January 16, 2015

Меркел: Путин нема да биде поканет на средбата на Г-7 во Баварија

Filed under: свет — Tags: , — @ 10:34 am

Нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на лидерите од Г-7, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе биде домаќин на средбата во јуни во Баварија.

„Г-7 и поранешната група Г-8 отсекогаш се сметале за заедница, основана на вредности. Анексијата на Крим, која беше нарушување на принципите на меѓународното право, како и настаните во Источна Украина, ги поткопуваат сериозно тие вредности. Затоа, нема шанси засега Путин да биде поканет на средбата на врвот на Г-7 во Баварија во јуни“, истакна канцеларката.

Таа ја повтори позицијата дека Европа не може да разгледува укинување на санкциите против Русија, додека не бидат отстранети причините за нивно наложување.

January 3, 2015

Што си подаруваат светските политичари за Божиќ? Џем за Медведев, еротски календар за Путин

За време на новогодишните и божиќните празници, светските лидери се воздржуваат да им испратат на своите колеги, подарок за под елка. Кон тоа придонесе светска пракса, државниците да се даруваат при средби, национални празници или пак во знак на благодарност за некоја помош.

Најголемите критичари на американскиот претседател сметаат дека, од сите светски лидери наголем Дедо Мраз бил Барак Обама. Според нивните мислења, тој со својата политика допринел најголем број на подароци да добијат екстремистичките организации.

Но ова се однесува на „политичкиот подарок“. Додека кога станува збор за вистинските подароци, францускиот претседател Франсоа Оланд се пофали дека од Федерацијата на француски ветерани во Монтреал го добил познатиот црн лабрадор, со што ја продолжи традицијата на своите претходници.

Некои од подароците се корисни, но некои не, како на пример комплетот ди-ви-ди со 25 најзначајни американски филмови кои во 2009 година Обама му ги подари на поранешниот британски премиер Гордон Браун. Форматот на филмовите беше комплетно некомпатибилен за пазарот во Британија.

Понекогаш подарокот, може да го стави во неволја примачот како што му се случи на поранешниот француски претседател Валериј Жискар д’ Естен кога беше откриено дека како министер за финансии добил два дијаманти од африканскиот диктатор Жан Бадел Бокасе. Овој скандал допринесе, да не добие втор мандат.

До сега врвот во американската дипломатија, односно претседателите, нивните сопрузи добивале многу скап вреден накит. Но истиот не можат да го присовојат, бидејќи ако подарокот е поскап од 375 долари и сакаат да го задржат, треба да го откупат по пазарна цена.Кинезите пак, не можат да задржат подарок кој е поскап од 26 евра.

На листата на невообичаени подароци меѓу државниците се и чоколадо и тегла џем од банани кои поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез му ги подари на тогашниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев.Во Русија претседателот може да задржи подарок чија што вредност не е повеќе од 770 евра.

Во изминатите 15 години откако е на власт, Владимир Путин добивал исклучително вредни подароци, но најмногу слики кои завршиле во музејот Кремљ. Меѓу подароците се и животните газела, коњ, слон, лабрадор.

Меѓу невообичаените подароци е и оној од една студентка по новинарство на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ која за 58 роденден му подари еротски календар со свои фотографии.

December 6, 2014

Кој го „уби“ Јужен тек?

Во коментар за Јужен тек, насловен како “Цевката подолу”, угледниот “Економист” наведува дека вистинската причина за пресвртот во позицијата на Владимир Путин за гасоводот се парите.

Падот на цените на нафтата ги поставија под огромен притисок како јавните, така и корпоративните финансии во Русија.

Газпром, енергетскиот гигант за гас, во кој државата има голем удел, никогаш не бил против планот за Јужен тек. Тоа беше скап проект, воден од политичка логика – заобиколување на Украина и купување на влијание во Европа, коментира Економист.

Европската потрошувачка на гас сепак паѓа и од таму и цените на гасот. Конкуренцијата се зголемува. Литванија отвори важен терминал за течен природен гас, а пред тоа беше зависна 100 проценти од рускиот гас.

Другата важна причина, според Економист е притисокот на Европската Унија врз земјите членки, кој даде резултат. Како пример се наведува дека Италија го прогласи проектот за неприоритетен, Австрија ја намали поддршката за него, а Бугарија ја промени својата енергетска политика по силното лобирање од страна на Брисел и Вашингтон.

December 4, 2014

Александар Новак: Одлуката за стопирање на изградбата на „Јужен поток“ е конечна

Одлуката за стопирање на изградбата на „Јужен поток“ е конечна, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак, јави ТАСС.

– Одлуката беше донесена, според мене конечно и денеска веќе се занимаваме со истражување на изградбата на гасовод по друга маршрута, истакна Новак по годишната порака на претседателот Владимир Путин.

Според Новак станува збор за гасоводот во Турција согласно договорот, што го постигнаа Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Кремљ се уште не добил официјална реакција од Европската комисија во врска со откажувањето на Русија од проектот „Јужен поток“, изјави во меѓувреме советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

December 2, 2014

По стопирањето на „Јужен тек“ Вучиќ: Лоша вест за Србија

Премиерот Александар Вучиќ вели дека најавата за стопирањето на изградбата на Јужниот тек не е добра вест за Србија, која била лојална на проектот, пренесуваат српските медиуми.

Претседателот на српската влада, најави дека по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во Њујорк ќе разговара на оваа тема со претседателот на Русија, Владимир Путин и со другите руски официјални преставници.

-Србија никако не придонесе за ваквата одлука. Седум години инвестиравме во овој проект, но денес ја плаќаме цената на големиот конфликт, изјавил премиерот и додал дека граѓаните не треба да се грижат за снабдувањето со гас.

