January 15, 2015

Знаете ли какво пилешко месо купувате: Што се прават производителите за да заработат повеќе

Повеќето луѓе кои купуваат пилешко месо од непознато потекло, без декларација, не се ни свесни дека дури 30 отсто од тоа месо е напумпано со солена вода и хемикалии за засилување на вкусот и текстурата, како и со отпадоци од други животни. Со ваквиот третман производителите се обидуваат да добијат месо од прва класа, од месо со лош квалитет.

Пилињата не се одгледуваат да бидат здрави и нивното месо да биде сочно и меко, туку во трката за заработувачка се прави сè, за пилето што побрзо да ја достигне потребната тежина. Со тоа потрошувачите не само што се измамени, туку им се загрозува и здравјето, бидејќи таквото пилешко содржи и до 500 пати повеќе натриум.

Во 2009 година е откриено дека на пилешкото му се зголемува тежината со вбризгување на животински отпад, на пример коски и рскавици од свињи или крави. Измамата е откриена во ресторани во Англија, а биле направени специјални тестови, бидејќи материјалите кои се додаваат толку добро се обработени и ги поминуваат ДНК тестовите. Истрагата открила дека при обработката на пилешкото се додаваат протеини од други животни.

Праксата на вбризгување вода и протеини во пилешкото не е противзаконска, се додека е точно означена. Исто така не е противзаконско вбризгување на говедски или свински протеини, се додека се означени како “хидролизирани протеини“. Тие се даодаваат за да може пилешкото да ја задржи водата.

Многумина консумираат пилешко, сметајќи го за лесна и здрава храна, што е вистина, но само ако месото доаѓа од домашно органско производство. Затоа внимавајте што и од каде купувате, тоа е единствениот начин да се храните здрави и да го сочувате своето здравје.

 

 

Го вртат светот: Во кои земји има најмногу и најмалку жени директори

Filed under: бизнис — Tags: , , — @ 10:06 am

Во одборите на директори на компаниите во целиот свет жените се помалку од мажите. Во некои земји, сепак има некаков стремеж за еднаквост, а во други нееднаквоста е прилично очигледна. Ова станува јасно од истражувањето на Catalyst – компанија која ги штити правата на жените да учествуваат во раководството на компаниите во светот.

На последно место во нивната листа е Јапонија, каде едвај 3,1% од членовите на одборите на компаниите се жени.

Меѓу земјите на дното се уште Португалија, Индија, Хонг Конг. Во рангирањето се разгледани 20 држави. На прво место е Норвешка, каде 1/3 од членовите на одборите се жени. Во ниту една од видните држави процентот жени не се приближува 50%.

Еве го и рангирањето:

1. Норвешка – 35.5%

2. Финска – 29.9%

3. Франција – 29.7%

4. Шведска – 28.8%

5. Белгија – 23.4%

6. Британија – 22,8%

7. Данска – 21.9%

8. Холандија – 21%

9. Канада – 20.8%

10. САД 19.2%

11. Австралија – 19.2%

12. Германија – 18.5%

13. Шпанија – 18.2%

14. Швајцарија – 17%

15. Австрија – 13%

Во кои земји луѓето пијат најмногу алкохол

Filed under: Беспарица — Tags: , , — @ 10:04 am

Неодамна Светската Здравствена Организација објави извештај за 15-годишно конзумирање алкохол на државите во светот , во кој победник е Белорусија.

Оваа држава со 9,5 милиони жители е позната како последната европска диктатура, која беше водена од Александар Лукашенко цели 20 години. Исто така е и единствената европска држава во која сè уште постои смртната казна, а во Европа е позната и како општество кое повеќе потсетува на остатоците од Советскиот Сојуз. Тоа се веројатно доволно причини за пиење алкохол.

Годишното конзумирање алкохол по глава на жител во Белорусија изнесува 14,37 литри, односно 4 пијачки по личност, секојдневно. Тоа е веројатно многу алкохол.

На второ место на оваа листа е Андора, каде може да се купи евтин алкохол.

Ова е листата на 25 држави , со податоци за конзумирањето по глава на жител:

1. Белорусија – 14.37

2. Андора – 13.31

3. Литванија – 12.9

4. Чешка – 12,69

5. Гренланд – 12.4

6. Австрија – 12.1

7. Ирска – 11.92

8. Франција – 11.7

9. Св. Луција – 11.6

10. Естонија – 11.36

11. Луксембург – 11.36

12. Германија – 11.12

13. Русија – 11.12

14. Словачка – 10.96

15. Португалија – 10.84

16. Унгарија – 10.78

17. Хрватска – 10.7

18. Полска – 10.7

19. Белгија – 10.57

20. Данска – 10.4

21. Австралија – 10.37

22. Бахами – 10.34

23. Словенија – 10.32

24. Велика Британија – 10.26

25. Бугарија – 10.2

Мора да ги посетите: Најпотценети земји во Европа

Кога правиме листа со местата кои силно сакаме да ги посетиме, обично вклучуваме во него популарни дестинации како Њујорк, Рим, Париз, Лондон и Токио. Сами знаете дека надвор од наведените градови постојат уште многу кои заслужуваат внимание.

