March 31, 2014

ЕВН Снабдување со над 120 компании останува лидер на пазарот

ЕВН Снабдување потпиша договори за снабдување со над 120 компании кои првпат излегуваат на слободниот пазар. Компаниите кои му ја дадоа довербата „ЕВН Снабдување“ ги имаат најповолните понуди што може да се добијат на почетокот на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Не само поволна цена, туку корисниците го добиваат и искуството и сигурноста во снабдувањето и од домашниот пазар и од Европскиот, каде што ЕВН веќе одамна е присутна снабдувајќи 3.3 милион корисници во Бугарија, Австрија и Македонија.

Токму пристапот до сите европски берзи и пазари на електрична енергија и дава можност на ЕВН на компаниите да им ja олесни работата околу планирањето на потрошувачката.

„Оние кои потпишаа договор со нас не мора воопшто да се грижат за тоа дали ќе ја потрошат целата побарана енергија или не, нашето искуство и екпертиза околу планирањето им стои на располагање. Балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа,“ вели менаџерот на ЕВН Снабдување, Нико Беберу.

ЕВН Снабдување ја оформи и втората балансна група. Едната најголема во земјава е на регулираниот пазар на електрична енергија каде што ги снабдува тарифните потрошувачи вклучувајќи ги и 700 000 домаќинставта и малите бизниси, и втората балансна група за либерализираниот пазар каде што се вклучени ЕВН Снабдување со 70 отсто или две третини од компаниите кои што од 1 април за прв пат излегуваат на отворениот пазар и ЕВН Трејдинг за Југоисточна Европа.

Капсулна колекција „природата не е само зелена“

Инспирирани од „природата која не е само зелена“ , петтмина македонски илустратори и графички дизајнери во соработка со Моден викенд Скопје креираа капсулна колекција маици.

Традиционално, од сезона во сезона Моден викенд Скопје (FWSK) продолжува со проекти кои ги поддржуваат и
промовираат младите креативци. Овојпат, тоа се Иван Петрушевски, Емилија Мишева, Ружица Трпковска, Јован
Петрушевски и Бојан Кртолица кои своето видување за „современата“ природа која не е само зелена, го пренесоа на
шест маички од познатиот бренд Fruit of the Loom. Капсулната колекција произведена во ограничен број, ќе биде во
продажба од денес до 7 април во концептуалното кафуле „Концепт 37“ во Скопје.

Покрај таканаречената „новата природа “ (Next nature) која е заштитен знак на претстојното издание, FWSK се залагa
за зачувување и на традиционалната природа и зеленилото.

Над 3000 пластични шишиња вода се употребуваат секоја сезона за време на Моден викенд Скопје. Од тие причини,
за големиот број пасионирани модни вљубеници „Пелистерка“, „Пакомак“ и FWSK одлучија оваа сезона сите
посетители да конзумираат вода во хартиени чаши кои ќе бидат произведени од рециклирани материјали. Да ја
сакаме природата во сите нејзини облици, природата не е само зелена!

Европа Ре обучува осигурителни агенти за проценка на штета од природни катастрофи

Реализацијата на новaта пазарна инфраструктура на системот за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди, дизајниран и поддржан од Европа Ре – специјализирана компанија за реосигурување од природни катастрофи со седиште во Цуг, Швајцарија, се наоѓа пред самиот почеток. Како дел од подготовките за лансирање на програмата Европа Ре на македонскиот осигурителен пазар, експерти од компанијата деновиве одржаа обуки и тренинг – сесии во врска со иновативниот систем за обесштетување на осигурителни барања базиран на користење на слики и користење на далечинска проценка на штети/процесирање на осигурителни барања. Исто така посебни обуки беа оддржани и за првите осигурителни агенти кои набрзо ќе почнат да им ги нудат, на граѓаните и бизнис секторот во земјава, првите уникатни полиси за осигурување на имот од земјотрес.

