October 31, 2013

Поранешниот уметнички директор на Times и New York Times, Мирко Илиќ во Концепт 37

Во рамките на шестиот по ред „Скопје Постер фестивал“, кој се одржува од 18 октомври до 15 ноември во Скопје, посетителите на арт-кафето „Концепт 37“ ќе имаат ретка можност да ги проследат преку видео проекции, плакатите и илустрациите на светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ, кои ќе бидат еден вид загревање и најава на неговата голема изложба која ќе се случи на 4-ти ноември во МКЦ.

Мирко Илиќ е воедно и овогодишен претседател на жирито  на „Скопје постер фестивал“ и ќе има задача од 1920 пристигнати плакати, традиционално да избере 3 најдобри решенија и 7 почесни. Тој е култен дизајнер кој доаѓа од екс-ју просторите и има свое дизајнерско студио во Њујорк. Во 1991 година, Илиќ станува уметнички директор на меѓународното издание на магазинот Times, а веќе следната година и уметнички директор на  Оп – Ед страниците на  New York Times.

Во рамките на „Скопје Постер фестивал“  на 5 ноември со пoчеток во 14 часот тој ќе има и свое предавања кое ќе биде отворено за сите посетители и љубители на дизајнот. Додека од 15 часот, истиот ден дружењето ќе продолжи во „Концепт 37“ каде во поопуштена атмосфера посетителите ќе можат да поразговараат  со Илиќ.

patrisha@emagazin.mk

Child & Family фондацијата на Lyoness реновираше 150 години старо училиште

Child & Family фондацијата на Lyoness ја овозможи неопходната санација на зградата на основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Македонија. Реновираното училиште официјално беше пуштено во употреба во октомври 2013.

Со оваа хумана активност, добротворната фондација на Lyoness, Child & Family го истакна својот меѓународен ангажман во доменот на образованието.

„Обновата е голем придонес во негувањето на историјата на нашето училиште“ истакна директорката Силвана Терзиева во нејзиниот говор пред присутните гости, меѓу кои беа и Петре Латиновски, градоначалник на општина Бутел, Нина Пасегер, директорка на Child & Family фондацијата и Антонио Леитнер, Генерален директор на Lyoness Македонија. Зградата која е постара од 150 години, последен пат била реновирана во далечната 1924 година и со тоа не нудела соодветни услови за престој и учење на дечињата.

Со обновата на училиштето, Child & Family фондацијата на Lyoness успешно го заврши својот прв училишен проект во Македонија. Од своето основање пред пет години, фондацијата на Lyoness реновираше или изгради училишни згради на Филипините, во Јужна Африка и Нигерија.

patrisha@emagazin.mk

Нови 42 стипендии од фондацијата „Трајче Мукаетов“

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава традиционално доделува 42 нови стипендии, и тоа 20 за студенти на Фармацевтскиот и 22 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за учебната 2013/2014 година.

Стипендијата изнесува 6500 денари во текот на 12 месеци.Имињата на стипендистите ќе бидат објавени во печатените медиуми, а Извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпуишување договори за стипендирање.

Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од 2009/2010 година Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, во висина од 1200 евра во денарска противредност. За разлика од лани кога истата изнесуваше 1000 евра. Годинава еднократната парична награда ќе ја добијат Емилија Лазова од Фармацевтскиот факултат  со просек 9,84 и Сандра Ѓоргова од Медицинскиот факултет со просек од 9,89.

Почнувајќи од 2007 Фондацијата стипендираше вкупно 264 студенти, вклучувајќи ги и новите 42. Од нив дипломирале 82 на Фармацевтскиот факултет, 51 на Медицинскиот факултет,а  17 веќе се вработиле во Алкалоид.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“е основана со одлука на УО на Алкалоид АД Скопје. Фондацијата чиј основач е самата компанија има за цел стипендирање,донирање и финансирање на талентирани доктори и фармацевти, како и поддршка на проекти од овие две области.

