January 15, 2015

Тамара со реакција за „злобните“ коментари за разголените фотографии за Пелистерка

Filed under: забава — Tags: , , — @ 12:01 pm

Пејачката Тамара беше една од трите девојки, односно заедно со Маријана Станојковска и Аделина Тахири се најде на новогодишниот календар на Пелистерка. За нејзините прилично провокативни и разголени фотографии се слушнаа различни коментари. Едни ја бранеа и и честитаа за храброста, други ја напаѓаа за изгледот.

Таа, во нејзин стил, постирајќи една од разголените фотографии, на Фејсбук напиша.

„Уште една фотографија на др.Чедо Поповски за календарот на Пелистерка. Бирајте од која „фотошопирана“ града ќе ми грицнете.“

January 9, 2015

„Пелистерка“ донираше медицински апарати од еден милион денари на три клиники во Македонија

Македонската компанија „Пелистерка“ денеска ја врачи донацијата од медицински апарати во вредност од околу еден милион денари наменета за три клиники во земјава. Претпријатието одлучи да помогне во работата на Универзитетска болница КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола и Клиничка болница во Тетово.

Станува збор за современи мобилни медицински апарати кои се специјално дизајнирани за следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега. Тие функционираат и како мултифункционален медицински апарат со широк обем на параметри за набљудување, но и како самостоен мобилен монитор за еден пациент.

Во просториите на одделот за интензивно лекување на клиниката КАРИЛ апаратите им беа доделени на директорите на клиниките како Божикен подарок од Маријана Станојковска, која што заедно со Аделина Тахири и Тамара Тодевска, е заштитно лице на „Пелистерка“ за 2015 година.

На врачувањето на донацијата присуствуваа д-р Васко Најдовски, директор на клиничката болница во Битола, д-р Флорин Бесими, директор на клиничката болница во Тетово и д-р Тања Спировска, директор на КАРИЛ, како и Прим. С-ци, ПД, д-р. Реџеп Селмани директор на ТОАРИЛУЦ. Тие истакнаа дека се благодарни на врачената донација која ќе ја искористат за да се унапреди лекувањето на пациентите.

– Ни претставаува задоволство дека со оваа донација ќе им помогнеме на жителите на трите градови во Македонија во кои има константно високо ниво на загаденост на воздухот. Медицинските апарати кои денеска ги донираме се токму она што им е најнеопходно како опрема на клиниките во Скопје, Битола и Тетово. Се надеваме дека оваа наша донација ќе им ја олесни работата на лекарите и медицинскиот персонал и ќе придонесе за точна дијагноза и следење на состојбата на пациентите – велат од Пелистерка.

Успехот на компанијата не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот, туку и според тоа колку таа е одговорна кон заедницата кадешто делува. „Пелистерка“ уште еднаш се докажа како општествено одговорна компанија и ги насочи планираните финансиски средства од предновогодишната промоција за набавување медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола.

January 2, 2015

(Видео) Како се правеше најсекси календарот на Пелистерка

Filed under: забава — Tags: , , — @ 10:08 am

Марјана, Аделина и Тамара во видео варијанта од календарот на Пелистерка за 2015 година.

Еве како фотографот Чедо Поповски се справуваше со облините на македонските убавици. Видеото ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(Галерија) Календарот на Пелистерка: Македонска убавина

 

December 24, 2014

Пелистерка со донација од еден милион денари за клиниките во Скопје, Тетово и Битола

Filed under: бизнис — Tags: , , — @ 1:54 pm

Пелистерка, останува доследна на својата позиција на лидер во својата индустрија, но и на општествено одговорна компанија која се грижи за генералниот бенефит. Компанијата ги насочува планираните финансиски средства од предновогодишната промоција, за набавување на медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола.

„ Со оглед на константно високото ниво на загаденост и ефектите по здравјето на жителите во овие три големи градови во Македонија, заклучивме дека е далеку поприоритетно да овозможиме набавка на апарати за константно мониторирање на состојбата на загрозените пациенти, пред се на децата, кои се најподложни на реакции по временските промени. Станува збор за мобилни апарати од типот МР (MindRay), кои овозможуваат следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега и вклучуваат широк обем на медицински парамети за набљудување,“ велат од компанијата.

Вредноста на вкупната донација е околу еден милион денари, а во секоја од клиниките во Скопје, Битола и Тетово ќе биде доставена како пред Божиќен подарок од Маријана, Аделина и Тамара, заштитните лица на Пелистерка за оваа 2015 година.

(Галерија) Календарот на Пелистерка: Македонска убавина

Македонската компанија за вода и безалкохолни пијалоци, Пелистерка, и официјално го промовираше петтиот, традиционален календар како симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата. Сензуалноста на водителката Маријана Станојковска и пеачките Аделина Тахири и Тамара Тодевска, се доминантни на страниците на најпосакуваниот календар во државата.

Фотографиите се снимени во базата на компанијата Пелистерка, во Битола, која е најсовременот и најсофистицираниот комплекс за безбедно полнење и пакување на вода со европски сертификати. Девојките, женствено провокативни, се контратежа за некои од најгрубите фабрички погони.

