January 16, 2015

Се остваруваат најавите за нови напади: Во Белгија ликвидирани двајца терористи

Filed under: свет — Tags: , , — @ 10:26 am

Двајца терористи кои подготвувале напади во Белгија се ликвидирани вчера во полициска акција во југоисточниот град Вервие, во близина на границата со Германија и Холандија.

Белгиските власти претходно објавија дека е донесена одлука за зголемување на готовноста за акција против терористички закани на трето, предпоследно ниво.

December 22, 2014

(Видео/Галерија): Млада дама го „нападна“ белгискиот премиер со помфрит и мајонез

Filed under: свет — Tags: , , — @ 8:46 pm

Белгискиот премиер Шарл Мишел имал близок контакт со демонстранти, кои го изразиле своето незадоволство поради строгите економски мерки во земјата, при што бил гаѓан со помфрит и мајонез.

На фотографии од бизнис форум во градот Намјур може да се забележи како една млада дама истура чинија со пржени компири и мајонез врз 39-годишниот премиер.

Портпарол на премиерот изјави дека тој нема да поднесе тужба против неа, но одби да коментира како бил дозволен ваков пропуст на неговото обезбедување. Видеото ОВДЕ.

Белгија штеди, затвара 18 амбасади и конзулати

Filed under: свет — Tags: , , — @ 11:10 am

Белгија поради штедење ќе ја затвори Амбасадата во Љубљана и уште 17 амбасади и конзулати, соопшти Министерството за надворешни работи во Брисел.

Затворањето на тие служби е неопходно за Министерството да може финансиски да обезбеди работа на останатите мисии во време на штедење, пишува во соопштението.

Така ќе бидат затворени амбасадите на Белгија во Талин, Рига, Вилнус, Љубљана и Никозија и конзулатите во Франција во Лила и Стразбур.

Во Африка ќе бидат затворени амбасадите во Либија и Конго, а конзулатите во Мароко и Јужна Африка.

December 15, 2014

Заложничка драма и во Белгија

Filed under: свет — Tags: , , — @ 2:04 pm

Четворица вооружени мажи упаднале во стан во белгискиот град Гент, каде се опколени од полицијата. Според првичните информации, тие земале еден маж за заложник, соопштува Би-Би Си.

Полицијата ја обиколила областа околу блокот.На сите што живеат таму им се препорачува да останат внатре, со цел задржување на нивната безбедност.

Локалните обвинители увераат дека нема никакви индикации дека случајот е поврзан со групата “Исламска држава”. “Инцидентот не е ист како случувањата во Сиднеј”, изјави портпаролот Анеми Серлипенс.

Портпаролот на полицијата во Гент за медиумите изјави дека операцијата се спроведува многу внимателно поради веројатноста да има заложник.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(Фото) Заложничка драма во кафуле во Сиднеј: Пет лица успееа да се спасат

November 9, 2014

Белгија, Германија, Италија – нов бран протести ја зафати Европа

Кризата е далеку од крајот, а тоа најдобро го илустрира изминатава недела на протести во Белгија, Германија, Италија… Бранот протести почна со над 120.000 учесници во Белгија, кој заврши со 36 повредени, 30 приведени и десетици опожарени автомобили. Според Би-Би-Си, тоа се најтешки немири во државата од Втората светска војна досега.

Трите главни синдикати што ги организираа протестите се против намерите на федералната Влада за ограничување на трошоците во јавната сфера, за зголемување на даноците и за зголемување на возраста за пензионирање. Синдикатите повикаа средствата што недостигаат (долгот е 100 отсто од БДП) да се побараат кај богатите. Дополнително протестите разгореа по информациите дека богати семејства и приватни и државни фирми како Белгаком и банката Дексиа избегнувале плаќање данок со регистрирање претставништва во Луксембург. Така тие фирми плаќале во белгиската каса данок од 2,3 отсто, додека останатите плаќаат меѓу 30 и 50 отсто данок на приходи.

Следните големи протести се закажани за 15 декември.

Во Германија се случи целосна сообраќајна блокада по штрајкот на вработените во германската железница „Дојче бан“. Тоа беше шестиот штрајк што го организираа германските железничари поради спорот со раководството на „Дојче бан“ околу висината на платите и продложувањето на работната недела.
За време на овој штрајк, патничкиот железнички сообраќај во Германија беше во прекин 64, а товарниот 72 часа.

Десетици илјади италијански државни службеници, пак, протестираа во Рим со барања за зголемување на платите, за склучување нов грански колективен договор и против владините мерки за стимулирање на вработувањето.
Синдикатите, организатори на протестот, соопштија дека ако Владата не обезбеди пари за зголемување на платите на околу три милиони државни службеници во Италија, следниот месец ќе организраат генерален штрајк. Демонстраните бараа склучување и нов колективен договор за јавниот сектор, од причина што актуелниот е постигнат уште пред четири години.

Во моментов стапката на невработеност во Италија изнесува од 12,6 проценти и е на највисоко ниво уште од 70-те години на минатиот век. Невработеноста пак меѓу младите на возраст од 15 до 24 години изнесува речиси 43 отсто.
Како мерка за создавање нови работни места, Ренци предложи реформи на законодавството за работни односи, но тие наидоа на голем отпор, како од страна на синдикатите, така и на пратеници од неговата Демократска партија.

Очигледно е дека богатите и политичарите од една страна и работниците од другата страна веќе неколку години водат битка околу прашањето кој да плати за огромните долгови на државите натрупани во изминатве децении со оглед на тоа што во Европа не престанаа протести уште од кога се обелодени финансискиот колапс на Грција, а истовремено европската економија повторно навлезе во рецесија од која речиси и не излезе во изминативе неколку години.

