January 16, 2015

Распоред на натпреварите на македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет во Катар

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 10:39 am

Македонската машка ракометна репрезентација со дуелот против Тунис го започнува својот настап на Светското првенство во Катар.

За Македонија ова е четврто учество на Мундијалите. По дебито во Египет 1999 година и освоеното 18 место, следуваше пауза од 10 години. Во 2009 на СП во Хрватска токму оваа селекција го започна својот континуитет на големите натпреварувања, а на шампионатот го освои 11 место. Четири години подоцна (2013) нашата селекција на шампионатот во Шпанија заврши како 14-то рангирана.

На првенството во Катар, целта на македонските ракометари е пласман во четвртфиналето кое носи шанса преку дополнителни квалификации да се избори настап на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

За да се постигне посакуваното, избраниците на селекторот Ивица Обрван, најнапред ќе треба да бидат меѓу четирите првопласирани репрезентации во групата Б, во конкуренција со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.

Група Б
1.коло (петок – 16.01.) Македонија – Тунис од 15 часот
2.коло (сабота – 17.01.) Македонија – Иран од 17 часот
3.коло (понеделник – 19.01.) Македонија – БиХ од 17 часот
4.коло (среда – 20.01.) Македонија – Хрватска од 17 часот
5.коло (петок – 23.01.) Македонија – Австрија од 17 часот.

January 15, 2015

(Галерија) Враќање во иднината: Почнува најскапото и најгламурозното светско првенство во ракомет

Filed under: Наша тема — Tags: , , — @ 11:10 am

Од денеска па до 1 февруари во Катар ќе се одржи 24. Светско првенство во ракомет. Според моменталните проценки оваа првенство ќе биде едно од најкапите во историјата.

Катарците не штеделе. За цела организација тие потрошија над 200 милиони евра. Парите се трошени за шминкање на инфраструктурата, градење или реновирање на хотелите каде што ќе бидат сместени 24. репрезентации, како и изградбата на три нови сали во кои ќе се одигра целото првенство.

Салите кои ги направија организаторите ќе им овозможат на Катарците во наредните 12 месеци да бидат домаќини на 40 различни спортски настани.

Гордоста на Катар е „Лусаил Арена”, која ќе биде најголема на првенството и се наоѓа во новоизградениот град Лусаил. Изградена е специјално за овој Мундијал и има капацитет од 15.500 посетители, а беше отворена во ноември минатата година. Лусаил се наоѓа на 20 километри од Доха.

Во истиот град е планирано да се одржи отварањето и затворањето на фудбалското првенство во 2022 година.

Другите две сали се сместени во главниот град Доха. Втора по големина е „Али Бин Хамд Ал Атија Арена”, која има капацитет од 7.700 гледачи.

Најмалата арена на првенството е Духали, собира 5.500 посетители и е резервирана за настапите на катарската ракометна репрезентација.

На првенството ќе настапат 24 репрезентации, најмногу од Европа, 14. На првенството учествува и нашата репрезентација. Со среќа!

September 27, 2014

Разочарување во ветената земја: Платата едвај стигнува за живот, а за одмор може да сонувате

Filed under: Беспарица — Tags: , , — @ 12:38 pm

Работата во Катар не е како во соништата, како што мислат многумина. Немате нормално работно време, платата е доволна за преживување, имате три дена боледување во текот на целата година, а за годишен одмор може само да сонувате, тврди 35-годишната Алма Талетовиќ по струка физиотерапевтски техничар, пишува „Данас.хр“.

Таа својата работа од соништата ја добила откако на интернет страница за вработувања ги оставила своите референци. Набргу и се јавиле со понуда за работа во Катар. Таа ја прифатила понудата, но откако пристигнала во Катар сфатила дека вработувањето не е според договореното.

„Во договорот кој го потпишувате се убаво си пишува, но на договорот никој не се придржува. Ветуваат стан за самец, но на крајот завршувате во куќа со шестмина и делите заедничко ВЦ. Ветуваат 3 или 4 недели годишен одмор, но од тоа нема ништо. Тие што тужат ги губат споровите бидејќи вообичаено судовите чекаат спорот да застари“, вели Талетовиќ.

September 23, 2014

Голема акција: САД и пет арапски земји ја бомбардираат ИД во Сирија

САД, заедно со Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Емирати ги започнаа воздушните напади врз Исламската држава (ИД) во Сирија.

