November 30, 2014

(Фото) „Голема Албанија„ и на пиво

Косовската “Печката пивара”  за илустрација на своето пиво го искористила албанскиот грб и имиња на градови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, кои влегуваат во картата на „Голема Албанија„, пишува српски Курир.

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ, изјавил дека станува збор за кршење на правилата за слободна трговија и дека ќе бара од ЦЕФТА да реагира поради оваа амбалажа.

“Станува збор за чиста политизација. Морам да проверам дали некој ја известил пазарната инспекција, а потоа на ред ќе дојде и Европската комисија. Секако дека ќе бараме овој производ да се повлече од пазарот”, рекол Љајиќ, пишува Курир.

Горан Паповиќ, претседател на Националната организација на потрошувачите на Србија рекол дека ова пиво не смее да биде на полиците на српските продавници.

Меѓу градовите од Македонија, кои се наведени на амбалажата на пивото, може да се забележат Скопје и Струга.

 

(Видео) Земјаните испратија 90 илјади поздрави на Марс

Радио телескопите од Земјата испратија 90 илјади пораки на Марс, во чест на 50-годишнината од првата посета на вселенското летало на таа планета.

Американската компанија Uwingu го организира ова вонземјанското поздравување во чест на 50-годишнината на мисијата на НАСА Маринер 4, но и за да соборат средства за други проекти.

Иницијативата „Транспортирај ме на Марс“ ги повика заинтересираните учесници да ги испратат своите имиња, пораки и фотографии на Марс по цена од пет до 99 долари. Одговориле неколку славни личности меѓу кои и актерот и комичар Сет Грин и актерот Џорџ Такеи, кој во телевисизката серија „Ѕвездени патеки“ го глумеше г. Сулу.

Откако Маринер 4 успешно пролета покрај Марс и ги испрати првите фотографии од површината на Црвената планета, повеќе од 20 други вселенски летала успешно ја посетиле, влегле во орбитата или дури се спуштиле на површината на Марс.

Видеото ОВДЕ.

 

 

Дури 74 одсто од Норвежаните не сакаат во ЕУ

Filed under: Бенчмарк — Tags: , , — @ 6:07 pm

Речиси три четвртини од Норвежаните, односно 74 одсто од нив, би гласале против влезот на нивната земја во Европската унија, покажува последното истражување на јавното мислење во таа земја.

За влезот во ЕУ гласале само 16,8 одсто од испитаниците, додека 9,2 биле неодлучни.

Ако продолжи овој тренд уште шест месеци, Норвежаните ќе забележат десета година по ред како имаат негативни чуства кон ЕУ.

Резултатите од анкетата се објавени во моментот кога Норвешката организација „Не во ЕУ“ одбележува 20 години постоење.

Движењето го основало поранешниот лидер на Партијата на центарот Ане Енгер, која во рамки на референдумот одржан во 1994 година е наречена „Кралица на Европа“ поради успешната кампања против влез во ЕУ.

На последниот референдум за влез во ЕУ, пред двесет години, 52,2 одсто Норвежани гласале против, а последните истражувања покажуваат дека и понатаму постои негативен тренд.

Швајцарија против ограничувањето на бројот на имигрантите

Гласачите во Швајцарија се изјаснија против предлогот да се ограничи бројот на имигрантите во земјата, но и против иницијативата за елиминирање на специјалните даночни олеснувања за богатите странци .

Со предлогот за кој се одлучуваше на денешниот референдум, требаше да се воведе ограничување на имиграцијата на околу 17 илјади луѓе годишно или 25 отсто од досегашниот број, поради заштита на животната средина.

Околу 78 проценти од гласачите го одбија предлогот, а 60 отсто гласаа против иницијативата за отстранување на специјалните даночни олеснувања за богатите странци.

Околу 25 проценти од работната сила во Швајцарија се странци, а земјата по втор пат оваа година гласаше за прашање за имиграцијата.

Извор: Радио Слободна Европа

Најскапиот лек во светот

Filed under: свет — Tags: , , — @ 6:01 pm

На пазарот на медицински средства во Германија од неодамна во продажба е пуштен најскапиот лек во историјата на човештвото. Станува збор за медикаментот ”Glybera”, кој е дел од генетската терапија во случај на недостаток на липопротеинска липаза, навистина ретка наследна болест.

Цената на терапијата изнесува неверојатни 1,1 милион евра.

Активностите за создавање на овој лек траеле речиси 25 години, а производител на истиот е холандската биотехнолошка компанија “UniQure”.

Иако лекот бил подготвен за употреба уште пред две години, одобрението за негово пуштање во продажба било одложено, се со цел да се приберат дополнителни податоци за делотворноста.

Една ампула од лекот чини 53 илјади евра, а истата е доволна за две инјекции. Но, за лекувањето на еден пациент би биле потребни 42 инјекции, односно 21 ампула, што на крајот би значело трошок од околу 1,1 милион евра!

За пациентите овој лек ќе стане достапен најверојатно во февруари 2015 година. Инаку, во Европа моментално има околу двесте пациенти заболени од споменатата болест и тие се одлични кандидати за ваквиот вид на терапија.