patrisha@emagazin.mk

„Т-мобиле“ ги донесе iPhone 5s и iPhone 5c во Македонија

„Т-Мобиле Македонија“ денес објави дека ќе започне со продажба на iPhone 5s, најнапредниот паметен телефон на светот и iPhone 5c, најколоритниот iPhone до сега, почнувајќи од 1 ноември. iPhone 5s ќе биде достапен за 1.020 денари на 24 рати за моделот од 16GB за T-Mobile корисници и 1.159 денари на 24 рати за нови корисници.

iPhone 5c ќе биде достапен за 742 денари на 24 рати за моделот од 16GB за T-Mobile корисници и за 880 денари на 24 рати за нови корисници.

iPhone 5s го редефинира најдоброто смартфон искуство на светот со неверојатни нови функционалности сите спакувани во извонредно тенок и лесен дизајн, вклучувајќи A7 64-битен чип на Apple, најнова iSight камера од 8 мегапиксели со True Tone блиц и со Touch ID како новитет, иновативен начин за едноставно и безбедно да го отклучите вашиот телефон со само еден допир на прстот.

iPhone 5c се карактеризира со најнов дизајн, којшто ги содржи функционалностите кои луѓето ги знаат и ги сакаат, како на пример прекрасниот 4 инчен Retina дисплеј, фантастично брзите перформанси на А6 чипот и iSight камерата од 8 мегапиксели – и сѐ тоа поддржано од извонредно издржлива батерија. И iPhone 5s и iPhone 5c нудат повеќе LTE опсези од кој било друг паметен телефон во светот и вклучуваат најнови FaceTime HD камери.

Бројот на туристи расте, инкасирани над 300 милиони долари

Бројот на туристи во Република Македонија, според последните податоци од Државниот завод за статистика се зголемува за 12 проценти секоја година. Министерот за економија Ваљон Сарачини вчера информира дека до 2020 година целта е приходите од туризмот да постигнат 5 проценти од вкупниот БДП.

Тој на седницата за собраниски прашања информира дека минатата година приходите од туризмот изнесувале околу 180-200 милиони долари, а годинава, согласно последните податоци од туризмот имало прилив од 138 милиони долари.

Сарачини потсети дека Владата за развој на туризмот има преземено и мерки поврзани со туристичките агенции и авио превозниците, а во таа насока во април 2013 година се планираат нови три авиолинии за да се зголеми бројот на странски туристи.

Тој најави и отворање шест до осум туристички развојни зони, каде ќе се нудат бенефиции за изградба на хотели во Македонија. Тој информира дека се подготвува и проект за промоција на еко туризам односно посета на националните паркови, а изготвено е и туристичко упатство за домашните туристички агенции за задолжителна понуда на домашниот туризам.

Ем не работат, ем веднаш сакаат да станат директори

Најлесно во оваа држава е да се студира, а најтешко да се работи. Младите завршуваат средно образование, без воопшто да бидат квалификувани за било каква работа. Потоа, се запишуваат на факултет кој не соодветствува со потребите од пазарот на труд. Откако ќе завршат и не можат да се вработат, одлучуваат да магистрираат. Но, и како магистри тешко наоѓаат работа, бидејќи бројот на овие кадри се повеќе се зголемува. За да не седат џабе, дури и докторираат.

Вака „квалификувани“, ем не знаат да работат, ем не прифаќаат било каква работа.На интервју со работодавецот, тие ги диктираат условите на игра. Оттука, не е ни чудно што компаниите мака мачат да најдат соодветен кадар за работа, иако процентот на невработеност во државата изнесува 32%. Најмногу се бараат оние кои завршиле на некој од техничките факултети, но и со средно стручно образование.Тие пак, со боринче се бараат на пазарот.

Во структурата на невработени најмал процент има со оние со средно стручно образование. Со отворањето на дисперзирани студии во другите градови и зголемениот број на приватни факултети изминатите години, трендот на невработеноста кај оние со високо образование се зголемува. Оттука, аналитичарите на пазарот посочуваат дека алтернативата лежи во намалување на притисокот врз универзитетите и засилување на средните стручни училишта. Од Занаетчиската комора во Скопје, велат дека во моментов образовните програми во средните стручни училишта во Македонија се од 1978 година.

