July 31, 2014

Потврдено: Азиски стршлен пронајден на Водно

Лабораториските анализи покажаа дека стршленот што вчера беше пронајден на Водно е всушност смртоносниот азиски стршлен, објави Сител.

Примерокот ќе биде однесен во странска лабораторија каде ќе биде бидат направени генетски анализи за утврдување на точниот тип.

Доколку граѓаните дојдат во контакт со опасниот стршлен, веднаш да побараат медицинска помош.

Извор: Сител

 

(Фото) Верувајте во чуда: Во Газа – среде пукотниците се роди четворка!

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 8:59 pm

Една Палестинка во Газа роди четворка, а фотографијата од новороденчињата среде бруталната офанзива ја објави на својот профил на Твитер, доктор Басел Абуварда.

Докторот се сликал покрај инкубаторот во кој се наоѓаат три момчиња и едно девојче, а неговиот кренат палец покажува дека се поминало во најдобар ред.

g4

Ова е една од добрите вестите, за победата на животот, во моментот кога се води најжестокиот конфликт во појасот Газа.

Хотелиерите бараат по 45 евра од државата за донесен турист

Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ бара измени на Правилникот за субвенционирање странски туристи со што земјите од нашето опкружување ќе бидат третирани на бенифициран начи.

Претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески на прес-конференција во Струга рече дека со измените предлагаат субвенционирањето за донесен патник од околните земји да биде 45 евра.

Субвенционирањето, нагласи, да биде исклучиво за патниците што ќе бидат превезувани со туристички чартер летови или во помали групи ќе можат да пристигнуваат во Република Македонија со редовниот авионски превоз.

Ваквото барање, според, Танески, е поради намалениот број туристи од околните земји.

– На овој начин сакаме да им помогнеме на тур операторите да инвестираат во туристички чартер летови со кои би ја зголемиле посетеноста на гостите од овие земји. Имаме најави од туроператори од Турција и Полска, доколку субвенциите бидат во овој износ, наместо да инвестираат во автобуски линии и гостите кога ќе пристигнат да бидат измрцварени да воспостават чартер летови. Други дестинации од каде има заинтересирани се и Босна и Хергеговина и романскиот пазар, рече Танески.

Русија ќе треба да им плати оштета од 1,9 милијарди евра на акционерите на ЈУКОС

Европскиот суд за човекови права донесе одлука акционерите на ЈУКОС да добијат обештетување од 1,86 милијарди евра по нивната тужба поднесена против Русија за незаконско одземање на сопственоста на компанијата, преку воведување фиктивни даноци и манипулирана продажба на нејзините клучни акции.

Руската нафтена компанија ЈУКОС банкротираше во 2006 година, а беше во сопственост на Михаел Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, кој помина десет години во затвор откако беше осуден за измама и затајување на данок, а во декември минатата година беше ослободен.

Судот во Стразбур соопшти и дека Русија треба, исто така, да плати 300.000 евра трошоци, плус такси, кои би можеле да и бидат наложени.

Решението не е конечно и може да биде обжалено од инволвираните страни во процесот до Големиот дом на Европскиот суд за човекови права во рок од три месеци.

Акционерите првично барале отштета од 98 милијарди долари

Пред неколку поранешни акционери на ЈУКОС добија обештетување во вредност од 50 милијарди долари по изречената пресуда од Меѓународниот арбитражен суд во Хаг.

Македонската компанија ФХ3Х дел и од најновиот спектакл на Дизни и Марвел, “Guardians of the Galaxy”

Македонските артисти од ФХ3Х се дел од најновиот спектакл на Дизни и Марвел, “Guardians of the Galaxy”.

Вкупно 31 артист од реномираната македонска компанија за визуелни ефекти и анимација работеше како дел од тимот на Method Studious во месец мај годинава.

Режисер на филмот е Џејмс Ган, а ѕвездите во филмот се Крис Прат, кој го игра ликот на Петер Кил, Вин Дизел кој го позајмува гласот за ликот Грот – вонземјанин кој наликува на дрво, и Бредли Купер, кој го позајмува гласот на Рокет, платеник со одлично владеење на оружјето и војните тактики, без оглед на фактот што е генетски модификуван, кибернетички зајакнат ракун што зборува.

Пејачката Ирена Спасовска вратена од грчка граница како непожелна

“Не мозе, не мозе”, и` рекол грчки цариник на фолк-пејачката Ирена Спасовска кога, пред десетина дена, со семејството тргнала на одмор, пишува Вест.

На граничниот премин Богородица, кога Ирена му го дала пасошот на цариникот, тој и` рекол дека таа за Грција е непожелна личност уште од лани.