Во рамки на подготовките за старт на Европа Ре програмата извршена е обука на специјален тим на набљудувачи на штети (собирачи на информации) кои ќе бидат дел од процесот за обесштетување во случај на природни катастрофи и временски непогоди кој стои позади производите за осигурување поддржани од Европа Ре. Обуката се одржа на 31 март 2014 во Скопје. Сите оние кои ќе ги положат стандардизираните тестови по завршување на тренингот, ќе добијат официјална сертификација за завршување на обуката.

„ Преку овие обуки, кои се базираат врз точно утврдени протоколи на Европа Ре, набљудувачите на штети добија соодветни знаења и експертиза кои им овозможуваат, во случај на природна катастрофа, на ефикасен начин да придонесат за иновативниот процес на далечинска проценка на штета поддржан од Европа Ре. Овој нов процес ќе овозможи брзо и транспарентно обесштетување (решавање на осигурителни барања) за граѓаните,“ вели проф. д-р Паоло Базуро, експерт на Европа РЕ за моделирање на ризици и инженерство.

Преку обуката за осигурителни агенти која се одржа на 28 март 2014 во Скопје, осигурителни агенти се запознаа со сите неопходни технички аспекти, како и со придобивките за граѓаните и бизнис секторот, од осигурителните станбени и комерцијални производи за заштита од земјотрес кои наскоро ќе ги лансира Европа Ре преку постојните партнерски осигурителни компании во земјава.

„Овие обуки се дел од експертската и техничка поддршка што ја обезбедува Европа Ре за своите локални партнерски компании со што тие ќе можат целосно да се фокусираат кон потребите и очекувањата на граѓаните и бизнис секторот за ново, квалитетно и пред се достапно осигурување од природни катастрофи,“ изјави Анета Дамјановска од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија, една од институциите кои ја поддржуваат програмата на Европа Ре за осигурување од природни катастрофи.

На учесниците на обуките за агенти за продажба им се обратија и претставници на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Центарот за управување со кризи на Република Македонија, при што посебно ја истакнаа поддршката која домашните институции ја даваат на формирањето и функционирањето на новиот систем за осигурување. По завршувањето на тренинг – сесиите, што се дел од програмата за акредитација на Европа Ре, сите осигурителни агенти добија соодветен сертификат со кој се потврдува нивната стручност при извршувањето на задачите во рамките на новата инфраструктура за осигурување од природни катастрофи.

Прво злато за Македонија во уметничко лизгање

Георгина Стефановска и Јан Стојановски од Школата за уметничко лизгање при СЦБТ се добитници на првите златни медали за Македонија на меѓународните натпревари по уметничко лизгање што викендов се одржаа во Белград и Софија. Викторија Маслова од истиот клуб освои сребро на натпреварувањето во Белград, пренесува МИА.

Стојановски го освои првото место во натпреварот „Трофеј Београд“ во категорија до 8 години со 11,41 поени. Георгина Стефановска на натпреварот во Софија Ice Blade во категорија „Bronze A“ до 12 години освои прво место со 21 поен, а Викторија Маслова освои сребро во категорија до 8 години со освоени 18,81 поени во Белград.

Останатите македонски претставници во Белград се пласираа од 11 до 17 место. Климентина Малеевска која се натпреваруваше во Софија се пласира на четврто место.

На натпреварот во Белград учествуваа Ана Блајер, Деана Прилепчанска, Лана Нацев, Јана Куковска, Мери Тасовска, Миа Николовска, Ангела Прилепчанска, Моника Пижевска и Нина Стрезовска.

„Македонија првпат годинава има учесници на меѓународни натпревари по уметничко лизгање и резултатите кои ги постигнаа се исклучителни. Дел од нив имаат покана за учество и на следни натпреварувања„, информираат од СЦ Борис Трајковски.

Меѓународното натпреварување во уметничко лизгање „Трофеј Београд“ се одржа викендов  во  зимската арена „Пионир“, на кој учествуваа  150 натпреварувачи од сите старосни категории. Натпреварувањето се одржува секоја година во организација на Федерацијата за уметничко лизгање во Белград, а е под покровителство на Агенцијта за млади и спорт.

