет од уметничкиот директор на Биеналето, Масимо Скаринџела и од координаторот Мирослав Поповиќ, македонски историчар на уметноста кој привремено живее во Буенос Аирес.

Насловот  го тематизира градот денес поставен меѓу неговата утописка и катастрофична егзистенција, однесувајќи се делумно на искуствата со постземјотресното Скопје. Концепциската рамка предложена од италијанскиот селектор и куратор Масимо Скаринџела е насловена „Контрасти и утопии” и содржи теми кои ги истражуваат проблемите на современите општества од културен, социјален, амбиентален и еколошки аспект.

На изложбата учествуваат вкупно 150 уметници распоредени во неколку посебни тематски изложби осмислени од група италијански куратори, потоа во централната изложба „Италијанска перспектива”, курирана од Масимо Скаринџела, во националните презентации на уметници од 27 земји вклучувајќи ја и Македонија како и во два посебни колатерални настани, од кои едниот е перформансот „Motor Vehcle Sundown” на познатиот американски уметник Џорџ Брехт.

 

Изложба на археолошки пронајдоци од 2014 година

Во Археолошкиот музеј на Македонија вечер ќе биде отворена „Археолошка изложба 2014“, каде ќе бидат претставени најзначајните и најкреативните археолошки пронајдоци ископани во текот на годината.

Изложбата ја организира Управата за заштита на културното наследство, а влучува повеќе од 1.000 артефакти од 11 археолошки локалитети, меѓу кои се богатата колекција од 405 монети на македонските кралеви од археолошката музејска збирка на Фиозофскиот факултет во Скопје. Ќе бидат поставени и двата штита од третиот век п.н.е. пронајдени на локалитетот Старо Бонче во близина на Прилеп, и репрезентативни монети и предмети од локалитетот Градиште, кај село Младо Нагоричане, кој прв пат с еископуваше годинава.

Поставката ги вклучува локалитетите Старо Бонче со гробницата од македонскиот тип од третиот век п.н.е., акрополата на Висока на врвот на Селечка планина, античката Билазора кај Свети Николе и Градиште – Младо Нагоричане. Ова група локалитети датира од раноантичкиот период, а кај некои од нив може да се сретнат и фази на живот од дуги порани и подоцнежни периоди.

Од римскиот период и од средниот век се застапени наоѓалиштата: Скупи кај село Злокуќани, Стибера – прилепско, Хераклеја Линкестидска, кај Битола, Стоби кај Градско, Баргала кај Штип, Цареви Кулу над Струмица, и прв пат Маркови кули на Водно.

December 27, 2014

„Џони Вокер“ ги избра десетте најуспешни мажи

Вчера во салонот на Ауди, се одржа настанот на кој Johnnie Walker ги прогласи десетте најуспешни мажи од нашето опкружување. Станува збор за личности кои се вистински професионалци во својата дејност, кои со своето однесување и висок морал се емитери на вистинските вредности. Оваа година за лица на годината се избрани:

1. Калин Бабушку-партнер во Macedonia Export
2. Виктор Доневски-маркетинг директор во ONE Telecom Slovenia
3. Агим Ибраими-фудбалер, ФК Марибор
4. Адем Карага-актер, директор на Албански театар
5. Златко Лазиќ,директор на Алфа Банка АД Скопје
6. Иван Новаковски-менаџер на меѓународно училиште НОВА
7. Стоја Павлески Баци-архитект, ко-сопственик на Stone Design
8. Арменд Рамадани-стилист, сопственик на Art Fashion
9. Филип Спасовски-сопственик на Polyesterday, Akzent Media, Image print Srbija, Data Print I PoliSolaris
10. Игор Стефановски- Иџе, рели возач

Johhnie Walker е добро познат синоним за статус и успех. Маркетиншката кампања Keep Walking и нејзиниот заштитен знак „Шетачот“ уште од 1821 година се симболи за чекорењето напред, постигнувањето успех и потрагата по прогресивни идеи.

Во овој дух, Гемак постојано се обидува да ги препознае успехот и успешните во својата околина, да им оддаде признание и да ги посочи како пример на идентификација на останатите.

Дел од овие активности е и настанот „Човек на годината“ кој се одржува секоја година и претставува препознавање на вистинскиот успех, како личен така и општ. Критериумите според кои се избираат личностите се: Издигнување во соодветната професионална околина над другите; Работа со позитивни ефекти врз заедницата кои делуваат мотивирачки врз околината; Квалитетни човечки вредности и морал; Активности преку кои Македонија се промовира и надвор од границите.

Настанот беше збогатен со соодветна музичко-сценска програма и интересна забава на која присуствуваа голем број личности од јавниот и естрадниот живот на Скопје.

Постари вести »

Powered by WordPress