April 30, 2014

Здравје Радово почна да откупува по 150 илјади литри млеко дневно

Млекарата Здравје Радово, во изминатиот период, ги надмина своите проекции и очекувања за тоа колку кравјо млеко е доволно за суровина за нивните производи, па токму затоа во периодот што следува најавуваат неколкукратно зголемување на откупот на кравјо млеко од македонските фарми и фармери.

Зголемувањето на откупот на суровината се должи пред сѐ на зголемената побарувачка на производи во нашата земја, но изнадува и фактот дека сѐ повеќе нивни производи се барани на пазарите во соседството.

Токму затоа, во новите проекции од Млекара планираат во наредните две години да го зголемат откупот на кравјо млеко од домашни кооперанти и Млекара Здравје Радово да стане регионален лидер.

Со оваа стартегија, планираат Македонија од увозно зависна да стане извозно ориентирана земја.

Млекара Здравје Радово користи исклучиво домашно млеко, па токму затоа оваа стратегија ќе ја реализира со помош и во стратешка соработка со најголемите македонски фарми, а на своите потрошувачи ќе продолжи да им нуди традиционални прозиводи по европски стандарди.

“Правејќи ги проекциите за сиот овој период, не изнеди фактот дека за нашите производи се повеќе има интерес и на странските пазари. Побарувачката е поголема отколку што ние планиравме. Токму затоа неопходен ни е зголемен откуп на домашно, квалитетно кравјо млеко. Ние сме млекара која 100% користи суровина од македонски фармери, токму затоа во соработка со најголемите фарми, но и мали домашни фармери кои произведуваат исклучиво квалитетно млеко, планираме да ги освојуваме извозните пазари. Бидејќи ги имплементиравме сите европски стандарди во нашите млекари, и сме рамо до рамо со било која млекара од Европа, очекуваме набрзо нашите производи да се најдат на пазарите на Европската Унија”, изјави Јован Дабевски, генерален менаџер на Млекара Здравје Радово.

Млекара Здравје Радово од минатогодишните остварени 120.000 литри дневен откуп, оваа година достигнува бројка од 150.000 литри секојдневен откуп на свежо млеко, а според динамиката порастот во иднина би требало да се движи од 250.000 во 2015, до 300.000 литри дневен откуп во 2016 година.

 

Кадилак плаќа 100 долари за да ги тестирате нивните возила

Со намера да ја зголеми продажбата и да привлече нови купувачи, Кадилак на возачите во САД им нуди сума од 100 долари ако тестираат некој од нивните модели.

Промотивната кампања започна на почетокот од овој месец и ќе трае до крајот на април, а за тест возење досега се пријавиле илјадници американци.

За некој да се пријави на тест возење потребно е да има најмалку 21 година, важечка возачка дозвола, осигурување и да поседува автомобил кој не е постар од 10 години.

Со оглед на тоа дека Кадилак со оваа акција сака да привлече повеќе купувачи, дополнителниот услов е автомобилот на клиентот да не припаѓа на ниту една марка која работи во рамките на General Motors, во чија сопственост се наоѓа и Кадилак.

Ако некој од возачите после тестирањето се одлучи да купи нов Кадилак, американскиот производител подготви и дополнителна стимулација во вид на попуст од 1.500 долари.

Живкица роди ќерка

Водителката Живкица Каленикова роди ќерка. Со сопругот Зоран Калеников се родители на двете момеченца Даријан и Марко, а денеска им се роди малата ќеркичка.

Од првиот брак, Зоран Калеников има син и ќерка.

Честитки, да се живи и здрави сите.

Се отвори „Палма Мол“, најголемиот трговски центар во Западна Македонија

Најголемиот трговски центар во Западна Македонија „Палма Мол”, кој се наоѓа на само еден километар од градот Тетово и на триесетина километри од Скопје, денеска официјално ги отвори вратите за своите потрошувачи.

За време на отварањето се рализираа бројни настани наменети за сите посетители од различни возрасти, а денот ќе заврши со централен преформанс во вечерните часови. Гости на официјалното отворање се познатите музички ѕвезди Аделина и Сара Мејс, кој се воедно заштитни лица на кампањата на трговскиот центар „Палма Мол”.

