January 15, 2015

Фирма од Зајас ќе ги одржува државните патишта

Фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ од село Долно Строгомиште-Зајас ќе ги одржува државните патишта во скопската, штипската и велешката подрачна територија, објави А1 Он.

До Бирото за јавни набававки,  јавното претпријатие Македонија пат ги доставила договорите. Сите се со важност од една година а договорот почнува да важи од 26.12.2014. до 26.12.2015.

Во трите одделни постапки фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ се јавува како единствен понудавач, а нема никаква разлика помеѓу највисоката и најниската добиена понуда.

За одржување на државните патишта на територија на подрачје Скопје, јавното претпријатие Македонија пат на фирмата од село Долно Строгомиште ќе и плати 30.515.207 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 495.000 илјади евра.

Македонија пат услугата ја процениле на 32.000.000 милиони денари, а најниската но и највисока единствена понуда на фирмата ПЕРПАРИМИ била 10.900.800 милиони денари или за три пати помала сума од онаа која е потпишана, пишува А1 Он.

Извор: А1 Он

January 2, 2015

Отворена сезоната во ски-центарот Маврово

Во присуство на голем број туристи и љубители на зимско рекреативните спортови денеска во Маврово беше отворена годинашната ски сезона, пренесе МИА.

„Среќни сме што денеска свечено ја отвораме ски сезоната „Маврово 2015“ која е наменета за туристите за кои имаме подготвена агенда за сите генерации. Како и секоја година така и оваа имаме комплетна понуда за изнајмување на зимска опрема, тренери за обука за скијање и бордање, жичница која директно ги носи до теренот, како и забави за младите“, изјави Огњан Циговски, директорот на Ски центарот „Заре Лазаревски“.

Градоначалникот на општина Маврово-Ростуша, Мукрем Мехмеди истакна дека општината заедно со Ски центарот се подготвени да ги дочекаат туристите.

„Патиштата се проодни, имаме доволно ресурси за да ги пречекаме сите туристи. Сместувачките капацитети речиси се полни и очекуваме успешна зимска сезона“, рече Мехмеди.

Ски центарот „Заре Лазаревски“ во следните три месеци ќе им понуди забава и низа поволности за посетителите од сите генерации, започнувајќи од денеска кога со купена една ски карта добиваат уште една гратис со забава на Бачило и пред хотелот „Лоџ“. Воедно ќе имаат можност да користат попусти во хотелите „Алпина“, „Бистра“, „Лоџ“, „Спорт“, „Радика“, „Фершпед“ и ресторанот „Маврово“, како и дополнителни услуги од страна на хотелите „Бистра“ и „Спорт“ со бесплатна опрема и часови за скијање за деца од 4 до 12 години.

December 27, 2014

Вупно 132 милиони денари за изградба на локални и регионални патишта догодина

Владата за изградба и реконструкција на регионални и локални патишта во 2015 година ќе вложи 132 милиони евра со што ќе го поддржи и растот на економијата, изјави премиерот Никола Груевски.

– Покрај автопатите за коишто во последно време се зборува и експресните патишта за коишто, исто така, во последниот период зборуваме, во следната 2015 година се планираат 132 милиони евра за регионални и локални патишта, градби и реконструкции. Од овие 132 милиони евра, осум милиони евра одат за локални патишта, а останатите 124 милиони евра одат за реконструкции и градби на регионални и магистрални патишта. Тоа ќе значи подобрување на овие патишта, во смисла некои ќе се реконструираат целосно, некои ќе се изградат нови. Ќе значи дополнителен ангажман на градежната оператива, дополнителни вработувања, влијание на растот на економијата, на индустриското производство, на градежништвото така што продолжуваме со едно силно темпо, одговорајаќи на новинарски прашања по промоцијата на 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Според него, во последните две години фокусот беше на автопатиштата и посочи на трите големи автопатишта, чија изградба е во тек.

– Со новите инвестиции не ги запоставивме и регионалните и локалните патишта каде што, велам, само следната година ќе се инвестираат вкупно 132 милиони евра во градба и реконструкција, потенцира премиерот Груевски.

December 5, 2014

На Македонија и фалат 2 милијарди евра за патишта и пруги

За да ги изгради патиштата и пругите на Коридорот 10 и 8 до 2020 година, на Македонија и требаат околу 2 милијарди евра.

