September 30, 2014

ЕУ нема да се проширува во следните пет години

Кандидатот за нов Комесар за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан најави дека нема да има проширување на ЕУ во наредните пет години, за време на неговиот мандат, ако тој биде избран за одговорен за оваа област.

Зборувајќи за време на сослушувањето пред Европскиот парламент, новиот претседател на ЕК Жан Клод Јункер рече дека ниедна земја нема да и се приклучи на Унијата оваа деценија.

Хан не објасни дали ова значи дека преговорите за проширување ќе бидат во застој или ќе продолжат со земјите како Црна Гора и Србија.

Зборувајќи за Западен Балкан тој рече дека регионот нема да биде црна точна во Европа кога станува збор за енергетско и транспортно поврзување и дека ЕУ ќе работи на поврзување на земјите во регионот.

Осло најскап, а Белград е најевтин туристички град во Европа

Осло е најскапиот, а Белград е најевтиниот град за туристите, покажа една анкета на германскиот авто-мото сојуз АДАК, спроведена во 20 европски градови, според која просечниот турист за потребите за храна, влезници и слични туристички „ситнарии“ во Осло треба да плати 153 евра, а во Белград 41 евро.

Српскиот главен град со тоа е најевтин меѓу набљудуваните метрополи, ја пренесуваат германските медиуми анализата на АДАК, наведувајќи дека се споредувале, меѓу другото, колку чини дневниот билет во јавниот превоз или влезницата во зоолошката градина, а при тоа се анализирани и цените на пивото, капучиното или порција помфрит.

Освен тоа, направена е споредба на цените на таблетката против главоболка, пастата за заби, фластер за рани…

Посебно скапи во европските градови се туристчките понуди. Така влезница за лондонската зоолошка градина чини 29 евра, влезницата во еден швајцарски музеј во Луцерн е 25 евра, додека во Осло, посетата на главната туристичка атракција, тврданата Акерсхус, е бесплатна.

Кога станува збор за германските градови – туристичката потрошувачка кошничка е 104 евра за престолнината Берлин и 98 за, на пример, главниот град на економски моќната Баварија, Минхен.

Кога станува збор за најскапите градови, по Осло доаѓаат Париз, Лондон, Копенхаген и Мадрид, додека на другата страна, покрај најевтиниот Белград, како посебно поволни за туристите се означени Загреб, Љубљана, Прага и Будимпешта.

За оваа анкета, спроведена во мај годинава, анкетарите во 20 европски градови купиле 20 точно дефининирани производи, што, според АДАК, се типични за еден турист со просечна заработувачка.

Србите и Црногорците повеќе го сакаат Путин од Ѓукановиќ

И Србите и Црногорците во Црна Гора повеќе го сакаат рускиот претседател Владимир Путин отколку црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а во владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) се свесни за тоа, оцени претседателот на Српска листа, Добрило Дедиќ.

Тој наведе и дека државниот врв на Црна Гора треба најсериозно да ја сфати пораката на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој изјави дека влезот во НАТО е провокација за Русија.

- Пораката која ја испрати Сергеј Лаворов потврдува дека Руската Фдерација нема немо да ја набљудува кадифената НАТО окупација на регионот, конкретно на Црна Гора, каде рускиот капитал има удел повеќе од пет отсто во бруто домашниот производ. Таквиот став, му се допаѓало или не на некого, е логичен, посочи Дедиќ.

Тој истакна дека ДПС треба да преземе разумни чекори во согласност со општествената и политичката реалност, а не да ги заострува поделбите меѓу населението, кое во „поголем број се рускофили“.

Вања Лазарова добитник на наградата „11 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” ги одбра овогодинешните добитници.

За животно дело во областа на науката и образованието наградата им се доделува на професор доктор Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог, и на професор доктор Зоран Тодоровски, историчар.

За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент, Вања Лазарова – Димитрова, народен уметник, и на академик Катица Ќулавкова, писателка.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 Октомври 2014 година во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

И покрај одлуката на судот, Каталонија бара рефендум за независност

Одлуката на шпанскиот Уставен суд привремено да забрани одржувањето на референдум за самостојност на Каталонија, предизвика протести во Барселона, а локалната влада најави дека ќе продолжи со правната битка за независност.

Уставниот суд вчера ја суспендираше одлуката на каталонските власти на 9 ноември да одржат референдум за независност, а забраната ќе биде во сила се додека Уставниот суд не даде конечен одговор на барањето на централните шпански власти да се забрани гласањето во Kаталонија.

Каталoнското Собрание воедно денеска ги повика граѓаните на протести во Барселона, барајќи на 9 ноември сепак да се одржи рефендумот, кој беше најавен како неофицијална проверка на волјата на граѓаните.

Каталонската левица која ја ужива довербата на мнозиството граѓани најави дека ќе повика на граѓанска непослушност, „токму како и Мартин Лутер Кинг“, доколку на Каталонците не им биде дозволено да гласаат.

Ситуацијата во најбогата шпанска покраина со 7,5 милиони жители би можела да доведе до предвремени парламентарни избори во Каталонија, на кои најгласните поборници за независност би биле во предност.

Котурвиќ се брани дека и него го измамиле

Српскиот поранешен НБА-кошаркар Дејан Котуровиќ (41), кој од 13 септември е во притвор во гевгелискиот затвор под сомнение дека во државата сакал да влезе со украден автомобил, се бранел дека и самиот е жртва на измамници, пишува Утрински весник.

Имено, при влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“ од Грција, на полицајците им било сомнително возилото марка „хонда ЦРВ“, кое тој го управувал со бугарски регистарски таблички. По извршените дополнителни контроли и проверки, било констатирано дека Котуровиќ управува украдено возило. Тој бил приведен, а истражен судија му одредил мерка притвор под сомнение дека извршил кривично дело фалсификување документи.

