January 15, 2015

Објавен тендер за македонско вино во Шведска што гарантира сигурен пласман

Filed under: бизнис — Tags: , , , — @ 12:10 pm

Како што веќе најави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекеровски, монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска „Системболагет“ објави тендер за набавка на македонско црвено вино од сортата Вранец.

Оваа објава за набавка на црвено македонско вино значи сигурен пласман на 24.000 шишиња / 18.000 литри на македонски вранец. Виното ќе се продава во 130 продавници на “Системболагет” во период од 6 месеци почнувајќи од 15 септември 2015 година.

На овој тендер ќе учествуваат поголем дел македонските винарии преку шведски увозници кои по одржаните состаноци со нашиот економски промотер за Шведска Мирјана Наумоска изразија интерес за застапување на нашето вино на нивниот пазар.

Ова е само почеток и се надеваме на објава на нов тендер во иднина и за бело вино.

За да се одржи позицијата „на рафт“ потребна е успешна продажба во првите три месеци со цел и понатаму да го има виното, во спротивно ќе почне да се продава на листата за нарачки и нема да може да се купи во секој момент во продавниците на монополот.

Ова е голем успех за винската индустрија во Македонија која ќе добие одлична можност за презентација на шведскиот пазар кој важи за пазар со пребирлив и истенчен вкус во однос на виното.

January 14, 2015

Македонско вино по 15-годишна пауза повторно на рафтовите на „Системболагет“

Охрабрвачки сигнали за пласманот на македонски вина во шведската државна продажна мрежа „Системболагет“. Неодамна лансираното вино со сопствен заштитен знак од ова поднебје, „Втора генерација“, сега го има во директна продажба на рафтовите во специјализираните бутици за алкохолни пијалоци, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

„Втора генерација“, која пред извесно време го одбележа својот 25-годишен јубилеј, е формирана од музичари од македонско потекло, припадници на втората доселничка генерација. Во последните години се здоби со поширока популарност со специфичната обработка на познати балкански ритмови и рефрени.

Веќе при лансирањето на новото македонско вино, кон крајот на ноември лани, беше изразено уверување дека станува збор за производ со силен заштитен знак – „Втора генерација“, кој брзо ќе го најде патот до рафтовите на „Систем болагет“. И тоа како прво вино со географско потекло од Македонија по повеќегодишното, повеќе од деценија и пол, целосно отсуство на македонски вина во редовниот асортиман на шведскиот државен монопол за продажба на алокохолни пијалоци, еден од најсофитицираните во Европа.

Втората половина на 1990-ите години беше најуспешен период за продажба на вина од Македонија во Шведска, кога во „Системболагет“, во редовниот асортиман, подолг период, меѓу другото, беа застапени неколку вина од визбата „Повардарие“ од Неготино.

„Втора генерација“ е вино од визбата „Попова кула“ од Демир Капија – вранец, каберне совињон и пино ноар. Увозник е фирмата „Земја на сонцето/The Land of Sun”. Засега може да се најде во неколку бутици на „Системболагет“ во Стокхолм, Гетеборг и Кунгсбака.

МИА

January 13, 2015

Кој ќе се офајди од доларот: Во САД извезуваме вино, челик, тутун и облека

Кој ќе добие, а кој ќе изгуби од зголемувањето на вредноста на доларот во однос на еврото во изминативе неколку месеци е прашање што засега повеќе македонски компании со оглед на тоа што нашата земја има трговска размена со САД вредна повеќе десетици милиони долари.

Последните податоци на Државниот завод за статистика за трговската размена на Македонија покажуваат дека најзадоволни од зголемувањето на вредноста на доларот треба да бидат извозниците на вино, челик, тутун и облека со оглед на тоа што токму овие производи го сочинуваат македонскиот извоз во САД.

Така, во 2012 година во САД сме извезле 84 тони вино вредно 288.000 долари, 5 тони женски блузи вредни 205.000 долари,13 тони машки кошули вредни 879.000 долари, 4.826 тони тутун вреден 28.406.000 долари и 15.527 тони плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик вреден 9.430.000 денари.

