June 30, 2014

Шеријат во Македонија за пет години, план на терористичката група ИСИЛ

Покрај сите балкански држави, Австрија, Унгарија и делови од Украина, калифатот на терористичката група ИСИЛ би требало да ги опфати и Шпанија, Блискиот Исток, Северна Африка и голем дел од Азија, а во него би владееле ригорозни шеријатски закони.

Исламистичката милитантна група ИСИЛ, која прогласи калифат, односно исламска држава на териториите во Ирак и Сирија, го објави и петгодишниот план за глобална доминација.

На чело на ИСИЛ е Абу Бакр ал-Багдад, кого го нарекуваат новиот Осама бин Ладен, а Американците нудат 10 милиони долари за неговата глава. Го опишуваат како исклучително амбициозен насилник со супериорни тактички способности, а за него нема многу информации.

Објавени се само две негови фотографии, а и нивната автентичност се доведува во прашање, со оглед на тоа дека Багдад ретко се открива и пред сопствените соборци на кои им се обраќа скриен под маска.

ИСИЛ е основана во 2004-та година и уште тогаш стана член-придружник на Ал-Каеда. Во меѓувреме ја презема контролата над сите Ал-Каеда операции во Ирак. Во февруари централата на терористичката мрежа која ја основа Осама бин Ладен објави дека не сака да има никакви врски со групата на Багдад.

Фото: Time

(ВИДЕО) Како Барак Обама ја освои сопругата Мишел?

Филмот кој го прослави режисерот Спајк Ли, „Направи ја вистинската работа“ оваа година прославува 25 годишнина од прикажувањето.За таа цел, американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел со јавноста споделија неколку интересни работи за почетокот на нивната врска, имајќи предвид дека тој филм го гледале на нивната прва средба.

„Прво ја однесов на ручек и на кратка прошетка, а потоа го гледавме филмот за кој сите зборуваа и режисерот за кој малку се знаеше,“ изјави Обама.

„Сакаше да ми ја покаже својата софистицирана страна водејќи ме на филм на независен режисер, “ додаде првата дама низ насмевка. Таа објасни дека се тоа изгледало многу симпатично и убаво.

Филмот изобилува со интересни ситуации кои ги следат ликовите. Се занимава со бројни социјални проблеми.

„Сепак, ти благодарам што со својот филм ми помогна да ја импресионирам Мишел,“ заклучи Обама.

Лепа Брена не може без цигари, ама нема проблем што поскапуваат, ги пуши со шампањ

Српски Ало пишува дека балканската ѕвезда Лепа Брена на едно од гостувањата на телевизија едвај дочекала да запали цигара за време на рекламниот блок.

Лесно и е на Брена, таа нема проблем со постојаните поскапувања на цигарите. Како што пишува Ало, цигарата ја испушила со чаша шампањско.

Извор/фото: Ало

 

 

Критична маса следниот викенд во Прилеп

Критична маса 2 во Прилеп ги повикува граѓаните по втор пат на „револуција со велосипеди“.

Критична маса за возење точак се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.

Настанот ќе се спроведе во недела, 6- ти јули, со старт од 19:00часот, кај споменикот „Александар Македонски“ во Прилеп.

 

Охрид доби нов споменик: „Фаќач на крст“

Охридското пристаниште од денеска ќе го краси споменикот „Фаќач на крст“ кој е поставен во чест на христијанскиот празник Богојавление – Водици, пишува А1он.

Изработката и поставувањето на споменикот го финансираше бизнисменот Ванчо Чифлиганец кој во 2012 година беше кум на чествувањето на големиот празник во Охрид.

Извор/фото: А1он

 

Кичево доби два нови маркети

Од денес трговската мрежа во Кичево збогатена е со уште два нови маркети сопственост на компанијата „Кипер“ од Тетово, пишува Нова Македонија.

Маркетите се со површина од 300 и 400 метри квадратни и се наоѓаат на двата краја од градот. Со новоотворените трговски објекти во значителна мера ќе се подобри понудата на голем број производи.

Компанијата располага со 16 трговски објекти распоредени во Тетово и неговата околина и  два во Кичево, а во најава е и трет маркет во овој град.

Извор/фото: Нова Македонија

Другарите за да му помогнат на Даниел Митков организираа фудбалски турнир, вклучете се и Вие

Со цел да му помогнат колку што можат повеќе на својот роднина, другар, пријател, комшија Даниел Митков, неговите најблиски вчера во Кочани организираа еден од серијата предвидени хуманитарни турнири.

Вчера на новоизграденото игралиште за мал фудбал кај „Сиви Дом“ беше организиран фудбалскиот турнир на кој учествуваа 24 екипи. Победници беа сите, бидејќи настапија под мотото „Да му помогнеме на Даниел Митков“.

На овој терен не случајно беше закажан турнирот. Токму на ова место Даниел Митков како дете ги направи првите фудбалски чекори, а денес турнирот мораше да го следи од количка.

