October 31, 2014

(Фото) Се урна Спејсшип 2, кој требаше да носи туристи во вселената

Се урна Спејсшип 2, шатлот на приватната компанија „Вирџин Галактик“ за вселенски туризам, на бизнисменот Ричар Бренсон.
По „сериозна аномалија за време на лет“, паднал при тестирањето во пустината Мохаве во Калифорнија.
Копилот е мртов, а пилотот е тешко повреден.
„Ќе соработуваме со надлежните власти за да ја откриеме причината за несреќата“, објави компанијата на Твитер.
Вирџин Галактик веќе неколку години ја подготвува вселенската туристичка програма. Спејсшип 2 требаше да транспортира патници 100 километри над земјата, на почетокот на вселената за да доживеат неколку секунди бестежинска состојба.

Почина Дедо Мразот од рекламата на „Кока-Кола“

Filed under: свет — Tags: , , — @ 7:17 pm

Џон Мур (86), кој се појавуваше во улогата на Дедо Мраз во многу реклами на „Кока-Кола“, почина во американскиот град Барџес Хил

Кога не го носел црвениот костум на Дедо Мраз, Мур работел како таксист и келнер.

Во текот на неговата кариера, тој се појавувал во многу реклами, но не само на компанијата „Кока-Кола“, туку и на „Морисонс“, во чија реклама бил Дедо Мраз во 2005 година.

– Тажни сме поради смртта на Џон. Сочувствуваме со неговото семејство. Тој знаеше на вистински начин да го долови духот на еден вистински Дедо Мраз, соопшти „Кока-Кола“ по повод смртта на Мур.

Ајфон 6 за 9.900 денари во понудата на Оне

Filed under: техно — Tags: , , — @ 7:10 pm

Телекомуникацискиот оператор Оне од денеска го нуди најновиот адут на Епл – iPhone 6, со специјалните тарифни модели iPhone ONE L, iPhone ONE M и iPhone ONE S за сите нови постпејд, приватни и бизнис корисници, но и постоечки корисници кои ќе направат обнова на договорот на 24 месеци.

iPhone 6, 16 GB е достапен во три бои gold, space gray и silver по цена од 9.990 денари заедно со тарифниот модел iPhone ONE L кој за 3.199 денари месечно нуди неограничени разговори кон целата мрежа на Оне, бесплатни разговори кон останатите национални мрежи, како и 20 гигабајти интернет и 200 минути за меѓународни разговори и дојдовен роаминг.

Овој модел се нуди и во други два пакета – за цена од 19.990 денари со тарифниoт модел iPhone ONE M за 1.599 денари месечнa претплата и по цена од 23.990 денари во тарифниот модел iPhone ONE S за 799 денари месечна претплата. Во двата тарифни модела корисниците добиваат вклучени неограничени минути за разговори кон цела Оне мрежа, разговори кон другите национални мрежи и до 10 GВ вклучен бесплатен сообраќај за мобилен интернет.

iPhone 6 е достапен и со останатите промотивни и редовни тарифни модели на Оне, a операторот го нуди и моделот iPhone 6 Plus по цена од 15.990 денари во iPhone ONE L.

Спречено ширењето на озонската дупка

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 6:41 pm

Последните години се се почести предупредувањата за ширење на озонската дупка, но најновата студија на НАСА покажа дека дупката во Земјината обвивка над Антарктикот повеќе не се шири.

Анализата покажа дека на 11 септември површината на дупката изнесувала 24 милиони квадратни километри, што значи дека се задржала на истата површина како и во 2013 година.

Тоа во голема мерка е помала површина од онаа во 2000 година, кога достигна историски висок рекорд од речиси 30 милони квадратни километри.

Фактот кој посебно охрабрува е тоа што дупката стагнира од 2010 година.

Озонската обвивка формира слој околу планетата и штити од штетното ултравиолетово зрачење кое предизвикува рак на кожата и оштетување на билките.

