February 28, 2014

Зградите на „Адора Инженеринг“ отпорни на земјотрес

Градежната компанија „Адора Инженеринг“ и Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, со „вештачки земјотрес“ на врвот на единаесеткатен станбен објект во општина Аеродром, Скопје, повторно научно ја докажаа сигурноста на станбените објекти изградени од овој градежен супербренд.

Денеска практично се тестираше сигурноста на новоизградениот станбен објект на Адора Инженеринг на улица „Методија Шаторов Шарло“ бр. 23 во општина Аеродром, до црквата Свети Илија во Скопје.

a

„Зградата и сами видовте дека е еластична, сите почувствувате како убаво се движи , објектот го мериме на 100 мерни точки, но нема никакви пукнатини, ниту некакви проблеми од потресот. „Адора Инженеринг“ е единствената градежна компанија која во Македонија ги тестира зградите со ‘вештачки земјотрес’, што е добар пример и за другите. Спрега на науката и квалитетот дава вакви квалитетни објекти“, изјави проф. д-р Михаил Гаревски, директорот на ИЗИИС.

„Овие тестирања не се прават за маркетинг. Со вградување на 40 до 50 отсто појаки и поцврсти материјали од проектираното, „Адора Инженеринг“ ја праќа пораката дека градиме висококвалитетна 100 % македонска градба, што е најголема гаранција дека граѓаните коишто ќе живеат во овие станови ќе бидат безбедни и ќе имаат мирен сон. Тоа е афирмација на безбедната и квалитетна македонска градба во регионот, Европа и светот“, порача генералниот директор на „Адора Инженеринг“, Ванчо Чифлиганец.

Хотели Метропол во позитива

Хотели „Метропол“ од Охрид и покрај кризата на домашниот и странскиот туристички пазар, остварија позитивен финансиски резултат од 34 милиони 440 илјади денари, објави компанијата.

„Во периодот од први јануари до 31-ви декември минатата година хотели „Метропол“ своето работење го остваруваше во услови на економска и финансиска криза како на меѓународниот, така и на домашниот туристички пазар. Поместувањата на приоритетните пазари за меѓународните туристички субјекти, патната инфраструктура, но и неповолните климатски услови, особено во периодот на висока сезона, а секако со промената и прилагодувањата кон другите услови и превземени активности доведоа до намален остварен број на ноќевања од 71.349 или 9,42 отсто во однос на истиот период во 2012 година, и забележан позитивен финансиски резултат во износ од 32,4 милиони денари“, стои во соопштението на компанијата.

Остварениот вкупен приход за овој период од 152,8 милиони денари е за 9,40 отсто  помал во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 168,7 милиони денари.

Вкупните расходи во износ од 120 милиони денари се намалени за 11,40 отсто во однос на расходите во истиот период минатата година кога беа во износ од 135,5 милиони денари.

Хелена Роза отвори ресторан

Познатата ТВ водителка Хелена Роза отвори ресторан „Париз Бистро“ во Скопје, со што и официјално стана угостител, пишува порталот Вистина.мк.

Хелена Роза која гостите ќе можат да ја видат во улога на газдарица, менаџерка и шеф, за Вистина.мк вели дека сите јадења кои се на менито се нејзини рецепти.

„Нашиот ресторан е наменет за гости со софистициран вкус кои сакаат да уживаат во лесни и здрави оброци и вкусно кафе. Освен класичните кафиња во нашата понуда ќе има и органско кафе од јачмен, макијато и капучино со соја млеко. За прв пат во Македонија имаме и понуда на смутис – здрав течен оброк кој изобилува со витамини. Нудиме и салати кои можам слободно да кажам дека ги нема на менијата на другите ресторани. Во главните јадења немаме ништо што е пржено, похувано или слично. Се се подготвува на здрав начин“, вели Роза за Вистина.мк.

h2

фото: Дарио Јанковиќ

Групацијата Триглав со позитивни резултати

Групацијата Триглав во 2013 година продолжи да ја реализира својата стратегија, која што се темели на фокусирање на основната дејност на осигурување, профитабилност и сигурност во работењето.

Групацијата Триглав и покрај тешките економски и финансиски услови во 2013-та работеше добро.