Во увозот на производи од САД, пак, најзастапени биле нафтениот кокс, нафтените масла, лековите и процесорите.

January 8, 2015

Одлично за здравје: Шест причини зошто треба да пиете црвено вино

Filed under: Вино — Tags: , , , — @ 8:52 am

Спи­со­кот на корист што ја имаме од црве­ното вино е нави­стина долг. Делува на на многу наши органи и цело­ку­пната состојба на нашиот орга­ни­зам. Еве неко­лку при­чини зошто да пиеме по една чаша црвено вино секој ден:

Подо­бра мемо­рија
Виното помага во зачу­ву­вање на мемо­ри­јата. Спо­ред истра­жу­ва­њата, жените во 8. деце­нија од живо­тот кои пиеле црвено вино, имаат многу подо­бра мемо­рија отко­лку оние што не пиеле. Покрај тоа, виното спре­чува зат­ну­вање на крв­ните садови, што може да има вли­ја­ние врз ког­ни­тив­ните функции.

Помала тежина
Пие­њето на вино помага во одр­жу­вање на помала теле­сна тежина. Оние кои пијат уме­рено имаат поте­нок струк и пома­лку абдо­ми­на­лни масти.

Пого­лем иму­ни­тет
Оние луѓе кои пијат по една чаша вино на ден имаат за 11% помала можност од инфек­ција со „Helicobacter pylori“, што може да биде пре­ди­зви­ку­вач на гастри­тис, улцер или канцер.

Заштита од цисти и рак на јај­ници
Црве­ното вино го нама­лува ризи­кот од појава на овие состојби за 50%. Експер­тите веру­ваат дека ова може да се должи на анти­ок­си­дан­сите или фито­е­стро­ге­ните кои имаат силно анти-канцерогено дејстви.

Заштита на коските
Алко­хо­лот го зго­ле­мува нивото на естро­ген. Токму тој го заба­вува ризи­кот од оште­ту­вање на коските многу повеќе отко­лку што го заба­вува созда­ва­њето на нов коскен материјал.

Пре­вен­ција од шеќер
Жените пред мено­па­уза кои пијат 1–2 чаши вино на ден имаат за 40% помал ризик да разви­јат дија­бе­тес тип 2. Овие резу­лтати се доби­ени од сту­дија на Харвард, која тра­ела 10 години.

December 14, 2014

(Фото) „Тиквеш“ го претстави врвното од Македонија

Менаџерот за вински туризам од винаријата „Тиквеш“, Александар Ристовски, денеска во бар Форца на присутните им презентираше дел од портфолиото на Тиквеш, како и правила на комбинација на различните вкусови со храна.

„Горди сме што Тиквеш како најпрепознатлива македонска винарница со винска историја која временски се простира низ три векови, е дел од новиот вински концепт во Бар Форца. Наша заедничка цел е подигнување на винската култура во државата, како и зголемување на знаењето кај заинтересираните за историјата на виното и долгата традиција на Винаријата Тиквеш.“, велат од Бар Форца

Досегашните едукативни вински работилници, кои се оддржуваат во склоп на новиот вински концепт на Бар Форца, помагаат да се зголеми свеста за винска култура во државата која ќе ја позиционира Македонија на светската мапа на познати вински региони кои нудат вино со висок квалитет и долга историја и ќе ја претстави како винска нација која има што да ѝ понуди на светската јавност.

December 9, 2014

Зошто секој ден треба да пиете по една чаша вино

Filed under: Вино — Tags: , , , , — @ 9:32 am

Не ни се потребни дополнителни причини за да испиеме една или неколку чаши вино, но сепак вреди да знаете како овој пијалак влијае на вашето здравје. Многу досегашни истражувања покажале дека виното има добри страни и пожелно е да се консумира, ако сакаме да си обезбедиме здрав и долг живот.

1. Помага во зачувување на помнењето
Виното го чува вашето помнење, а тоа го докажува едно истражување во кое се покажало дека 70 годишни жени кои редовно консумираат вино имаат далеку подобра меморија, од нивните врснички кои воопшто не пијат. Алкохолот во виното е виновник за добриот холестерол и е одличен за здравјето на срцето.

