January 15, 2015

Тајзи со прв концерт надвор од Македонија

Filed under: забава — Tags: , , — @ 1:02 pm

Македонскиот реге артист Тајзи и Иноватива Груп го најавуваат првиот негов концерт надвор од границите на нашата држава.

Почетокот на концертот е закажан во клубот “Jack`s House“, во Банско, Бугарија на 18 јануари (недел), со почеток во 23 часот

По успешниот, голем концерт во Скопје, во Универзалната сала, Тајзи за прв пат ќе се претстави на локалната, бугарска публика, но и пред македонските туристи на кои им се познати неговите хитови

January 8, 2015

Слаткаристика ќе одржи два концерти во Бугарија

Слаткаристика новата година ја започнува со солистички концерти во Бугарија. Рап-артистот со „Иноватива Груп“ го најавија првиот кој ќе се случи овој викенд на 10 јануари (сабота) во Банско, во дискотеката “Jack`s House“, а вториот, голем концерт на Слаткаристика во соседната држава е најавен на 20 Февруари (петок), во концертната сала на клубот „MixTape 5“ во Софија.

На двата концерти како специјален гостин е најавен еминентниот, и еден од најпознатите бугарски рап-артисти, член на групата „Upsurd“- Ицо Хазарта.

Слаткаристика пред неполни 2 месеци го промовираше видео записот за новата песна „Бумеранг“ кое беше реализирано од бугарската продукција „Facing The Sun“, во копродукција со Иноватива Груп. Истиот резултираше со големазаинтересираност и број на прегледи на YouTube, a Слаткаристика влезе во групата на „One Shot“ видео-едицијата како единствен странец до сега.

Нашиот рап-артист со сигурност е баран и слушан од бугарската публика, а како резултат се двата реализирани концерти и давата кои треба да се случат.Тој, за неполна година ќе заокружи два концерти во Софија, еден во Созопол и еден во Банско.

January 6, 2015

Руси поседуваат околу 500.000 имоти во Бугарија

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 5:45 pm

Се почесто Русите остануваат во Бугарија и во зима. Според податоци на генералниот конзулат на Руската Федерација руски граѓани поседуваат околу 500 000 имоти во источна Бугарија.

Руси кои привремено или постојано престојуваат има во областите Варна, Добрич, Шумен, Бургас, Јамбол и Сливен, објави БТВ.

За Русите од средната класа, кои се обидуваат да избегаат од стресот во големите градови, Бугарија е атрактивно место за купување на втор дом, напиша британскиот весник Financial Times на почетокот на декември.

Според изданието околу 400.000 Руси поседуваат имот во Бугарија, а бројот на резиденти во земјата во текот на годината се зголемува. Обемот на руски корпоративни капитал во бугарската економија во последните 10 години е речиси 2 милијарди долари.

А минатата година петмина руски граѓани добиле бугарски документи за идентификација со инвестиција од 1 милион лева, како што бара бугарското законодавство.

January 5, 2015

Стратфор: Русија го губи влијанието врз Бугарија и врз Србија

Filed under: балкан — Tags: , , , — @ 12:20 pm

Стопирањето на проектот Јужен тек и кризата на рубљата се двата важни елементи кои го намалуваат влијанието на Русија врз Бугарија и врз Србија, се наведува во заклучокот на анализата на Стратфор.

„Намалувањето на цената на нафтата и економските санкции доведоа до пад на вредноста на рубљата за 40 проценти од почетокот на 2014 година и двете балкански држави со традиционално силни врски со Русија ќе имаат потешкотии за изнаоѓање на финансии и трговски кредити“, прогнозира Стратфор.

Стопирањето на проектот Јужен тек оневозможи и отворање на работни места во Бугарија и во Србија.

Двете држави се во голема мера енергетски зависни од рускиот гас.

December 22, 2014

Железничко поврзување со Албанија и Бугарија до 2022 година

Изградба на делницата од пругата Куманово – бугарска граница од Коридорот 8, како и реконструкција и модернизација на десет железнички станици предвидува инвестициската програма 2015-2017 на МЖ која се проценува на над 200 милиони евра. Железничкото поврзување на Македонија со Бугарија и Албанија-Коридорот 8 се очекува да биде завршена во 2022 година.

Димитрула Ацеска, директорка на МЖ Инфраструктура информира дека изградбата на делот Куманово-Бељаковце од Коридорот 8, е во висина од 46,4 милиони евра, а се обезбедени од ЕБОР. Проектот е започнат со градба и работите се изведуваат со планираната динамика, а треба да завршат во 2016 година.

