August 30, 2013

Дуке Бојаџиев со концерт во Скопје на 5 септември

Нашиот музичар со интернационална кариера Дуке Бојаџиев пред љубителите на неговата музика ќе одржи концерт на 5 септември, во просторот на Капан Ан, со почеток во 23 часот.Дуке најавува дека ќе ја искористи средбата со скопската публика да го презентира дел од својот нов материјал низ електро-акустичен сет. За визуелизација на проектот ќе биде задолжен гостинот од Истанбул, VJ Vidbeat, додека домашна поддршка ќе понудат ди-џеј Илина и ди-џеј Томи Бојаџи.

„Ова беше навистина богат период со случувања за мене и моментот за повторно закажување на концернта промоција е идеален. Секогаш ми претставува посебна чест да застанам пред домашната публика и со нив да ги споделам моите последни музички остварувања“-изјави Дуке кој е веќе пристигнат во родниот град, се подготвува за настапот и ја привршува работата на музиката за долгоочекуваниот филм на Столе Попов, „До Балчак“.

Последно завршено музичко остварување на Бојаџиев е соработката со американскиот режисер, оскаровецот  Џонатан Деми („Филаделфија“, „Манџурискиот кандидат“, „Вистината за Чарли“, „Кога јагнињата ќе стивнат“) на неговиот последен филм „Страв од паѓање“, каде тој се појавува како композитор и музички продуцент.

На популарните светски музички листи, Бојаџиев е актуелен со ко-авторската соработка на новиот материјал на „Телепоп мјузик“ (новиот сингл „Try me anyway” излезе неодамна), а потсетуваме заедничкиот сингл со Лорен Амарис, „In the Air” минатата година беше прогласен и за хит на годината на радиото Антена 5.

Дуке Бојаџиев е македонски композитор, продуцент и пијанист кој веќе 12 години живее и работи во Њујорк. До сега има издадено 7 соло албуми, а неговата музика е дел од светски познатите компилации “Buddha Bar”, “Marrakech Express” и “Chill out in Paris”.  Има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски остварувања, како и музика за маркетинг кампањи на повеќе светски брендови меѓу кои L’oreal, L’ancome, Peugeot и Mercedes.

Бележи свои музички настапи во светските концертни саликако Carnegie Hall, The Highline Ballroom, Cipriani Ballroom, The Avalon Theater во Лос Анџелес, Art Basel во Мајами, The Box – NYC, Антички Театар – Охрид. Во неговата интензивна музичка кариера има соработувано со: Телепоп мјузик, Angela McCluskey, The Citizens Band, Македонската Филхармонија, Cyndi Lauper, Blue Man Group, Ara Dinkjian, Ian Buchanan, Paul Cantelon, Sussan Deyhim и уште многу други.

Како загревање пред концертното претставување предвивдена е забава во арт- кафето „Концепт 37“.

Картите за концертот ќе се продаваат пред самиот настан по цена од 200 денари.

patrisha@emagazin.mk

На пица како во Италија

Иако јас често кажувам дека за вкусови не се дискутира, сепак можам да кажам кога станува збор за најдобрата пица во градот, тогаш дефинитивно Енрико е вистинското место.  Пицеријата Енрико постои веќе 22 години, што ја прави пионер во подготвувањето италијанска храна во Скопје. Топла атмосфера, вкусни јадења и препознатлив квалитет се принципи, кои го градат стилот и репутацијата на ресторанот.

Ентериерот кој е во добро познатиот италијански стил, ве прават да се чуствувате дека се наоате во некоја пицерија во Рим или Милано. Оваа пицерија е една од најпознатите локации за пица или паста, за доручек, ручек или вечера. Нема некој да прашате каде има најдобра пица во градот, а меѓу првите три дестинации да не  и го посочи Енрико.

Пицеријата се наоѓа во трговскиот центар Лептокарија и се простира на површина од 80 метри квадратни.Вкупно 50 лица можат да уживаат во внтрешноста на пицеријата и дополнителни 40 лица на терасата.