Образовните програми во средното и високото образование треба да бидат направени така што ќе ги задоволат потребите на пазарот на труд. Во спротива и понатаму ќе продолжат да се продуцираат неефиктивни кадри кои без разлика што се образовани, за ништо не служат на пазарот на труд.Тие ќе се бројат во редовите на невработени, и ќе си седат без пари и никакви примања. Тоа најдобро го илустрира еден статус на Фејсбук кој вели „не е срамота да копаш канал, срамота е на 30 години да бараш од родителите пари за излегување.“

Комуникацијата не штима или воопшто ја нема меѓу она што го бараат работодавците и одговорните во образованието. Министерството за образование недоамна најави мирување на повеќе студиски програми од кои пазарот на труд е заситен и ги има повеќе отколку што треба. Но, по негативните реакции на јавноста и професорите се повлече од идејата. Државата, преку различни мерки треба да влијае врз свеста на младите да разберат што значи да студираат на факултет кој е баран на пазарот на труд.

patrisha@emagazin.mk

Вински бон-тон. Како се служи вино

Во каква чаша се служи бело вино? Во каква црвено? На која температура се служи виното? Кое јадење со какво вино се служи? Овие се вински прашања на кои најчесто баш и не знаеме да дадеме одговор.

Доколку сте го одбрале совршеното вино, било да уживате во него самите или пак за елегантна забава, постојат одредени правила како да го зголемите уживањето.

serving-banner

ТЕМПЕРАТУРА НА СЕРВИРАЊЕ

Можеби најважниот аспект при служењето на виното, затоа што температурата значајно може да влијае на вкусот и аромата на виното.

Белите и розе вината треба да бидат изладени на темперарура од 12 до 13С , треба да ги ладите во фрижидер 1 до 2 часа, пред да ги служите. Не го користете фрижидерот за да складирање на виното. Ова може да предизвика создавање на кристали и виното да има обичен и блуткав вкус.

Белите вина имаат висока киселост, кога се изладени тие имаат помалку кисел вкус. Алкохолот испарува побрзо на повисоки температури и може да се измеша со деликатната арома на овие светли видови на вино.

6041990-professional-waiter-in-uniform-is-serving-wine

Ако виното треба брзо да се излади, ладна вода со мраз е поефикасен начин отколку да го ставите виното во сад со мраз.

Црвените вина треба да бидат изладени на температура од 16.5 до 18.5 С, треба да се ладат од 35 до 40 минути пред да се послужат. Најверојатно сте слушнале дека црвените вина се служат на собна температура, добро сте слушнале. Сепак изразот „собна температура“ доаѓа од времете кога во куќите температурата била околу 15 степени, денес собните температури се движат околу 22 степени.

Поладните температури го успоруваат испарувањето на алкохолот, со што се подобрува аромата и вкусот на виното и го прави виното помазно. Пазете да не го преладите, ако е многу ладно виното танинот во виното ќе направи тоа да има горчлив и грув вкус.

Ако црвеното вино е многу топло, ставете го во бокал или пак во топли чаши. Можете да го ставите и во микровална, но пазете да не го сварите, 10 до 15 секунди се доволни. Некои светло црвени овошни вина треба да се изладат на 10 степени целзиусови, особено ако се пијат во лето.

ОТВАРАЊЕ НА ШИШЕТО

Отстранете ја добро фолијата со остар нож и внимавајте да не останат остри парчиња. Модерните отварачи се ефикасни, но секогаш стара или слаба плутена тапа може да се скрши или да се распадне.  Ако плутената тапа не може да се извади, притеснете ја тапата во шишето и процедете го виното во бокал. Ако има остатоци од плутата во виното, филтрирајте го виното со помош на инка и филтер за кафе.

