November 30, 2014

Четкар ќе одржи концерт на најстарата приватна Воена Академија во САД

Владимир Четкар ќе одржи целовечерен концерт во државата Вермонт во САД во Универзитетот „Норвич“, кој е најстарата приватна Воена академија во САД на 2 декември.

Армијата на Република Македонија и Националната Гарда на Вермонт имаат одлична соработка повеќе од 15 години и настапот на Четкар ќе ја симболизира благодарноста на македонскиот народ до американскиот, а на концертот ќе бидат поканети Гувернерот, Сенаторите и Конгресменот од оваа сојузна држава во САД.

Македонскиот универзитет „Св. Апостол Павле“ веќе три години прави размена на студенти со Воената академија „Норвич“, а од идната година таму Воената Академија од Македонија ќе упатува свој кадети. Во иднина со Универзитетот „Норвич“ се планира и заедничка настава на постдипломските студии на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Четкар ќе настапи со авторска програма, а ќе биде придружуван од Ник Фалк на тапани и Брајан Лeд на бас гитара.

July 27, 2014

(Фото) Во Газа убиени над 900 лица. Во светот расте бројот на протести против воената интервенција на Израел

Filed under: свет — Tags: , , , , — @ 8:07 am

Билансот на жртвите во Газа достигна над 900 лица, откако Израел ја почна операцијата „Раб на одбраната„, на 8 јули.

Меѓународната заедница врши притисок врз двете страни да постигнат прекин на огнот, додека светот се собира на протести против операцијата на Тел Авив.

Илјадници излегоа на улиците на Лондон во марш против израелските напади во појасот Газа, извикувајќи: „Да живее Газа; да живее Палестина“.

Протести имаше и во Германија, Шпанија, Италија и Иран.

Powered by WordPress