Со овие напади, се отвори нов, значително покомплицирани фронт во борбата против екстремистите.

 

August 13, 2014

Зошто овие држави се најбогати во светот?

Според податоците ан Светска банка за БДП по жител, најбогата држава во светот и понатаму е Луксембург, по која следат Норвешка и Катар, додека САД го заземаат десетото место.

Ова се десетте најдобро стоечки земји според критериумот БДП по жител кој за 2013 година го објави Светска банка:

Луксембург-111.162 долари по жител

Иако по површината и со нешто повеќе од половина милион жители, Луксембур е една од најмалите европски земји, според развиеноста и силата на екномијата е вистински див. Иако во земјата се развиени сите економски гранки, вклучувајќи ја и индустријата на тешки метали, на својот економски залет Луксембург може да му се заблагодари на изразено развиениот финансиски и банкарски сектор.

Норвешка-100.819 долари по глава на жител

Економската империја на Скандинавија, Норвешка е пример за мешана економија, а моќната економија е изградена на експлоатација и извоз на нафта и гас. Други важни гранки на индустријата се рибарството, транспортот, преработката на храна, бродоградилишта, металургија, хемиска индустрија, рударство, дрвна индустрија и индустрија за производство на хартија.

Катар-93.352 долари по глава на жител

Темелот на катарското богатство лежи во големите залихи на нафта и земјен гас. За да и во иднина остане една од светските сили, оваа арапска земја се обидува да ја намали својата зависност од залихите на нафта и се насочи на развој на висока технологија, Последните години се инвестира и во развој на туризмот.

Макао-91.376 долари по глава на жител

Макао е кинески коцкрски рај кој брои нешто повеќе од половина милион граѓани. Ова е единствено место во Кина каде што коцкањето е легално, а приходите го надминуваат светски познатата коцкарска мека Лас Вегас и тоа за дури седум пати. Освен коцкарскиот туризам, Макао има развиена текстилна и електронска индустрија како што е банкарство. Макаои исто така е е еден од светски познатите офшор финансиски центри и даночен рај.

Швајцарија-80.528 долари по глава на жител

Швајцарија во светот е позната како оаза на слободното банкарство, мека на елитен зимски туризам и кралството на чоколадите. Земјата има инзвонредно развиена метална, електронска и фармацевтска индустрија.

Австралија-67.486 долари по глава на жител

“Рај на другата страна на светот”, Австралија својот економски пробив го заснова на рудни богатства и развој на земјоделството и сточарството, кој се темели на извоз. Нејзината економија се одликува со висок раст, ниско ниво на инфлација и економија заснована на ниски каматни стапки.

Данска-58.930 долари по глава на жител

Модерната пазарна економија на Данска најмногу зависи од надворешно трговската размена, односно извозот. Најмалата нордиска земја позната е по високиот животен стандард. Има силно развиено рибарство и трговска флота. Главни полиња на работа во производствениот сектор се прехрамбените производи, хемикалии, машини, метални производи, електронска опрема, транспортни средства и пиво, како и хартија и производи од дрво. Туризмот исто така е важен сектор.

Шведска-58.164 долари по глава на жител

Шведската економија се базира на надворешна трговија, а главните гранки на извоз се автомобилската индустрија, индустријата на електронска и комуникациска опрема, дрвна и металска индустрија. Економска база се приватните фирми и компании, додека уделот на фирмите во јавниот, односно во државна сопственост е занемарлив.

Сингапур- 55.128 долари по глава на жител

Мултикултуралната меропола на Азија , Сингапур е една од најмалите, а најразвеиени држави во светот. Богатството на овој “Азиски тигар” се заснова на трговија, индустрија на електроника, финансиски сектор, а значаен извор на приходи е туризмот.

САД-53.144 долари по глава на жител

Една од најавтентичните и најмоќни земји во светот, благодарение на својата огромна површина, бројност на население и огромни природни ресурси успева да биде во самиот светски врв во скоро сите индустриски гранки. САД е водечка земја во светот кога станува збор за научни истражувања. Силиконската долина е подрачје со највисока концентрација на високотехнолошки компании во светот. Важната гранка на американската економија е финансискиот сектор.

August 1, 2014

Бугарите во Поморие ќе прават Дубаи

Поморие подготвува сличен проект со оној на Дубаи, откако ќе изгради вештачки острови со атракции во морето, пренесуваат бугарските медиуми.

