January 15, 2015

Фирма од Зајас ќе ги одржува државните патишта

Фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ од село Долно Строгомиште-Зајас ќе ги одржува државните патишта во скопската, штипската и велешката подрачна територија, објави А1 Он.

До Бирото за јавни набававки,  јавното претпријатие Македонија пат ги доставила договорите. Сите се со важност од една година а договорот почнува да важи од 26.12.2014. до 26.12.2015.

Во трите одделни постапки фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ се јавува како единствен понудавач, а нема никаква разлика помеѓу највисоката и најниската добиена понуда.

За одржување на државните патишта на територија на подрачје Скопје, јавното претпријатие Македонија пат на фирмата од село Долно Строгомиште ќе и плати 30.515.207 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 495.000 илјади евра.

Македонија пат услугата ја процениле на 32.000.000 милиони денари, а најниската но и највисока единствена понуда на фирмата ПЕРПАРИМИ била 10.900.800 милиони денари или за три пати помала сума од онаа која е потпишана, пишува А1 Он.

Извор: А1 Он

No Comments

No comments yet.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.

Powered by WordPress