Тие често се потценетиод милионите туристи кои секоја година патуваат до блиски и далечни точки на светот.

Кога го планирате своето патување низ Европа, може да бидете многу изненадени кога ќе истражувате. Ќе најдете фантастични земји. Тие не се толку популарни, како Франција и Италија, но исто така понудата е толку импресивна и го одзема здивот со историски знаменитости, неверојатно шарена кујна и пријатни луѓе со кои вреди да поразговарате. Всушност, веројатно ќе треба да направите малку повеќе напор за да го испланирате патешествието за овие земји, но тие ќе ве наградат

Ова според Профит.бг се 8 од најпознатите потценети европски држави:

1. Србија
Ако преферирате мирен одмор во прекрасно планинско одморалиште, Србија треба да биде на вашата листа на патувања. Главниот град на Србија е Белград. Таа привлекува туристи кои бараат незаборавни искуства. Може да поминете денови во проучувањето на историското минато на земјата, обиколувајќи музеи и средновековни манастири и стари цркви. Тука природата е дарежлива – има прекрасни планини, реки и панорамски глетки.

2. Луксембург
Луксембург е мала земја, но е една од водечките во Европа по стандард на живеење. Тука ќе дочекате богата историја и сценски пејсажи. Во Луксембург има над 100 замоци, меѓу кои Bourscheid Castle, Clemency Castle, Clervaux Castle, Larochette Castle и др. Тие се отворени за посетители. Еден од туристичките центри – Vianden, е попопуларен, бидејќи токму тука можете да видите со свои очи оригинални писма и слики на Виктор Иго.

3. Лихтенштајн
Граничи со Австрија и Швајцарија, а земјата чува важни спомени за историјата и културата на локалните народи. Лихтенштајн е добро решение за луѓето кои сакаат зимски спортови.

4. Босна и Херцеговина
Може да дознаете многу интересни факти за Босна и Херцеговина, ако го пренасочите времето посветено за истражување на Париз и Мадрид, токму за оваа држава. Во историјата и се испреплетуваат култура и природна убавина. Замислете недопрена природа, до каде ви гледаат очите. Главниот град Сараево обезбедува доволно забава за туристите. Тука цените не се високи, односно и со помал буџет ќе си обезбедите незаборавно патување.

5. Белорусија
Ова е една од најпознатите потценети земји во Европа. Ако стапнете на белоруско земјиште, ќе дознаете зошто ви го кажуваме ова. Тука е чисто, уредно и секоја прошетка се претвора во вистинско задоволство. Пред вашите очи ќе почнат да се менуваат старите и современи архитектонски решенија, зелени булевари и убави шарени паркови. Културното наследство на Белорусија е богато и ќе ве импресионира со колоритността.

6. Албанија
Оваа земја е донекаде познат на повеќето луѓе поради својата богата култура, фантастични недопрени плажи и панорамските патеки. Покрај тоа тука се издигаат величествени планини, кои нудат одлични услови за зимски спортови и возење на велосипеди. Ако сте тргнале кон Албанија, задолжително посетете го запустениот град Аполонија, пазарот на Отоманијата, плоштад Скандерберг и римскиот амфитеатар во Драч.

7. Словачка
Можете ли да кажете барем една туристичка агенција која ви предложила да патувате до Словачка? Шансите тежат кон 0. Сепак, Словачка вреди да ја посетите. Тука ќе најдете инспиративни приказни и богата култура. Во земјата има средновековни замоци и градови, има 9 национални паркови и илјадници пештери, реки и езера. За туристите атрактивни се условите за спа и скијање.

8. Латвија
Латвија не е толку популарна како Франција и Шпанија, но исто така располага со уникатни заслуги. Можете да изберете од одлични плажи, величествената стари замоци, риболовни населби и др. Латвија е популарна и како дестинација со многу чиста и сочувана природа – ова е идеално место за луѓе кои сакаат да ја гледаат во природата и да се слушаат птичји песни. Една основна карактеристика на Латвијците, која многу ќе ви се допадне, е дека тие ги сакаат цвеќињата. Ќе се уверите во тоа – секаде има убави цвеќиња!

Девизните резерви на НБРМ зголемени за 488,4 милиони евра

Filed under: бизнис — Tags: , , — @ 9:56 am

Девизните резерви на Народната банка на Република Македонија на крајот на 2014 година изнесуваа 2.432.200.000 евра, што е за 488,4 милиони евра повеќе од крајот на 2013-та.

Според објавените податоци на НБРМ, монтерното злато во вкупните резерви изнесува 215,600.000 евра, валутите и депозитите се 272.800.000 евра, а хартиите од вредност 1.943.800.000 евра, пренесе МИА.