 

 

December 23, 2014

(Фото) Пристигна новиот календар на Пелистерка: Тамара топлес

Традиционално, по пети пат компанијата “Пелистерка„ го презентира календарот кој на провокативен начин ги истакнува бенефитите на водата и ја слави македонската убавина.

Календарот за 2015 година го красат фотографиите на Тамара Тодевска, Аделина Тахири и Марјана Станојковска.

Прва која сподели фотографија со своите фанови беше поп-пејачката Тамара.

November 12, 2014

Пелистерка со приходи од 442,3 милиони денари

Во првите девет месеци од годинава Пелистерка АД Охрид има оперативни приходи во износ од 442.391.000 денари, објави компанијата.

Приходите споредено со лани, кога беа 475.360.000 денари бележат намалување.

Приходите од продажбата на домашниот пазар се 403.682.000 денари, и тие бележат намалување во споредба со лани кога изнесуваа 444.931.000 денари.

Приходите од продажбата на странскиот пазар е повисока за околу 18% и изнесува 20.325.000 денари за разлика од лани кога беше 16.222.000.

Вкупните оперативни расходи во износ од 405.522.000 илјади денари се намалени во однос на расходите во истиот период минатата година, кога беа во износ од 436.426.000 илјади денари.

June 13, 2014

„Пелистерка“ ги награди најдобрите дизајнери на вело-паркинзи кои ќе се постават во Скопје

Елена Петровска, Филип Конески и Драган Тренчевски ги изработија најинтересните решенија на велосипедски паркинзи за што организаторот на неодамнешниот конкурс, „Пелистерка“, ги награди со по еден велосипед од врвна класа. Оваа акција на компанијата имаше за цел поттикнување на креативниот израз, како и создавање архитектонски елементи преку кои ќе се популаризира и ќе се подобрат условите за урбан велосипедизам.

Дизајнерското решение на Елена Петровска, насловено „Закачи се“, е прогласено за најдобро и ќе биде основа за изработка и поставување вело-паркинзи на неколку локации во Скопје. Конески и Тренчевски се пласираа на втората и на третата позиција.

Pobednicite na konkursot - Elena Petrovska (1 mesto), Filip Koneski (2 m) i Dragan Trenchevski (3 m) 1 (1)- Изборот на дизајн на вело-паркинзи е дел од нашата долгорочна стратегија за поддршка и развој на урбаните активности, меѓу кои, секако, сè повеќе се вбројува и превозот со велосипед. Популарниот „точак“ е извонредна алатка за спортување, за одржување на физичката кондиција, но во исто време, тоа е и исклучително средство за транспорт од кое сите имаме низа бенефиции кои се движат од здравствени преку економски до еколошки – велат од „Пелистерка“.

Интересот за конкурсот беше извонреден. До компанијата пристигнаа речиси 50 засебни идејни решенија изработени од индивидуалци, но и од тимови на креативци, а сите заедно прикажаа силна приврзаност кон велосипедите како неизбежен сегмент од урбаното живеење.

Јавноста го поддржа изборот со над 8.500 интеракции и над 260.000 прегледи на социјалните мрежи што имаше улога врз конечното рангирање на најдобрите креации. Финалната селекција ја направи тим од претставници од „Пелистерка“, стручњаци од областа (архитект и изведувач), како и членови на неформалната група „На точак“ и граѓанската организација „Еко-свест“.

Предводниците на критичните велосипедски маси, кои низ Скопје се одржуваат секоја последна среда во месецот, велат дека акциите, како оваа на „Пелистерка“, се особено добредојдени, за пред сè, да ги охрабрат граѓаните да почнат да го користат велосипедот како превозно средство. Од центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, пак, истакнуваат дека поголем број паркинзи придонесуваат кон полесно возење на градскиот велосипед.

June 11, 2014

Потрошувачите на „Пелистерка“ ќе добијат влезници за концертот на Јоксимовиќ

По повод Светскиот ден на музиката 21 јуни, компанијата „Пелистерка откупи дел од влезниците за претстојниот спектакуларен концерт на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, закажан за 21 јуни, во спортската арена „Филип Втори” во Скопје.

Билетите што ги поседува генералниот спонзор на концертот „Пелистерка”, се наменети за потрошувачите на производите на оваа компанија низ цела Македонија.

Организаторите на концертот, “План Б продукција” најавуваат дека настанот ќе има и хуманитарен карактер, со цел да им се помогне на семејства погодени од поплавите на Балканот.

Освен Даниел Кајмакоски за кој засега е познато дека ќе настапи на концертот на Јоксимовиќ, се очекуваат и други бројни музички ѕвезди од Србија и Македонија чии имиња се чуваат како изненадување на настанот.

June 6, 2014

Пелистерка нема да ја распределува добивката

Собранието на акционери на Друштвото за прозводство и трговија “Пелистерка”АД Скопје одлучи остварената нето добивка од работењето на Друштвото во периодот од 01.01. до 31.12.2013 година во износ од  20.690.027 денари да се распредели на следниот начин: 5% од нето добивката или износ од 1.034.501 денари одат во задолжителен резервен фонд, а остатокот од добивката во износ од 19.655.526 денари да остане како нераспределена добивка, стои во соопштението на компанијата доставено до Македонска берза.

Постари вести »

Powered by WordPress