„Она што го прави Енрико посебен и поразличен од сите останати пицерии е употребата на најсвежи и најквалитетни состојки во подготовката на салатите, пиците, тестенините, традиционалните италијански десерти и повеќе видови италијански специјалитети…

Тестата со кои се приготвуваат тестенините се прават по оригинални италијански рецепти токму овде, во нашата кујна и тоа е тајната на уникатниот и свеж вкус на тестенините на Енрико„, се вели на веб страната на Енрико.

На менито на пицеријата има над 30 видови и вкусови на пици, за секој вкус. Со различни видови на пица сосови за истенчеи вкусови, што ја прави оваа пицерија различна од останатите пицерии во градот.

За пастите и да не зборуваме. Секој оној кој еднаш пробал, може да се рече дека го почуствувал вистинскиот вкус на италија, барем зборувам за мене како голем обожавател на тестенини.

Еве што кажуваат коментарите и препораките од гостите на Енико:

„Дефинитивно нај вкусна храна и одлична услуга. Веќе 10 и нешто години како се хранам во Енрико!

„Пробајте го вегетаријанскиот сендвич. Големиот е доволен за двајца!„

„Не ја пропуштајте месаната салата, има туршија од пченка„

„Пица ресторан со одличен италијански амбиент„

„Фурнарини со кашкавал, огромна палачинка, можеби мала, ама содржајна пица и со кафето служат колаче. Пријатна атмосфера и персонал и гости и храна и цени!„

„Цезар салата со многу пилешко, што ретко се случува со другите ресторани во градот„

„Најдобрата пица во Скопје. Од кога знам за себе јадам овде и секој пат е вкусно како првиот. Пробајте ја преклопената пица и секако палачинки на крај“

Ако сте за добро парче пица, Енрико е местото за вас, без размислување.

kamelija@emagazin.mk

Светот без “паметен“ телефон е како да не постоиме

Снимката “I forgot my phone”, неодамна објавена на интернет “YouTube”, покажува колку сите луѓе се опседнати со своите “паметни“ телефони, иако сето тоа и не го забележуваат.

Станува збор за снимка која што ја следи девојката која што одлучува еден ден да помине без мобилен телефон, а сите ситуации во кои што таа се наоѓа во текот на овој ден јасно даваат до знаење дека таа е целосен аутсајдер.

При заминувањето на трчање или концерт, пиење на кафе со пријателите или прошетката по плажа, таа останува незабележана. Без мобилен телефон, таа како да престанува да постои за остатокот од светот.

Urban photographer with mobila phone walking cross street and photographing

За само четири дена, снимката забележува повеќе од 7,5 милиони прегледи.Видеото дефинитивно натера многу луѓе да се запрашаат до кој степен тие се зависни од своите телефони.

ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДОМИНИРААТ НА ПАЗРОТ

Пазарот на мобилни и „паметни“ телефони денес е еден од највозбудливите и најдинамичните. Производителите секојдневно работат на нивно усовршување и додавање нови функции прилагодени на потребите на корисниците.

Во вакви услови, нормално е големите играчи како Епл, Самсунг, Нокиа, HTC и останатите постојано се во меѓусебна битка да обезбедат поголем пазарен удел. „Паметните“ телефони дефинитивно се доминантни и на македонскиот пазар. Ако се погледне понудата на мобилните оператори ќе се забележи дека се помалку се продаваат телефони кои не се „паметни“

120125_SMARTPHONE_CAMERAS_025

Војната на светско ниво, но и кај нас е најжешка меѓу моделите на Епл и на Самсунг, а голем удел во продажбата има и ХТЦ.

Во отсуство на официјални бројки, според последните процени паметни телефони користат 20 до 25 отсто од сите корисници на мобилната телефонија во земјава, што е двојно повеќе отколку лани.

Иако, овој процент сè уште е далеку од просекот во земјите-членки на Европската унија, кој изнесува 47,6 отсто, или во САД, каде што секој втор корисник има паметен телефон, сепак покажува дека на македонскиот пазар, и покрај ограничената куповна моќ, има интерес за уредите што овозможуваат лесен пристап до интернет од која било локација каде што има мобилна и вај-фај мрежа.

