January 15, 2015

Градоначалникот Захариев, за една година се сретнал со 12 илјади штипјани

Filed under: локално — Tags: , — @ 12:15 pm

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во периодот јануари-декември 2014 остварил средби со 12 илјади или во просек по илјада лица месечно, пишува „1.мк„.

„При тоа е важно да се напомене дека сите странки се примени, сослушани се нивните проблеми, пофалби или предлози, онаму каде што општината или градоначалникот имале ингеренции е помогнато, а онаму каде што немаат, испратени се барања и ургенции за решавање на проблемите на граѓаните преку државните институции,“ велат од Општината за овој медиум.

Според статистичките податоци, во 2009 година интересот за локалната самоуправа бил 15% а до 2010 истиот е зголемен на 23 %. Според бројот на контакти со медиумите, граѓаните и информациите во оптек, интересот за локалната самоуправа во изминатите 4 години, како и за работата на локалната самоуправа е зголемен за дополнителни 10-15 % односно изнесува околу 38%.

„Ваквото зголемување се должи и на се поголемата отвореност на општината за граѓаните, транспаренотста при објавување на информации за сервисите и услугите на општината, користењето на социјалните мрежи и профили на локалната самоуправа, извештаите за седниците на комисиите и Советот на Општината, објавувањето на листите на јавните набавки и проектните активности на градоначалникот и оштината. Секако, голем удел имаат и урбанистичките проекти за легализација на дивоградбите и продажба на градежното земјиште, што предизвика интерес кај граѓаните, преку кои постапки поблиску се запознаа и со работата на општината, додава „1.мк“.

January 14, 2015

Се е подготвено за старт на второто полугодие во Штип

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев оддржа состанок со директорите на основните и средните училишта. На средбата присуствуваше и овластениот просветен инспектор. Целта на средбата на градоначалникот со директорите беше да се утврди како течат подготовките околу стартот на второто полугодие во учебната 2014/2015 година.

Според искажаното, се е подготвено за успешен старт на второто полугодие во штипското образование и не се детектирани посериозни пролеми кои можат да го доведат во опасност стартот на учебната година.Заклуокот е дека сите активности во оваа насока се завршени и од 20 јануари наставата ќе започне без никаков проблем.

Обезбедена е нафта за греење, измирени се финансиските обврски на локалната самоуправа во поглед на превоз за учениците а раководствата на поедини училишта спроведоа и низа зафати за подобрување на инфраструктурата во училиштата. На 20 јануари, 6532 ученика, од кои 4045 во основното и 2487 во средното образование се враќаат во образовните клупи во Штип.

November 7, 2014

Штипскиот градоначалник играше шах на џиновска табла, под отворено небо

Како дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Штип, 8.ноември 2014, меѓу другите активности во Штип беше промовирана и џиновска шаховска табла за играње шах под отворено небо. Шаховската табла се наоѓа на крајот од ново-направената пешачка патека зад градскиот Исар и истата е наменета за пензионерите но и за сите љубители кои го сакаат шахот, пренесува порталот „1.мк“.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев истакна дека локалната самоуправа ја прифатила препораката на Владата на Македонија за конструирање на вакви шаховски табли:

– Ова е само прва од многуте кои треба да се направат. Ние како локална самоуправа ќе се обидеме секаде каде што има место да се направат слични шаховски табли, на кои многу вљубеници во шахот, ќе можат да го практикуваат шахот на необичен начин, под отворено небо, со големи шаховски фигури.

Захраиев ја одигра и првата партија со еден од поголемите штипски шахисти, д-р Гичев. Иако кажа дека неговата умешност и знаење во шахот не се големи како на д-р Гичев, но сепак покажа доволно познавање па партијата заврши со реми, заради неговите обврски, додава „1.мк“

September 10, 2014

Нови 100 контејнери од германско производство за Штип, вредни 810.000 денари

Продолжува поставувањето на нови контејнери за пластична амбааѓа низ Штип како и обезбедување на нови канти за отпадоци за граѓаните, пренесува „1.мк“.

– Кога е во прашање хигиената нема компромиси, така што и понатаму ги охрабрувам одговорните од јавното претпријатие со сите вработени да бидат макисмално подготвени да имаме чист и убав град. Мислам дека хигиената е на задоволително ниво а со ваквите активности, со обезбедувањето на садови за отпад, се овозможува покривање на сите места во градот, за да можат граѓаните да го фрлаат отпадот на соодветните места. Секако и самите ние треба да бидеме свесни дека личната но и градската хигиена зависи пред се од нас самите, така што ако помалку загадуваме, многу побргу ќе се чисти и екипите на ЈП „Исар“ ќе можат навреме да стигнат секаде – изјави градоначалникот Илчо Захариев.

Инвестицијата изнесува 810.000 денари и планирано е во текот на наредните денови екипите на јавното претпријатие ќе ги заменат старите и веќе неупотребливи контејнери со новите садови за отпад на повеќе локации – изјави Ангел Бојаџиев, в.д. директор на ЈП „Исар“.

 

June 25, 2014

„Имако“, семејна винарница од Штип која извезува во Кина, Тајван и Јужна Кореја

„Имако“ e успешна семејна винарија во Штип и заедно со други две винарии  произведуваат околу 30 милиона литри вино, кои се пласираат на странски пазари, од кои само „Имако“ произведува 12 милиона литри.

Никола Љуботенски, пазарен развоен менаџер во „Имако“, за 1.мк, вели дека и оваа година се очекува винаријата да го оствари истото количество на проивезедено вино.