Групацијата Триглав го задржа високото ниво на профитабилност и финансиска стабилност, што беше потврдено и од страна на агенциите за проценка на бонитет, „Standard & Poor’s“ и „A.M. Best“, кои Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре ја оценија со бонитетна оцена „А-“, со стабилна среднорочна прогноза.

Проценетиот деловен резултат на Групацијата Триглав пред оданочување изнесува 83,6 милиони евра, што е 7% пониско во однос на 2012 година, а воедно 21% над планираното.

Проценетиот нето деловен резултат на Групацијата Триглав изнесува 69,9 милиони евра, што во однос на 2012-та претставува пад од 5%, но е 27% над планираното.

Продолжувањето на економската криза и понатаму влијае на обемот на фактурирана премија од осигурување на Групацијата Триглав, која според првите оцени изнесува 900,9 милиони евра и, споредено со 2012 година, е за 4% пониска.

Постигнатиот комбиниран количник, со кој се мери успешноста на осигурителната компанија  во нејзината основна дејност, на ниво на Групацијата Триглав е оценет со вредност од 91% што е за 3,7 процентни поени подобро од планираното.

Оценетата рентабилност на капиталот на Групацијата Триглав изнесува 12%.

Виз ер стана главен спонзор на Скопски маратон

Скопскиот маратон го додава Виз Ер во своето име и годинава, како и следните три години, ќе се одржува како „Wizz Air Скопски маратон„.

„Виз Ер е позната по тоа што го стимулира авионскиот сообраќај во 35 земји, а денеска ја славиме посветеноста на Виз Ер и присуството во Македонија. Во текот на изминатите две и пол години постојано ги развивавме нашите операции, нашата флота и мрежата на линии. Во април 2014 ќе имаме втор авион што ќе ѝ се придружи на македонската база и 4 нови линии со што ќе започнеме летови до Париз, Брисел, Келн и Франкфурт. Ние во Виз Ер веруваме во мобилност и во активно живеење. Нашите ниски цени им овозможија на над 370 илјади Македонци во 2013 година да патуваат заради работа или задоволство и обединувањето на брендот Виз Ер со Скопскиот маратон претставува адекватно партнерство. Остануваат приближно 70 дена до трката и јас ги повикувам сите Македонци да ги затегнат врвките и да трчаат на Wizz Air Скопски маратон“, изјави Џозеф Варади, главниот извршен директор на Виз Ер

Уште од почетокот на натпреварувањата, расте интересот за учеството на Скопскиот маратон, кој годинава, ќе се одржи на 11 мај по десетти пат.

Во 2013 година за првпат во настанот учествуваа речиси 5.000 тркачи од 36 земји, а за мај 2014 се очекува овој рекорд да биде повторно соборен.

 

Скопје утре во пет до дванаесет ќе маршира против сиромаштијата

Марширај против сиромаштија за достоинствен живот. Со ова мото, утре, во 5 минути до 12 часот, пред Собранието на Македонија ќе почне маршот против сиромаштија, кој се организира да запрат поскапувањата и да се намали бројката на граѓани што немаат никакви приходи.

Организаторите, Македонската платформа против сиромаштија (МППС) и граѓанската иницијатива „8 Септември“, велат дека е потребно да се приклучат сите оние што се чувствуваат засегнато од поскапувањето на цените на храната и на струјата, оние што живеат во сиромаштија, оние што не можат да најдат работа и оние што сакаат да застанат на страната на народот и да зборуваат во името на оние што немаат глас.

Тргнувајќи од фактот дека секој трет во Македонија е сиромашен или е на работ од сиромаштијата, овие организации предлагаат конкретни мерки за надминување на овој проблем. Воведување минимален доход за самохраните родители, постари лица што не остваруваат право на достоинствена пензија, оние што не можат да најдат работа, како и за лицата за кои вработувањето не е воопшто решение, како лица со попреченост, стари лица или лица со здравствени проблеми, се дел од мерките што се предлагаат.

Концерт на Мухамед Ибрахими вечерва во МКЦ

Мухамед Ибрахими, едно од напријатните изненадувања на македонската независна музичка сцена вечерва ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје. На концертот ќе му се придружат неколку гости, еминентни имиња од македонската музичка сцена: Сеад Хаџиќ-Сецко, Мите Димовски, Џоле Максимовски, Ратко Даутовски, Андреј Анастасов Даскаловски – Еди. Концертот е закажан за 22 часот, а цената на билетите е 200 денари.