11971919-waiter-serving-wine

Бидете посебно внимателни при отворањето на шампањ и пенливи вина, затоа што тапата може да излета со голема сила и да предизвика повреди. Секогаш отварајте ги овие вина под агол понастрана од вас. Отстранете ја жицата и држете ја тапата надоле додека ја одвртувате од шишето. Кога ќе се извади тапата навалете го шишето под кос агол за да може гасот од шишето полека да се ослободи, така повеќе ќе уживате во вашето вино.

ДИШЕЊЕ

Многу луѓе сакаат да ги отворат своите скапоцени црвени вина со часови претходно, со цел да му дозволат на на виното да „дише“. Иако ова е ефективен начин за отстранување на „смрдеата од шишето“, најдобар начин за виното да дише е движењето на виното во чашата.

ПРЕТОЧУВАЊЕ

Многу дебатирана тема, генерално потребна за оние вина кои што создаваат седимент како што се порто вината. Преточувањето помага виното да дише и да се проветри. Кога се преточува виното треба да се става полека и мирно во стаклен бокал. Ако запалите свеќа или пак насочите мала светлина ќе видите како седиментот се собира на дното од бокалот.

ЧАШИ

Колку поедноставни толку подобри. Идеални, но не и неопходни, се чаши во форма на лале со широка кугла и стеснети на врвот. Долгата дршка овозможува полесно да се врти чашата и  формата на чашата ќе ја заробат и ќе ви ја достават аромата. Држењето на чашата за дршката на чашата ја намалува промената на температурата и се избегнуваат непотребните отпечатоци од прсти на чашата. Многу луѓе сакаат белото вино да им се служи во големи чаши, додека пак црвеното во помали чаши, што може естетски да изгледа многу добро, но има многу мало влијание на видот на вино што се служи.

French_taste_of_wines

ТОЧЕЊЕ

Никогаш не је полнете чашата, до половина од чашата е добро. Можеби изгледа злобно но можете да точите колку често и да сакаат луѓето. Ова му дозволува на виното да дише во чашата и на конзументот да може да ја осети и ужива во аромата. Како општо правило, служете бело вино пред црвено, младото вино пред старото и секогаш чувајте го најдоброто вино за крај. Држете шишето на неговото дно со раката и кога ќе привршувате со точењето во чашата свртете го малку зглобот за да го избетнете капењето. Пробајте – функционира.

kamelija@emagazin.mk

 

 

Македонија и Грција пријателски одработуваат 18 проекти

Кога е потребно Грција и Македонија знаат да ги закопаат секирите, а најдобар доказ за тоа се 18 проекти одобрени преку ИПА-прекуграничната програма наменета за двете земји, за која Европската комисија даде зелено светло уште во 2008 година. Оваа програма овозможува со европски пари да се финансираат заеднички проекти и тоа меѓу Лерин, Постол, Кукуш, Серес и Солун во Грција и Пелагонискиот, Вардарскиот, Југоисточниот и Југозападниот плански регион во Република Македонија. Гастрономски патишта на Кајмакчалан со кои се создаваат домови на вкусот во Воден и во Кавадарци, заеднички мото трки и дружење меѓу моторџиите од Серес и Гевгелија, заеднички хорски настапи се само дел од проектите што веќе се реализираа.

Програмата треба да ја зајакне соработката меѓу економските учесници преку заеднички пристапи за поддршка на локалните економски активности, развојот на локалните човечки ресурси и заштитата на здравјето на луѓето, како столбови за одржлив локален економски развој. Од друга страна, програмата своите ресурси, исто така, ги посветува на заштитата и унапредувањето на потенцијалот на животната средина и културниот потенцијал во програмската област, како средства за одржлив локален развој.

Заедничкиот комитет за управување уште пред две години го одобри извештајот од заедничката мешовита евалуациска комисија, составена со цел оценување на пристигнатите 135 апликации со проектни предлози од првиот повик од ИПА-Прекуграничната програма помеѓу Грција и Република Македонија.

