January 16, 2015

Се остваруваат најавите за нови напади: Во Белгија ликвидирани двајца терористи

Filed under: свет — Tags: , , — @ 10:26 am

Двајца терористи кои подготвувале напади во Белгија се ликвидирани вчера во полициска акција во југоисточниот град Вервие, во близина на границата со Германија и Холандија.

Белгиските власти претходно објавија дека е донесена одлука за зголемување на готовноста за акција против терористички закани на трето, предпоследно ниво.

January 14, 2015

Можни нови напади низ Европа

Filed under: свет — Tags: , , , — @ 12:42 pm

Постои опасност од нови напади во Европа и од радикализација во затворите, предупреди координаторот на Европската унија за борба против тероризмот Жил де Керхов.

Тој истакна дека затворите се инкубациска средина за радикализација и затоа не треба да се испраќаат сите лица во затвор кои се вратиле од Сирија. Тие можат да ги радикализираат и уште повеќе да ги поттикнат другите.

Керхов наведува дека во затвор се радикализирал Амеди Кулибали, кој учествуваше во минатонеделните напади во Париз, потоа Мохамед Мера, извршителот на убиствата во Тулуз во 2012 година и Медхи Немуш осуден за убиство на четворица Евреи во Еврејскиот музеј во Брисел.

– Заканата од нови напади останува сериозна. Исламска држава сака да дејстува и тоа ќе го направи. Ал Каеда е многу ослабена, но сака да остане во игра. Посои и Фронт ал Нусра, сирискиот огранот на Ал Каеда, кој регрутира Европејци со валидни пасоши, кои лесно можат да влезат кај нас или да киднапираат авион. Нема магично решение… Можеме превентивно да дејствуваме. Но, не можеме сите да ги спречиме, посочи Керхов.

Тој потенцира дека терористите имаат оружје кои доаѓа од Балканот и од Либија.

– Кога имате лесен пристап до калашњикови и радикализирани лудаци исклучително тешко е да се спречи напад, но можеме да се обидеме да попречиме што е можно поголем број напади без да се претвориме во тоталитарно општество, посочи Керхов.

January 12, 2015

Нападите во Париз се само почеток, следи серија на напади во Европа и САД

Filed under: свет — Tags: , , , , — @ 10:14 am

Податоците на американската Агенција за национална безбедност (НСА), говорат дека неодамнешните случувања во Франција се само почеток на низа планирани напади на џихадистичката организација „Исламска држава“ во Европа, пишува германскиот дневен весник „Билд ам зонтаг“.

Весникот пишува дека припадниците на НСА успеале да ги прислушкуваат телефонските разговори на лидерите на „Исламската држава“ во кои било кажано дека Европа ја чека бран на терор и оти случувањата во Франција се само почеток.

Во разговорите немало конкретна информација за плановите на „Исламаската држава“, меѓутоа бил спомнуван Рим.

Минатата недела терористите Шериф и Саид Куаши убија 10 новинари од сатиричниот магазин „Шарли Ебо“ и двајца полицајци пред редакцијата на весникот.

Третиот напаѓач, Амед Кулибали, за кој се верува дека е поврзан со браќата Куаши, во петокот уби четворица заложници во супермаркет во источниот дел на Париз, а тој е одговорен и за четврточното убиство на полицајка во јужниот дел од главниот град на Франција.

November 25, 2014

Се спремаат напади во Европа, на случајни минувачи ќе им ги сечат главите

Filed under: свет — Tags: , , — @ 7:02 pm

„Ловец на џихадисти“ – одликуваниот белгиски воен ветеран Дмитри Бонтинк, познат по спасувањето на млади луѓе од канџите на Исламска држава, предупредил дека ИС подготвува напади во Европа и дека џихадистичките напади врз цивили се „речиси неизбежни“, пишува Дејли мејл.

Тој тврди дека џихадистите би можеле да напаѓаат цивили по случаен избор – да им ги отсекуваат главите на случајни минувачи на улиците или во преполните трговски центри, но и да организираат бомбашки напади.

f2

„Не претставуваат опасност децата, туку криминаалните умови кои ја предводат Исламска држава и кои никогаш нема да ги видите на нивните видео снимки“, кажал 41-годишниот Бонтинк и додал дека ИС планира да му се одмазди на Западот за воздушните удари и дека ќе го возврати ударот веднаш штом нивните европски ќелии ќе бидат спремни.

Меѓу младите луѓе кои Бонтинк ги спасил од Исламска држава е и неговиот син, 19-годишниот Јејоен кој додека бил во врска со муслиманка се преобратил на ислам и решил да им се придружи на радикалните исламисти во Сирија. Додека бил со џихадистите Јеојен некое време минал и со погубениот американски новинар Џејмс Фоли.

Бонтинк ги обвинува американските и британските власти дека не презеле доволни за да ги ослободат своите државјани. „Премногутајни служби ја пропуштија шансата за спасување на заложниците“, кажал тој.

November 18, 2014

Во светот лани имало десет илајди терористички напади

Filed under: свет — Tags: , , — @ 9:52 am

Во светот минатата година имало околу десет илјади терористички напади, што е 44 отсто повеќе од претходната година, пишува лондонскиот Институт за економски науки и мир. Во овие напади загинале речиси 18 илјади лица.

