January 15, 2015

Објавен тендер за македонско вино во Шведска што гарантира сигурен пласман

Filed under: бизнис — Tags: , , , — @ 12:10 pm

Како што веќе најави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекеровски, монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска „Системболагет“ објави тендер за набавка на македонско црвено вино од сортата Вранец.

Оваа објава за набавка на црвено македонско вино значи сигурен пласман на 24.000 шишиња / 18.000 литри на македонски вранец. Виното ќе се продава во 130 продавници на “Системболагет” во период од 6 месеци почнувајќи од 15 септември 2015 година.

На овој тендер ќе учествуваат поголем дел македонските винарии преку шведски увозници кои по одржаните состаноци со нашиот економски промотер за Шведска Мирјана Наумоска изразија интерес за застапување на нашето вино на нивниот пазар.

Ова е само почеток и се надеваме на објава на нов тендер во иднина и за бело вино.

За да се одржи позицијата „на рафт“ потребна е успешна продажба во првите три месеци со цел и понатаму да го има виното, во спротивно ќе почне да се продава на листата за нарачки и нема да може да се купи во секој момент во продавниците на монополот.

Ова е голем успех за винската индустрија во Македонија која ќе добие одлична можност за презентација на шведскиот пазар кој важи за пазар со пребирлив и истенчен вкус во однос на виното.

July 12, 2014

Рестартиран: Руен ќе произведува 20.000 ламели за коли годишно

На пригодна свеченост денеска во Кочани е означено рестартирањето на производството во фабриката „Руен“, која произведува делови за автомобилската индустрија, сега под името „Руен Инокс аутомобиле“.

Старата фабрика „Руен“ на јавна електронска аукција ја купија „ТИНГ Инокс“ од Кочани и „Офис експрес“ од Кочани. Новите сопственици за само два месеци од преземањето на компанијата ја вратија во производна кондиција во сите нејзини осум производни целини, вклучувајќи го тука и погонот за производство на фрикциони облоги.

“За рестартирањето на „Руен“ за почеток вложивме една 1 милион евра сопствени средства. Со вакви продуктивни капацитети „Руен Инокс аутомобиле“ има брз технолошки развој и оспособена за многу побрзо освојување на нови производи“, истакна на свеченоста Славе Јорданов, сопственик на „ТИНГ Инокс Аутомобиле“.

Според него, сите производни погони се во функција. Ангажирани се 120 работници од сите профили, поранешни работници на „Руен“, како и 25 дипломирани инженери од машинската, електро и хемиската струка.

“Радува фактот што традиционалните купувачи веќе се враќаат и моментно „Руен Инокс аутомобиле“ има нарачка од 600.000 евра. Првите испораки за старите купувачи од Романија, Србија, Турција, Јужна Африка, Словенија, БиХ се веќе подготвени за испорака. Интензивни се преговорите со новите купувачи за нови пазари, пред се во Турција и Блискиот Исток“, истакна Јорданов.

Капацитетот на фабриката во моментов е месечно да произведува 20.000 ламели за патнички возила, 20.000 квачила за патнички возила, 3.000 ламели за товарни возила и трактори и 2.000 квачила за товарни возила и трактори.

October 4, 2013

Македонски ајвар се мачка и во Јордан и Кувајт

Конзервната индустрија овие месеци работи со полна пареа. Согласно побарувачката, поголемиот дел од домашните фабрики за производство на ајвар планираат поголемо производство, освојување на нови пазари, а со тоа и поголем пласман на странските пазари.

Тоа го покажуваат и податоците за извоз кои покажуваат раст од година во година. Според податоците на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), извозот на македонски ајвар за пет години пораснал за 67,6%, а најмногу на европските пазари и во земјите од соседството.

avjar3-1

Менаџерите на конзервните компании велат дека побарувачката расте постојано, а планираат и освојување на нови пазари.

Ѓоко Атанасов, еден од сопствениците на конзервната компанија ДИЕМ ГП од Гевгелија, вели дека годинава планираат за 20% да го зголемат производството на ајвар, споредено со лани.

“Имаме стандардни купувачи, извезуваме во 16 земји во светот, а оваа година планираме да го освоиме шведскиот пазар. Планираме, исто така, да го зголемиме извозот во Чешка и Германија“ објаснува Атанасов.

Според него, побарувачката на странските пазари е стандардна, иако последниве години се зголемува побарувачката на домашен ајвар, на сметка на индустрискиот.

“Новитет кој минатата година го промовиравме и каде што во наредниот период планираме да вложиме поголемо внимание е ајварот со маслиново масло, за кој има интерес на странските пазари“ вели Атанасов.

Директорот на компанјата која го произведува нај наградуваниот “баш ајвар“ сепак потенцира дека еден од проблемите со кои се соочуваат преработувачите е недостигот од суровина, која од година на година постојано се намалува.

“Голем дел оди и за извоз, особено од производството на црвената пиперка, каде што најголем дел оди за извоз. Има и други проблематични сегменти, како енергијата, амбалажата, но тоа се пред сѐ надминливи проблеми, додека суровината и работната рака се најголемите проблеми во преработувачката индустрија“, истакнува Атанасов и потенцира дека  имаат воспоставен систем и потпишуваат договори со производителите на земјоделски продукти што ги користат во производството и дека 80% од тие договори се почитуваат, но имаат поголеми потреби.

avjar4-1

“Сметам дека треба да се смени свеста во земјоделството, односно кај граѓаните за земјоделството, и мора да се формираат специјализирани фирми што ќе се занимаваат со производство на суровина, бидејќи земјоделците како индивидуалци имаат мало производство, кое не ги покрива потребите“ додава Атанасов.

Според преработувачите на овошје и на зеленчук за поголем извоз и пласман неопходно отворање на дисконтни центри во САД, Австралија или во други земји каде што се застапени нашите продукти, бидејќи со нив ќе се создаде можност повеќе продукти да се извезат и да најдат пласман надвор од државата

Виктор Петров, сопственик на конзервната компанија Випро, пак, вели дека проекциите за производство годинава се на исто ниво како и лани, но планираат да ги освојуваат источните земји.

DSCN0442

“Нашите проекции се на исто ниво како и претходната година, пред се бидејќи имаме мали залихи од лани што планираме да ги продадеме годинава. Цената на суровината е на исто ниво како и минатата година. Како нови пазари што планираме допрва да ги освоиме се Јордан и Кувајт, каде што веќе пративме пилот-пратки. Немаме се уште одговор и нарачки, бидејќи не е познат ајварот како производ, но се надеваме дека ќе имаме соработка“ вели Петков.

Тој потенцира дека побарувачката на европските пазари и во поранешните ЈУ-земји од година во година е се поголема пред се поради препознатливоста на македонскиот ајвар.

lvjb

Според податоците на МАП, расте производството и извозот на македонски преработки од зеленчук и овошје. Според податоците лани производство на преработки од овошје и зеленук изнесува нешто повеќе од 54.000 тони, што е за 2,5% повеќе од лани.

kamelija@emagazin.mk

Powered by WordPress