На крајот на 2013 година девизните резерви изнесувале 1.993.000.000 милиони евра, во 2012 биле 2.193.300.000 милиони евра, во 2011 година 2.068.900.000 евра, а во 2010 година 1.714.500.000 милиони евра.

СЗО: Лошите патиштата во БиХ најсмртоносни на Балканот

Најсмртоносните патишта на Балканот се наоѓаат во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Според организацијата, смртноста на патиштата во БиХ е речиси четири пати поголема отколку во Германија.

Причините за тоа се лошите патишта, недоволно сообраќајна култура, но најмногу според аналитичарите е што државата не вложува доволно средства за безбедноста во сообраќајот.

СЗО наведува дека годишно во БиХ бројот на смртните случаи на патиштата изнесува 15 лица на 100.000 жители. Во Црна Гора таа бројка е 11, а во Хрватска десет на 100.000 лица.

Над 200.000 лица побарале азил во Германија, 30% од нив се балканци

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 9:39 am

Во текот на минатата година биле поднесени повеќе од 200.000 барања за азил во Германија, што претставува раст од 60 отсто во однос на 2013 година.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ова е третиот најголем број на поднесени молби во историјата на Германија.

Околу 41.000 лица, што е 20 проценти од сите подносители за азил, биле сириски бегалци и во поголемиот број случаи тие добивале право на престој. Околу 30 отсто од барањата се поднесени од граѓани од балканските земји, но нивните апликации обично биле одбивани, бидејќи „не ги исполнуваат потребните барања“.

Министерството наведува дека агенцијата, која ги разгледува барањата, и општините добиле финансиска помош, со цел да се справат со големиот наплив на азиланти.

Стручни лица ќе ги оценуваат иновативните проекти што ќе добиваат пари од државата

Filed under: бизнис — Tags: , , — @ 9:38 am

Потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за иновациската дејност е заради дополнување на одредба од законот со која се дава можност Фондот за иновации и технолошки развој при оценување на поднесените проекти за добивање на грантови да може да ангажира стручни лица кои ќе направат евалуација и ќе дадат стручно мислење.

„За таа цел ќе се вооспостави Регистар на стручни лица кој ќе го води Фондот за иновации и технолошки развој. Цел на предлог законот: Целта на предлог законот е да се обезбеди давање на грантови на квалитетни проекти, а истото ќе се овозможи со вршење на соодветна евалуација и давање на стручно мислење на лица од Регистарот кој ќе го води Фондот за иновации и технолошки развој. Целта на предлог законот е да се обезбеди давање на грантови на квалитетни проекти, а истото ќе се овозможи со вршење на соодветна евалуација и давање на стручно мислење на лица од Регистарот кој ќе го води Фондот за иновации и технолошки развој“, се вели во образложението за почетокот на подготовка на законските измени.

Кореографката Искра Шукарова на средба на уметници и менаџери во Њујорк

Кореографката Искра Шукарова е поканета во Њујорк на средба со уметници и менаџери од Источна Европа и САД. Средбата се одржува од 14-ти до 16 јануари и ја организира фондацијата „The Trust for Mutual Understanding and Movement Research“, а коспонзор е академијата Tisch School of the Arts во Њујорк.

Целта на средбата е да се дискутираат целите за продолжување на соработката помеѓу партнерите од Источна и Централна Европа и САД, вклучувајќи можности за стабилна структура, развојни проекти, како и споделување нови случувања во културниот сектор на национално и на регионално ниво.

Шукарова е поканета како учесник од Македонија поради голем број реализирани проекти и гостувања во САД преку фондацијата „The Trust for Mutual Understanding“, која ја поддржува како уметник уште од 1996 година.

На настанот ќе има учесници и од Романија, Србија, Летонија и Унгарија.

Над две илјади скијачи на Пониква

Filed under: локално — Tags: , , — @ 9:36 am

Како ретко кога, Пониква вчера беше преполна со посетители од Кочани, Скопје, Куманово, како и од поширокиот регион, јави ТВ Кочани.

Снегот, сончевото и топло време со температура над 17 степени целзиусови, создадоа извонредни услови за рекреативно скијање, санкање, и за прошетки. Посетителите тоа го насетија уште во утринските часови, па колоните возила кои се искачуваа кон Осоговските Планини беа долги.

Уште подолга беше колоната на паркирани возила, која се протегаше дури до боровите насади, на околу два километри оддалеченост од одморалиштето. Порано или подоцна на Пониква ќе мора да се бара квалитетно решение на проблемот со ограничениот паркинг простор. Колоната од околу два километри им создаваше непријатности на возачите и на оние кои мораа да го пропешачат тоа растојание за да стигнат до ски – лифтовите и угостителските објекти.

Извор: ТВ Кочани

« Понови вестиПостари вести »

Powered by WordPress