САМСУНГ И ЕЈПЛ НАЈПРОДАВАНИ ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ

Според податоците за 2012 година на светско ниво, Самсунг учествува со 29% во глобалната трговија со мобилни телефони, во споредба со 24% во 2011 година.

Girl With Mobile Smart Phone

Се прогнозира дека уделот на Нокиа на глобално ниво во 2012 година паднал на 24% од 30% во 2011 година. Анализата на IHS iSuppli вели дека Епл се наоѓа на третата позиција на листата, со удел од 23% во глобалната продажба, што е раст од 3% во споредба со 2011 година.

Според аналитичката компанија, по прв пат од 1998 година досега Нокиа нема да биде лидер во вкупната трговија со мобилни телефони во текот на една календарска година.

Самсунг е меѓу првите пет брендови на „паметни“ телефони во 2012 година, со учество од 28% во продажбата на „паметни“ телефони, што е раст од 8% во споредба со 2011 година. Епл, пак, е на втората позиција, со удел од 23% од глобалниот пазар на „паметни“ уреди, за разлика од 19% во 2011 година.

Во Македонија како меродавни податоци можат да се земат последните официјални статистички податоци се за 2011 , според кои,  на крајот од 2011 година, вкупно 185.128 лица на возраст од 15 до 74 години употребиле мобилен телефон за пристап на интернет, што е 11,5 отсто од вкупниот број население на оваа возраст.

Друг официјален податок е од Извештајот за развојот на пазарот во првото тримесечје на годинава на Агенцијата за електронски комуникации, според кој 383.610 претплатници пристапиле до интернет со широк опсег преку мобилна мрежа. Оваа бројка претставува 17 отсто од вкупно 2.197.148 корисници на мобилна телефонија.

13847719-woman-using-mobile-smart-phone-in-the-park

„ГЛУПАВИТЕ“ УРЕДИ НАЗАДУВААТ

Првиот квартал од оваа година ќе остане запомнет како значаен чекор во движењето на пазарот на мобилната телефонија во корист на “паметните„ телефони.

Според извештајот на IDC, во текот на тој период паметните телефони ширум светот се испорачани во бројка од 216 милиони единици, додека вкупниот број на сите мобилни изнесува 419 милиони. Со други зборови, паметните телефони оствариле 51,6% удел, што за прв пат се случува на глобалниот светски пазар.

Забележано е дека во повеќето држави трендот на купување на “паметните“ телефони се зголемува па затоа “глупавите“ уреди назадуваат. Samsung во првиот квартал му побегна за малку на Apple, зголемувајќи го делот во сегментот на “паметни“ телефони од 29 на 32,7%, додека Apple малку се “лизна“ од 21,8 на 17,3%.

СЕКОЈ СЕДМИ ЧОВЕК ИМА „ПАМЕТЕН“ ТЕЛЕФОН

Според аналитичката куќа ИДЦ, продажбата на таблети, компјутери и мултимедијални телефони ќе се удвои до 2016, на над две милијарди продадени парчиња. Оваа година вкупната продажба на овие производи се проценува на 1,2 милијарда парчиња, што е за 27,4 отсто повеќе отколку лани.

chinese-new-year-smartphone

Со други зборови, еден од седум луѓе на светот поседува рачен уред кој работи како компјутер. И покрај овие импресивни статистики, аналитичарите сметаат дека правиот раст на пазарот на „смартфони“ ќе следува наскоро. Поголем број од луѓето се уште не поседуваат таков уред, а можностите кои се отвораат на растечките пазари во Кина, Индија и во Африка се несогледливи.

Виталноста и потенцијалот на вкупниот пазар на „смартфони“ се очигледни поради профитот поголем од 250 милијарди долари остварен минатата година, кој им овозможи рекордни заработки на компаниите како Самсунг и Епл.

ШПАНЦИТЕ НАЈМНОГУБРОЈНИ КОРИСНИЦИ

Во Европската унија 47,6 отсто од корисниците имаат памети телефони, покажува истражувањето на „Kомскор“.
Според анализата, најголема употреба на паметните телефони е забележана во Шпанија (55,2 отсто), а потоа во Велика Британија (55 отсто). На трето место е Франција, со просек од 44,7 отсто, па Италија со 45,3 отсто и на крајот е Германија, со стапка од 41 отсто.