Сепак, можеби прерано е за радување. Едно ново истражување покажа дека во атмосферата се наоѓа неочекувано големо количество јаглен тетрахлорид, кој ја прекинува хемиската струкура на озонот и го уништува.

Две меѓународни лабаратории потврдија дека изворот на листеријата е “Екстра меин„

Анализите кои ги доби Министерството за здравство од лабраториите на СЗО за листерија, „Ансес“ и „Пастер“ од Париз, потврдуваат дека производот вакумиран сецкан свински врат од компанијата „Екстрамеин“ е изворот на зараза со бактеријата листерија.

„Денска резултатите од двете лаборатории ги потврдија наодите добиени во лабораторијата при Ветеринарниот факултет . Се работи за потполно идентичен генотип кај изолат од храна и изолатите од хумано потекло. Се потврдија резултатите кои Министерството за здравство претходно ги објави -дека причините за листеријата кај заболените и починатите е поизвод од компанијата Екстра меин од Куманово. Добивме потврда дека станува збор за ист извор на листерија. Точно и прецизно е лоциран изворот на листерија од страна на македонските власти. Со ова конечно ставаме крај на шпекулациите и наводите дека се’ уште не е пронајден виновсникот на листеријата. Не обвинуваа за фалсифкување на постапката, дека е наместена, дека непотребно сме ставиле фирма на столбот на срамот. Не прогласија за аметери, егзекутори кои нестручнио аналииираат и на крај тоа го покриле со егзекуција на некоја фирма . Ние верувавме во квалитетот на знаењето и професионализнмот во македонските експерти“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

(Галерија) Во Унгарија победи народот: Нема да има данок за интернет

Filed under: свет — Tags: , , — @ 5:43 pm

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повлече предлогот за оданочување на користењето на Интернет што требаше да стапи во сила на почетокот на следната година, пренесува Ројтерс.

„Даночењето на Интернет не може да се воведе во сегашната форма… Тоа не може да се усвои во овие услови“, изјави Орбан за државното радио.

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во неделата и вторникот на улиците на Будимпешта за да протестираат против планот на унгарската влада. Протести беа одржани и во неколку други градови како и пред унгарските амбасади во земјите на ЕУ.

Демонстрантите побараа од Орбан да се откаже од планот според кој интернет-провајдерите ќе мора да плаќаат месечен данок од 700 форинти (2,27 евра) по корисник и 5.000 форинти по фирма.

Граѓаните стравуваа дека тој трошок би можел да се префрли врз нив. Владата го најави предлогот минатата недела, без претходни консултации.

 

 

И во Светска банка отпуштања: 250 вработени остануваат без работа

Светска Банка најави дека во следните три години, како дел од широката реконструкција со цел да се постигне поголема ефикасност, ќе укинат 500 работни места.

Во првата голема реорганизација на „СБ“ во 1996-та, која требаше да вроди со намалување на нејзиниот буџет за 400 милиони долари, зголемување на конкурентноста и зајакнување на кредитирањето на земјите во развој, беа укинати близу 11 проценти од вкупно 4.500 работни места во финансискиот, истражувачкиот, безбедносниот и во секторот за човекови ресурси, кои сочинуваат скоро четвртина од вработените во Банката.

Некои од тие 500 вработени кои ќе добијат отказ ќе можат да се пријават за работа во други одделенија, во кои во идниот период ќе бидат вработени меѓу 230 и 250 лица, порачаа од Светска Банка, која нуди финансиска и техничка помош на земјите во развој.

 

Интернет најмногу користат учениците и студентите

Filed under: македонија — Tags: , — @ 4:30 pm

Близу 70 проценти од македонските домаќинства имаат пристап до интернет од дома, а најмногу го користеле учениците и студентите.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тримесечје од 2014 година 68,3 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома и е за 3,3 проценти повеќе во споредба со овој квартал лани.

Учевството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65 отсто во 2013 година, на 67,7 отсто во 2014 година.

