January 15, 2015

Фирма од Зајас ќе ги одржува државните патишта

Фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ од село Долно Строгомиште-Зајас ќе ги одржува државните патишта во скопската, штипската и велешката подрачна територија, објави А1 Он.

До Бирото за јавни набававки,  јавното претпријатие Македонија пат ги доставила договорите. Сите се со важност од една година а договорот почнува да важи од 26.12.2014. до 26.12.2015.

Во трите одделни постапки фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ се јавува како единствен понудавач, а нема никаква разлика помеѓу највисоката и најниската добиена понуда.

За одржување на државните патишта на територија на подрачје Скопје, јавното претпријатие Македонија пат на фирмата од село Долно Строгомиште ќе и плати 30.515.207 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 495.000 илјади евра.

Македонија пат услугата ја процениле на 32.000.000 милиони денари, а најниската но и највисока единствена понуда на фирмата ПЕРПАРИМИ била 10.900.800 милиони денари или за три пати помала сума од онаа која е потпишана, пишува А1 Он.

Извор: А1 Он

June 17, 2013

Општините во жив песок

Немаат доволно пари да ги платат сметките за струја и за вода, работат со блокирани сметки поради неплатени тужби и ненамирени налози од извршители и немаат пари да инвестираат денар во подобрување на локалните патишта, водоводи и канализации. Отприлика ваква е сликата за многу голем дел од македонските општини.

Воедно, по последните локални избори, новите градоначалници во некои општини на површина извадија долгови, за кои тврдеа дека биле прикривани.

СЕ БАРААТ РЕВИЗИИ

Така, новиот градоначалник на Струга, Зијадин Сеља побара државна ревизија за долговите на Струга, и најави дека во спротивно ќе најмел приватна агенција да го прегледа работењето на општиниата во мандатот на негиовт претходник.

Сеља обвини дека документацијата која му била предадена при превземањето на функцијата не го покажува реалниот долг на општината. Според него, во документацијата стоело дека долгот е 1,5 милиони евра, што не ја отсликува реалната состојба, зашто само во секторот образование има акумулиран долг од милион евра.

Ова е само од еден од примерите во кои постојат сомневња дека долговите на оптшините не се прикажуваат реално. Слична е состојбата и во Охрид, општина која со години работи со блокирани сметки и во други македонски општини.

СЕ ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА

Новиот штипски градоначалник Илчо Захариев неодамна информираше дека општината има долг од 2.750.000 евра и кредит од Светска банка од два милиони евра за платформите на реката Отиња. Тој соопшти дека од оваа сума 1,5 милион евра е кредит земен во 2000 година од Европската банка за обнова и развој за реконструкција на водоводната мрежа, но од тој кредит претходната локална во периодот 2000-2009 година не вратила ниту евро

Во минатата година, пак, ревизија на Заедницата на локалната самоуправа покажа дека околу 25 милиони евра изнесува долгот што го имаат општините за парно, струја, вода, превоз на ученици. Неплатените сметки за парно, струја, за превоз на учениците до училиштата, веќе блокираа неколку училишни сметки. Закана за блокади тогаш имаа и повеќе други училишта, а во општината Теарце, во две училишта беше исклучена струјата, поради што во прашање беше доведено и одвивањето на наставата.

ОБВИНУВАЊА

И градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари неодамна се пожали дека вкупниот долг на новата општина Кичево, наследен од претходните општини Кичево, Другово, Вранешница, Осломеј и Зајас, во кој влегуваат и долговите на основните и средните училишта изнесува над 5,3 милиони евра. Тој се пожали и дека новата општина има голема превработеност со вкупно 167 извршители. Според неговиот претходник, Благоја Деспотовски податоците за финансиски дубиози се неосновани, бидејќи во негово време буџетот бил зголемен за 35%, а долгорочните задолжувања биле кредит за изградба на улица, поплочување и долгорочна позајмица од Владата.

Ваквите чести примери на минус во општинските каси, освен можно недомаќинско работење дефинитивно покажуваат дека при последното кроење на картата на локалната самоуправа во земјава не се водело сметка за економската одржливост на општините.

nikola@emagazin.mk

Powered by WordPress