January 16, 2015

Распоред на натпреварите на македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет во Катар

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 10:39 am

Македонската машка ракометна репрезентација со дуелот против Тунис го започнува својот настап на Светското првенство во Катар.

За Македонија ова е четврто учество на Мундијалите. По дебито во Египет 1999 година и освоеното 18 место, следуваше пауза од 10 години. Во 2009 на СП во Хрватска токму оваа селекција го започна својот континуитет на големите натпреварувања, а на шампионатот го освои 11 место. Четири години подоцна (2013) нашата селекција на шампионатот во Шпанија заврши како 14-то рангирана.

На првенството во Катар, целта на македонските ракометари е пласман во четвртфиналето кое носи шанса преку дополнителни квалификации да се избори настап на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

За да се постигне посакуваното, избраниците на селекторот Ивица Обрван, најнапред ќе треба да бидат меѓу четирите првопласирани репрезентации во групата Б, во конкуренција со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.

Група Б
1.коло (петок – 16.01.) Македонија – Тунис од 15 часот
2.коло (сабота – 17.01.) Македонија – Иран од 17 часот
3.коло (понеделник – 19.01.) Македонија – БиХ од 17 часот
4.коло (среда – 20.01.) Македонија – Хрватска од 17 часот
5.коло (петок – 23.01.) Македонија – Австрија од 17 часот.

January 14, 2015

Македонија силен конкурент на Албанија за „Нисан“

Јапонскиот производител на возила „Нисан“ ги разгледува можностите што ги нудат Македонија и Албанија за да отвори фабрика за монтирање на возила.

Според албанската агенција Балкан веб, компанијата размислува да се повлече од другите земји на југоисточна Европа поради зголемените трошоци и сега „во остра трка да ја добијат довербата на компанијата се Македонија и Албанија“. Но, како што оценува, Македонија е во голема предност.

– Албанија е во предност поради географската положба и пониската цена за транспорт од пристаништето Драч. Освен тоа и новиот логистички парк се гледа како уште една поволност за привлекување на инвестицијата. Но, во овој случај Македонија е силен конкурент на Албанија. Многу пониските даноци и перфектното функционирање на слободните зони и даваат голема предност на Македонија, особено за оваа инвестиција, констатира агенцијата.

Според агенцијата, Албанија поради зголемените даноци ја губи конкуретноста за инвестиции во регионот. Тоа е причината заради која и други компании во изминатите години ја заобиколиле Албанија и инвестирале во Македонија или Србија.

МИА

 

Македонија не е во опасност од терористички напад

Македонија не е во опасност од терористички напад, по последните случувања во Париз и нападот врз новинарите во весникот „Шарли ебдо“, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Безбедносните структури внимателно ги следат настаните во светот и се прават анализи за безбедноста во регионот, информира Јолевски.

„Внимателно ги следиме настаните што се случуваат во светот, вклучувајќи ги последните настани во Париз. Покрај нашите, правиме заеднички анализи со партнерски земји за безбедносната ситуација во Европа и во регионот. Во овој момент Република Македонија е безбедна“, вели Јолевски.

 

January 13, 2015

(Фото) Македонски воз во зимски услови

Filed under: локално — Tags: , , , — @ 11:38 am

Патувањето со воз најчесто на реалција Велес-Скопје-Велес е секојдневие за велешани кои работат,студираат или учат во главниот град. Но, во какви услови патуваат кога температурите се далеку под нулата?!?

До редакцијата на VelesTvOnline.com пристигнаа неколку фотографии кои говоарат сами за себе.

Извор/фото: VelesTVOnline

January 11, 2015

(Фото) Македонските новинари во Скопје се придружија на протестот против тероризмот во Париз

Со наострени моливи во рацете десетици новинари од Македонија денеска маршираа од Паркот на новинарите до францускиот културен центар во Скопје, во знак на солидарност со егзекутираните колеги од францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, пренесува Нова ТВ.

Новинарите се потпишаа во книгата на жалост која е отворена во францускиот центар и заедно со поранешни дипломати и истакнати јавни личности на видео бим го проследија масовниот марш во Париз.