Рускиот претседател на вчерашната конференција за новинари со турскиот претседател Ердоган која се одржа во Анкара изјави дека Русија била приморана да се повлече од овој проект и тоа само поради фактот дека ЕУ одбива да ја поддржи изградбата на гасот.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Русија ја стопира изградбата на Јужен тек?

Јужен тек секнува, тече гасификацијата на Македонија

На Русија не и треба Јужен тек, ќе гради морски гасовод до Турција

Бугарија во шок: Ќе бидеме жртвено јагне на Русите

 

October 31, 2014

Путин незадоволен од посетата, ја намали испораката на гас за Србија

Претседателот на Русија, Владимир Путин одлучи да ја намали испораката на гас за Србија, а оваа одлука ја донел незадоволен од исходот од посетата во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, српскиот премиер Александар Вучиќ за оваа одлука ја известил Владата на Србија на последната седница.

Вучиќ бил лут поради барањето на Путин и бил многу разочаран од одлуката на рускиот претседател да ја намали испораката на гас за Србија.

Министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ поради тоа треба да напише и протесно писмо на руската компанија задожена за испорака на гас.Потпретседателката на Владата на Србија, Зорана Михајловиќ за српските медиуми потврдила дека испораката на руски гас за Србија ќе биде намалена и потенцирала дека Србија е подготвена да ги врати сите долгови за гас кон Русија за да се нормализира повторно испораката на овој енергенс.

October 29, 2014

Путин ќе ги казнува клиентите на проститутките?

Предлог законот против проституција, поднесен од пратеничката од рускиот град Санкт Петербург, Олга Галкина, предвидува мерки парична казна, затвор или принуден брак.

Доколку законот биде усвоен, клиентите на проститутките ќе бидат казнети, но ќе имаат избор во однос на казната. Тие ќе треба да изберат меѓу парична казна од 1.830 евра, 15 дена затвор или пак доколку сакаат да ги избегнат овие казни да се согласат да стапат во брак со проститутката, чии услуги ги користеле.

Според експерти, овој предлог закон има мали шанси да биде прифатен.

Засега клиентите на проститутките во Русија не се казнуваат.

October 27, 2014

Путин ја прогласи 2016-тa за година на Грција во Русија

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 4:41 pm

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој 2016 година ја прогласи за година на Грција во Русија и истовремено за година на Русија во Грција, јави ТАСС.

Указот денеска беше објавен на официјалната страница за правни информации на претседателот.

Во документот се дава и составот на рускиот организациски комитет за одбележување на годината на Грција во Русија и на Русија во Грција. Комитетот ќе го предводи рускиот вицепремиер Сергеј Приходко, а за координатор е именуван поранешниот министер за култура и специјален претставник на претседателот за меѓународната културна соработка Михаил Швидкој. Во организацискиот комитет влегуваат и неколку заменици министри.

Првично, оваа акција требаше да се организира годинава, но на молба на грчката страна свеченостите беа одложени за 2016 година. Атина тоа го објасни со економските тешкотии, како и со грчкото претседателство со ЕУ во првата половина на 2014 година

October 14, 2014

Како Србите ќе го дочекаат Путин?

Filed under: балкан — Tags: , , — @ 3:07 pm

На рускиот претседател ќе му биде приредена воена парада каква што во Белград не е видена од 1985 година.Ќе продефилираат 3500 војници, но и уште толку невооружени припадници на безбедносните сили.

Дали ќе остане во Србија пет или шест часа не може да се каже, бидејќи важи за човек кој попат ги менува работите.Во Србија вчера пристигнаа и руски агенти, кои се дел од деветото одделение на Федералната служба за безбедност (некогашен КГБ). Тие, во соработка со српските безбедносни сили ќе се погрижат посетата на Путин да помине без проблеми.

Путин ќе долета со специјален авион „иљушин“ кој ќе биде следен со повеќе авиони „миг 29“ на српската војска, а кога ќе влегува, српското небо ќе биде затворено за сообраќај.Се уште не се знае дали во Белград ќе го користи својот мерцедес или како и во претходните посети својата оклопна лимузина „зил 41052“ позната по тоа што може да издржи нуклеарен удар.

Српската полиција за оваа прилика ќе ангажира 4000 полицајци, припадници на сите единици.Ќе биде применет т.н прв или највисок степен на безбедност. При поминувањето, ќе се затвораат улици, ќе се отстранат автомобилите и ќе бидат заварени шахтите. На крововите на зградите ќе се наоѓаат снајперисти. На граѓаните кои живеат на трасата низ која ќе поминува колоната им е забрането отворање на прозорци, пружање алишта, а се препорачуваат и спуштени ролетни.

Се смета дека Путин не е лесен за обезбедување, бидејќи како што велат неговите телохранители „тој е човек кој сака со се да ракува“.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Србите ќе го пречекаат Путин со прасечко и ракија

Путин и делегацијата која брои 150 лица, во Белград ќе слетаат со три авиони

Ѕирнете во внатрешноста на авионот на рускиот претседател Владимир Путин

 

October 11, 2014

Путин и делегацијата која брои 150 лица, во Белград ќе слетаат со три авиони

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин изнесе нови детали за посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин кој во Белград ќе пристигне на 16 октомври. Лидерот на Руската Федерација ќе се обрати пред народот во текот на дефилето на војската на Србија.

Путин ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ, а ќе присуствува и на потпишувањето на неколку значајни билатерални договори.Тој ќе учевствува и на воената парада по повод 70 години од ослободување на Белград, при што ќе се обрати на присутните.

Моќниот светски лидер нема да носи никакви ултиматуми или специјални барања.Москва е задоволна од избалансираниот став на Србија околу украинската криза.

Руската државна делегација ќе брои 150 луѓе и ќе слетаат со три авиони.

Постари вести »

Powered by WordPress