December 3, 2014

Жељко Јоксимовиќ ќе биде годинашниот кум за Водици во Охрид

Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески ќе бидат кумови оваа година на празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици.

Според планот, прославата на овој верски празник планирано е да трае четири дена чија програма ќе биде исполнета со голема културно – уметничка програма.

Исто така, традиционално на денот на рибарите ќе се подготвува рибната чорба и ќе се фрлаат бурињата со вино во Охридското Езеро.

 

November 29, 2014

Тони Цетински покажа како се пее во живо

Фото: Влатко Перковски/Телеграф.мк

Хрватскиот пејач Тони Цетински одржа концерт синоќа во „Борис Трајковски“. Во неговата 25 годишна кариера, за првпат настапи во Скопје и одржа час по пеење.

Фановите ги почести со неговите стари хитови и нови песни, а гости му беа хорот на „Златно Славејче“ и Жељко Јоксимовиќ.

Концертот го искористи да му оддаде почит на неговиот колега и добар пријател Тоше Проески, со тоа што хорот изведе  неколку композиции, а на песната „23 просинац“ која Цетински ја напиша за Тоше, се вртеа слики на виде бим.

Цетински со овој настап уште еднаш покажа дека е мајстор на својот занает, и шоумен на сцена.

 

September 14, 2014

(Фото) Жељко Јоксимовиќ и Јована се венчаа во црквата „Александар Невски“

Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована денес се венчаа и според црвените обичаи.

Како што дознава Блиц, венчавката била одржана во црквата „Александар Невски“ во Белград.

Иако се пишуваше дека младенците имале изнајмено обезбедување, пред црквата пристигнале без никаква помпезност.

Јована носеа долга бела венчаница со вел, додека Жељко во елегантно одело го држеше и нивниот син Коста. Бебето кое има неполни 4 месеци родителите го облекле во мало одело украсено со црна лептир машна.

Ќерката на пејачот од првиот брак не присуствуваше на неговото венчавање во црква.

 

June 17, 2014

Концертот на Јоксимовиќ низ бројки

Концерт на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ , закажан за 21 јуни во Скопје е предвиден да биде музички настан во живо кој ќе ги сруши сите рекорди на настани од овој тип досега организирани во Македонија.

Имено, ова е за прв пат еден изведувач да се обиде да ги наполни сите четири трибини на спортската арена “Филип Втори”во Скопје, со капацитет од 50 000 посетители.

Виден низ бројки најавениот спектакт изгледа вака:

15 шлепери со техничка опрема (озвучување, осветлување, бина, екрани, рампи) ќе пристигнат од Белград;

6 камиони со дополнителна опрема ќе пристигнат во Скопје;

10 музичари ќе го придружуваат Јокисмовиќ на сцена;

34 метри ќе биде преден фронт на бината;

300 квадрати екран ќе биде поставен на сцената;

40 тони ќе биде тешка бината;

270- т.н рото глави ќе бидат монтирани на рампите;

2 мегавати електрична енергија ќе биде ангажирана за техничка реализација на концертот;

60 километри сигнални и енергетски кабли ќе бидат користени за поврзување на комплетниот систем;

140 звучници ќе бидат монтирани во арената “Филип Втори”;

3 часа ќе трае целиот настан;

90 минути ќе трaе настапот на предгрупите;

60 техничари се ангажирани за подготовките;

3 шлепери со вода, пиво и сокови на “Пелистерка” ќе пристигнат од Битола;

4 степени целзиусови е температурата на која ќе се ладат пијалоците;

100 буриња со пиво „Старо прамен” се очекува да се испијат на концертот;

50 000 луѓе се очекуваат на концертот;

250 луѓе се ангажирани за обезбедување на концертот;

150 вработени од „Пелистерка” ќе бидат ангажирани на концертот

8.000 квадрати портафлор се поставува за заштита тревата;

2000 квадрати ќе бидат покриени како бина;

7 излези за публиката ќе бидат ставени во функција;

20 000 шишиња газирана и 10 000 шишиња негазирана вода “Пелистерка” е предвидено да се испијат на настанот;

5 дена се монтира опремата на стадионот;

