December 31, 2013

Новогодишна елка од 1.100 шишиња шампањ

Литванскиот полицаец  Далиус Валуконис, кој инаку не пие алкохол, направил новогодишна елка висока четири метри од 1.100 празни шишиња шампањ и кисела вода.

Необичната елка е изложена во градот Лаздиџај на самата граница со Полска.

Полицаецот изјави дека вложил три години труд и стотина часа слободно време за да ја направи оваа елка од шишиња што ги собирал по рестораните и баровите.

Шишињата ги држи метална конструкција.

Елката привлекува големо внимание, а возачите на автомобили застануваат пред неа за да ја фотографираат.

Валуконис задоволен од ремек-делото најавил дека в година планира да направи нешто уште поимпресивно.

Нема реклама за продажба на здрава храна без научна потврда

Од утре, 1 јануари 2014 година, сите производители и увозници на храна ќе мора да располагаат со научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.

Оваа обврска ја наметнува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување донесен во мај годинава согласно европската легислатива.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, за околу 80 отсто од производите рекламирани по медиумите не се точни тврдењата дека имаат поголема нутритивна вредност, повеќе калциум, железо, магнезиум, растителни влакна, помалку шеќер или калории.

“Потрошувачите се постојано изложени на ваков тип манипулации. Со цел нивно спречување, од утре, сите компании, производители и увозници на храна, доколку сакаат да нагласат посебни карактеристики на својот производ, „збогатен со витамини, минерали,…, диететски, со растителни влакна“, ќе мора научно да го докажат таквото тврдење и да добијат одобрение за него од надлежна комисија”, велат од Агенцијата.

На амбалажата не смее да има лажни, двосмислени тврдења кои сугерираат дека производот има „нешто повеќе“, витамини, минерали, влакна,…, само за да ги привлече купувачите и подобро да се продаде.

“Ако во некој производ вообичаено има витамин Ц, тој не смее да се истакнува како подобар во однос на другите кои исто така го содржат и со тоа да се атакува врз потрошувачот. Од друга страна, има производи кои се дефинираат како храна со посебни нутритивни својства зашто во нив навистина се додадени одредени, дополнителни материи, но тоа мора научно да се потврди”, посочуваат од Агенцијата.

Во пакувањата обврзно ќе има и соодветни упатства што ќе оневозможат какви било погрешни насочувања на потрошувачите, дека производот располага со некакви својства (лековити, диетални) ако тоа не е точно.

Агенцијата за храна од утре најавува и засилено мониторирање на производите. Секоја отстапка на компаниите од обврската ќе се третира според Законот за безбедност на храна кој предвидува забрана за пуштање во промет, повлекување од пазарот, едукација и глоби од 5.000 евра за операторот плус 2.000 евра за одговорното лице.

Бизнис секторот го поздравува ваквиот чекор и смета дека ќе обезбеди фер и лојална конкуренција.

Стретегија за избегнување на новогодишен мамурлак

Ако малку претерате за дочекот на Новата Година, наредниот ден би можело да ве дочека со непријатен мамурлак. Симптомите ви се многу најверојатно добро познати – мачнина, главоболка, проблеми со желудникот и малаксаност.

Поради тоа ви даваме некои совети кои ќе ви помогнат превентивно да делувате и го спречите непријатниот мамурлак.

1. Морате да ги знаете своите граници

Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со конзумирањето на алкохол и пробајте што помалку и побавно пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлокот.

2. Немојте да пиете на празен желудник

Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно -убиствен мамурлакот. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво нешто јадете. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи делувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави делувањето на пијанство.

3. Немојте да мешате алкохолни пијалоци

Мешањето на различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид на пијалак цела ноќ, наместо да пиете се што ви дојде под рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте се што содржи меурчиња, како различни пенушави вина, кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалоци.

4. Пијте вода

Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро делува на желудникот и го ублажува делувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и после пијанството.

5. Јадете

На забавата сигурно ќе има некоја храна па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибра алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и грицките како кикирики, пуканки или чипс.

Ако после лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените после целовечерната забава.

За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија. Како и да е, најверојатно дека во моментите на мамурлак секакодобро ќе ви дојде каква и да е помош.

