January 15, 2015

УНИБанка со нова експозитура во Буњаковец

УНИБанка пушти во употреба нова експозитурата во Скопје, како дел од мрежата на експозитури. Новата експозитура е лоцирана во Буњаковец, со адреса на Бул. Партизански одреди бр.25 локал 1 и ќе ги извршува сите оперативни работни активности потребни за клиентите.

Новата експозитура е модерна и подготвена да ги услужи сите оние кои бараат професионалност, флексибилност и непосреден контакт при завршувањето на работата.

УНИБанка го темели својот успех на цврсто поставени стандарди, квалитетна услуга и задоволни клиенти.
Во иднина ќе се продолжи со реализација на активности и проекти, со цел излагање во пресрет на потребите на клиентите.

October 2, 2014

ТТК Банка отвори нова експозитура во Скопје

Filed under: бизнис — Tags: , , — @ 4:01 pm

ТТК Банка отвори нова експозитура во Скопје, во населбата Карпош 3, како петта новоотворена деловна единица оваа година.

Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.

Новата експозитура во населбата Карпош 3, се наоѓа на булеварот Партизански Одреди број 62/2-17 и ќе работи од понеделник до петок, од 08 – 16 часот.

Корисниците на ТТК Банка имаат можност да добијат брза и квалитетна услуга при извршување на универзалните банкарски активности: кредитирање на физички и правни лица, платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, депозитно работење и други.

Актуелно, ТТК Банка за своите корисници нуди особено поволни услови за потрошувачките и станбените кредити за физички лица како и атрактивни услови за електронското банкарство.

Во Банката се достапни бројни производи и услуги за поттикнување на растот и развојот на малите и средни претпријатија.

 

 

September 17, 2014

Стопанска банка Битола отвори експозитура во Велес

Стопанска банка а.д. Битола од денеска го зголеми своето семејство. Банката денес отвори нова експозитура во центарот на Велес.

Новата експозитура, сместена на фреквентна локација во центарот на градот, овозможува лесна интеракција на клиентите со Банката и претставува уште еден чекор напред во определбата на Банката за целосно задоволување на потребите на сегашните и идните клиенти. Експозитурата е уредена и опремена според највисоките европски стандарди.

 

August 11, 2014

ТТК Банка отвори нов шалтер во полошкиот регион

ТТК Банка денес отвори нов шалтер во полошкиот регион, во oпштината Брвеница, како четврта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.

Новиот шалтер во општина Брвеница се наоѓа на ул. Маршал Тито бр.94, с. Брвеница и ќе работи од понеделник до петок, од 08 – 16h.

Корисниците на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзалните банкарски активности: платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, кредитирање на физички и правни лица, депозитно работење и други.

На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 33 деловни единици: 7 филијали, 22 експозитури, 4 шалтери.

До крајот на годината, Банката дополнително ќе ја проширува деловната мрежа и ќе биде присутна во вкупно 25 општини на територијата на Републиката.

July 9, 2014

Стопанска банка Битола ја отвори 17. експозитура

Стопанска банка а.д. Битола отвори нова експозитура во непосредна близина на плоштадот Македонија на ул. Македонија бр.20.

Експозитурата e 17-та по ред, и е уредена и опремена според највисоките европски стандарди.

 

April 9, 2014

Стопанска банка Битола ја отвори 16 експозитура

Како дел од деловната стратегија, а во насока на зајакнување на сопствените позиции на пазарот Стопанска банка АД Битола продолжува со ширењето на деловната мрежа низ Македонија.

Стопанска банка Битола ја отвори својата експозитура на улица „7 Септември“ бр. 13 во центарот на Кавадараци.

Целта на менаџментот на Стопанска банка Битола е преку оваа нова инвестиција уште повеќе да се доближи до потенцијалните клиенти од овој регион и на тој начин да им ги направи услугите и производите кои банката ги продава подостапни на правните и на физичките лица од Кавадарци и Кавадаречко.

Деловната мрежа на Стопанска банка АД Битола веќе брои 16 експозитури низ градовите во Македонија.

 

Powered by WordPress