Четири групи терористички напади биле доминантни минатата година, напади на припадници на групацијата Исламска државам, напади на Боко Харам, напади на Ал Каеда и напади на талибанците. Овие напади се одговорни за 66 отсто од жртвите во тероризмот во 2013 година.

Најголем број терористички напади во 2013 година се регистрирани во Ирак, 2.492, во кои загинале над 6.300 лица. ИД е одговорна за најголемиот број ирачки жртви на тероризмот минатата година.

Повеќе од 80 отсто од светските жртви на терористичките напади во 2013 година се забележани во Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија.

October 30, 2014

Геј е ОК!

Filed under: Мој став — Tags: , , , — @ 9:22 am

Една работа се уште не може да ми се разјасни во 21 век, а тоа е не можноста да се прифати некој поразличен од себе. Веројатно тоа е така затоа што сме полни со предрасуди и стереотипи и не сме направиле обид да се ставиме во кожата на другиот и да разбереме зошто некој е таков каков што е.

Ниту сме сакале да поработиме, па да се издигнеме на ниво погоре во својата свесност и да прифатиме некој кој е геј, на пример.

Полни сме со незнаења и неразбирање за Албанците, Ромите, ЛГБТИ популацијата односно за луѓето со кои живееме и сме опкружени. Најлесно е да и залепиме етикети „племе“, „цигани“, „педери“.

Децата ги плашиме со циганите, Албанците кога ќе направат белја велиме „абе остај, племе“, ако некој е хомосекусалец тој е „обратен“. Но, зошто? Затоа што не се познаваме.

Имам еден куп геј пријатели, живеев со цимер геј. Не видов дека нешто се поразлични од мене и дека нивното присуство има штетно влијание врз моето битисување. Напротив, во нивно друштво ми е многу пријатно.

Соочени со вистината дека треба да се борат против стереотипите на општеството и „слободно“ да дејвствуваат, нивната свесност е развиена на многу повисоко ниво од многу хетеросексуалци што ги познавам, и што со своите ставови застанале во 19 век.

Пример за тоа се оние кои го демолираа Дамар и притоа имаа интенција да убијат луѓе при прославата на двегодишнината од ЛГБТИ центарот. Не ми е јасна пораката на целиот настан, освен дека некој имал интенција да убие човек и за тоа треба дебело да одговара.Зошто некој оди зад затворени врати, каде што секој си прави што си сака? Можеби и мене ми пречи машко пијано друштво во кафеана каде што вишокот тестостерон го изразуваат на маса, па не фрлам шишиња по нив.

Истите тие утре ќе напаѓаат и разведени жени, бидејќи не се согласуваат со ставот дека некој треба да го напушти партнерот ако повеќе не може да најде заеднички јазик со некого.

Во европските држави темата „геј е ОК“ повеќе не е предмет на расправа.Расправаат за правата на животните.

Во светот во моментов 15 земји ги одобруваат истополовите бракови, од кои девет се во Европа.Но, без разлика дали темата е брак е законски регулирана или не, во цивилизирани држави овие луѓе не ги напаѓаат на улица, не ги напаѓаат клубовите каде што излегуваат, не им ги каменуваат домовите.

Кај нас беше каменуван домот на Петар Стојковиќ, беше нападнат ЛГБТИ центарот во Стара Чаршија, беше нападната ЛГБТИ заедницата при прославата на двегодишнината од основањето на центарот, Кочо Андонов „жив го распнаа“.

Остајте ги луѓето нека си живеат на раат, живејте си го и вие својот. Не ѕиркајте низ клучалка во туѓа спална, ѕирнете во сопствената-можеби многу повеќе е за смеење и за осуда.

 

 

July 31, 2014

Страшни бројки од Газа: Вкупниот број на загинати над 1.350 лица, на раселени 240 илјади

Досега во нападите на Израел на појасот Газа се убиени 1.359 Палестинци. Само во текот на вчерашниот ден беа убиени 108 лица.

Над 7.200 луѓе се повредени од почетокот на израелската офанзива на 8 јули.

Околу 240.000 Палестинци се раселени.

 

May 16, 2014

Во Њујорк отворен музеј на жртвите од нападите од 11 септември

Во присуство на американскиот претседател Барак Обама, во Њујорк е отворен музеј на жртвите од нападите од 11 септември 2001 година.

Неколку илјади луѓе, меѓу кои и членови на семејствата на жртвите, преживеани лица, припадници на спасувачките екипи, поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, првата дама на САД, Мишел Обама, присуствуваа на отворањето на подземниот музеј, изграден на местото на Светскиот трговски центат на Менхетн.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг истакна дека „музејот ќе биде симбол на минатото, како Битката кај Гетисбург од 1863 година, Перл Харбур и Меморијалниот центар на ветераните од Виетнам“.

Блумберг е и директор на музејот.

Музејот, чија изградба чинеше 700 милиони долари, ќе биде отворен деноноќно во следните шест дена само за семејствата на жртвите, за преживеаните и за учесниците во спасувачките операции, а на 21 мај ќе биде отворен за посетители.

Powered by WordPress