-Течност

Како алкохолот го дехидрира телото, течностите секако се наоѓаат на прво место на списокот. Пиењето на поголема количина вода и билни чаеви ќе ви помогне за ублажување на главоболките и другите непријатни симптоми. Веднаш по враќањето дома, испијте една чаша вода и избегнувајте ги апчињата како Аспирин или Ибупрофен затоа што би можеле да го оштетите црниот дроб. Бидејќи алкохолот го исцрпува организмот, во тој момент се советува земање на витамини кои донекаде би го ублажиле делувањето на мамурлакот наредниот ден.

– Храна

Иако можеби ви се чини чудно, симптомите на мамурлак можат донекаде да се олеснат со избор на правилна исхрана. Штом се разбудите, јадете нешто лесно за појадок. Најдобар избор се овошјето или интегрален тост со малку мед. Тоа ќе ви помогне да ја вратите силите и да ги надоместите витамите, натриум, калиум и фруктозата кои сте ги изгубиле поради конзумирањето алкохол.

-Детоксикација

Потребно е да се исфрлат насобраните токсини за што побрзо да се ослободите од мамураокот. Затоа е важно добро да се испотите. Телесните вежби најверојатно ви се на последно место, но тие би можело да ви користат. Ако сепак не ви е до тоа, размислете за сауна.

- Наспијте се

Пробајте да отпсиете што повеќе е можно. Веќе наредниот ден ќе се чуствувате се подобро.

Од кога се продаваат новогодишните елки?

Дали знаете од кога почнале комерцијално да се продаваат новогодишните елки, колку е висока најголемата елка или, пак, колку елки годишно се сечат за украсување околу новогодишните и божиќните празници? Одговорите следат…

-Елките комерцијално се продаваат во САД уште од 1850 година.

-Во 1979 година во САД, не беа запалени светилките на националната елка, освен на врвот, во чест на американските заложници во Иран.

-Помеѓу 1887 и 1933 година, рибарското бротче наречено Божиќен брод тргнувало од мостот кај улицата Кларк и продавало елки од Мичиген до Чикаго.

-Највисоката жива елка била висока 37 метри и стара 91 година. Била од видот Дагласов бор, од градот Вудинвил во Вашингтон.

-Традицијата на Елка во Рокфелер центарот започнала во 1933 година. Фенклин Пирс, 14-иот претседател на САД, ја внел традицијата на Божиќното дрво во Белата куќа.

-Во 1923 година, претседателот Калвин Кулиџ ја започнал церемонијата за палење на светилките на Божиќното дрво на тревникот пред Белата куќа.

-Повеќето Божиќни дрва се исечени неколку недели пред да се изнесат на пазарот.

-Во 1912 година, првата општинска елка во САД била поставена во Њујорк.

-На Божиќното дрво вообичаено му се потребни 6-8 години да порасне.

-Божиќни дрва се огледуваат во сите 50 федерални држави, вклучувајќи ги и Хаваите и Аљаска.  Дури 98 проценти од сите Божиќни дрва се одгледани на фарми. Повеќе од 400 хектари се засадени со Божиќни дрва. Секоја година се садат по околу 77 милиони Божиќни дрва. Во просек се садат по 2.000 Божиќни дрва по хектар.

-Помошникот на Томас Едисон, дошол на идеја за поставување на електрични светилки на Божиќни дрва.

-Теди Рузвелт го забранил Божиќното дрво во Белата куќа од еколошки причини.

-Во првата недела од поставување на Божиќното дрво во вашиот дом, тоа ќе испие по 150 мл. вода дневно.

-Секоја година се сечат 34 до 36 милиони Божиќни дрва, а 95 проценти од нив се дистрибуираат или продаваат директно од фармите за Божиќни дрва.

-Калифорнија, Орегон, Мичиген, Вашингтон, Висконсин, Пенсилванија и Северна Каролина се најголеми производители на Божиќни дрва во САД.

-Најпродавани се Шкотскиот бор, Дагласовата елка, елката Фрејзер, елката Балзам и Белиот бор.