Бизнисмени од Катар, Абу Даби, Кина и Јужна Кореја веќе го разгледувале регионот и разговарале за можностите за таа изградба.

Архитектот од Поморие, Камен Шипков со години ја развивал идејата за изградба на вештачки острови во близина на градот и предвидена е изградба на комплекс од три острови во морето поврзани со копното преку 260. метарски мост, пишува „Економик”.

Два од нив ќе бидат мали со водни атракции. Едниот ќе има аквапарк, делфинариум, базени и евентуално аквариум, а вториот ќе биде со казино.

Третиот и најголем остров ќе нуди хотелско сместување со луксузни 5 до 7. ѕвезди хотели со спа комплекси. Можна е изградба на 20-30 катен хотел.

Шипков вели дека инвестицијата не е скапа, така што ќе чини околу 20 милиони евра: „Ова е сосема прифатлива цена. Зашто, ако се изградат околу 1.000 станови, нивната продажба ќе ја обезбеди потребната сума”.

July 11, 2014

Предупредувачко писмо: Катар е дел од калифатот барајте нов домаќин за СП во фудбал

По прогласувањето на калифат на територијата на Ирак и Сирија припадниците на екстремната исламистичка организација ИСИС , попозната само како Исламска држава (ИС) испратиле писмо до претседателот на ФИФА Сеп Блатер, во кое се бара нов домаќин за одржување на Светското првенство на фудбал во 2022 година, чија организација и е доделена на Катар.

Во писмото кое е објавено во египетскиот весник Ал Ватан се вели дека Катар е прогласен за дел од калифатот кој е под владеење на калифот Ибрахим бин Авад Алгарши, кој не ја дозволува корупцијата и непочитување на исламските правила. Поради тоа непoзнатите испраќачи на писмото препорачуваат да се пронајде ново место за одржување на првенството во фудбал.

Покрај ова тие  предупредуваат дека поседуваат проектили со голем дострел, пишува во писмото, кое е пренесено во Јутарњи лист.

July 7, 2014

На 19 јули во Скопје: Катар ервејс бара стјуардеси од Македонија

Авиокомпанијата “Катар ервејс” преку оглас бара млади лица од Македонија што би ги ангажирале како кабински персонал во своите авиони.

Според условите во огласот, заинтересираните кандидати треба облечени во формална облека и со пополнета биографија да се појават во хотелот Холидеј Ин во Скопје на 19 јули помеѓу 9 и 17 часот.

Во директен разговор со нив, ќе им бидат објаснети условите што им се нудат за работа во една од најпрестижните авиокомпании во светот, објави Вечер.

Според информациите, платите за кабинските членови на екипажот на “Катар ервејс” се многу конкурентни. Тие се ослободени од данок на плата, имаат комплетно сместување во приватни спални соби, потоа бонус за добредојде.

За време на тригодишниот договор добиваат надоместок за оброк додека се на должност, транспорт додека се на должност, сеопфатно медицински осигурување, осигурување на живот, како и бенефиции за патувања со авионите на “Катар ервејс” и во партнерски авиокомпании.

Повеќе огласи за работа можете да најдете во банерот од десната страна на нашата веб страна www.emagazin.mk

July 5, 2014

Се бараат фризерки за работа во Доха, плата од 1.000 долари

Filed under: македонија — Tags: , , , — @ 10:47 am

Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Глобалворк интер“ за нивниот партнер „Енд трејдинг компани“ од Дога, Катар распиша оглас за женски фризерки. Платата е околу 1.000 долари плус обезбедено сместување, транспорт, храна и здравствено осигурување.

„Се молат сите заинтересирани кандидатки со соодветно работно искуство (најмалку 2 години) и познавање на англиски јазик, да не контактираат и достават свое CV (на англиски јазик) плус 2 фотографии (портрет и цела фигура) на нашата e-mail адреса: info@gwi.mk, или обратете се на телефон: 078/ 26 00 27“, пишува во огласот.

Повеќе огласи за работа можете да најдете во банерот од десната страна на нашата веб страна www.emagazin.mk

June 16, 2014

Македонските ракометари обезбедија учество за Светското првенство во Катар

Македонија со втората победа на Грција од 35:23 обезбеди учество за Светското првенство за ракометари што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2015 година во Катар.

Заедно со победата од 27:25 во првиот натпревар во Атина повеќе од доволно е за четврто учество на мундијалите по Египет 1999, Хрватска 2009 и Шпанија 2013.

Постари вести »

Powered by WordPress