Од компанијата “UniQure” истакнале дека “лекот е навистина скап, меѓутоа истиот се исплати затоа што пациентот кој ќе ја прими споменатата терапија, може мирно да живее најмалку шест години или подолго, па дури и до длабока старост”.

Досега заболените пациенти морале трајно да примаат исто така скапа ензимска терапија која со својот вкупен износ веројатно би чинела многу повеќе. Истата компанија моментално работи на генетски терапии за хемофилија и ненадејни заболувања на срцето.

Истополовите двојки ќе можат да посвојуваат деца во Финска

Парламентот во Хелсинки со тесно мнозинство изгласа истополовите двојки да можат да посвојуваат деца– 105 пратеници гласале за, а 92 против овој закон.

Истополовите парови во Финска имаа право да го регистрираат своето партнерство уште од 2002, но исто така беа соочени со одредени правни ограничувања, како што е неможност за посвојување на детето од партнерот.

Иницијативата за воведување брачна еднаквост се појави минатата година, но ја стопираа Финаската партија, Христијанските демократи, Центар и Националната коалиција.

 

Обезбедени дополнителни 42 милиона евра од ЕБОР за изградба на делницата Градско-Прилеп

Filed under: локално — Tags: , , — @ 5:20 pm

Обезбедивме дополнителни 42 милиона евра од Европската банка за обнова и развој. Парите се веќе одобрени за изградба на делницата Градско-Прилеп, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според Ставрески, изградбата на делницата Градско-Прилеп која го опфаќа најпроблематичниот дел кај Фариш и Дреновската клисура ќе почне наредната година.

– Во следните 5-6 месеци ќе трае процесот на експропријација и веднаш потоа се распишува тендер за градба. Очекувам при крајот на летото и почетокот на есента 2015 година да почне градбата на делницата. Ќе има по две ленти во двата правци со вкупна ширина од 12 метри. Еден дел ќе биде проширување, а оној најлошиот дел ќе биде целосно нова патна делница, рече Ставрески.

Граѓаните и бизнисмените, истакна, добиваат многу и побрзо се поврзуваат со Скопје.

– Прилеп ќе биде подобро поврзан со автопатот, со Коридорот 10, а граѓаните и бизнисмените за пократко време ќе може да дојдат до Скопје, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој очекува делницата која ќе почне да се гради наредната година да биде готова за 24 месеци.

Словачка предлага нов гасовод како алтернатива за „Јужен поток“

Словачкиот гасен оператор „Еустрим“ предлага изградба на нов гасовод за дистрибуција на природен гас од Западна Европа до Балканот, кој би бил замена за рускиот проект „Јужен поток“.

Компанијата предлага гасот од дистрибутивните центри во Западна Европа, преку гасоводната мрежа на Словачка да се пренесува до Украина, а од таму до Романија и Бугарија.

Гасоводот би имал капацитет од 20 милони метри кубни гас годишно, а би можел да се користи и за испорака на руски гас за Балканот, појаснува компанијата.

Реализацијата на проектот се проценува дека би чинела околу 750 милиони евра.

„Цептер“ отвора хотел на Теразије

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 5:16 pm

Компанијата „Цептер“ ќе го отвори својот хотел во Белград на 3. декември. „Цептер Апарт Хотел“ е лоциран во самиот центар на српската престолнина, односно на Теразије 10.

Хотелот ќе има шест ката и потпокрив, во којшто ќе има два луксузни апартмани, со повеќе соби за спиење, пренесе Б92.

Посебна атракција е апартманот на седмиот кат со квадратура од над 200 м2, целиот во стакло, со поглед на центарот на Белград и застаклена тераса од 100 м2.

Хотелот ќе има бар, ресторан и мултифункционална сала на конференции, семинари…

Министерство во Србија по втор пат казнето поради недавање информации

Доставувачот на информации од јавно значење повторно го казнил српското министерство за финансии, овој пат во износ од 180.000 динари, поради недоставување информации на „Данас“ за тоа колкав е бројот на нововработени во државната управа од стапувањето во сила на забраната за вработување до 2016. година.

Рокот за плаќање на казната бил два дена, а во истиот период на Министерството за финансии повторно му е наложено да одговори на прашањето на медиумот. Ако и после оваа казна нема одговор, предметот ќе се испрати до српската влада на реагирање.

Во обид да дознае колку луѓе и во која институција се вработени од почетокот на декември, од кога е усвоена одлуката за забрана за вработување во јавниот сектор се до 2016, „Данас“ во почетокот на мај упатил официјално барање за пристап до информации од јавно значење до Министерството за финансии, кое раководело со Комисијата за одобрување на вработувањата.

Поради недавање на бараните информации, Министерството за финансии пред месец ипол било казнето со 20.000 динари кои ги платило во рок од два дена, со пари од буџетот, односно од парите на даночните обврзници.
Во одговорот на Министарството кој бил испратен до „Данас“ на 20. октомври, наведено е дека од стапувањето во сила на забраната за вработување вкупниот број вработени до 1. мај оваа година е намален за речиси 30.000, но врз основа на тие податоци не може да се заклучи дали и покрај тоа имало нови вработувања. Бидејќи тоа не претставувало одговор на бараните податоци, Министерството е повторно казнето.

Постари вести »

Powered by WordPress