Њујорк е најфотографираното место во светот

Според сервисот Панорамио на Гугл, три од пет најфотографирани места на планетата се наоѓаат во Европската Унија. Њујорк е апсолутно најфотографираното место на светот. Рим, Барселона, Париз и Истанбул го сочинуваат остатокот од листата на петте најфотографирани дестинации, укажувајќи на тоа дека оваа услуга е се популарна во некои делови на светот, отколку во други

Најпопуларните локации за фотографите на мапата се прикажани со жолта боја, која потоа полека преминува во портокалова, розова и виолетова, означувајќи ги на тој начин помалку популарните дестинации.

Како светот ја пречекува Новата година

На 31 декември вечерта во секој град во светот ќе има забави. Огномет, музика и атракции ќе има насекаде. За оние од вас кои ќе одлучат да одат во странство за новогодишната ноќ, погледнете кои градови имаат најжешки забави за Нова година.

Берлин, Германија

berlin(2)

Во Берлин секоја вечер има каде да одите и што да видите. Покрај студот, на 31 декември пред Брандербугрската порта се собираат 1 милион луѓе, каде гледаат огномет и ласерско шоу. Забавата на отворено вклучува платформи за диџеи, танчерки и виенско тркало.

Кејп Таун , Јужна Африка

cape(1)

Можете да гледате огнометот од Тејбл маунтин, или останете за карневалот Tweede Nuwe Jaar, кој се одржува на 2 јануари, кој личи на њуорлеанскиот Mardi Gras .

Дубаи, Обединети Емирати

dubai(10)

Во Дубаи пречекот на Новата година е како и се друго – чудесно. Огномет се пушта од највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа. Во секој луксузен хотел има екстравагантна забава.

Единбург, Шкотска

edinb

Во цела Шкотска се слави со забави на отворено со огнови и концерти. Во Единбург тие почнуваат уште од 30 декември. Во замокот Единбург се собираат околу 80.000 луѓе. Има многу забава и откриени барови.

Гоа, Индија

goa(1)

Егзотична Нова Година може да пречекате во Индија со танцување, јога и спа третмани на плажа. На 31 декември вечерта има транс забава под палмите.

Хонгконг, Кина

hong

Кинезите го измислиле огномет и се разбира на 31 декември ќе има многу голем огномет. На Нова година има и 10 минутно ласерско шоу. Тоа започнува од пристаништето Викторија и поминува низ 40 облакодери. Ако не ви пречи огромната толпа – одете на Тајмс Сквер ( да, како во Њујорк ), каде што има часовник, и каде се одбројуваат последните минути или во некој од бројните барови во реонот на Lan Kwai Fon.

Хонолулу, Хаваи

honolulu

Географската положба на Хонолулу е таква, што тука Новата година ќе дојде последна. ВИП забавите се организираат во Trump International. Во хотелот Royal Hawaiian секоја година има розова забава. Во Modern има тематска забава посветена на 20 -тите години на минатиот век, каде целосниот пакет чини 114.000 долари и вклучува превоз со авион, 4 ноќевања, спа, лимузина и пловење со јахта.

Лас Вегас, САД

vegas(1) (1)

Неможе да не се спомне Лас Вегас. Оваа година огнометот ќе биде пуштен од хотелите MGM Grand, Planet Hollywood, The Venetian, Stratosphere и уште неколку други луксузни хотели. Прочуената улица Strip ќе биде затворена за автомобили. Бруно Марс ќе има концерт во The Cosmopolitan, а во Caesar’s Palace ќе пее Селин Дион.

Лондон, Англија

londin

Во Лондон Биг Бен ќе одброи 12 отчукувања, свечено пред огнометот. Се очекува околу четвртина милион луѓе да бидат на лондонските улици на новогодишната ноќ. Ќе има 45 минутна забава. Имајте на ум дека за кафулињата и пабовите ќе треба да имате претходна резервација. На 1 јануари во Лондон има парада со околу 10.000 учесници.

Њујорк, САД

ny(17)

Тајмс Сквер е прочуено место за дочек на Нова година. Околу него ќе има околу 1 милион луѓе на новогодишната ноќ! Ако сакате да одите на забавата во Marriott Marquis хотелот, тоа ќе ве чини 950 долари по човек.