„Ова е сјајна прилика за афирмација на уметничкото лизгање како спорт пред се во Македонија, каде до пред три години немаше услови за овој спорт. Во изминатиов период нашата школа брои се повеќе и повеќе членови и голем успех е што за толку кратко време успеавме да настапиме на еден ваков турнир„, изјави тренерот во школата за уметничко лизгање на СЦ Борис Трајковски, Ксенија Јасштењски.

Таа потенцира дека е значајно што на оваа манифестација им се дава шанса на најмладите категории на кои им претстои иднина во овој спорт.

 

 

 

Mask’n’Mall во Skopje City Mall за Денот на шегата

Во најголемиот шопинг центар Скопје Сити Мол ќе се случува Mask’n’Mall наменет за сите оние кои ќе се маскираат за Денот на шегата. За комплетното прво априлско лудило креираше програма која е наменета за сите генерации и возрасти, а за најкреативните маски, Skopje City Mall подготви многу вредни награди.

„Со гордост го најавуваме настанот кој ќе го одбележи годинешниот Ден на шегата, уникатниот Mask’n’Mall. Знаејќи дека сите генерации, почнувајќи од учениците во основните училишта па се до возрасните, сакаат да ја искористат својата креативност и да се маскираат, одлучивме да создадеме целодневна програма која ќе им овозможи на сите возрасни групи кои не посетуваат, да се пронајдат во дел од понудата и да се забавуваат. Mask’n’Mall има за цел сите да Ве расположи, насмее и да Ви oвозможи супер забава во текот на целиот ден“, изјави Дарко Панчевски, претставник на маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Овогодинешниот Mask’n’Mall ќе започне со дефиле на маски од награден карактер наменет за деца од 6 до 14 години. Стручна жири комисија ќе ги избере најдобрите маски, а за истите се предвидени вредни награди. Овој настан ќе се одржи во две етапи, и тоа од 10:00 до 12:00 часот и 13:00 до 15:00 часот. Од 18:00 часот ќе започне првата тинејџерска журка под маски наменета за младите од 13 до 18 години. Забавата ќе се одржи во Cineplexx, каде пред нејзиното започнување, од 15:00 часот ќе биде организирана филмска проекција по намалени цени и со интересни изненадувања и награди за посетителите.

За оние над 18 години кои имаат желба да се забавуваат под маски, кафулињата во Skopje City Mall организираат afterwork забави под маски, со специјални изненадувања за сите присутни. Овие забави ќе започнат во 18:00 часот и ќе траат се до затворање на молот.

Прекрасно: Нова колекција „Златни Узди” на „Елена Лука„ (галерија)

На 3 – ти април, 2014, во 20 часот, во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“, „Елена Лука“ ќе и ја открие на јавноста новата колекција наменета за сезоната пролет/лето 2014, која го носи името „Golden Reins“.

Имено, станува збор за колекција при чија изработка се употребени висококвалитени материјали, игра со тантели и силни контрасти во текстурата, формата и конструкцијата. Секој модел ја нагласува автентичноста играјќи со форми, притоа оставајќи свој белег и лик и мекост во изборот на завршната линија од креацијата, која е синоним на женственоста, автентичноста и раскошот. Покрај елегнатните парчиња облека, за оваа колекција, наменски се искреирани и изработени чанти и чевли кои го носат потписот „Елена Лука“

„Значењето на името „Golden Reins“ или „Златни Узди“ на новата колекција  претставува суштествена компарација. Духот, силата, елегантноста и острата дефинирана интимност на коњот е само компарација со идеалот за девојката и жената, за која се наменети креациите на Елена Лука. Нивниот внатрешен сјај ја дава комплетната нота на нашите креации“, изјави Елена Лука.

За „Golden Reins“ се изработи и автентичен каталог, токму каков што и доликува на една колекција која е создадена по теркот на светските модни трендови. Елегантноста, креативноста и оригиналноста на „Елена Лука“, овој пат, се заокружи со модерна и невообичаена фотосесија, која го привлече вниманието на граѓаните на Скопје и пошироко..

