May 31, 2014

Гранит и Трансмет започнуваат со изградба на автопатот Кичево-Охрид

Стартува изградбата на автопатот Мајка Тереза, од Кичево до Охрид. Кинеската компанија “Синохидро корпорејшн лимитед“, која ќе го прави третиот македонски автопат веќе ги потпиша договорите со македонските компании со кои ќе работат заедно.

Први ќе работат компаниите “Гранит“ и “Трансмет“, кои ќе бидат ангажирани заедно со кинеската компанија.

Имаше пред 2 месеци огласи за вработување. Изградбата на делницата овозможи отворање на околу 1.000 работни места, а шансата ја искористиле само 200 работници од охридскиот регион. Согласно договорот 49% од компаниите и 51% од работниците треба да бидам од Македонија, останатите ќе ги обезбеди кинеската компанија.

Автопатот “Мајка Тереза” со должина од 57 км и широчина од 26 метри треба да биде готов за 4 години. Проектот предвидува изградба на 7 мостови 22 вијадукти, 6 натпатници, 13 потпатници и еден тунел кај Пресека со должина од околу 2 километри.

Осум причини зошто да заминете на работа во странство

Работата во странство може да биде возбудлива прилика, но и некој предизвик во кариерата на поединци. Новите искуства, луѓето и окружувањео нестрпливо чекаат на вас, пишува порталот Мој посао.

Од друга страна пак не е така едноставно да оставите се, да спакувате куферите и да одите во друга држава. Без оглед дали работата во во странство ви е понудена или се уште размислувате да кликнете на копчето “пријави се“, ова се осум работи кои ќе ве охрабрат и ќе ви го олеснат заминувањето.

1.Учење нови вештини

Работата во странство ви дава прилика да работите различни работи за кои сте мислеле дека никогаш не би ги работеле да сте дома, или можеби не сте имале прилика за тоа. Веројатно голем дел од тие вештини кои што ќе ги стекнете нема да ви бидат потребни кога ќе се вратите дома, но секако ќе ви помогнат во раскажување на интересни приказни на следниот разговор за работа.

2.Создавање на трајни пријателства

Работата во странство Ви отвара прилика за запознавање на голем број на луѓе, не само на работното место туку и во слободното време. Поврзаноста е многу посилна од оние пријателства кои се случуваат на туристички патувања, бидејќи ако работите заедно поголем дел од денот го поминувате заедно и споделувате убави и тешки моменти. Покрај тоа никогаш не знаете каква прилика за работа може да ви се отвори од познавање на многу различни луѓе.

3.Подобро чуство за дестинацијата

По некое време градовите почнуваат да личат еден на друг. Изложените поставки во музеј се се помалку интересни и времето бавно поминува, а градовите кога ги посетувате само како туристи, тогаш е површно.
Доаѓањето во друг град за работа ви дава потполно различен поглед на окружувањето во кое се наоѓате, па во тој случај не треба да користите туристички водич, туку самостојно да ги истражувате посакуваните места, бидејќи не сте ограничени со време.

4.Ќе почуствувате вистинска слобода

Со оглед на тоа што во друга држава одите за работа, а не на годишен одмор, нема да бидете слободни во вистинска смисла на зборот. Кога ќе сфатите дека заминувањето во странство не е толку страшен чекор и не е тешко како што си замислувавте, пред Вас се отвара потполно нов свет.

5.Посакуван кандидат за пазарот на труд

Кога во странство не ве исклучуваат од пазарот на труд, тоа ве прави посакуван кандидат кога ќе се вратите назад. Со подобрување на занењето, на јазикот и на техничките вештини, но и вештините за комуникација на пазарот на труд своите квалификации ќе ги гледате од потполно различна перспектива.

6.Развивање на лидерски вештини

Сте се одлучиле за работа во странство. Ги собравте сите документи и сами си го организиравте патувањето. Покрај тоа во новото окружување научивте да комуницирате со луѓето од различни култури. Тоа значи дека во текот на целиот процес Вие сте стекнале важни вештини за лидерство и управување, како за себе, така и за сложени процеси.

