August 31, 2014

Aлбанија испорача оружје за ирачката војска што се бори против џихадистите од ИДИЛ

Filed under: свет — Tags: , , — @ 7:44 pm

Првата пратка со оружје и муниција од Албанија, која била транспортирана со канадски авион пристигнала во Ирак, јави дописникот на МИА од Тирана.

Веста за успешниот транспорт на пратката, според албанските медиуми, ја потврдил канадскиот премиер Штефан Харпер.

Владата на премиерот Еди Рама донесе одлука да испорача оружје и муницијата во рамките на меѓународната помош за Ирак во борбата против џихадистите на ИДИЛ.

Станува збир за 22 милиони куршуми, 15 илјади рачни бомби, 15 илјади минофрлачки гранти 60 мм, 12 илјади минофрлачки гранати 92 мм, пет илјади минофрлачки гранати 120 мм и 12 илјади 40 мм ГХЛКТ, модел 1969. Во исто време, Албанија, на националната полиција на Авганистан ќе и подари 10 илјади автоматски пушки модел 56 калибар 7,62 мм.

Одлуката веднаш ја поздрави американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл изразувајќи благодарност за Албанија за поддршката што таа ја дава на населението во Ирак во борбите против џихадистите од „Исламската држава“.

Премиерот Груевски џогирајќи ја повреди левата нога

При спортска активност – џогинг (спринт) во близина на неговото место на живеење премиерот Никола Груевски го повреди горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија, информира Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

Оттаму истакнуваат дека се преземени сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности.

„Се очекува повредата да биде санирана во период до три недели по препорачаната терапија, а во меѓувреме премиерот Груевски ќе ги редуцира своите активности“, истакнуваат од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

Галерија: За Шарлиз Терон жените се најубави во 40-тите години

Filed under: забава — Tags: — @ 6:20 pm

Преубавата и моќна, на прагот на 40-та година актерка Шарлиз Терон вели дека не и е јасно како тоа целиот концепт за женската убавина се врти околу 20-годишни девојки.

„Мислам дека жените ја пронаоѓаат својата сила и моќ во својата сексуалност, сензуалност, во созревањето, стареењето и доброто чувство околу сето тоа. Иронично е дека концептот на убавина го создаваме околу 20-годишни девојки, кои се уште немаат мудрост и не знаат што е живот“, вели славната актерка.

Таа додава дека кога жената ќе има самодоверба и свесна за своите вредности, не поради мажите, туку поради себе, тогаш тоа е прекрасна работа.

„Затоа верувам дека е вистина кога се вели дека 40-те години се најубавите за жената“, потенцира оваа убавица.

Агенција бара дадилки за вработување кај кралски семејства на Блискиот Исток

Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Глобалворк интер“ бара дадилки и гувернанти за работа на Блискиот Исток.

Се бараат гувернанти за работа во Саудиска Арабија за нето плата од 2,000 долари плус бенефиции, дадилка за работа во Обединетите Арапски емират за плата од 1.400 долари, и дадилка за ОАР за истата плата, но со искуство како учителка или тутор по странски јазици.

„За работните позиции се обезбедени сите трошоци за живот, сместување и храна во круг на фамилија/палата (најчесто палата зошто сите работодаваци се од Royal families)“, се вели во огласот.

ПОВЕЌЕ ОГЛАСИ ЗА РАБОТА НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА WWW.EMAGAZIN.MK

Еболата се шири: Сенегал е петтата земја во Африка во која коси вирусот

Filed under: свет — Tags: , , — @ 5:41 pm

Светската здравствена организација денеска испрати свои претставници во престолнината на Сенегал откако беше соопштено за прв случај на зараза со ебола.

Со тоа Сенегал е петтата земја во Западна Африка каде се прошири епидемијата со ебола, по Либерија, Сиера леоне, Гвинеја и Нигерија.

Според информациите на СЗО, вирусот е пренесен во Сенегал од 21-годишен студент од Гвинеја, кој пристигнал на 20 август и одлучил да живее кај свои роднини, но три дена подоцна побарал лекарска помош откако ги пројавил каректеристичните симптоми на болеста. Тестовите покажале зараза со смртоносниот вирус ебола, јави германската новинска агенција ДПА.

СЗО очекува епидемијата во Западна Африка да трае меѓу шест и девет месеци и за тој период може да се дојде до 20.000 заболени. До овој момент се регистрирани околу три илјади случаи, но не се исклучува дека реалната бројка е за два до четири пати поголема.

Роденден: Премиерот Никола Груевски полни 44 години

Премиерот Никола Груевски денеска полни 44 години.

Својот роденден го прослави со торта со македонското знаме во својот кабинет.

Почнува учебната година: Првпат во училишните клупи ќе седнат околу 20.000 првачиња

Од утре околу 280.000 ученици ја почнуваат новата 2014/2015 година.

Првпат во училишните клупи ќе седнат околу 20.000 првачиња.

Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.

Поради непомирливи разлики: Перо Антиќ се разведува

Filed under: забава — Tags: , , , — @ 12:01 pm

Македонскиот репрезентативец и првиот македонски кошаркар во НБА, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица се разведуваат, пишува Вест.

Двајцата за Вест ја потврдија информацијата, но и Перо и Ружица категорично одбиваат да ја коментираат оваа нивна одлука. Дознаваме дека причина за нивната разделба се непомирливите разлики меѓу нив.

 

Жешко лето: Тијана „уловена“ топлес

Filed under: забава — Tags: , , , — @ 11:56 am

Македонската пејачка со српска адреса Тијана Дапчевиќ осамна на насловната страница на магазинот „Star” со неколку разголени фотки.

Станува збор за папарацо фотографии снимени додека пејачката била на одмор во хотел во Црна Гора.

 

August 30, 2014

Се бараат доктори за работа во Обединетите Арапски Емирати, плата од 7.000 долари

Агенција за посредување при вработување во земјата и странство Глобал ворк интер распиша оглас за вработување на доктори во Al Sharq Hospital – Fujairah (ОАЕ).

Болницата има потреба од специјалисти(педијатри, гинеколози, ортопеди) со претходно работно искуство од осум години.

Платата за движи од 6.945 до 7.780 долари, а болницата обезбедува триесет дена одмор, платен авиобилет еднаш во годината, здравствено осигурување и низ други поволности за членовите на семејството.

Повеќе детали на следниот линк.

ПОВЕЌЕ ОГЛАСИ ЗА РАБОТА НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА WWW.EMAGAZIN.MK

Постари вести »

Powered by WordPress