December 24, 2014

(Видео/фото) Тоа што е без една нога не ја спречи да стана ѕвезда: Запознајте ја Викторија Модеста

Викторија Модеста руши табуа. Тоа што е родена без левата нога не ја спречи да ги оствари своите соништа.

По преселувањето на нејзините родители во Лондон од Латвија нејзиниот живот целосно се промени и заборави на тешкото детство и многубројните посети на болниците.

Со помош на најсовремената технологија од оваа област, таа функционира без проблеми, а од пред извесно време со помош на британската телевизија Канал 4 го сними и својот прв видео клип. Погледнете го ОВДЕ.

 

December 17, 2014

Лондон: Во јавен тоалет отворен коктел бар

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 6:56 pm

Поради цените на недвижностите, кои во Лондон стануваат се повисоки, еден претприемач претвори поранешен јавен тоалет во модерен нов бар.

Вил Борел отвори бар наречен „Ladies and Gentleman“ по 18 месеци војна со сопствениците на напуштените јавни тоалети.

Бизнисменот, кој е сопственик и на полска компанија која произведува вотка, следните 15 години ќе има право на просторот на поранешните тоалети, а зградата од Втората светска војна е во целост реставрирана.

Ова не е првпат тоалет да е претворен во кафуле, имено Питер Томлинсон смисли начин како да заработи како угостител – јавен (машки) тоалети од викторијанското време во центарот на Лондон претвори во модерно кафуле.

December 16, 2014

Лондон доби супермаркет за сиромашни

Filed under: свет — Tags: , , — @ 6:07 pm

Во Лондон е отворен првиот супермаркет во Велика Британија наменет за граѓаните во тешка финансиски ситуација „Community Shop“.

Во ваквите трговски центри, најсиромашните британски граѓани ќе можат да пазарат со попусти до 70 отсто, пишува весникот The Independent, пренесува Макфакс.

Според весникот, квалитетот на производите во новата продавница, којашто се наоѓа во јужниот дел од Лондон, нема да се разликува од квалитетот на стоките во вообичаените супермаркети. Во продавниците наречени „Community Shop“ производите ќе бидат со непознати етикети или со оштетувања на пакетите, коишто се вишоци и или фрлаат или се продаваат како храна за животните.

Производите ќе бидат донирани од познатите синџири продавници, меѓу кои се „Marks & Spencer“ и „Ocado“, а се планира отворање на повеќе од дваесет продавници низ целата земја.

Продавниците ќе работат на база на членство, а во новиот супермаркет ќе може да купуваат 750 жители, први од лондонскиот реон Ламбет, коишто ќе мора да се локални жители и да добиваат социјална помош наменета за најсиромашните.

Тие, исто така, ќе мора да бидат регистрирани во програмата за професионален развој наречена „План за успех“, која има цел да ја подигне нивната самодоверба и да им помогне да најдат работа.

Овој проект, прв од ваков вид во Обединетото Кралство, е поддржан од лондонскиот градоначалник Борис Џонсон.

December 15, 2014

Продолжува лекувањето на Бојаџиева во Кина, потребни уште средства

Еден дел од целосната терапија за лекување на доктор Евица Бојаџиева во Кина помина со успех. Бидејќи се уште не се собрани целосно потребните средства, хуманитарната акција продолжува и граѓаните може донираат средства со вртење на телефонските броеви: 077/143-702, 075/143-200 и 070/143-108.

Ова денеска го соопштија од Иницијативниот одбор за лекување на доктор Евица Бојаџиева, кои посочија дека таа две недели прима терапија, а потоа две недели се прави пауза. Организмот на Бојаџиева, истакнуваат оттаму, реагира позитивно на досегашниот третман, а се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина.

Од Иницијативниот одбор наведуваат дека во организација на македонските иселеници од Лондон викендот се одржа хуманитарен концерт на македонскиот естраден уметник Коки Јанков.

December 14, 2014

Јужноафриканката Ролин Строс избрана за Мис на светот 2014

Filed under: забава — Tags: , , — @ 8:02 pm

Јужноафриканката – Ролин Строс, беше избрана денеска за Мис на светот за 2014 година, на изборот за мис во Лондон.
Дваесет и двегодишната убавица од Јужна Африка е студентка по медицина.

Љубителка на спортот и музиката, таа беше фаворитка на букмејкерите. Таа ја доби круната на убавината по Филипинката МЕган Јанг, која беше Мис на светот 2013.

Овогодишниот избор за мис беше помрачен од убиството во Хондурас на претендентката за круната на Мис Свет од оваа централноамериканска држава.