7.Усовршување на странски јазик

Многу од вас англискиот јазик или некој друг јазик сте го учеле во основно училиште, во средно или на факултет. Но, учење странски јазик во училиште според класичниот пристап е потполно различно од моментот кога секојдневно зборувате на тој јазик. Во странските земји, најчесто се користи англискиот, така што дефинитивно ќе ги подобрите своите вештини и ќе научите фрази кои можат да ви бидат корисни во иднина.

8.Подобрување на комуникациските вештини

Заминувањето во странство, за некои е се, само не едноставен. Сите можеме да научиме технички работи, да научиме да работиме според стандарди, процедури и методи. Но, да комуниицраме со различни луѓе во различни случаеви и во потполно различна средина, не е така едноставно.

Сaкате бесплатен велосипед на шест месеци? Може, ако живеете во Шведска!

Шведскиот град Готенборг одлучи да стартува нова програма со која се надева ќе го намали бројот на автомобили на патиштата.

Градот одлучи бесплатно да отстапи велосипеди на шест месеци на неколку десетици граѓани, кои се пријавиле за оваа пилот-програма, а за возврат да се обврзат дека најмалку три пати неделно ќе до користат велосипедот наместо автомобил.

Пилот-програмата вклучува и студенти и родители со деца и граѓани од приградските населби.

Шведска веќе е позната по својата љубов кон велосипеди, и половина од населнието оди на работа со велосипед секојдневно.

Apple: Очекувајте ги досега најдобрите наши производи

Од Епл стигнуваат храбри најави.

Потпретседател на Интернет софтвер и услуги, Еди Кју изјави дека Епл наскоро ќе ги лансира најдобрите производи во последните 25 години.

Не е познато на што точно тој мисли, па затоа Бизнис Insider наведува неколку работи на кои Епл, наводно, во моментов работат:

1.iPhone со поголем екран, 4,7 или 5,5 инчи

2.iWatch, рачен компјутер

3.Новата верзија на ТВ уредот Apple TV кутија

4.про iPad, таблет компјутер со поголем екран што може да служи како замена за лаптоп

Но кој знае, можеби Епл има нешто во ракавот што никој не го очекува.

Скопјани сакаат да возат електрични автомобили

Возилата на електричен погон во нашата држава се уште се реткост, иако нивната употреба во развиените земји постојано расте и постои силна кампања за купување вакви автомобили.

Сепак, кај нас се прават напори да се зголеми, а во почетокот воведе, користењето на електромобилите, како и да се промовираат нови технологии и истражувачки дејности во насока на незагадувачките индустрии и нивно користење. Целта за користење на овие автомобили е да се издигне свеста на граѓаните и туристите за менување на навиките, за намалување на загадувањето на воздухот и времето за патување, да се намали потрошувачката и слично, пишува Нова Македонија

Во рамките на европскиот проект „Електра – електричен градски транспорт“, поддржан од градот, ќе се испитува можноста за преносливост на моделот во седум града, меѓу кои и Скопје.

“Во текот на овој проект вклучени сме во изработка на студија за оправданост за можноста за воведување електричен транспорт, главно електрични скутери во Скопје, промоција на моделот, како и пренесување на знаењето од проектот во други општини во Македонија“- велат надлежните од градот.

Неодамна градот спроведе анкета за транспортни модели и електромобилноста во Скопје и се доби сознание дека постои високо непознавање и неинформираност кај јавноста за електромобилност. При анализата на прашањето дали би користеле електрично превозно средство, 25 отсто одговориле дека би поседувале, 24 отсто дека би користеле систем за изнајмување електрични возила, а 16 отсто дека би изнајмувале електрично возило по километар.

“Големо влијание врз одлуката на граѓаните да користат или да набават вакво возило би имале и попусти или субвенции од локалната самоуправа и од државата за набавка на електрично возило, намалувањето на даноците и таксите и „еколошки“ бонус“ – дополнуваат од градот.

Алексеј Милер: Никој неможе да ја прекине изградбата на Јужен тек

Европската комисија неможе да ја прекине изградбата на јужен тек, преку кој во декември 2015 година првиот гас на морскиот дек ќе стигне во Бугарија, вели Алексеј Милер, генерален директор на руски Гаспром.

Како што пренесива агенцијата Риа новости, гасоводот се гради преку Црното море во земјите на јужна и централна Европa.