Голема роденденска акција на целата понуда на КупиКнига.мк

КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, го прославува својот втори роденден. По тој повод ја организира најголемата роденденска акција до сега. Сите 40.000 наслови на КупиКнига.мк во текот на следните 24 часа ќе бидат на 24 отсто попуст. Со тоа ќе го одбележи своето 24 месечно постоење.

„Во нашата две годишна работа наидовме на силна поддршка од страна на читателите. Тие се најголемиот двигател кон тоа нашата скромна идеја да прерасне во најголемата електронска книжарница во Македонија и регионот. За таа цел, сакаме да ја прославиме годишнината со нашите корисници и да им овозможиме достапност на сите изданија. Нашата мисија
„КупиКнига за секого книга“ продолжува да се развива и во иднина.- изјави Томислав Зографски, Директор на иВоте.

Посетителите на КупиКнига.мк можат да нарачуваат книги од најразлични жанрови: белетристика, стручна литература, детска литература, класици, стрипови и книги од многу други области. Попустите траат само 24 часа, а нарачаните производи се доставуваат до дома.

КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој всушност претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Позади КупиКнига.мк стои иВоте, водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење.
ИВОТЕ Демокра е платформа за управување со изборни процеси, изработена според најсовремени технологиии. Обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност во информацискиот менаџмент. До денес, повеќе од 110 милиони гласачи ширум светот и веруваат на Демокра технологијата.

Париз ја доби првата градоначалничка

Ан Идалго е првата градоначалничка на еден од најубавите градови во светот, градот на светлината со 2,2 милиони граѓани.

Ќерка на шпански доселеник, феминистка и дискретна членка на Социјалистичката партија, Ан е прват градоначалничка на Париз која се приклучува на малиот клуб на жени кои се лидери на главни градови.

Во трката за градоначалничката фотелја, противник и беше уште една жена, Натали Косјуско- Моризе. Ан освои победа со 54.5 отсто од гласовите.

Со победената на Ан, владејачките социјалисти во Франција претрпеа голема загуба на локалните избори, и се смета дека Социјалистите се погодени од растечко незадоволство на граѓаните околу економијата.

„Снежното кралство“, анимиран филм со најголема заработувачка во историјата

Филмот на Дизни „Снежното кралство“ (Frozen) стана анимираниот филм со најголема заработувачка во историјата, соопшти вчера стиудиото, откако овој музички филм заработи повеќе од милијарда долари ширум светот.

Филмот продаде за 398,4 милиони долари влезница во кината во САД и Канада од премиерата на 27 ноември. Во светот заработил уште 674 милиони, што вкупно изнесува 1.072 милијарди долари, соопшти Дизни.

„Снежното кралство“ инспирирано од бајката на Андерсен, „Снежната кралица“ е приказна за скандинавска принцеза која мора повторно да се поврзе со својата сестра кралица која има моќ со своите раце се да претвори во мраз и случајно предизвика долга зима која го уништува нејзиното кралство.

Поранешниот првак во заработувачка меѓу анимираните филмови беше „Приказна за играчките 3“ со 1.063 милијарди долари заработувачка, според Boxofficemojo.com. Двата филмови ги дистрибуира Walt Disney Pictures

Странските инвестиции во јануари, 16,3 милиони евра, двојно помалку од лани

Вкупно 16,3 милиони евра странски инвестиции влегле во државата во првиот месец годинава, објави Народната банка на Македонија.

Според податоците на НБРМ, тоа е двојно помалку споредено со јануари минатата година кога приливот на странски инвестиции изнесуваше 34 милиони евра.

Од вкупниот прилив на странски инвестиции во јануари, 14,4 милиони се акционерски капитал.

За цела 2013 година вкупните странски инвестиции изнесуваа 251,5 милиони евра, а за годинава владините проекции се дека странските инвестиции ќе надминатт 300 милиони евра.

Постари вести »

Powered by WordPress