Проектите веќе се почнати или се планирани, но финансиските конструкции не се затворени, бидејќи за овој период од Европската унија ни стојат на располагање само шест проценти од потребните средства или околу 108 милиони евра, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„На Македонија и се потребни околу 1,7 милијарда евра за проектите што моментно ги реализира и за оние кои се планирани, а за кои немаме обезбедено финансиски средства. Затоа ни треба поддршка со поголеми средства за поефикасна и подобра мрежа, а тоа ќе овозможи и развој на земјите, вели Јанакиески.

Продолжувањето на изградбата на трите автопатишта Скопје – Штип, Кичево – Охрид и Демир Капија – Смоквица, експресен пат од Градско до Прилеп, почетокот на изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, за која во јануари ќе се објави повик за избор на градежна компанија и барањето концесионер за делницата Гостивар – Кичево, според Јанакиески се приоритетните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура на Македонија.

November 12, 2014

ЕБОР ни одобри 305 милиони евра за пругата кон Бугарија и за нови патишта

Европската банка за обнова и развој и одобри на Република Македонија средства во вкупен износ од 305 милиони евра и тоа: 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта.

Средствата се добиени под исклучително поволни услови (условите се исти за двата кредита): рок на отплата 15 години со грејс период од 4 години и каматна стапка која во моментов изнесува 1,15% (6 – месечен ЕУРИБОР плус 1%), соопшти Министерството за финансии.

Со 145-те милиони евра кои ги одобри ЕБОР за изградба и реконструкција на постоечките делови од железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка, обезбедени се сите потребни средства за да се заврши втората фаза за поврзување на пругата кон Република Бугарија.  Со изградбата на оваа делница ќе се создадат поволни услови за насочување на економијата кон меѓународниот глобален пазар, потикнување на инвестициите и зголемување на бруто домашниот производ.

За квалитетна подготовка на втората фаза, ЕБОР преку инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан на Македонија и додели грант од 5.700.000 евра за изработка на основниот проект и покривање на дел од трошоците за надзор на градежните работи. Дополнително, ЕБОР ќе обезбеди грант од 670.000 евра за консултантска помош за имплементација на проектот.

За Делницата 3 од Коридорот VIII: Крива Паланка – граница со Република Бугарија средствата ќе се обезбедат по завршување на сите подготвителни активности. Финансирањето ќе се обезбеди со  грант од ИПА 2014-2020 и заем од меѓународни финансиски институции.

ЕБОР одобри и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта. Овој проект е дел од политиката на Владата за подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во Република Македонија.  Проектот ќе го имплементира ЈП за државни патишта.

Реализацијата на Програмата за национални патишта ќе биде поделена во две транши. Првата транша во износ од 74 милиони евра ќе се користи за изградба на експресен пат, делница мост на река Раец – клучка Дреново и за реконструкција на патниот правец Штип – Кочани на ниво на експресен пат. Со реконструкцијата на  постојаниот пат Штип – Кочани на ниво на експресен пат, постојаните проблеми ќе бидат решени, а брзината на движење од сегашните 50(60) км/час ќе се зголеми на 100 км/час. Ќе се изврши реконструкција и проширување на постојаната широчина на коловозот од 6,5 на 12 метри во должина од 26 километри. Трасата започнува од Штип, потоа продолжува меѓу населените места Чардаклија, Долни Балаван, Крупиште, Чифлик, Облешево и завршува во Кочани. Експресниот пат ќе биде од големо значање за економскиот развој на Источна Македонија, а особено за развој на земјоделството.

Втората транша во износ од 86 милиони евра ќе се намени за изградба на патните правци: експресен пат Охрид – Пештани и автопат Струга – Требеништа. Изградбата на новиот експресен пат Охрид – Пештани во должина од 14,5 километри ќе се гради паралелно на постојаниот пат покрај плажите, а во натамошниот период ќе биде меѓусебно поврзан со попречни локални патишта. Со изградба на оваа делница на ниво на експресен пат ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места особено во летните месеци од годината. Автопатската делница Требениште – Струга е со должина од 8,5 километри. Автопатското решение предвидува изградба на нова делница со коловоз од по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента широка 2,5 метри во секој правец. Проектна брзина за движење на возилата ќе биде 120(130) км/час.

По усвојување на Предлог законите за овие заеми ќе се склучат договори меѓу Република Македонија и ЕБОР и „Македонски железници“, односно ЈП Патишта.