Речиси сите (99,1 проценти) домаќинства со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.
Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 67,6 отсто, a интернет користеле 68,1 отсто. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96,3 отсто, 55,2 проценти од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2014 година употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.

Неколку странски компании заинтересирани за ски-центарот Галичица

Неколку странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица, пренесува Канал 5. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, нагласи дека преговорите со потенцијалните инвеститори се уште траат.

Мастер-планот и физибилити-студијата за изградба на ски-центар на Галичица го изработи Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), има објавено и оглас за пројавување интерес за изградба и стопанисување со ски-центарот што се уште е во тек.

Поканата за пројавување интерес беше објавена кон средината на јуни годинава, при што на заинтересираните инвеститори им беа понудени два пакета, и тоа првиот за изградба и стопанисување со ски-центарот и комплексот на Галичица од страната на Охридското Езеро, а вториот е за изградба на туристички комплекс од преспанската страна.

Според мастер-планот изработен од странски консултантски фирми, ски-центарот на Галичица треба да се гради северно од врвот Kрле Гола Бука на надморска височина од 1.985 метри. До него ќе се стасува и со гондола, чија почетна станица ќе биде над селото Пештани, на надморска височина од 840 метри. Планирано е тој ски-центар да биде со среден капацитет, со некаде до три илјади посетители дневно. На скијачите на располагање ќе им бидат 15 километри ски-патеки, две четириседни жичници, два големи ски-лифта и една лента на ски-лифтот. Проектот предвидува и други содржини како хотели, ресторани и други туристички објекти, како и карпи за качување и патеки за планински велоспиедизам.

Ден на практикантите на ЕВН Македонија

Filed under: македонија — Tags: , — @ 3:59 pm

ЕВН Македонија ја организираше традиционалната средба на студенти кои беа дел од програмата на ЕВН за практикантска работа наменета за студентите од сите факултети низ републиката, „Ден на практиканти 2014“. Преку дружење и споделување на искуства меѓу студенти кои извршувале пракса во компанијата, нивните ментори, претставници на високите образовни институции и членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, се истакна значењето кое го има програмата за компанијата за кариерниот развој на младите и образованието во земјава.

ЕВН Македонија ја продолжи поддршката за 9-те млади и амбициозни студенти од електротехничките насоки на ФЕИТ и Техничкиот факултет во Битола, кои ги исплонија условите за задржување на стипендијата. Својата успешна приказна ја заокружија и 5 стипендисти од првите генерации од програмата за стипендирање на ЕВН Македонија кои по завршувањето на студиите добија шанса да станат дел од компанијата.

„Вашето задоволство е мерило и повик за идните генерации кои чекаат на можностите кои ги нуди ЕВН Македонија“, рече во обраќањето до студентите, г–дин. Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН Македонија. „Некои од вас ќе станат лидери, а некои  експерти во својата област. Ви посакувам се’ најдобро и се надевам дека ќе се сретнеме повторно, како колеги во рамките на ЕВН”, рече Хенгст.

Соработката во однос на практикантството мегу Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и ЕВН Македонија трае веќе пет години.

„Откако почнавме со практиканството и стипендирањето, бројот на студенти се зголеми за три пати. Не само што се зголеми, туку веќе ги запишуваме и најдобрите студенти во енергетските насоки,рече проф. д-р Христина Спасовска, Продекан за настава на ФЕИТ“.

Лидија Дамчевска од Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост изјави дека ЕВН е една од првите компании која ја отвори вратата за лица со попреченост да бидат дел од програмата за практикантска работа. Задоволство од поддршката на ЕВН и исполнување на планираните активности согласно со меморандумот за соработка. изрази д-р Јованка Тутеска, проректор за наука на битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски.

За успешноста на програмата говори големиот број на студенти кои се пријавуваат за практикантска работа, но и фактот дека дел од нив веќе си го најдоа своето работно место во компанијата.

 

 

Постари вести »

Powered by WordPress