January 15, 2015

Во кои земји луѓето пијат најмногу алкохол

Filed under: Беспарица — Tags: , , — @ 10:04 am

Неодамна Светската Здравствена Организација објави извештај за 15-годишно конзумирање алкохол на државите во светот , во кој победник е Белорусија.

Оваа држава со 9,5 милиони жители е позната како последната европска диктатура, која беше водена од Александар Лукашенко цели 20 години. Исто така е и единствената европска држава во која сè уште постои смртната казна, а во Европа е позната и како општество кое повеќе потсетува на остатоците од Советскиот Сојуз. Тоа се веројатно доволно причини за пиење алкохол.

Годишното конзумирање алкохол по глава на жител во Белорусија изнесува 14,37 литри, односно 4 пијачки по личност, секојдневно. Тоа е веројатно многу алкохол.

На второ место на оваа листа е Андора, каде може да се купи евтин алкохол.

Ова е листата на 25 држави , со податоци за конзумирањето по глава на жител:

1. Белорусија – 14.37

2. Андора – 13.31

3. Литванија – 12.9

4. Чешка – 12,69

5. Гренланд – 12.4

6. Австрија – 12.1

7. Ирска – 11.92

8. Франција – 11.7

9. Св. Луција – 11.6

10. Естонија – 11.36

11. Луксембург – 11.36

12. Германија – 11.12

13. Русија – 11.12

14. Словачка – 10.96

15. Португалија – 10.84

16. Унгарија – 10.78

17. Хрватска – 10.7

18. Полска – 10.7

19. Белгија – 10.57

20. Данска – 10.4

21. Австралија – 10.37

22. Бахами – 10.34

23. Словенија – 10.32

24. Велика Британија – 10.26

25. Бугарија – 10.2

January 14, 2015

Се зголемиле трошоците за здравствени услуги

Трошоците за здравје се зголемиле за 2,1 отсто, а за здравствени услуги за 2,2 отсто во декември 2014 година споредено со истиот месец во претходната година, покажуваат најновите податоци за индексите на трошоците на животот што ги објави Државниот завод за статистика.

Во овој едногодишен период, трошоците на граѓаните за фармацевстки производи пораснале за 2,3 отсто, за медицински услуги за 2,4 отсто, а за стоматолошките услуги за 1,8 отсто.

Летаме поевтино, ама поскапел патниот сообраќај

Намалување од 11,9 отсто на трошоците за услуги во воздушниот сообраќај забележал Државниот завод за статистика во декември, минатата година во споредба со истиот период од претходната година.

Истовремено, има зголемување на трошоците за живот кога е во прашање патниот сообраќај и тоа за 4 отсто.

Единствено во железничкиот превоз, цените останале исти во овој едногодишен период.

Поскапеле храната, пијалоците и земјоделските производи

Зголемување на цените на мало регистрира Државниот завод за статистика кај земјоделските производи за 5,9 отсто, храната за 0,9 отсто и пијалоците за 0,7 отсто во последниот месец од минатата година споредено со истиот период од претходната година.

Во овој период, статистичарите забележале и намалување на цените на мало кај стоките (2,2отсто) и услугите (3, отсто), како и пониски цени кај индустриско прехранбените производи кои поевтиниле за еден отстo.

Се намалува вредноста на денарот во однос на еврото

Filed under: Беспарица — Tags: , , — @ 9:06 am

На крајот од 2014 година, едно евро во земјава вредеше 61,69 денари што е најниска вредност на денарот во изминативе десет години.

Во 2004 година едно евро вредело 61,31 денари, а на крајот на 2013 година 61,51 денари.

Иако во земјава има фиксен девизен курс очигледно е дека има тренд на пад на вредноста на денарот во однос на еврото.

January 8, 2015

Дефлација: Потрошувачките цени во еврозоната паднаа прв пат по пет години

Инфлацијата во еврозоната се намали под нивото за прв пат по пет години, зголемувајќи ги очекувањата за дополнителни стимулации од страна на Европската централна банка.

Цените во еврозоната се намалија за 0,2% на месечна основа во декември, посочуваат изнесените податоци на Еуростат.

Тоа е најниска инфлација од септември 2009 година. Просечните очекувања на аналитичарите беа за пад од 0,1%.

Во исто време стапката на невработеност во еврозоната се задржала на 11,5%.

Слабото економско претставување во услови на намалување на цената на нафтата влијае со сериозен опаѓачки притисок врз инфлацијата во еврозоната.

Инфлацијата во Германија е под ниво од 0,1%, или најниската нејзината вредност од 2009. година, додека сериозно намалување бележи инфлацијата во Шпанија и Грција.

Еврото продолжи да паѓа во однос на доларот и го достигна својот деветгодишен минимум.

 

January 7, 2015

Се ближи денот кога 1 евро ќе биде еднакво на 1 долар

Filed under: Беспарица — Tags: , , , — @ 11:49 pm

Во март минатата година за едно евро можеа да се добијат долар и 29 центи, денес курсната листа е околу 1,19 долари за едно евро. Тоа значи дека е веќе достигната најниската вредност од 2006. година, иако таквиот развој не изненади никого. Американското стопанство расте до толкава мерка што тамошната Централна банка (ФЕД) повторно размислува за подигање на каматната стапка. За тоа време, Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја „олабави“ фискалната политика, за да го поттикне слабото стопанство, анализира Дојче Веле.