„Идејата да го прошириме нашиот постоечки објект за двојно и повеќе не дојде само од потребата и побарувачката за проширување туку и од желбата и потребата на градот Тетово и неговите граѓани, за објект со поголем број на содржини во овој дел на Македонија. Мотивирани од оваа идеја денес гордо можеме да кажеме дека граѓаните конечно ќе можат да ги обавуваат своите секојдневвни потреби во современ трговски центар по сите светски стандарди,“ изјави сопственикот на Палма Мол,Неад Џеладин на денешната прес конференцијата по повод отворањето на трговскиот центар.

„Палма Мол” се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на четири нивоа со подземен паркинг кој ќе биде бесплатен за посетителите, истиот содржи 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари.

Новиот модерен трговски центар “Палма Мол” содржи голем број локали меѓу кои се: модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови како LC WAIKIKI, LTB, ENI SWEETS, DM, DIOPTRA, WATCH ID, SHATZI, AXEL, SWATCH, TUDORS, PENTI, ACTUAL CLUB, KEMOFARM, TTK, IL CAMINO, SPORTVISION, PAOLO BOTTICELLI, FASHION BRAND, AZZARA, STUDENT, DOCATO SHOES, GLAMUR, VASIDORA, ARENA SPORT, BUGATCHI, BIG STAR, COINCASA, FACTORY MEBEL, HAPPY STAR TOY STORE, голем салон за бела техника – PALMA TRADE, супермаркет – RAMSTOR, ресторан – EMOPORIUM и фаст фуд корнер, игротека – HAPPY STAR PLAYGROUND, кино 7D cinema и уште многу други места за забава за посетителите од сите возрасти.

Да и помогнеме на Емануела

Емануела Костоска боледува од Dg: Sy Prader Willi, Sleep apnea. За да може да се продолжи животот на Емануела потребно е да се набави апарат за дишење во текот на сонот – Trilogy 100, чија цена изнесува 10 000 евра. Овај апарат е единствена можност за подолго преживување на децата кои страдаат од оваа болест, а кои најчесто завршуваат летално во некоја од атаките на апнеа при спиење.

Ве замолуваме колку што можете да донирате за да се спаси Емануела, затоа што животот е единственото богатство.

Донациски број за корисниците на :

ОНЕ 075/143-750

ВИП 077/143-314

Т-мобиле 070/143-122

Дарко Ангелов и Бобан Васиќ победници на Државното првенство на бармени

Filed under: забава,Рубрики — Tags: , — @ 12:49 pm

На седмото Државно првенство на бармени, победниците во класична подготовка на коктели се Дарко Ангелов – коктел Red Passion (прво место), Александар Цветковски – коктел Бомбонче (второ место),Коста Јовановски – коктел Forbidden Lollypop (трето место).

Победници во категорија флертендинг се Бобан Васиќ – коктел Vanilla Barry (прво место),Александар Бошев –  коктел Purple Eldertini (второ место), Дарко Ангелов – коктел Mango Flower (трето место).

Првопласираните Дарко Ангелов и Бобан Васиќ, со нови рецептури, ќе го претставуваат Здружението на Бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending Competition во Кејптаун – ЈАР од 29 септември до 4 октомври 2014. Покрај оваа престижна награда, на

Првопласираните коктели во двете категории, официјалниот софтверски партнер “Акцент Компјутери” и “Синерџи” им додели лиценца за користење на софистициран софтверски пакет за угостителско работење – EASY POS, кој со својата едноставност и практичност ќе го олесни нивното работење и работењето на менаџерите на локалите кои ги претставуваа на ова првенство.

Здружението на Бармени на Македонија како единствена институција на територијата на Македонија која има за цел да ја подигне професијата бармен на повисоко ниво, а и да ја подигне коктел културата, вчера го заврши седмото Државно првенство на бармени кое се одржуваше во Хотел Стоун Бриџ во Скопје.

Вкупно 30 учесници беа дел од квалификациите, а се оценуваше според неколку критериуми: брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.

 

 

 

ФФМ доби донација од УЕФА за осветлување пет стадиони

Фудбалската федерација на Македонија обезбеди донација од УЕФА за осветлување на пет стадиони во државата на кои ќе се монтираат рефлектори за одигрување на натпревари во вечерен термин и средства за поставување на нова тревна подлога со врвен квалитет поставен над нов систем за исушување и прихрана на тревата. Околу 3 милиони евра е сумата која ќе биде инвестирана како поддршка за развој на фудбалот во Македонија како дел од „хет-трик“ програмата на УЕФА.