Според истражувањето, сопствениците ги користат паметните телефони најмногу за сурфање на интернет, „висење“ на социјалните мрежи, игри, слушање музика, а дури на петто место за телефонирање.

 

kamelija@emagazin.mk

 

Македонците го открија Торони

До пред некоја година ретко кој од Македонија знаеше за грчкото село Торони, кое се наоѓа на крајот од вториот крак на Халкидики.

Вообичаено дестинации за Македонците, кои се едни од најбројните туристи во Грција се туристичките места на првиот крак на Халкидики и островите Закинтос, Лефкада…

Оваа година, покрај Бугарите и Србите, во Торони можеа да се видат и многу Македонци. Мештаните велат дека порано најредовни биле Бугарите, но сега се почесто доаѓале и Македонци.

Торончани, кои полека учат за туризам (Торони почна да се развива во туристичко место последниве десетина години) не оставиле ништо на случајност.

Сум имал можност да прошетам на различни места во Грција, но овде за прв пат видов македонско знаме. Заедно со српското, романското и бугарското висеше пред еден апартмански комплекс.

И рака на срце, за прв пат во Грција видов натпис на македонски: „издавам соби“.

МАЛО МЕСТО СО ГОЛЕМА ИСТОРИЈА

Она што го прави Торони, (лоцирано после Мармара, а пред Порто Коуфо) посебно е неговата природна убавина и одличната комбинација на море и планина.

Првапат отидов во Торони кон крајот на април годинава кога беше празно и ми делуваше како прекрасно место за бегство од реалноста. Во селото имаше едвај дваесетина луѓе, претежно локалци кои веќе на големо се подготвуваа за сезоната и престојните велигденски празници.

Кога по втор пат одтидов во средината на јули, сликата веќе беше сосема различна. Освен многубројните туристи, во Торони беа дојдени и Солунчани, кои овде имаат викендички.

Торони е дел од општината Ситхонија, која има 4.036 жители. Со главната плажа која се протега покрај селото во должина од 2,5 километри, важи за едно од најатрактивните места во оваа општина.

Нормално, како и многу други места во Грција и Торони, освен солдината понуда на лежерни места за дневна пијачка или ноќна шема, има и свои историски адути.

Селото е крстено по Торони, жената на Протеа, син на богот од грчката митологија, Посејдон.

Не е само името толку старо. Во околината на Торони се пронајдени низа предмети од 3 век, како и од времето на раното христијанство и византиско време.

Еден од спомениците на тие дамнешни времиња се и остатоците на тврдина, која за жал моментално неможе да се посети, бидејќи се работи на нејзино реновирање и спасување од евентуално рушење поради лизгање на земјиштето на местото каде што е лоцирана.

Последните истражувања покажуваат дека Торони низ историјата постојона било место кое било освојувано, од времето на Неолитот до времето на осмалинското царство.

Не се ни чудам зошто било така. Освен стратешката позиција која ја има Торони, сигурно и многубројните владетели и војски низ историјата не можеле да одолеат на неговата убавина.

petre@emagazin.mk

August 29, 2013

Златен даб, прво македонско пиво на фестивалот во Карловац

Златен даб е првото македонско пиво што учествува на Карловачките денови на пиво. Над 200 илјади посетители има секоја година на овој фестивал на пивото што се одржува од 30 август до 8 септември.

„Ова е одлична можност за презентирање на најдоброто македонско пиво во Хрватска. Новиот Златен даб е одлично примен како нов производ со светски квалитет. Со ваков тип на презентација се отвора можноста за извоз во Хрватска на пазар каде конкуренцијата е голема. Оваа манифестација е доста значајна поради големиот одѕив на љубителите на пиво од регионот “, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница

Деновите на пиво во Карловец се поинакви од случувањата во другите региони. Овој фестивал е посветен само на пивото – се организираат стенд ап комедии, квизови и други наградни игри со тематика пиво. Сето тоа е придружено со концерти со народна, забавна, рок музика. Фестивалот постои од 1984 година и се одржува на плоштадот во Карловец каде започнува со свечена поворка на запрежни коли со пивски бочви. Овој фестивал е најстар пивски фестивал на Балканот и воедно најголема пиварска манифестација во Хрватска.