Како што неофицијално дознава „Утрински“, Котуровиќ се бранел дека не знаел оти на возилото се внесени нови броеви на шасијата, кои не биле идентични со тие од оригиналот.

До завршувањето на истрагата Корутовиќ ќе остане во притвор во Гевгелија.

 

(Фото) Аралско Море, некогаш четврто по големина езеро во светот е речиси суво

Некогаш четврто по големина езеро во светот, источниот басен на Аралско Море во Централна Азија сега е целосно сув. Тоа е резултат на проект од советската ера за пренасочување на реките за земјоделство и на недостигот од врнежи кај неговиот извор.

„Ова е првпат во во модерно време источното корито целосно да се исуши”, рекол Филип Миклин, експерт за Аралско Море од универзитетот Западен Мичиген, за Земјината опсерваторија на НАСА, која направила нови сателитски снимки на езерото. „И веројатно ова е првпат целосно да се исуши во последниве 600 години.“

Во обид да го развијат производството на памук во блиските степи, советските инженери ги пренасочиле Аму Дарја и Сир Дарја, двете реки што се влеваат во езерото, како дел од проектите за наводнување на „жедните“ култури во 1950-тите и 60-тите години.

Како резултат на тоа, коритото на езерото – загадено со хемикалиите што се користат во земјоделството – станало изложено, а водата станала многу посолена, со што поголем дел од живиот свет угинал, а рибарската индустрија во регионот замрела, вели Раша тудеј.

Новото повлекување на водата е резултат на слабите врнежи во планините Памир, што го влошило недостигот од вода што дотекува во езерото, кое се наоѓа помеѓу Казахстан и Узбекистан.

Советските официјални претставници првпат го признаа влијанието на нивниот проект врз Аралско Море во 1980 година, но во моментов во врска со тоа може да се направи многу малку.

За езерото да се врати во неговата природна големина, дотекот на вода ќе треба четирикратно да се зголеми, за што се потребни 1 милијарди долари – проект што погодените страни ниту можат да си го дозволат, ниту да се договорат за тоа.

Мистериозната „Хорасан“ најголема закана за Западот

Исламската држава сака да формира калифат и да ја има контролата во регионот. Но „Хорасан“, која почна соработка со јеменските експерти за правење бомби, сака реприза на нападите од 11 септември, пренесува Нова Македонија.

Дискусиите за терористичките заговори отсекогаш се одвивале тајно. Така, голем број оперативци од Ал каеда не знаеја за поврзаноста на нивната група со настанот кога се срушија кулите близначки на 11 септември. Вистината ја знаеја само лидерот на терористичката група Осама бин Ладен и неколку негови блиски команданти. Сега, повеќе од тринаесет години подоцна, се врати токму еден од тие команданти, кој е можеби многу поопасен од тогаш.

Кога се случија терористичките напади на 11 септември, Мухсин ал-Фадли беше момче на деветнаесет години. Но денес овој млад човек со остар поглед има 33 години и е таен агент во Сирија, каде што предводи една мистериозна група оперативци на Ал каеда, наречена „Хорасан“, за која американските функционери сметаат дека можеби е поопасна од самата Исламската држава.

Џихадисти со вредни пасоши

Целта на „Хорасан“ не е да го собори режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Таа не е заинтересирана да бара право, односно контрола врз одредена територија и ресурси, за разлика од Исламската држава. Американски функционери изјавија за Асошиејтед прес дека нејзините членови доаѓаат од Пакистан, Јемен и од Авганистан, за да го искористат напливот од западните џихадисти што веќе имаат одреден удел во војната, а имаат и вредни пасоши. Лидерот на Ал каеда, Ајман ал-Завахири, го испрати како заменик за да ги регрутира оние западни борци што имаат поголеми шанси да ги избегнат строгите надгледувања на аеродромите и да постават бомби во авионите.

Целата сторија ОВДЕ.

Банката на Америка ќе плати милиони долари поради преценување на капиталот

Американската Комисија за хартии од вредност соопшти дека Банката на Америка ќе плати повеќе од 7,65 милиони долари поради преценување на капиталот во своите сметководствени книги.

Банката во април соопшти дека погрешила при проценката на хартиите од вредност, која ги добила со преземање на Мерил Линч за време на кризата во 2009 година.

Комисијата за хартии од вредност соопшти дека Банката на Америка го преценила количеството на капитал со кое располага за повеќе милијарди долари, што значи дека податоците кои Федералните резерви ги користеле при тестирањето на оваа банка биле неточни.

Откако била откриена грешката, втората најголема американска банка морала повторно да ја достави проценката за својот капитал до Федералните резерви.

Австралиската авиокомпанија Qantas ја воспостави најдолгата нон-стоп линија во светот

Австралиската авиокомпанија Qantas ја воспостави најдолгата нон-стоп линија во светот, на која лета најголемиот патнички авион на светот.

 „Airbas A380“ слета ноќеска на Меѓународниот аеродром во Далас, 15 часа по полетувањето од Сиднеј, откако прелета 13.805 километри.

На првиот најдолг лет, авионот бил полн до последното место-превезени се 484 патници. Qantas и претходно леташе на линијата Сиднеј-Далас со авион boing 747, но со преседнување во Бризбејн, Австралија.

Картите за новата линија чинат од 1.900 долари за економска класа, двојно повеќе за поудобни седушта во „прва“ економска класа, 7.000 долари за деловна класа и 12.000 до 13.000 долари за прва класа, каде се добива пижама и седиште-кревет со душек од јагнешка кожа

Постари вести »

Powered by WordPress