„Во суштина се случува она што бројни аналитичари го најавуваа долго време“, вели Штефан Шнајдер, економист на Дојче банка во разговор за ДВ. Тој и неговите колеги сметаат дека доларот се повеќе ќе зајакнува во годините кои претстојат и повторно се слушаат претпоставки дека на крајот ќе дојде до паритет (1 евро= 1 долар).

Според овој економист, тоа и не мора да биде проблем. Напротив: „евтиното“ евро ги поевтинува европските производи на светскиот пазар и земјите извознички како Германија од тоа можат да имаат голема корист.

Европските фирми на тој начин стануваат поконкурентни во однос на оние од Јапонија, откако тамошната валута во изминатите години загуби на вредност.

Целиот текст можете да го прчитате ТУКА

January 5, 2015

Просечната пензија изнесува 12.487 денари

Јануарската пензија е исплатена денеска, соопшти Министерството за финансии.

На сметките на 289.336 пензионери префрлени се 3.604.984.680 денари.

Просечната пензија во јануари изнесува 12.487 денари, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

January 1, 2015

Нафтата ги руши светкавите кули на шеиците

Економскиот “бум“ кој со светкави кули ги преполни државни каси на земјите од Персискиот залив можеби е завршен.

Цените на нафтата паднаа скоро за 50% во последните шест месеци, оценува агенцијата Блумберг.

За обликување на овој регион заслужни се шеиците и нивното нафтено богатство, а основно обележје на овој регион се вештачките острови, финансиски центри, аеродроми и пристаништа кои арапската пустина ја претворија во банкарски и туристички центар.

Парите од нафтата кои како што наведува Блумберг се користени за давање на отпор на социјалните немири кои во текот на „арапската пролет“ се раширија на Блискиот исток.

“Овој регион уживаше 10 години во изобилие, но таа деценија сега е завршена, бидејќи падот на цената на нафтата ќе ги загрози перформансите на ова подрачје за брзо време“, изјави главниот економист на банката ХСБЦ холдингс за централна и источна Европа, Сајмон Вилијамс.

Цената на нафтата од типот бренд на крајот на 2009 година изнесуваше 102 долари за барел, а сега изнесува околу 60 долари за барел, а како што наведува Блумбег за тоа прдонела и ноемвриската одлука на ОПЕК да го задржи актуелното нво на производство и покрај прекумерните глобални залихи.

Со цена од 65 долари за барел, шест земји од Персискиот залив кои држат околу една третина од светските резерви на нафта ќе регистрираат вкупен буџетски дефцит од околу 6% од БДП.

December 25, 2014

Како да патувате евтино за време на празниците

Празничната сезона на крајот на годината има една карактеристика која го разликува од повеќето празници. Сега е време во кое многу луѓе патуваат до друг град или друга држава, за да се видат со своите пријатели и роднини.

Понекогаш остануваат таму со денови, а друг пат – за неколку часа, и го продолжуваат своето патување на друго место. Оваа година многу луѓе низ целиот свет ќе се соочат со задачата да патуваат за Нова Година и Божиќ.

За повеќето од нив тоа е уште едно патување и се целосно свесни за паричните и за трошоците со кои ќе се соочат. Аеродромите се полни, летови се откажуваат и заглавуваат. Дефинитивно ќе потрошите пари и нерви. Секое патување е мешавина од возбуда и мачење. Ви претставуваме неколку добри совети, благодарение на кои ќе го зачувате вашиот здрав разум и ќе заштедите некој денар се разбира за подароци!

– Дајте си колку што е можно повеќе слободно време. Пристигнете на местото барем еден ден порано, за да имате време да се отпакувате и да се сместите удобно.

– Подгответе дополнителни торби

– За Божиќ е целосно очекувано да си одите со повеќе багаж, отколку што сте дошле. Не ви се допаѓа идејата да купите нови чанти токму сега, нели?
Земете неколку здрави чанти. Ќе ви завршат работа торби, кои лесно се поместуваат и можат да бидат користени во неколку наврати. Друг трик – кога ќе ги спакувате куферите на поаѓање, ставете една помала торба во поголема

– Испратете ги однапред подароците. Користете го времето добро. На пример, испратете ги подароците по поштенска компанија неколку дена порано. Така нема да носите непотребен багаж на патот и нема да се прашувате дали не сте заборавиле некој подарок дома. Се разбира, исклучувате ризик да смачкате и скршите дел од подароците!

– Истражување и планирање! Истражете ги активностите кои може да ги имате кога ќе стигнете на местото каде одите. Планирањето на забава е исклучително важна, особено кога поради некаква причина расположението во друштвото е намалено

– Ако патувањето биде продолжено, можете да ги изненадите децата со подароци кои ќе можат да ги отворат по патот. Измислете нешто интересно и итро што можат да го користат за време на патувањето

– Подгответе доволно течности и лесни закуски кои ќе го одржуваат целото семејство во добра отвореност на духот

Совети за заштеда на пари

Ако патувате со авион, купете билети што е можно порано. Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите во деновите пред големи празници како Бадник и Божиќ. Ако патувате со автомобил, наполнете го резервоарот до горе и дури наполнете една дополнителна канта со гориво.

Постари вести »

Powered by WordPress