October 30, 2014

Белгија е новата винска сила?

Filed under: свет — Tags: , — @ 3:28 pm

Минатогодишното производство на вино во Белгија е скоро двојно поголемо во споредба со 2013 година кога имаше исклучително неповолни метеоролошки услови. Како што пренесуваат белгиските медиуми, производството на вино во оваа земја минатата година достигна 553.000 литри во однос на 300.000 литри од претходната година.

Истовремени, минатата година е зголемена површината под лозови насади наменети з апроизводство ан вино во Белгија од 154 на 184 хектари. Во 2013 година, 94 белгиски производители произвеле 16% црвено и 32% бели како и 48% пенливо вино

October 22, 2014

Белгија рекордер по бројот на џихадисти

Filed under: свет — Tags: , — @ 11:28 am

Белгија во однос на бројот на жители е на прво место во Европа по бројот на млади сили кои се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, соопштија денеска белгиските власти. Меѓу 3.000 Европејци кои се борат на страната на групата Исламска држава, повеќе од 10 проценти се белгиски државјани, пред се втора генерација на Мароканци и Турци кои живеат во Белгија.

Хари Бонте, градоначалник на Виливорде, мал град во близина на Брисел со бројна муслиманска популација, изјави дека само од неговиот град 27 тинејџери заминале во џихад, од кои и две девојчиња на 14 и 15 години.

Тој наведе дека зад тоа стои добро организирана мрежа терористи кои ги индоктринираат младите муслимани, а потоа преку Турција ги префрлаат во Ирак и во Сирија.

„Само со координирана работа на цела заедница, во која треба да се вклучат родителите, наставниците и верските лидери, може да се спречи овој тренд“, оцени Бонте.

Имамот на локалната џамија Мимун Акишу изјави дека малку може да се направи за да се спречат младите лица да одат во џихад кога еднаш ќе паднат под терористичка пропаганда.

„Тие ги привлекуваат со видео-снимки на кои вооружени џихадисти се возат со големи џипови и изгледаат како господари на своите животи, а не кажуваат дека зад сето тоа е валкана војна во која лесно се губи главата“, истакна Акишу.

Тој објасни дека најчеста мета на џихадистите се младите лица кои имаат проблеми со дрога или алкохол и кои се несигурни во својот идентитет.

„Понекогаш се доволни неколку месеци за индоктринација, а потоа е доцна што било да се направи“, рече Акишу.

Белгија има нешто повеќе од 11 милиони жители, од кои над десет проценти се со потекло од Мароко и од Турција.

September 30, 2014

Емин Џијан брилијантен во Белгија

Изминатиов викенд се случи спектакл во црквата Света Ана во Гент, Белгија. Култниот детроитски диџеј Дерик Меј настапи со Фламантскиот симфониски оркестар, со кој пак, диригираше нашиот музичар Емин Џијан, кој ја има напишано и оркестрацијата за техно музиката на Меј.

Фузија од електро ритам и класични инструменти одекнаа во акустичниот простор на црквата. Пред неколку илјади луѓе, одекнуваше амбиентален ритам, кој публиката ја остави без зборови. Френетичните аплаузи до нашиот музички гениј Џијан, до Меј и музичарите од симфонискиот оркестар беа потврда дека целиот труд се исплатеше.

Mакедонската екипа која беше таму на покана од фестивалот „ОдеГранд“ во чии рамки се случи концртот беше во состав: продуцентот од „Излет мјузик“ Огнен Узуновски, тон мајсторот Бојан Угриновски, Маријана Николовска на челеста и Кристијан Каровски на пијано. Ова е втор заеднички настап на Џијан и Меј по фантастичниот настап во Античкиот театар на 2 август во Охрид, заедно со Македонската филхармонија, концерт кој ќе остане засекогаш запаметен меѓу присутните.

 

September 23, 2014

Отворено првото “чоколадно село“ во Брисел

Дали сте го гледале филмот “Чарли и фабриката за чоколади„? Ако го сакате ова слатко задоволство, тогаш сигурно сте го гледале. Сега нешто слично се отвара во Белгија.

Оваа држава во западна Европа се смета за земја на чоколадите. Чоколадата е своевидно национално богатсво на Белгија, а музејот кој минатиот викенд беше отворен во Брисел на посетителите им нуди повеќе од уживање во оваа посластица.

Музејот е сместен во некогашна фабрика за чоколадо, а во неговиот центар има чоколадно село кое што е направено со кукички од чоколада и дрва од какао. Посетителите имаат прилика да дознаат како се бере какаото, како се преработува и како се произведува чоколадото.

Музејот се простира на површина од 900 метри квадратни, работи сите денови, а влезот чини осум евра за возрасни и пет евра за деца.

September 17, 2014

Најбогатите Французи своето богатство го чуваат во Белгија

Околу 20 до 100 најбогати Франзуци еден дел од своето богатство го чуваат во Белгија, што е износ од околу 17 милијарди евра, наведе францускиот весник Еко.

Најбогатиот Французин Бернар Арно, сопственик на конгломератот ЛВМХ и најбогат сопственик на лозја во Франција, меѓу првите се пресели во Белгија за да го избегне плаќањето на данок на богатството кое го воведе актуелниот француски претседател Франсоа Оланд. Неговото богатство се проценува на 27,5 милијарди евра.

По него, истото го направи и сопственикот на компанијата Лактаилс Емануел Бесније, чие богатство се проценува на 2,5 милијарди евра, потоа Жан-Клод Деко сопственик на компанијата ЈЦ Деко со богатство од 3,3, милијарди евра.

Постари вести »

Powered by WordPress