May 17, 2014

Нема отстапување од изградбата на ски-центарот на Водно

Нов сообраќаен режим за возилата на Водно во деновите на викендот. Реализација на долниот крак на жичницата на потег од црквата „Св. Јован“ во Капиштец до Средно Водно,пишува Скопјеинфо. Продолжување на досегашната забрана за сообраќај до врвот. Бесплатен паркинг за индивидуалните возила кај НИП „Нова Македонија“ и воспоставување нова автобуска линија од таму до Средно Водно.

Ова се ветувањата кои градоначалникот Коце Трајановски им ги дал на неформалната граѓанска иницијатива „Спас за Водно“, со цел да се намали загадувањето на градските бели дробови. Претставници на иницијативата во средата првпат се сретнаа со градскиот татко и му предадоа 5.600 собрани потписи од граѓани против урбанизацијата и сечата на Водно. Според претставниците на „Спас за Водно“, Трајановски не отстапил од изградбата на ски-центарот, проект кој треба да го продолжи ЕЛЕМ.

Трајановски дал уверување дека со ски-патеката, довршувањето на жичницата, кулата на АЕК и патот, како и со изградбата на Сончев град, за кој тврдел дека се наоѓа надвор од границите на парк-шумата „Водно“, завршуваат сите урбанистички проекти на Водно.

No Comments

No comments yet.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.

Powered by WordPress