Оваа година Македонија е земја партнер на оваа манифестација.

patrisha@emagazin.mk

 

„Алкалоид“ ќе извезува метадон на европскиот пазар

„Алкалоид“ доби авторизација за пласман на два свои лека на пазарите на земјите-членки на Европската Унија. Станува збор за Метадон, со дозвола во 11 земји, и за Цефиксим, кој во Република Македонија е познат под името Панцеф, во 12 земји на ЕУ.

„Проектите за овие два лека за пазарите на ЕУ се отпочнати пред повеќе од 3 години, почнувајќи од детални анализи на пазарите, како од маркетиншки, така и од регулаторен аспект, внимателен мониторинг на националните законодавни специфики на земјите вклучени во регулаторната постапка, како и соодветна анализа при Агенциите за лекови“, велат во компанијата.

Постапките за добивање на авторизациите за пласман на овие лекови се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија, како што е Европската децентрализирана процедура, под водство на Агенцијата за лекови на Англија, како референтна држава, почитувајќи ги и националните специфики на другите земји вклучени во регулаторната постапка, како што се Германија, Полска, Шпанија, Австрија, Португалија, Италија, Чешка, Словачка, Романија и Унгарија.

Антибиотикот Цефиксим, покрај во претходно споменатите земји, доби дозвола за пласман и на пазарот во Франција. Инаку, за Алкалоид ова се први регистрации на пазарите во Италија и во Шпанија.

За производот Метадон, поради неговата специфика, беше спроведена детална национална анализа, за сите пазари поединечно, бидејќи мораше да се вклопи во националните програми, но и истовремено да ги задоволи барањата на Децентрализираната процедура на ниво на Европската Унија. Воедно, Алкалоид за првпат изработи една специфична апликација на ниво на ЕУ, таканаречена полна или комплетна апликација за регистрација, при што, по извршената процена на квалитетот, безбедноста и на ефикасноста, Англиската агенција за лекови одлучи дека алкалоидовиот производ Метадон може да има третман на Европски референтен производ.

„Фармацевтските производи се највисоко регулирана категорија на производи во светот. Како проверен, безбеден и сигурен производител на лекови, Алкалоид АД Скопје редовно ги минува контролите на реномираните мултинационални фармацевтски компании, како и инспекциите од неколку европски и светски агенции за лекови и храна. Оваа година, Алкалоид преку неколку свои производи успеа да го постигне нивото на квалитет на земјите со најстроги регулаторни специфики во Европската Унија, покрај Англија, како што се: Германија, Франција, Австрија, Шпанија и Италија“, велат во компанијата.

Условениот увоз на пченица и брашно се укинува

Oд 2 септември се укинува мерката за условен увоз на пченица од странство, бидејќи пазарот се стабилизираше и се создадоа услови за укинување на заштитната мерка. Оваа мерка беше донесена за заштита на домашното производство, но домашниот пазар е веќе стабилизиран и се создадени услови за повлекување на мерката.Најмногу, беа загрозени српските производители на пченица и брашно, па оттука беа доведени во прашање и добрососедските релации.Имено и Србија најави контрамерки против нас, кои за среќа нема да бидат преземени поради одлуката на македонската влада која ја повлече одлуката. Нашиот северен сосед на 16 август и официјално побара одговор од Македонија дали ја укинува спорната одредба.

„Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка. Оваа мерка ги постигна поставените цели, пазарот се стабилизира, предизвикот се надминува и се повлекува мерката за условен увоз на пченица,“ изјави портпаролот на Владата, Ѓорѓиев.

Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право со цел заштита на домашното производство. Истата, за среќа на мелничарите ја постигна целта.