Вториот проект како дел од овој Коридор е делницата Бељаковце – Крива Паланка, за која се обезбедени средства исто така од ЕБОР во висина од 145 милиони евра, како и средства за надзор во висина од 7,5 милиони евра. Во најскоро време би требало да се објави тендер за претквалификација и во тект на следната година треба да завршат сите тие постапки за избор на најдобар изведувач, а на крајот на 2015 година да започнат градежните активности.

За третата делница од овој коридор Крива Паланка-Граница се обезбедени средства за изработка на основниот проект, а градбата треба да започне во 2018 година при што сеуште се во тек обезбедување извори на средства за финансирање. Се очекува тоа да бидат комбинирани извори. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од ИПА, дел од ЕБОР и од ЕИБ.

Во однос на делот од Коридорот 8 кон Албанија, таа информира дека е потпишан договор со консултанска куќа што ќе го изработува главниот проект Кичево – Лин. Станува збор за 7,5 милиони евра што се обезбедени од ИПА при што проектот би започнал да се реализира во 2018 година, а да биде завршен во 2022 година така што до 2022 година треба да биде завршена целата делница од Коридорот 8.

Меѓу проектите го спомена и проектот за реконструкција на делницата Битола-Кременица за што е потпишан договор и обезбедени се средства од ИПА, а треба да почне да се гради во 2015 година со рок за завршување на работите од 18 месеци. Овој проект, како што нагласи Ацеска, е посебно значаен, бидејќи овозможува и поврзување на индустриската зона Жабани.

Во однос на Коридорот 10 рече дека во завршна фаза се активностите за ремонтирање на вкупно 54 километри пруга со што брзината на движење ќе се зголеми на 120 километри на час, што е од посебно зачење бидејќи преку овој коридор се одвива 90 проценти од железничкиот сообраќај особено транспортниот.

Дел од средствата кои ќе се инвестираат во железничката инфраструктура ќе се искористат и за обнова и модернизација на десетина железнички станици во земјата за што се обезбедени 2,6 милиони евра преку ИПА.

December 21, 2014

Планинари од Македонија и Бугарија го качија врвот Петлец во чест на Даме Груев

Две групи планинари од повеќе планинарски друштва од Република Македонија и од Планинарското здружение „Победа 2010“ од Благовград успешно го реализираа заедничкиот планинарски марш „Петлец 2014“.

Стартната позиција на планинарите беше од пред споменикот на војводата Дамјан Груев на селскиот мегдан во Русиново, а целта местото на неговата погибија од отоманскиот аскер на 22 декември 1906 година на планинскиот врв Петлец.

По сончево време средно-тешката и калива патека долга 10 километри македонските и бугарските планинари ја совладаа за неполни четири часа.

Пред почетокот на маршот планинарите ја посетија црквата во Русиново и селските гробишта каде на споменикот на војводите Дамјан Груев,Сандо Китанов и нивните соборци загинати на Петлец во 1906 година положија цвеќе и им оддадоа почит.

„Се радуваме на соработката со нашите македонски колеги и им благодариме за успешната организација на маршот „Петлец 2014„ со што ни овозможија да одиме по славните врвици на војводите, загинати во нерамен бој со отоманските војски“, изјави вчера за МИА координаторот на здружението Емил Ефтимов од Благоевград.

Планинарите од друштвата „ПОП„ и „Голачка срна„ Зоран Поповски и Олгица Ристова велат дека во наредната 2015 ќе ја прошират соработката со планинарите од Благоевград, Симитли и Разлог со учество во нивните маршеви за искачување на повеќе врвови на Пирин планина.

Заедничкото дружење на македонските и бугарските планинари на Петлец заврши со заеднички ручек и пригодна културно-забавна програма.

Прва победа за македонската хокеарска репрезентација

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 5:04 pm

Македонската хокеарска репрезентацијa денеска ја забележа првата, историска победа, реванширајќи им се на младите бугарски хокеари за вчерашниот пораз.

Македонија до победата дојде по изведувањето пенали со 4:3 откако резултатот по 60.минути беше нерешен 3:3.

Бугарија која на двете контролни средби со Македонија настапи со играчи до 20 години, ја доби првата третина со 2:1, Македонија во втората третина направи резултатски пресврт и поведе со 3:2, а во последната гостите успеаја да стигнат до пенал серијата, исто како вчера.

Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук два и Давор Атанасов, а Внук беше реализатор и на решавачкиот пенал за победа на „црвено-жолтите“.

Сепак , за разлика од вчерашниот меч, денеска среќата беше на македонска страна.

Двата натпревара се играа на лизгаште на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

December 20, 2014

Прв натпревар на македонската хокеј-репрезентација: Загубивме на пенали од Бугарија

Македонската хокеарска репрезентација загуби на својот прв официјален натпревар од младата бугарска репрезентација составена од играчи до 20 години на пенали со 6:5, откако мечот во основните 60 минути заврши нерешено 5:5.