– Денеска сме тука со своето присуство да ја покажеме нашата солидарност но и нашата подготвеност да се бориме за правото на професијата секаде во светот, како што тоа го направија и нашите колеги од Франција. Пробаа да ја ликвидираат демократијата. Интелегенцијата, хуморот и културата сакаа да ги претворат во ништожност. Но, борбата која треба да ја продолжиме во чест на нашите колеги од Шарли кои подготвуваа специјално анти-расистичко издание, е да ги разобличиме и осудиме сите екстремисти кои промовираат расизам и омраза, изјави заменик претседателот на Синдикатот на новинарите, Драган Антоновски.

Извор: Нова ТВ/Фото: Локално

Внукот на Киро Глигоров успешен научник. Македонија никогаш не ја видел

Младиот Владимир Глигоров е научник, специјалност му е нуклеарната физика, а има само 32 години. Работи во престижниот Европски центар за нуклеарна физика близу Женева – ЦЕРН. Македонија никогаш не ја посетил, и не сака да зборува за своите роднини, ниту за својот дедо.

Роден во Белград, и е син на познатиот економски експерт од Виенскиот институт, исто така Владимир Глигоров, имаат исто име и презиме. Глигоров јуниор е внук на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Потоа се преселил во Америка, па во Шведска и на крајот во Австрија.  На седумнаесет години запишал физика на колеџот „Сент Џонс“ во „Оксфорд“.

Во интервју за Утрински весник Владимир Глигоров јуниор вели дека тоа што викаат дека тој бил вундер кинд од семејството на првиот македонски председател не му годи.

– Ние, благодарение на работата на мојот татко, побегнавме од виорот на војната што ја проголта мојата генерација во СФРЈ. Додека другите ги трпеа последиците од тоа, јас се образував во странство. Така што среќата тука е во преден план – дали ќе го постигнев ова ако останев во 1990-тите години во Белград, или Скопје или Ѓеновици, каде што живееја моите баба и дедо по мајка? Се сомневам во тоа. Затоа не го сакам зборот „вундер кинд“, во моето одделение имаше толку многу луѓе со потенцијал, а лотаријата на животот мене ми даде шанса. Вундеркинд се оние кои останаа таму, а постигнаа нешто, и не го велам тоа од некоја лажна скромност„.

Целото интервју ОВДЕ.

January 10, 2015

Топ дестинации за 2015 според Њујорк Тајмс: И Македонија на листата

Македонија- следната балканска дестинација која во 2015-та година задолжително треба да се посети, препорачува престижниот „Њујорк тајмс Травел“ во најновото издание.

На листата од 52 земји во светот, Македонија се најде на високото десетто место, веднаш зад Италија, Куба, Филаделфија, Чиле и Сингапур.

Според американскиот весник, Македонија е  најактуелната и најатрактивна балканска дестинација, позната по своите природни убавини, бројните манастири и бистрото Охридско Езеро.

Искачувањето на Шар Планина, која наликува на Алпите е задоволство за секој авантурист, виното произведено од локалните винарии го мами секој љубител на добрата капка, а традициналната кујна со врвните специјалитети се вистинско доживување за секој гурман, вели Тим Невил, авторот на текстот.

Во претставување на земјата новинарот, на посетителите им ги препорачува   пастрмајлиите и традиционалните супи. Крушево, пак, е посебна авантура, новите туристички капацитети и ниските цени, се поттик да се посети ова туристичко гратче.

Во рамките на текстот авторот дава и линк преку кој заинтересираните можат да добијат детални информации за можноста да ја посетат Македонија.

makedonija

Статијата препорачува места низ светот кои вреди да се посетат, кои места да се видат и што е она што може да се очекува од таа земја.

 

January 9, 2015

Македонија поздравена од Вселената

Македонските граѓани добија поздрав од вселената, од италијанската астронаутка Саманта Кристофорети.

На 23 ноември таа ја почна својата мисија на Меѓународната вселенска станица.

Пред Нова Година на својот Твитер профил таа објави слика од Скопје, а за Божик и од Охрид и Преспа.

Падот на рубљата го забави извозот на Македонија во Русија, фармацевтите најпогодени

Македонската фармацевтска индустрија трпи најголеми штети од падот на вредноста на рубљата и кризата во Русија. Со оглед на тоа што лековите се прв извозен производ на Македонија во руската федерација, кризата која што ја тресе Русија најмногу ќе ја почуствува овој сектор.

Според податоците од Македонско-руската стопанска комора во последните неколку месеци се одложуваат нарачки, импортерите очекуваат стаблизација на вредноста на руската валута.