3 саати пред почетокот се отвораат вратите за публиката;

70 јавни личности, пејачи, спортисти, политичари од Белград, Подгорица, Загреб, Сараево и

Атина ќе пристуствуваат на концертот

November 11, 2013

Јоксимовиќ на Фифи изреагира како типичен Балканец

Настапот на Филип Јаневски -Фифи на музичкото шоу Икс фактор го отвори прашањето на прифаќањето на транссексуалците од страна на општеството. Имено, Жељко Јоксимовиќ изреагира како 90 отсто од мажите на Балканот, па и жените ако сакате, на декларацијата на Фифи дека е женски род, машки пол.

Јоксимовиќ не можеше да прифати што гледа пред себе и едвај чекаше Фифи да му се мавне од пред очи. На неговата реакција: „Ти си транџина!? Лудило“ или попрецизно говор на тело, реагираше и Женската алијанса која го осуди подбивното однесување и демонстрираното непочитување на трансродово лице од Македонија.

„Според горенаведеното, Јоксимовиќ не ја заврши својата задача доследно и, во најмала рака, беше пристрасен и непрофесионален во неговите коментари водејќи се од трансфобијата која беше забележителна во неговите излагања. Наместо својата популарност да ја искористи за промовирање на еднаквост и недискриминација, тој истата ја злоупотребува за охрабрување на трансфобијата и стигматизацијата на трансродовите лица. Уметниците во светот, без разлика на нивните профили, најчесто се трендсетери и во првите борбени редови кога станува збор за одбраната на човековите права и слободи и даваат позитивни примери на нивните фанови и следбеници. Жељко Јоксимовиќ очигледно заборава дека во неговата публика има ЛГБТИ лица кои ја слушаат неговата музика, купуваат негови албуми и карти за неговите концерти и настапи,“ се вели во реакцијата на Алијансата.

Тие понатаму го објаснуваат и поимот трансродово лице понекогаш скратено во „транс“ кој опишува широк опсег на идентитети – вклучително трансексуални лица, крос-дресери (понекогаш именувани како „трансвестити“), лица кои се идентификуваат како трет род, и останати чиј изглед и карактеристики се перцепирани како родово нетипични.

Транс жените се идентификуваат како жени, но при раѓање биле класифицирани како мажи. Транс мажите се идентификуваат како мажи кои при раѓање биле класифицирани како жени. Некои трансродови лица бараат операција или земаат хормони за да го усогласат нивното тело со нивниот родов идентитет, некои други не го прават тоа.

За разлика од овие лица кои иако им се знае полот, сами си го одредуваат родот, се почесто има случаеви кога се раѓаат новороденчиња без јасни полови дефинирани гениталии, односно хермафродити.

Такви минатата година во Македонија се родиле четири. За нив, во графата за пол стои поимот „новороденче“ што некако му доаѓа како официјален поим за хермафродит.За разлика од кај нас, кога како возрасен во изводот во графата за пол ќе ти стои новороденче, Германија е првата европска земја која ќе регистрира трет пол.

„Ова ќе биде првпат законот да признае дека постојат човечки суштества кои не се ни машки, ниту женски, или се обете- луѓе кои не припаѓаат на ниту една од традционалните законски категории“, објаснува професорката по право на Универзитетот во Берлин, Констанц Плет за Дојче Веле.

Во германските пасоши во моментов машкиот пол се означува со „М“, а женскиот со „Ф“, но наскоро ќе биде дозволено и „Х“ за оние кои немаат дефинитивно определен пол, вели портпарол на Министерството за внатрешни работи на Германија.

Според проценките на експертите, на лица со интерсексуален пол отпаѓа едно на 1.500 до 2.000 новороденчиња. Но правници велат дека бројката е далеку повисока, пред сѐ поради потешкотиите да се утврди интерсексуалноста физички или хормонално.Со новиот закон се зголеми вниманието за оваа мала група луѓе, што доведува до поголема свест за состојбата, но многумина стравуваат дека би можело да доведе и до поголема дискриминација за тие луѓе.

patrisha@emagazin.mk

 

 

 

 

 

Powered by WordPress