Утре, пак во бифето на МКЦ ќе се одржи концерт на гаражното панк рок дуо од Black Magic Six и домашните Fighting Windmills. Black Magic Six се динамично дуо од Хелсинки, Финска. Основани 2006та. Некои велат Black Magic Six звучат како микс од Howling Wolf и Venom, некои дека имаат влијание од Stooges, Dead Kennedys, Sweetheart или AC/DC. Никој од нив не е во право. Black Magic Six звучат како сатански мастер план, оргулите на Сталин и завивање на врколак од предградието Калио – сè заедно. Без милост.

Fighting Windmills се бенд или поточно кажано: идеја од Скопје. 2 гитари, бас, бубањ и кларинет. Свират музика, некогаш и не баш музика. Во 2013 го издаваат можеби своето најдобро издание (3 албум по ред), кој наиде на одлични критики и од страна на медиумите, како и од страна на публиката.
Почетокот е закажан за 21:00, влез чини 100 денари.

Масовна тепачка во турскиот Парламент

Нова тепачка се случи во турскиот Парламент за време на расправата за предлог-законот за образовение, со кој се предвидува затворање на подготвителните училишта за идни студенти на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Во масовната тепачка, што се случила доцна синоќа, учествувале пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Пратеникот на ЦХП Шевки Кулкуоглу бил хоспитализиран, откако му бил раскрвавен носот по ударот со тупаница во лицето од страна на неговиот колега од АКП, Метин Каланк.

На 29 март во 20 часот Македонија ќе потоне во мрак

Македонија петта година по ред се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, во која годинава ќе учествуваат над 154 држави ширум светот.
Часот на планетата Земја претставува најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година акцијата се одржува на 29 март, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 154 држави во светот, а меѓу нив и Македонија.

За разлика од изминатите учества, Македонија се вклучува во акцијата со сопствена медиумска кампања за спас на планетата Земја, каде главните суперхерои се познати личности од Македонија и регионот, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата.

„Македонија може со гордост да се пофали дека е дел од најголемата светска волонтерска акција. Се вклучуваме во Часот на планетата Земја петта година по ред, но прва година со своја медиумска кампања во која добиваме поддршка од многу познати личности од Македонија и регионот. Нашата кампања стартува на 3 март и секој ден ќе објавуваме по една видео порака од нашите медиумски амбасадори кои ја поддржуваат акцијата. Мотото на акцијата е „нашата моќ е зголемена, засилена и глобализирана кога сите заедно ќе се обединиме во една иницијатива“, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

Тој е задоволен што оваа година во кампањата се вклучуваат и скопските општини Аеродром, која веќе трета година по ред ќе го исклучи осветлувањето на трите најголеми паркови на својата територија, и Кисела Вода, која годинава првпат влегува во акцијата Часот на планетата Земја.

Селков со апел до градоначалниците и на останатите општини во Скопје и Републиката, како и до градоначалникот на град Скопје и тие да се вклучат во оваа светска кампања и да го исклучат осветлувањето на спомениците за време на настанот.

„Ryanair“ најавува преуокеански летови по цена од 10 евра

Filed under: бизнис,Рубрики — Tags: , , , — @ 12:09 pm

Претседателот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“, Мајкл О’Лири, најави дека наскоро планира во понудата да стави летови од Европа до САД за само 10 евра.

Ова ќе се случи штом компанијата ќе набави доволно авиони за долги, прекуокеански дестинции. О’Лири најави дека летовите до Бостон и Њујорк ќе чинат 10 евра, а од САД назад за Европа ќе чинат 7,30 евра. Патниците ќе мораат да платат дополнително за се, од храна, пијалок, до багаж и опција за бирање на седиште. Цените за седиштата во бизнис и премиер класата ќе бидат многу повисоки.

Авионите на „Ryanair“ ќе летаат од 12 до 14 големи европски градови во исто толку дестинации во САД.

„Ryanair“ во моментов располага со флота од 300 боинзи за средни дестинации, кои сообраќаат само по Европа.

Постари вести »

Powered by WordPress