Според податоците од Стопанската комора на Македонија за трговската размена во 2013 година, најголем дел од извозот на Македонија во Русија отпаѓа на фармацијата, односно на извозот на лекови и тоа во вкупна вредност од 10,5 милиони долари, по нив следат прехранбените производи кои во 2013 година се извезени во вредност од 9,6 милиони долари, а доминира овошјето со 4,8 милиони долари, виното со 1,4 милиони долари, грозјето е на трето место со 1,8 милиони долари и зеленшукот со 1,2 милиони долари. Извозот на производи од машинската индустрија изнесува 7,3 милиони долари.

Ако се погледнат податоците за меѓусебната размена за 2013 година, може да се констатира голем дефицит на македонската страна. Вкупната размена изнесува 195,2 милиони долари, при што од Република Македонија се извезени производи во вкупна вредност од 31,5 милиони долари, додека во истиот период од Руската Федерација се увезени производи во вредност од 163,6 милиони долари.

Во делот на увозот доминираат енергенсите 115,8 милиони долари, нафта и гас, металургија 7,1 милиони долари, минерални суровини 8,5 милиони долари.

Вкупната трговска размена на Македонија со Руската Федерација во првата половина од 2014 година достигна вредност од 74,7 милиони долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,7 милиони долари, додека увозното салдо изнесува 60,9 милиони долари. Споредено со истиот период во 2013 година, обемот на вкупната надворешно-трговска размена е намалена за 65,3 милиони долари, што претставува пад од 46,7%. Извозот во 6. месеци од 2014 година е зголемен за 2 милиона долари, или споредбено со истиот период во 2013 година бележи раст од 17,3%, додека увозот е намален за 67,4 милиони долари, што претставува пад од 52,5%.

-Падот на рубљата негативно влијае не само на извозот на македонските производи, туку и на економиите на сите земји што соработуваат со руски партнери. Во однос на нарачките според информациите од компаниите, тие се одложуваат, но не се откажуваат. Ова произлегува од фактот што се очекува зајакнување на рубљата кон крајот на јануари до ниво што ќе биде прифатливо за руските импортери за реализирање на договорените нарачки, велат од Македонско-руската стопанска комора.

Според податоците произлегува дека Алкалоид како најголем извозник на лекови на рускиот пазар се соочува со најголеми проблеми во овој период.

-Соочени сме со низа неизвесности, како континуираниот притисок за намалување на цените на производите на одредени пазари, отежната наплата, а особено сме погодени од неизвесноста после украинската криза и падот на курсот на руската рубља, вели во изјава за Капитал, Живко Миукаетов, претседател на Управниот одбор на Алкалоид.

Рубљата од почетокот на годинава го продолжи надолниот тренд, откако цената на нафтата, која е клучен руски извозен производ, падна на најниското ниво во последните пет години.

Руската енергетски зависна економија со месеци се мачи поради ниските цени на нафтата и западните санкции.

Рубљата минатата година изгуби половина од својата вредност, а рекордно ниско ниво достигна на 16 декември кога еден долар се менуваше за 80 рубљи. Владата потроши милијарди долари за поддршка на руската валута по што таа зајакна, но по Нова година повторно падна за денеска еден долар да се менува за 63, а едно евро за 75 рубљи. Барел нафта на светските берзи се продава за околу 50 американски долари.

Силниот долар не и смета на Македонија, увезуваме во евра

Filed under: бизнис — Tags: , , , — @ 10:01 am

Според процените на Народна банка на Македонија растот на вредноста на доларот , како и слабеење на еврото нема да и наштетат на македонската економија. Во изјава за Вечер од НБРМ велат дека најголемиот дел од увозот во Република Македонија е од евро-зоната.

– Цената на нафтата, којашто на светските берзи се искажува исклучиво во долари, а е важен трошок, бележи пад поголем од падот на еврото во однос на доларот. Проекциите на Народната банка предвидуваат само умерено повисока инфлација, која во 2015 година би се движела околу еден процент, истакнуваат од кабинетот на гувернерот.

За промените на цените на поединечни производи велат дека зависат од изборот на политиките на цени на трговците на големо и мало.

– Тој избор зависи од потребата за обезбедување поврат на капиталот, таргетираната маржа, асортиманот на производи и друго, сметаат во НБРМ.

Постари вести »

Powered by WordPress