“Минатата година не бев во Грција, летувавме во Италија и не знаев дека сум непожелна. Кога го прашав цариникот зошто, тој само дигаше рамена и ме упати да се обратам во грчката амбасада во Скопје. Ми рече само дека до 2013 година сум можела, а сега веќе не. Но, сфатив зошто е така. Пред две години пеев на егејските средби во Овчарани и сите наши пејачи што пееја таму, подоцна не можеа да одат во Грција, беа прогласени за непожелни”, вели Ирена.

Одморот пропаднал и Ирена се вратила со семејството дома. Во Скопје се обратила до нашето Министерство за надворешни работи.

“По службена должност, од нашето министерство до грчкото испратија писмо. Но не добиле никаков конкретен одговор, освен дека нивно право е кого ќе пуштат во Грција, а кого не”, вели пејачката.

Извор/фото: Вест

The Independent повика на бојкот на Израел

Filed under: свет — Tags: , , , , — @ 4:52 pm

Сега, кога дипломатијата не успеa, бојкот на Израел можеби е единствениот начин да гo заштитиме народот на Газа, коментира британскиот весник The Independent.

„Израелската влада веќе докажа дека се плаши од меѓународната изолација. Израел ја изгубил контролата врз реалноста. Бројот на жртвите во Појасот Газа надмина илјада лица и продолжува да расте со секој изминат ден. Крајбрежниот појас е израмнет  до чакал. Наместо да го слават Курбан Бајрам оваа недела, Палестинците ги погребуваа своите мртви. Последното колење во Појасот Газа е добро документирано, секоја смрт е снимена, секој напад е снимен. Важно е да се зачуваат документите од нападите, така што нивните жртви да не пропаднaт туку така  во празнина на историјата. А меѓународната заедница„ , аналзира весникот, „треба да отиде подалеку и да го  бојкотира Израел. Тоа можеби е единственото што треба да стави крај на неказнивоста, која и овозможува на еврејската држава постојано да ги крши човековите права на Палестинците„.

 

Пребирливи: Младите не сакаат да работат за мала плата

Младите лица покажуваат слаб интерес за работа и поради тоа и одѕивот на огласите со кои се бараат лица за работа е исто така мал, се жалат претставници на фирми што аплицирале на проектите на Агенцијата за вработување за субвенции при вработување млади лица до 29 години или на некој од другите проекти, пишува Нова Македонија.

Тие истакнуваат дека аплицирањето е брзо и се задоволни од помошта од агенцијата и бројот на кандидати што им ги предлагаат.

Но за нив е проблематично што мал број од предложените кандидати се појавува на разговор.

– Иако ни беа одобрени две вработувања, односно поддршка за две вработувања, кај нас во фирмата се вработи само една девојка. Од агенцијата и вработените сум презадоволна, кои за неколку дена ми испратија контакти и договорија средби со 40 луѓе, но само две од нив се појавија на разговор, а едната се откажа бидејќи не сакала да работи за плата од 13.000 денари. Така, денес, од 40 кандидати имаме само една нововработена колешка – вели Елизабета Ефремова од студиото за венчаници „Елизабет-дизајн“.

Целата сторија ОВДЕ.

Извор: Нова Македонија

 

Ќе се гради нов пат Охрид-Битола

Filed under: македонија — Tags: , , , — @ 2:56 pm

Во Собранието на Р. Македонија во процедува влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на нов пат од Охрид до Битола, дознава OhridNews.

Законот предвидува вкупна изградба на 112 километри нови патишта во Mакедонија во вредност од 52 милиони евра. За патниот правец Охрид – Битола, опфатен е потегот од превојот Буково до Ресен и Битола – Макази, Ресен.

Информацијата за изградба на новиот пат Охрид – Битола, ја потврди пратеникот Александар Николоски, кој на својот Facebook профил најави дека по завршување на потребните процедури, проектот ќе биде реализиран во период од една година.

-Во Собранието на Р. Македонија дадовме подршка на законот за гаранција на заем кај Светска банка. Исклучително поволен, со рок на враќање 23 години и 6 години грејс период. Најдоцна на почеток на 2015г. почнува градбата со рок на изградба една годниа. Ова ќе значи силно поврзување на општините Струга, Вевчани, Дебрца, Охрид, Ресен и Битола. Изградбата на инфраструктурата во Охрид и 5тата изборна единица беше мое најголемо ветување во изборите и драго ми е што се реализира.-пишува на својот Facebook профил пратеникот Александар Николоски.

Извор:  OhridNews

Страшни бројки од Газа: Вкупниот број на загинати над 1.350 лица, на раселени 240 илјади

Досега во нападите на Израел на појасот Газа се убиени 1.359 Палестинци. Само во текот на вчерашниот ден беа убиени 108 лица.

Над 7.200 луѓе се повредени од почетокот на израелската офанзива на 8 јули.

Околу 240.000 Палестинци се раселени.

 

Постари вести »

Powered by WordPress