2. Помага во зачувување на саканата телесна тежина
Луѓето кои секојдневно пијат по една чаша вино имаат помал индекс на телесна маса, за разлика од оние кои пијат повремено. Исто така, љубителите на вино имаат помалку масно поткожно ткиво на подрачјето кај стомакот.

3. Одличен пијалак за женското здравје
Истражувањата покажале дека жените кои секојдневно пијат една чаша вино го намалуваат ризикот од ракот на матката. Тајната лежи во високите антиканцерогени својства, кои значајно преовладуваат во овој пијалак.

4. Чувар на коските
Виното помага во зачувување на коските и го забавува нивното пропаѓање. Освен тоа, со помош на овој алкохол ќе бидете заштитени од многу болести на коските.

5. Штити од опасност од дијабетес
Луѓето кои пијат една или две чаши вино дневно имаат 40% помали шанси за развој на дијабетес, за разлика од оние кои воопшто не пијат.

December 4, 2014

Виното е нов диетален пијалок?

Filed under: Вино — Tags: , , , — @ 9:30 am

Научниците тврдат дека конзумирањето на вино може да го спречи зголемувањето на вашата тежина.

Време е да го тргнете на страна џусот и да си наточите еден Pinot Noir. Според едно ново истражување се тврди дека виното може да ви помогне во одржување на вашата тежина. Се разбира, не станува збор за конзумирање на едно шише вино дневно, туку всушност за скромно конзумирање од една чаша на ден. Доказите се импресивни.

Истражувачите внимателно проследиле околу 20.000 жени со нормална тежина, во тек од 13 години. Во меѓувреме, жените што пиеле чаша до две црвено вино на ден биле со 30% помалку шанси да се здебелат, отколку оние што не пиеле.

Тоа и не е зачудувачки, затоа што виното е богато со антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Конзумирањето алкохол го поттикнува телото да согорува калории, но да не заборавиме дека и самиот алкохол ги содржи истите. На пример, виното содржи 125 калории во 0,14 литар вино.

Затоа и прекумерното пиење може да ја зголеми вашата тежина. Исто така, жените имаат помало количество на ензим што го метаболизира алкохолот отколку мажите. Жената со една чаша вино може повеќе да согори од машкиот организам, со тоа што нему не му треба толку сила за да согори, додека женскиот организам треба дополнително да го произведе тој ензим. Значи, чаша вино со здрава диета и вежбање е навистина пат кон поздрав живот.

November 30, 2014

Во шведската продажна мрежа „Систем болагет“ се продава ново македонско вино

Првпат во државната шведска продажна мрежа „Систем болагет“ се појавува македонско вино со сопствен заштитен знак од ова поднебје – „Втора генерација“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Кампањата за лансирање на новото вино кое го носи името на оркестарот „Втора генерација“ од Гетеборг почна вчера со концертот што овој популарен бенд го одржа во познатиот гетеборшки џез-клуб „Нефертити“.

„Втора генерација“, која лани го одбележа својот 25-годишен јубилеј, е формирана од музичари од македонско потекло, припадници на втората доселничка генерација. Во последнте години се здоби со поширока популарност со специфичната обработка на познати балкански ритмови и рефрени, а оркестрато во два наврата учествуваше и во натпреварот за избор на шведски претставник за „Евросонгот“.

Се изразува уверување дека новото македонско вино, кое се лансира со силен заштитен знак – „Втора генерација“, наскоро ќе се најде на рафтовите на „Систем болагет“, како прво вино со географско потекло од Македонија по повеќегодишното целосно отсуство на македонски вина во редовниот асортиман на шведскиот државен монопол за продажба на алокохолни пијалоци, еден од најсофитицираните во Европа.