Да потсетиме, Даниел Митков настрада во сообраќајна несреќа по која се здоби со тешки повреди на р’бетниот столб и остана парализиран во долниот дел на телото. За подобрување на состојбата на Даниел му е потребен третман со матични клетки. Хируршкиот зафат и рехабилитацијата се закажани во WU „Medical Centar“ во Пекинг (Република Кина) а за истиот се потребни средства во висина од 25.000 Евра.

Ваквите и слични турнири ќе продолжат не само во фудбал, туку и во кошарка, а ќе бидат организирани и хуманитарни концерти како и собирни акции во кафулињата на Градскиот Трговски Центар во Кочани, со цел да се собере што поголем добротворен приход.

Хуманоста граѓаните можат да ја искажат и со уплата на добротворни средства на сметките:

NLBТутунскаБанка 210 7000006159 89
Девизна сметка: IBAN Code MK07210501648454230
SWIFT TUTNMK22

Или преку телефонските броеви:
077-143-110 (VIP); 075-143 –850 (ONE); 070-143-112 (T-MOBILE)

Извор/фото: Комарец

 

 

 

Мукаетов во друштво на бизнис лидерите од ЈИ Европа

Mожностите за соработка во јакнењето на конкурентноста на националните економии на земјите, но и за конкурентскиот потенцијал на целиот југоисток на Европа е темата на која ќе разговараат истакнати претприемачи и стопанственици од земјите на Југоисточна Европа на деловниот собир Самит100 на бизнис лидерите на Југоисточна Европа.

Овогодишниот Самит100 ќе се одржи на 14. и 15. Јули во Цавтат, во Хрватска, a главната тема на собирот ќе биде подобрувањето на економските прилики и регионалната соработка преку препознавањето на потенцијалите во областа на туризмот, на транспортот и на логистиката, на храната и пијалаците, на ICT и на услугите, како и на фармацијата и на енергетиката.

Организатори на Самит100 се Хрватското здружение на работодавци (ХУП), Фондацијата Атлас, Српската асоцијација на менаџери (САМ) и Здружението Менаџер на Словенија. (ЗМС).

На собирот ќе учествуваат стотина водечки деловни луѓе од Југоисточна Европа, коишто на работните маси, групирани според економските сектори,ќеразговараат за препреките и можностите за соработка во регионот. Предлозите како да се унапреди соработката во регионот во одделни сектори ќе бидат претставени на пленарниот панел на делегациите на државите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Словенија и Србија, чиешто доаѓање на Самит100 е најавено за 14-ти јули. На вториот ден од собирот ќе се зборува за привлекувањето глобални инвеститори во регионот, при што своите искуства ќе ги изнесат некои од најголемите инвеститори во земјите на Југоисточна Европа, додека за тоа како да се дојде до изворите на финансирање на деловни проекти на завршниот панел ќе зборуваат клучните менаџери на водечките банки во регионот.

„Една од главните цели на овогодишниот Самит100 е создавањето нови прилики за соработка и зацврстување на темелите за реализација на заеднички деловни интереси во седум стопански сектори со најголеми развојни потенцијали во регионот. На овогодишниот Самит воедно ќе има прилика да се дознае како успешно се институционализира регионалната соработка без загрозување на суверенитетот и идентитетот на државите според примерот на соработката меѓу нордиските земји.“, изјави Дамир Куштрак, претседател на Управниот одбор на Самит100.

Од Македонија во својство на член на управниот одбор на „Самитот100“ ќе учествува и господинот Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид А.Д.

Со крајот на летото, ќе заврши и бесплатниот паркинг во Сити мол

Паркирањето во трговскиот центар Скопје сити мол во Карпош нема да биде повеќе бесплатен и наскоро ќе се воспостави систем за наплата,пишува Плусинфо. Се очекува бесплатниот паркинг да трае до крајот на летото, а од крајот на август и почетокот на септември, граѓаните ќе мораат да платат за паркирање на возилото, потврдија од трговскиот центар.

Деновиве на влезот и излезот од паркинг просторот може да се забележат рампи, а паралелно се поставуваат и апарати за наплаќање.

Една од предностите на Сити мол беше токму бесплатниот паркинг кој им се нудеше на граѓаните како причина плус да го посетат трговскиот центар. Од таму велат дека одлуката ја донела компанијата, а ценовникот сè уште не е утврден. Сепак, велат дека може да се очекува цената за паркирање да биде помала од просечната цена на паркиралиштата низ Скопје.

Цената на бензините оди нагоре за два денари

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,30 отсто објави Регулаторната комисија за енергетика.

Со ова, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемуваат за 2 денари за литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83 денари , цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 , додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 70 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден тоа ќе се продава за 58,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,31 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 16.06.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 42,188 ден/кг.

 

Постари вести »

Powered by WordPress