На оваа одлука сигурно свое влијание имале и допломатските притисоци од Србија, бидејќи помошник министерот за трговија Бојана Тодоровиќ, за српските медиуми изјави дека ова прашање меѓудругото се обиделе да го решат и преку дипломатски притисок.За ова прашање беше засеганата и целата Влада на Србија, а одлуката за контрамерки требаше да се донесе по завршувањето на реконструкцијата.Српската страна се закани со ограничување на увозот на сезонскиот зеленчук и вино од Македонија.

Македонската мерка важеше од 1 јули и имаше предвидено за еден килограм на увезена пченица, македонските увозници да мораат да купат три килограми домашна. А, за еден килограм брашно, да купат четири килограми домашно жито.

Според податоците на српското Министерство за трговија, Србија во Македонија извезува околу 50 илјади тони пченица и измеѓу 30 и 40 илјади тони брашно.

Македонските мелничари на почетокот на годината се пожалија дека ако Владата не ја воведе оваа мерка ќе биде доведен во прашање нивниот опстанок.Изјавија дека имаат огромни резерви, бидејќи во земјава најмногу се продава увезеното брашно од Србија, кое е поевтино од шест до девет денари од домашното.

Доколку не се преземаа соодветни мерки, ќе останеше неоткупена годинашната пченица, чие производство е поголемо за 20 отсто од лани. Состојбата беше толку лоша што секој ден се затвораше по еден млин.

За среќа, приоритет се даде на домашното производство и со тоа се реши нивниот проблем,а и не се доведовме во ситуација да ги почувствуваме последиците од контрамерките од Србија која ќе забранеше увоз на она што најмногу извезуваме кај нив-овошје, зеленчук, кондиторски производи.

patrisha@emagazin.mk

За секоја храна постои идеално вино

Една од најважните работи кои треба да ги запомните во врска со виното е дека не мора да бидете експерт за да уживате во него. Следете го сопствениот вкус, но внимавајте и на некои основни насоки при слагањето на виното со храната со чија помош нема никогаш да згрешите.

Белото вино оди со бело месо. Црвеното вино со црвено месо.

Иако ова правило не ги покрива сите сорти и варијации кои постојат, сепак претставува основа за добар избор.

food-wine-pairing

Лесно вино – лесна храна

Ако јадете салата, не треба да пиете силно црвено вино, затоа што „бедната“ салата сосема ќе се изгуби. Исто така, ако јадете нешто полно со протеини или храна како што се шпагети болоњезе, не е добро со оваа храна да пиете бело вино или слабо црвено вино.

Спојте ги регионите

Одберете вино кое доаѓа од истиот крај како и храната. На пример, ако јадете пица, пробајте и некое италијанско вино.

Егзотичната зачинета храна и егзотичното вино не одат заедно

Ако јадете добро зачинета индијска храна, не порачувајте Кабарне Совињон, затоа што топлината на алкохолот и нотите на даб ќе ја засилата аромата на зачините кои ги јадете. Наместо тоа, со егзотична храна, полна со зачини треба да пиете вино кое има барем малку блажина. Јазикот ќе ви биде благодарен.

Виното секогаш мора да биде послатко од храната/десертот

Колку што е храната поблага, толку потешко ќе го почуствувате вкусот на виното. Темното горчливо чоколадо добро оди со слатко вино. Од друга страна пак, благото чоколадо влијае на нашетео непце и виното би имало горчлив вкус.

ipme3qsn

Ако добро оди со грозје  оди и со вино

Ако знаете дека одреден вид на сирење добро оди со свежо овошје, разбирливо е да заклучите дека ќе оди добро и со вино кое има јака овошна арома.

Ако се двоумите, одберете розе вино

Ова е добар компромис за љубителите на црното вино кои го презираат белото вино. Шпанската кујна одлично се слага со розе вината, исто како и суши.

ТЕМПЕРАТУРА ЗА СЛУЖЕЊЕ НА ВИНО

Познато е дека температурата на која се служи виното влијае врз неговиот вкус и мирис. Најчесто, црвеното вино се служи премногу топло, па затоа алкохолот побргу испарува, со што се губи структурата и се менува неговиот мирис. А кога белото вино се сервира премногу ладно, аромите и состојките не се ослободуваат, што исто така влијае врз неговиот вкус и мирис.

winerychefspr_0122

Ладење на виното

Терминот “собна температура” не треба да се сфаќа буквално. Просечната собна температура е 20º-25º C, но сепак црвеното вино треба да се служи на температура од 10º-18º C, а белото треба да биде многу поладно. Наместо да ставите мраз во виното, со што ќе се разводени и ослаби вкусот, најдобро е да го изладите пред да го послужите. Има повеќе начини за ладење на виното, но за тоа во друга прилика.