“Европската комисија неможе да ја застане изградбата, нас никој неможе да ни забрани да градиме. И нашиот одговор е многу едноставен, Во декември наредната година преку цевките поставени на дното на Црното море ќе протече првиот гас во Бугарија и Европската унија, изјави шефот на Гаспром, Милер.

Тој исто така истакна дека претставници од Грција му се обратиле со молба дека сакаат да ја приклучат земјата на Јужен тек.

Албански тур-оператори се запознаваат со убавините на Дебар

Албански тур оператори по првпат престојуваат во Дебар со цел да се запознаат со културно историски знаменитости и природните ресурси кои нудат иделани можности за развј на туризмот.

Активноста ја организаат во соработка, македонската амбасада во Тирана, меѓународната инвест канцеларија Македонија-Албанија-Косово, Општина Дебар и Албанската агенција за туризам.

“Ова активност е од посебно значење зашто целта е промоција на туризмот, раст на трговската размена и продлабочување на економската соработка од двете страни на границата“, изјави Фатос Мустафа раководител на Меѓународната инвест кацеларија Македонија-Албанија-Косово, во истовреме и претставник нма македонската амбасада во Тирана.

Според градоначалникот на Дебар Ружди Љата, дебарското подрачје има многу нешта со кои се гордее и кои може да им ги покаже на светот.

“Бројни туристички локалитети и интересни културно историски споменици. Посебно привлечни за туристите се долината на Радика, Дебарско Езеро, двата бањски локалитети во Бањиште и Косоврасти, и многуте културно историски споменици. Ќе споменам само дел од нив, Инкар џамијата, манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, двата амами, мостот Еленски скок, неколкуте староградски куќи“, рече градоначалникот Љата.

Укинати ограничувањата, Кипарците ќе можат да ги вадат парите во странство

Кипар официјално ги укина сите ограничувања на трансфер на пари во земјата, една година откако беа воведени драконските мерки, наменети за спречување на одлив на капиталот.

“Отворањето на нови банкарски сметки, како една од последните мерки за контрола на капиталот, сега е дозволена“, е соопштено од кипарското министерство за финансии.

Се уште не е дозволено префрлување на пари во странство, но според кипарските власти и таа забрана наскоро ќе биде укината.

Укинувањето на рестрикциите, доаѓа 14 месеци откако Кипар доби финансиска помош од десет милијарди евра, од останатите членки на еврозоната и ММФ.

Германски “Сименс“ е најдобар работодавач на годината

Германската компанија „Сименс“ е најатрактивен европски работодавач за 2014 година, покажа истражувањето на „Универзум“ ( студенско истражување). IBM од третото место минатата година се искачи на второ, BMW Group падна од второто место на трето, додека пак Google и Microsoft остануваат во четвртата и петтата позиција.

Годишниот индекс е направен врз основа на резултати од студијата спроведена во 12 европски земји: Германија, Франција, Велика Британија, Русија , Италија, Шпанија , Холандија, Швајцарија , Шведска, Норвешка , Полска и Белгија.

Индексот е поделен во две скали : бизнис и инжинерска студија и со анкетирање на 130 000 лица кои бараат работа во Европа .Истражувањето е спроведено во периодот од октомври 2013 година и март 2014 година.

Се асфалтира патотот до Лешок

Filed under: локално — Tags: , , , — @ 4:35 pm

Градоначалникот на општина Теарце Исен Асани денеска присуствуваше на асфалтирањето на главниот пат што минува низ тетовското село Лешок од крстосницата со регионалниот пат Тетово – Јажинце до манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во селото.

Вкупните средства во висина од околу девет милиони денари се обезбедени од Агенцијата за државни патишта. Асфалтирањето се одвива откако пред два месеци беше изгребан стариот асфалт, а потоа беше изведено и тампонирање на патот.

“Ова беше барање на локалните жители. Се надевам дека асфалтирањето ќе заврши во следните два-три дена и оти временските услови ќе ни овозможат да го завршиме и овој проект бидејќи овој пат води до болница за рехабилитација на лица со болести на белите дробови како и важниот културно – историски, туристички и верски центар-манастирскиот комплекс во Лешок“, рече Асани.

Постари вести »

Powered by WordPress