December 10, 2014

Секое петто дете во Лондон мисли дека Исус Христос е фудбалер на Челзи

Filed under: забава — Tags: , , — @ 9:33 pm

Значењето на Божик е многу сменето во последно време, а секое петто дете во Лондон мисли дека Исус Христос е фудбалер на Челзи.

Истражувањето спроведено на 1.000 деца во лондонскиот трговски центар Брент Крос покажало дека децата не знаат многу за својата вера.

Имено, на прашањето „Кој е Исус Христос?“, за кое биле понудени четири одговори: а) Играч на Челзи, б) Божји син, в) Натпреварувач во Икс-фактор или г) Астронаут, дури 20 отсто од децата ја одбрале првата опција.

December 3, 2014

(Галерија) Во Лондон се одржа шоуто на Victoria’s Secret: Како изгледаат градници од 2 милиони долари

Во Лондон се одржа традиционалното шоуто на Victoria’s Secret за 2015 година.

Најмногу внимание привлекоа градниците од 2 милиони долари кои ги носеа Алесандра Амбросио и Адријана Лима.

Се проценува дека овој настан годишно во основата на генерираните приходи од продажба на Victoria’s Secret’s и носи 6,6 од милијарди долари.

Во шоуто учествуваат 47 девојки, неколку од таканаречените “Ангели на Victoria’s Secret” добиваат доста повеќе медиумско време од останатите. Повеќе за нив ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Запознајте ги седумте ангели кои ја дигаат продажбата на Victoria’s Secret

 

December 1, 2014

Ројтерс: Агрокор илегува на Лондонска берза, ќе го советува Ротшилд

Компaнијата Агрокор на најбогатиот Хрват Ивица Тодориќ се подготвува за излегување на Лондонската берза за што е ангажирана швајцарската Ротшилд група, пишува Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Инфорацијата не ја потврдуваат ниту Тодориќ, ниту Ротшилд, а според Ројтерс, се претпоставува дека вредноста на Агрокор по излегување на берзата би изнесувала околу четири милијарди евра.

Излегувањето на Агрокор на берза, тврдат изворите на Ројтерс, планиран е за првата половина на 2015 година, а најверојатно компанијата ќе излезе на Лондонската берза.

Според непотврдени информации Ротшилд има голем имот во Хрватска, како на пример Загребачка и Привредна банка.

Покрај МОЛ, кој је презема хрватска ИНА, друга значајна компанија на Ротшилд во хрватското стопанство e Тригранит. Во областа на телекомуникациите се споменува Т- Мобиле.

Ротшилдови се поврзани и со американски инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос, кој во Хрватска е познат како основач на институтот Отворено општество.

November 21, 2014

Американците го „бркаат“ градоначалникот на Лондон за данок

Американската Даночна управа бара од градоначалникот на Лондон да плати долг по основа на неплатен данок на капитален профит што тој го одбива, па дури и се заканува дека ќе се откаже од американското државјанство.

Борис Џонсон (50) е роден во Њујорк, а во Британија се преселеил кога имал пет години и има и британско и американско државјанство.

Американските власти од него бараат да плати данок на капитален профит од продажба на недвижности, а во согласност со Законот за одданочување профит кој американски државјани ќе го остварат во странство.

Џонсон кој е градоначалник од 2008 година и планира да се кандидира за пратеник, уште во 2006 година во колумна напиша дека „ќе се разведе од Америка“ и ќе се откаже од државјанството бидејќи патува само со британски пасош.

Експертот за даноци, Роберт Вуд за Форбс вели дека Џонсон би можел да се откаже од американското државјанство, како што Американци тоа го прават тоа во изминативе години во рекорден број, но тоа не би го спасило од плаќање данок.

November 20, 2014

Студентски протести во Лондон

Filed under: свет — Tags: , , — @ 10:59 am

Во центарот на Лондон полицајците фрлаа петарди за време на протестен марш на студентите против зголемувањето на надоместоците за образование, пренесе агенцијата Ројтерс.

Стотици демонстранти успеаја да ги  пробијат металните браници и упаднаа на плоштадот пред парламентот, каде ја водеа вечната престрелки со полицијата за заштита на објектот.

Од лондонската полициска станица соопштија дека тројца негови службеници добиле лесни повреди. До раните попладневни часови немаше апсења. Подоцна отцепена  група го нападнала кафуле “Старбркс” и фрлала  столици врз  полицајците од друг ресторан.

Вчерашниот марш е првиот студентски протест во Лондон по три години, забележуваат агенциите. Студентите се лути поради одлуката на конзервативната влада на Дејвид Камерон за школарината, а кон демонстрантите им се приклучија и противници на намалувањето на државните трошоци. Покрај уличниот протест денес студентски активисти планираа на различни места низ земјата бојкот на наставата и окупации на универзитетските згради.

Постари вести »

Powered by WordPress