Планот за новите средства од оваа програма кои ќе ги добие ФФМ веќе е направен во координација со УЕФА, а конечната одлука за тоа кои стадиони ќе влезат во програмата за осветлување ќе ја донесе ФФМ во зависност од критериумите кои „куќата на фудбалот“ бара да бидат исполнети.

„Стадионите на кои ќе се монтираат рефлектори треба да бидат во државна сопственост или стопанственик да биде локалната самоуправа, а меѓу критериумите кои ги бара федерацијата е и инфраструктурно подобрување на стадионите, односно ФФМ да добие гаранција дека на секој стадион на кој ќе се монтираат рефлектори ќе има најмалку една покриена трибина со три до пет илјади столчиња за седење. ФФМ исто така ќе бара да биде уреден и подтрибинскиот простор, односно соблекувалните и просторите за службените лица да бидат направени според критериумите на УЕФА“, соопштуваат од ФФМ.

Општините кои ќе ја добијат донацијата од ФФМ ќе треба да се обврзат дека ќе ги почитуваат насоките кои федерацијата ќе им ги даде во насока на модернизирање на стадионите.

Подготовките за реализацијата на овој крупен проект веќе се започнати по кој стадионите во големите фудбалски центри ќе добијат нов лик, а со тоа и навивачите ќе се вратат на трибините затоа што ќе имаат одлични услови за гледање фудбалските натпревари.

ФФМ веќе гозаврши последниот проект од „хет-трик“ програмата со изградбата на десет терени со вештачка трева низ општините во земјата

Општина Охрид ќе субвенционира евтини авионски летови за Лондон

Охридската локална самоуправа распиша јавен повик за прибирање барања за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авио превозници кои во текот на летната сезона ќе летаат на релација Лондон-Охрид.

Согласно условите што ги определи Општина Охрид, новата дестинација треба да биде постојано опслужувана по однапред определен ред на летање.

Корисникот што ќе ја добие финансиската поддршка е задолжен најдоцна до 15 јуни оваа година да воведе лет на релација Охрид – Лондон, со два летови седмично во периодот од 15 јули до 15 септември годинава, како и во текот на целите 2015 и 2016 година. Притоа операторот треба да обезбеди превоз за најмалку 9600 патници годишно или минимум 800 на месечно ниво, во целиот период на користење на финансиската поддршка.

Во повикот уште се појаснува дека финансиската поддршка ќе биде доделена на авио-превозник што покрај иссполнувањето на условите утврдени во барањето ќе понуди и најнизок износ на финансиска поддршка во евра изразени во денарска против вредност по патник во пристигнување.

Рокот за доставување на барањата за учество во постапката истекува на 26 мај, кога ќе биде одржано и отворањето на пристигнатите барања.

Во Брунеи ќе се ампутираат раце за кражба

Filed under: Рубрики,свет — Tags: , , , — @ 12:01 pm

Во Брунеи од утре стапува во сила нов кривичен кодекс, заснован на шеријатот – исламско право во кое за одреден криминал се предвидува ампутирање екстремитети и смрт.

Султанот на Брунеи Хасанал Болкиах изјави дека првата фаза од кривичниот закон предвидува да се произнесуваат пресуди само за општ криминални дејствија, одредени од државата, вклучувајќи неизвршување на петочните молитвени ритуали.

Казните во тој дел предвидуваат парични казни, затвор или и двете.

Телесни казни како камшикување и ампутирање екстремитети се предвидуваат за криминал како кражба и ќе бидат применувани во втората фаза од законот.

Брунеи е држава во Југоисточна Азија богата со нафта и со околу 400.000 население, од кое 67 отсто се муслимани.

За три месеци 24 нови вработувања во „Алкалоид“

Во периодот јануари-март 2014 година во „Алкалоид“ се реализирани 24 нови вработувања во капацитетите во
Република Македонија, соопшти компанијата. Оттаму информираа дека во истиот период консолидираната добивка на компанијата изнесува 3,1 милион евра. Лани, во истиот период Алкалоид оствари добивка од околу 2,9 милиони евра,

Постари вести »

Powered by WordPress