„Во овој бизнис вообичаено се вели, додека грозјето е на плантажите, тоа е во рацете на господ а кога ќе дојде кај нас, веќе ние ја преземаме грижата за него. Без оглед на сите временски непогоди, и на временските прилики изминатите месеци кои не беа идеални, ние не очекуваме промена во производството на предвидените количини вино. Имаме пласирано околу 8 милиона литри, но се уште сме во фаза на продажба така што на овој план сме задоволни од текот на работите. Ние извезуваме претежно во централна Европа, наш постојан партнер е Германија, традиционално сме присутни во бившите ју-републики, но имаме и прекуокеански извоз. Имаме пласман и во Канада преку ретејлери, исто така веќе неколку години сме на пазарите во Кина, во Тајван, Во Јужна Кореја. Нашите производи имаат врвен квалитет и се барани на пазарите,“ изјави Љуботенски.

Нивната работна филозофија не е да се продаде вино само за една година, туку сакаат постојан пласман заради што работат на продолжување на соработките и проширувањето на извозот, на пазарите на кои веќе имаат сигурен влез.

„Имако“ е винарија која во кругот на фабриката исто така од лани работи на проширување на капацитети за вино со можност за нови количини од околу 1 милион литри вино, но исто така работи на винска промоција преку креирање на клуб во кој познати личности можат да уживаат во виното а со самото тоа, да го шират добриот глас за тоа дека Штип а и Македонија располага со вистински вински производ кој е квалитетен и одличен.

Денеска ги посети и штипскиот градоначалник Илчо Захариев кој смета дека ваквите успешни примери се одлична можност за развој на винскиот туризам во Штип.

June 23, 2014

По скакулците, Штип го „нападнаа“ и егзотични птици од Африка

По наездата на марокански скакулци и други штетници, во штипско е забележана инвазија на егзотични птици што вообичаено ги има во Африка, пишува Вест.

Птиците кои се со различен спектар од бои најмногу биле забележани во штипскиот дел на овчеполието, но и во Лакавичко.

„Кога деновиве престојував во селото Горно Трогерци забележав голем број егзотични птици. Беа со разни бои, најмногу со сина, жолта и црвената боја. Имаше повеќе видови. Не водев само уште папагал. Интересно, птиците не само што фасцинираа со своите бои туку беа и мошне мирни, не се плашеа од луѓето. Ги имаше по куќите, но и по камењата, “ изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Тој смета дека напливот на егзотични птици од Африка, е резултат на сериозните климатски промени не само на Балканот туку и на Медитеранот и во Африка.

May 28, 2014

Штип ќе добие нов трговско-стамбен комплекс вреден 600 илјади евра

Почна изградбата на новиот трговско-станбен комплекс на Луна комерц, во штипската населба Сењак. Во првата фаза, инвеститорот ќе гради подземна гаража, деловен простор, а потоа и станбен дел.

Според првичните калкулации почетната инвестиција е околу 600.000 евра.

Според градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев мудра е одлуката на инвеститорот на оваа локација да изгради подземна гража и деловен објекти, бидејќи освен овој објект овде ќе се гради спортски комплекс од страна на универзитетот „Гоце Делчев“, а исто така согласно урбанистичкиот план предвидено е да се градат и шест висококатници.

March 6, 2014

Штипската администрација со ново работно време од 7 до 15 часот

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, донесе одлука општинската администрација да работи со ново работно време.

Администрацијата ќе започнува и ќе завршува половина час порано. Наместо од 7.30 до 15.30 часот, администрацијата ќе работи од 7 часот наутро до 15 часот.

Овој режим на работно време ќе биде на важност се до евентуално нова одлука на градоначалникот.

October 10, 2013

За празникот, сите патишта водат кон Штип на „Пастрамајлијада“ и на „Макфест“

Вечерва во Штип започнува манифестацијата „Пастрамајлијада“. Свеченото отворање на седмата по ред штипската „Пастрамајлијада“ е во тек, а главни гости се Синтезис кои ќе настапат во 23 часот. Гостите утревечевер ќе ги забавува групата „Кад би био Бијело дугме,“ а во сабота се Ферус и главниот гостин Харис Џиновиќ.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев ги покани граѓаните од останатите општини да дојдат на познатата штипска „Пастрамајлијада“.

„Има што да се вкуси, но и да се слуша убава музика бидејќи од утре почнува и 28. издание на фестивалот за забавна музика „Макфест“,’ рече Захариев.

На новата локација, кај крстосницата Дујле во близина на Градскиот стадион попладнево беше презентирана и џиновската пастрамајлија која е долга два метри и дваесет сантиметри. Главниот мајстор Зоран Димков од фирмата „Макпромет“ вели дека за џиновската пастрамајлија им било потребно 15 килограми месо, 20 килограми тесто, 2 килограми свинска маст и 1,5 килограми зачини.

„Џиновската пастрамајлија ја подготвивме за четири часа и 30 минути, а е широка 85 сантиметри,“ рече Димков.

patrisha@emagazin.mk

 

August 22, 2013

Захариев не престанува со помошта на штипјани

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев уште еднаш по којзнае којпат ја потврди својата грижа и посветеност кон своите сограѓани. Помага на различни начини, а овојпат му понуди работа на штипскиот бездомник Фејзула Азисов.

Захариев го посети Азисов кој спие во една од штипските перални за автомобили во населбата Сењак. Со него поразговарал за можностите за конкретна поддршка.

Градоначалникот Захариев информираше дека во идниот период Азисов ќе биде ангажиран околу расчистувањето на коритото на река Брегалница и за тоа ќе добива соодветен надомест, како ангажиран работник во јавните работи. Надоместот кој ќе го добива за почеток, ќе му овозможат услови да обезбеди покрив над глава и средства за исхрана.

patrisha@emagazin.mk

Постари вести »

Powered by WordPress