Со заедничка одлука беа селектирани 18 проекти. Вкупната вредност на одобрените проекти изнесува 5,2 милиони евра. Висината на средствата коишто ќе ги употребат грант-корисниците од Република Македонија во 18 проекти изнесува 2,3 милиони евра од кои 85 отсто е финансирање од ЕУ, 10 отсто е национално кофинансирање од Владата на РМ преку буџетот на Министерството за локална самоуправа, додека 5 отсто од висината на проектите ќе бидат кофинансирани од страна на самите корисници.

Инаку, вкупните финансиски средства, обезбедени за имплементација на програмата, во периодот на алоцирани средства 2007 – 2013 година изнесуваат 31,5 милиони евра од кои 11,4 милиони евра се наменети за Република Македонија. Од средствата наменети за земјава 9,7 милиони евра се придонес од ЕУ, а 1,7 милиони евра национално кофинансирање од Република Македонија.

nikola@emagazin.mk

October 30, 2013

Емисијата „Заборави ако можеш“ денеска по 4500 пат

Емисијата на Драган Б.Костиќ „Заборави ако можеш“ денеска слави јубилеј и тоа несекојдневен и многу редок. Имено, оваа легендарна емисија ќе се емитува по 4500 пат на Македонското радио 2, од 17 часот. Костиќ изјави дека јубилејот ќе го прослави тивко во кругот на своето радиско семејство.

„Јас за секоја песна што ја пуштам раскажувам приказна. Досега во радио етерот имам раскажано над 44.000 приказни за песни од светската музичка историја. Ја изучувам мојата професија цел живот. Грешки сум правел, бидејќи немало конкоренција да ме исплаши. Сакам да се натпреварувам, но не трчам како Мик Џегер, туку уживам во трката. Сакам на секого да му го пренесам моето искуство, кое е збир на грешки. Луѓето секогаш простуваат кога ќе видат дека работиш“ изјави Костиќ неодамна за рубриката „Во Гурмет со“.

Минатата година прослави 40 години од застанување пред микрофонот. Неговата кариера е полна со рекорди. Радио емисијата „Диско селектор“ идната година ќе го слави 40 роденден и е најстара во Европа, по принципот-ист водител, иста фрекфенција, ист концепт.

patrisha@emagazin.mk

Композиторот кој напиша песна за Ана Окса со своја песна на Скопски фестивал

Прочуениот италијански композитор и врвен дизајнер Салваторе Монети ќе има своја композиција на годинешниот Скопски фестивал, пишува МКД.мк. На фестивалот на 13 ноември ќе ја презнетира композицијата Врати ми го мигот, онаа што ја напишал со потпевнувањето на неговиот пријател Бруно Ланѕа.

„Седевме на терасата јас и мојот пријател Бруно Ланѕа, загледани во наполитанскиот залив. Знаете, Бруно е прочуен по Ин-канто напишана за Андреа Бочели. Седнав на клавирот и почнав да свирам, а тој ми кажа, продолжи, прекрасна музика. Мелодијата, преплавена со емоции што ме водеа, ја довршив речиси за пет минути. Многу емотивни пет минути“,изјави Монети за MKД.мк.

Освен што е врвен дизајнер, Монети и е сопственик на модната империја „Еди Монети“, тој е потписник на незаборавни хитови компонирани и испеани со италијански музчки ѕвезди.Љубовта кон музиката ја наследил од својот татко, Еди Монети, кој учествувал на познатите фестивали низ Италија, во 60-те години.

Од неговата импресивна музичка кариера би го издвоиле второтo место на фестивалот Сан Ремо во 1997 година заедно со Ана Окса и песната „Приказни“(Storie).Интересно е што во 2011 година се потпишува како продуцент на цедето на Силвио Берлускони и Апичела, а за Берлускони ја напиша песната „Che vuo’ fa’“.

Моментно Славаторе Монети работи на албумот на најактуелната италијанска пејачка, Валентина Стела.
Роден е во Нeaпол, живее во Милано, но вели дека целиот свет му е дом зашто постојано е на релација Милано-Рим-Лондон-Токио-Москва, каде што се наоѓаат и неговите луксузни бутици на најпрочуените модни улици во светот.

patrisha@emagazin.mk

Постари вести »

Powered by WordPress