March 12, 2014

Десет работи што не ги знаете за Субрата Рој

Индиската телевизија НДТВ неодамна направи интересен портрет на првиот човек на групацијата Сахара, бизнисменот Субрата Рој. Оваа се дестте работи кои сигурно не ги знаете за овој бизнисмен кој планира да инвестира и кај нас.

1. Субрата Рој, претседателот на компанијата кој и самиот себе се опишува како „директор-работник“ на Сахара, започнал со капитал од само 32 американски долари кон крајот на 70-тите години, а успеал да изгради гигант, кој според компаниската интернет страница има имот од над 11 милијарди американски долари.

2. Целото име на компанијата е Сахара Индија Паривар. 65-годишниот Рој за себе вели дека е „чувар на најголемото семејство во светот“ и ја поддржува филозофијата на „колективен материјализам“.

3. Компанијата вели дека им помага на малите инвеститори надвор од банкарскиот систем и дека никогаш не ги изневерила.

4. Сахара значи поддршка, а Паривар – семејство на индиски јазик. Во седиштето на Сахара во индискиот град Лакнау, персоналот ги поздравува посетителите ставајќи ја десната рака на градите и изговарајќи: „Сахара Пранам“ („Поздрав од Сахара“).

5. Рој, кој најчесто е фотографиран облечен со црна вратоврска и елек над бела кошула, живее во близина во Сахара Шахер, голем затворен комплекс од ниски бели згради и тревници, каде што во негова организација секoja година се одржуваат масовни венчавки на 101 индиска двојка кои не можат да си ја дозволат церемонијата на друг начин.

6. Рој често се опишува како милијардер, но тој не е на листата на „Форбс“ на најбогати Индијци. На интернет страницата на „Сахара“ стои дека 34 години компанијата ниту еднаш не исплатила дивиденда.

7. Рој обично не се споменува во друштво на индиската бизнис елита, составена од семејствата Татас, Бирлас, Амбанис и други. „Ако ја погледнете реномираната бизнис заедница, се гледа дека тие го држат на дистанца“, коментираат индиските медиуми.

8. Наместо тоа, Рој најчесто се врзува со ѕвездите од Боливуд и, како и многу други тајкуни, се смета дека има добри политички врски.

9. Сахара го поседува Плаза хотелот во Њујорк и лондонскиот Гросвенор Хаус. Групацијата го спонзорира индискиот тим во хокеј и поседува 42% во Формула1 тимот, Форс Индија. Сепак во земјата стана позната по спонзорството на националниот тим во крикет, кое заврши во декември 2013 година.

10. Критичарите велат дека инвестициските производи на Сахара се креирани за да се избегне контролата од финансиските регулатори и дека им недостига транспарентност на изворот и употребата на фондовите, продавајќи им производи на инвеститори кои не ги разбираат ризиците во кои влегуваат.

 

2 Comments

  1. […] Десет работи што не ги знаете за Субрата Рој […]

    Pingback by Сахара Индија паривар: Активирањето на банкарската гаранција за Џумајлија ќе има негативно влијание | Подгорци инфо сервис — November 12, 2014 @ 1:55 pm

  2. […] Десет работи што не ги знаете за Субрата Рој […]

    Pingback by Случај „Џумајлија“: И официјално државата еднострано го раскина договорот со Субрата Рој | Подгорци инфо сервис — November 12, 2014 @ 4:55 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URL

Sorry, the comment form is closed at this time.

Powered by WordPress