Рејкјавик, Исланд

reyk

Рејкјавик е познат по ноќниот живот. Тука нема официјално организирана новогодишна забава, бидејќи таа се случува насекаде. Локалните луѓе традиционално го гледаат новогодишниот говор на телевизија и околу 11:35 излегуваат на улица, каде што се истрелуваат околу 500 тони огномет. По полноќ во сите клубови има забава до зори.

Рио де Жанеиро, Бразил

rio(3)

Облечете се во бело – тоа е традиција.На нова година се фрлаат цвеќиња. Забавите се на плажа – подгответе се за ноќно капење.

Сиднеј, Австралија

sydney(2)

Тука исто така е лето и Нова Година се дочекува на плажа. Минатата година на забавата пееше Кајли Миног. На пристаништето во Сиднеј ќе се соберат околу 1 милион луѓе. Освен огномет има шоу на акробати, светлосно шоу и регата.

Торонто, Водопад Нијагара, Канада

toronto(2)

Околу 40.000 луѓе се собираат на плоштадот Нејтан Филипс. Огнометот се гледа од езерото Онтарио.
Вистинсктаа церемонија е на час и половина пат од Торонто – на Нијагарините водопади. Таму ќе има забава, посетена од околу 60.000 луѓе. Меѓу изведувачите ќе биде и Деми Ловато.

 

 

„Откачени“ градби на снежен фестивал во Кина

Неверојатни градби од снег и мраз, се дел од традиционалниот снежен фестивал во градот Harbin, во југоисточна Кина кој лани се одржа по јубилеен 50-ти пат.

Фасцинантните структури опстојуваат цела зима, на просечна темература од околу -16 степени. Еве што понудија уметниците годинава, низ објективот на фотографот Hong Wu:

Паричките со Гоце Делчев и Питу Гули ќе се претопат во монетарно злато

Македонските фирми и семејства се помалку купуваат златни пригодни парички за Нова Година, Божиќ, 1 Мај, но и за принова во семејството или пак крштевка. Доказ за тоа е што во Собранието се најде предлог Закон со кој пригодните ковани пари што ги издава Народната банка ќе можат да се претопат и да се претворат во девизни резерви на Македонија односно во монетарно злато.

Имено, со Законот за пригодни ковани пари е уредено дека Народната банка на Република Македонија издава пригодни ковани пари по повод политички, историски, научни, културни и спортски настани кои се од општ интерес или се од меѓународно значење.

Владата на Република Македонија ги определува настаните по повод кои се издаваат пригодните ковани пари. Продажбата на пригодните ковани пари ја врши Народната банка на Република Македонија, а средствата остварени од продажбата се приход на Буџетот на Република Македонија.

Но,според анализите на Народната банка на Република Македонија, во изминативе години продажбата на пригодни ковани пари е намалена поради што се зголемени залихите на пригодни ковани пари.

Со Предлогот на закон за дополнување на Законот за пригодни ковани пари се предлага во иднина пригодните ковани пари изработени од злато кои не се продадени во период од 5 години од денот на издавање да се претопат и претворат во монетарно злато.

Тоа значи дека паричките со ликовите на Гоце Делчев, Питу Гули, за егзодусот од Егејска Македонија и други ќе завршат како прачки монетарно злато за поткрепа на македонската економија, наместо да останат како сеќавање на важните историски личности и моменти за нашата држава.

Елка од пластични ќеси

Група шпански уметници во едно мало гратче во Англија направија вистинско уметничко дело, елка „Потрошувачко божиќно дрво“, декорирана со пластични ќеси.

Елката е висока 9 метри и е накитена со 3.000 пластични ќеси.

Според Ескваер Папата е најдобро облечен маж за 2013

Американското списание „Ескваер“ го прогласи Папата за најдобро облечен маж за 2013 година.

Од списанието објаснуваат дека ова одлука е прилично неконвеционална, но според нив стилот на Папата Франческо ја означува новата ера во облекувањето на Католичката црква

„Неговиот стил го отсликува неговиот став и начинот на размислување„, вели Марк Еван Блекман, асистент на Модниот институт за технологија во Њујорк.

Постари вести »

Powered by WordPress