Овие 305 милиони евра инвестиции во инфраструктурни проекти значат нови работни места, работа за македонските фирми и економски развој на земјава. Европската банка за обнова и развој со овие средства дава поддршка на политиките на јавни инвестиции кои ги спроведува Владата на Република Македонија, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

 

October 11, 2014

Македонија ќе добие 157 милиони евра од Светска банка за изградба на патишта

Filed under: македонија — Tags: , — @ 9:00 pm

Светска банка одобри кредит за финансирање на патишта во Република Македонија во износ од 52 милиони евра, а договорени се и нови 105 милиони евра за истатаа намена. Со овие кредити ќе се финансира изградбата на патиштата од Битола до Ресен, Дебар-Бошков мост, Кочани-Делчево, Делчево – Голак, од Ранковце до Крива Паланка…

Министерот за финансии Зоран Ставрески и гувернерот Димитар Богов учествуваа на редовните годишни средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон каде присуствуваа на панел дискусии на кои имале прилика да ги видат ставовите на водечките креатори на економските политики во глобалните финансиски институции, но и на водечките земји во светот.

September 11, 2014

ЕК: 11,9 милијарди евра за подобра поврзаност на Европа

Европската комисија ги повика земјите членки да предложат проекти за подобрување на патната поврзаност во Европа за што оваа година се обезбедени всредства во висина од 11,9 милијарди евра.

Ова е досега највисок поединечен износ на средства на ЕУ наменет за патната инфраструктура, Државите членки можат да ги достават понудите до 26 февруари 2015 година.

Поголем дел од средствата ќе бидат наменети за девет главни прометни коридори кои заедно ќе ја сочинуваат главната прометна мрежа и ќе бидат економска сила за единствениот пазар.

Благодарение на овие средства че се изградат нови приклучоци и исклучоци, ќе се отстранат тесните грла и од корен ќе биде изменета мрежата помеѓу истокот и западот со цел да се олеси прекуграничниот промет во интерес на компаниите и граѓаните во цела ЕУ

July 26, 2014

Водич за избегнување на патарините

Пос­ка­пу­ва­ње­то на патарините сите ги наведе, барем за момент, да помислат да ги из­бег­нат и да возат по алтернативни патишта.

Екипа на “Вест” ги провери ал­тер­на­тив­ни­те, но легални патишта, и успешно ги избегна сите патарини.

На оние што са­ка­ат да се обидат весникот им нуди мапи, места на кои може да се исклучат и повторно да се вклучат на автопат, информации за состојбата на патиштата и сe она што ги чека таму…

За водичот кликнете тука.

Извор: Вест

June 30, 2014

Највеќе локални патишта има во Западна Македонија

Во 2013 година, најголема должина (1.483 км) од локалната патна мрежа (15.7%) од вкупната локална патна мрежа, се наоѓа во Полошкиот регион, а најмала должина од 888 км (9.4%) во Југоисточниот регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во патниот патнички превоз во 2013 година, најмногу превезени патници (21.0%) се забележани во Југозападниот регион, а најмалку во Скопскиот регион (5.7%). Во такси-превозот во 2013 година, најмногу патници (62.6%) се превезени во Скопскиот регион, а најмалку патници се превезени во Југозападниот регион (2.3%).

December 14, 2013

Петнаесет згради се градат во општина Аеродром

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информира дека само во општина Аеродром се градат петнаесетина згради, а ширум територијата на Македонија се продадени огромен број на локации за градба. Тој очекува и во наредната 2014 година да продолжи трендот на раст на градежништвото во Македонија, дури и со поголема стапка од годинашната.

Јанакиески вели дека градежништвото во последните две години е двигател на економскиот раст во Република Македонија. Само годинава реконструирани и изградени се околу 100 локални патишта во должина од 114 километри, а во фаза на завршување се и осум регионални патни правци. Во фаза на градба е и автопатот Демир Капија-Смоквица, се реализираат и градбите од проектот Скопје 2014.

„Во 2014 година очекувам уште повисок раст на градежништво, бидејќи ќе започне изградбата на два нови автопатишта, ќе продлжи изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, повеќе од сигурно е дека ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија и изградбата на главните магистрални гасоводни мрежи. Сето тоа кажува дека градежништвото ќе биде двигател на економијата и во 2014 година“, нагласи Јанакиески.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во третиот квартал од 2013 година градежниот сектор во Македонија бележи раст од 30,5 отсто, а растот на БДП е 3,3 отсто

Powered by WordPress