Еве листа на некои вина и нивните соодветни температури на сервирање:

Пенливо вино и розе

Бел Цинфандел, Розе 5º-7º C

Слатко пенливо вино 4º-6º C

Винтаж пенливо вино 6º-8º C

Лесни црвени вина

Божоле Нуво 9º-11º C

Вина од доцна берба и слатки бели вина 

Вувре 5º-7º C

Кот д’ Рон 12º-13º C

bg_wine_and_food

Црвени вина

Мускат 6º-8º C

Кианти, Санџовезе, Барбера 13º-14º

Ризлинг нов свет 6º-8º C

Млад Бордо 14º-16º C

Гевирцтраминер 6º-8º C

Мерло 14º-17º C

Суви вина

Бели вина од Лоара 6º-8º C

Совињон бел 6º-8º C

Ризлинг 6º-8º C

Италијански бели вина 6º-8º C

wineandfood

Црвени вина со комплексни ароми

Црвен Бургундец, Пино Ноар 16º-17º C

Кианти Резерва, Бароло 16º-17º C

Мерло (од дабово буре) 16º-17º C

Бели вина

Гран Кру Бордо 16º-18º C

Шардоне 9º-11º C

Бел Бургундец 9º-11º C

Цинфандел 16º-18º Cº

Бели вина со комплексни ароми

Шардоне со полно тело 10º-12º C

Порто – црвени вина со полно тело

Порто (зреено во буре) 15º-17º C

Порто Винтаж 16º-18º C

kamelija@emagazin.mk

 

Повеќе се бараат среднисти отколку факултетлии

Во Македонија полесно може да се дојде до работа со средно отколку со високо образование. Тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на Агенцијата за вработување според кое работодавците предвиделе годинава да се отворат нови работни места највеќе за лица со средно образование. Имено, во истражувањето што лани било спроведено на 2.764 мали фирми, 48 отсто од нив најавиле дека во наредните дванесет месеци односно годинава очекуваат нови вработувања.

Во анкетираните фирми предвиделе годинава да има 10.643 вработувања. Од очекуваните вработувања, само 9,1 отсто или 973 вработувања биле предвидени за лица со високо образование, а дури 74 отсто или 7.880 нови вработувања биле предвидени за лица со завршено средно образование.

Според дејноста, највеќе нови вработувања годинава се очекува да има во преработувачката индустрија (45,1 отсто од вкупните вработувања), во трговијата на големо и во трговијата на мало се очекуваат 2.584 нови вработувања или 24,3 отсто, а од другите дејности со релативно помала побарувачка за работна сила се издвојува градежништвото(9,2 отсто од вкупните очекувани вработувања).

Останатите дејности во кои се очекуваат помал број новоотворени работни места се транспортот и складирањето и финансиските дејности.

Анкетираните работодавачи одговориле и дека приоритет при вработувањата кај лицата со средно образование ќе имаат лицата со следните занимања: шивач, продавач, бравар, келнер, работник за одржување згради, заварувач, чевлар, ѕидар, возач на товарно возило, возач на такси, електричар, водоинсталатер, пекар, тесар, столар, кројач, автомеханичар и монтер на мебел.

nikola@emagazin.mk

August 28, 2013

Тијана на Евровизија

Македонската пејачка која живее и работи во Србија веќе 14 години,Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на изборот за Песна за Евровизија следната година.

Како што изјави за МТВ, тоа е огромен предизвик за неа бидејќи очекувањата се големи, а и чувствува мала трема што не е својствено за неа. Воедно се заблагодари на довербата и честа.

Очекува поддршка од целиот Балкан.

patrisha@emagazin.mk

Постари вести »

Powered by WordPress