Македонија постојано беше во водство, а Бугарите со гол во последните минути од третиот период се изборија за пенал серија.

Натпреварот се одигра на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје .

Шанса за реванш нашите хокеари ќе имаат утре, кога со почеток во 10:30 часот двете репрезентации ќе го одиграат вториот контролен натпревар .

December 17, 2014

Почнува сезоната: ски-картите најскапи во Франција, најевтини во Бугарија

Од европските земји, скијањето дефинитивно е најевтино во Бугарија покажува истражувањето на ICE, објаво Daily Mail.

Според бројките 6-дневен билет за дете во Италија чини во просек 58.50 евра, а во Франција просечната цена е 200 евра. Во Германија 4-члена фамилија ќе плати за 6 дена 486 евра, а во Франција оваа сума ќе се зголеми до 900 евра. Во Еврозоната евтини излегуваат ските картите во Германија, а најевтина во Европа е Бугарија, 6-дневен билет во Пампорово ќе ве чини 114 евра, што е половина од она што се плаќа во Франција и Швајцарија.

Еве и какви се цените, според истражувањето:

-Франција
Куршевел

1 ден за возрасни: 49 евра
1 ден за дете: 39.50 евра
6 дена за возрасни: 240 евра
6 дена за дете: 193 евра

Вал Д’Изете
1 ден за возрасни: 50 евра
1 ден за дете: 40 евра
6 дена за возрасни: 250 евра
6 дена за дете: 200 евра

-Италија
Червинја

1 ден за возрасни: 41 евра
1 ден за дете: 29 евра
6 дена за возрасни: 216 евра
6 дена за дете: 130 евра

Кортина Д’Ампецо
1 ден за возрасни: 49 евра
1 ден за дете: 35 евра
6 дена за возрасни: 252 евра
6 дена за дете: 176 евра

-Австрија
Кицбел

1 ден за возрасни: 49 евра
1 ден за дете: 24.50 евра
6 дена за возрасни: 241 евра
6 дена за дете: 120.50 евра

-Шпанија
Сиера Невада

1 ден за возрасни: 45 евра
1 ден за дете: 32 евра
6 дена за возрасни: 234.50 евра
6 дена за дете: 159 евра

Формигал
1 ден за возрасни: 41 евра
1 ден за дете: 33 евра
6 дена за возрасни: 218 евра
6 дена за дете: 140.50 евра

-Германија
Берхтесграден:

возрасен: 3 дена за 93 евра
дете: 3 дена за 46.50 евра
6 дена за возрасни: 153 евра
6 дена за дете: 90 евра

Оберсдорф
1 ден за возрасни: 40.50 евра
1 ден за дете: 16.50 евра
6 дена за возрасни: – 6 дена за дете

-Швајцарија
Гринделвалд

1 ден за возрасни: 63 евра
1 ден за дете: 32 евра
6 дена за возрасен: 291 евра
6 дена за дете: 146 евра

-Бугарија
Банско

возрасен: 2 дена за 87 евра
дете: 2 дена за 60 евра
6 дена возрасен: 209 евра
6 дена дете: 130 евра

Боровец
возрасен: 2 дена за 94 евра
дете: 2 дена за 59 евра
6 дена возрасен: 219 евра
6 дена дете: 125 евра

Пампорово
возрасен: 2 дена за 71 евра дете:
2 дена за 59 евра
6 дена возрасен: 114 евра
6 дена за дете: 78 евра

December 16, 2014

Атака бара референдум за излегување на Бугарија од ЕУ и НАТО

Filed under: балкан — Tags: , , , , — @ 8:49 am

Лидерот на бугарската националистичка партија Атака, Волен Сидеров предложи во земјата да се одржи референдум за излегување од НАТО и од ЕУ, пренесоа бугарските медиуми.

Во говор во бугарскиот парламент, тој истакнал дека понатамошното членство на неговата земја во овие организации ја загрозува безбедноста и економијата на Бугарија.

„Западните глобалисти се незадоволни од стремежот на мнозинството православни луѓе кон подобар живот. Тоа ги загрозува нивните приходи и претензии за глобално владеење. Тие се одлучија за војна со Русија, што подразбира економски притисок и воени провокации“, вели Сидеров.

Според него, откажувањето на Русија од Јужен тек е последица на недоследната политика на Софија.

„Дојде време кога треба да решиме дали и понатаму ќе ја голтаме таа евро-атлантска прашина, додека не се задушиме, или ќе се сетиме на своите евро-азиски корени“, вели Сидеров.

Постари вести »

Powered by WordPress