„Втора генерација“ е вино од визбата „Попова кула“ од Демир Капија во состав од сортите вранец, каберне савињон и пино ноар. Увозник е фирмата „Земја на сонцето/The Land of Sun” на сопственикот Тони Чаковски, кој во последно време интензивно работи на презентација на македонски вина на шведскиот пазар. Неодамна оваа увозна фирма беше спонзор на вина кои беа сервирани на една голем хуманитарен настан во Стокхолм, каде што присутвуваше и шведската кралица Силвија.

Новото македонско вино „Втора генерација“ може да се нарачува во „Систем болагет“ од 1 декември.

извор: МИА

November 29, 2014

Македонски енолози на фестивал на вино во Солун

Четириесетина енолози од повеќе македонски винарии од кои најголемиот дел од Тиквешијата, како и неколкумина студенти по енологија од дисперзираните студии на универзитетот Гоце Делчев, ќе го посетат винскиот фестивал во Солун.

– Целта е дегустација на вината изложени на фестивалот, размена на искуства од областа на винарството со оглед на не баш најдобрата година за овој сектор поради лошите временски услови, како и остварување контакти за соработка и стекнување нови деловни пријателства, изјави денеска претседателот на Здружението на винари од Македонија, Игно Тасев.

Здруженито на винари е и организатор на посетата на традиционалниот фестивал на виното во Солун.

November 25, 2014

Македонците сакаат да пијат црвено вино T’га за југ

Македонците преферираат црвено вино, за едно шише во просек одвојуваат 300 денари и најчесто купуваат за сопствено уживање, пиење во домашни услови со најблиските, а потоа и за подарок.

Според истражувањето на Институтот за агроекономика при Факултетот за земјоделски науки и храна спроведено на 241 испитаник кои го посетиле ланскиот Вински фестивал, и да имаат повисок приход, граѓаните би го купувале истото вино. Во одредени случаи наместо 300 денари, можеби би потрошиле нешто повеќе, 600, па дури и 1.000 денари.

– Фестивалот го постуваат најмногу млади до 30-годишна возраст, со високо образование. Како што велат, купуват вино еднаш до неколку пати неделно и генерално го пијат дома. Околу 70 проценти набавуваат вино во супермаркет, а преку 80 отсто пијат домашно вино, главно црвено. Притоа предничи вранецот, односно „Т’га за југ“, рече Марина Нацка од Институтот за агроекономика на денешната средба со новинарите по повод Винскиот фестивал 2014 што почнува задутре во Метрополис арената на Скопски саем.

Анкетата покажала и дека рекламите не влијаат многу зашто пиењето вино кај нас е традиција. Цената и квалитетот се во корелација.

– За поголема потрошувачка, испитаниците сметаат дека е неопходно организирање интензивна промоција, посочи Нацка.

На Фестивалот што се организира четврта година по ред и ќе трае од 27 до 29 ноември, најавено е учество на „Дивље јагоде“, Симон киселички – трио, „Нокаут“, Аренси бенд. Атракција ќе бидат „Хавана микс“ од Куба кои ќе ја забавуваат публиката сите три дена.

– Фестивалот почнува во четврток, во 19 часот, со свирка на „Деј оф“. По нив се Кубанците „Хавана микс“ кои ќе изведуваат светски хитови, но и традиционална, етно музика. Вечерта завршува со „Дивње јагоде“. Во петок е Симон Киселички со своето трио, повторно „Хавана микс“ и Нино Величковски со Алтан оркестарот, додека во сабота, на завршната вечер, настапуваат Аренси бенд, „Хавана микс“ и „Нокаут“, информира проект менаџерот на Винскиот фестивал Иво Ивановски.

Фестивалот, напомена Иваовски, претставува промоција на нашата богата винска култура и проширување на семејството на вински ентузијасти.

Посетителите ќе можат да уживаат во вкусот на околу 200 различни вина од домашните винарии, но и да пробаат странски, пред се италијански вина.

Влезниците за Фестивалот чинат 100 денари, а чашите за вино ќе се продаваат за 50 денари.

Како што рече Ивановски, минатата година на Винскиот фестивал дошле околу 10.000 лица, а годинава се очекуваат повеќе.

Фото: МКД

Постари вести »

Powered by WordPress